Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Дански уметници во „Арт-поинт - гумно“

Интернационалните уметници Гејл Тастин од САД и Лоне Сиберг од Данска, месецов ќе престојуваат и творат во уметничката работилница на „Арт Поинт - Гумно“ во селото Слоештица, а заинтересираните посетители ќе можат на 26 септември да го посетат отвореното студио и да разговараат со авторките.

Сликарот Сергеј Андреевски, раководител на „Арт поинг - гумно“, претставувајќи ги гостинките посочува на неколку важни елементи. „ Гејл Тастин користи различни медиуми за своите уметнички експресии.Нејзина прва љубов е глината, а во процесот на креирање се става во улога на писателка која и дозволува на глината да и ја раскаже својата приказна. Сличен е и нејзиниот пристап кон платното и хартијата кога користи различни материјали (партали, мрежа, јаглен и сл.) за да добие тродимензионален објект. Една е од оснивачите на Меѓународната ликовна колонија „Без граници“ од Вилмингтон, Северна Каролина. Лоне Сиберг е исто така писателка на платното. Дипломирала сценографија на Нордискиот универзитет во Шведска и работела како асистент на големиот дански скулптор, Ерик Варминг. Во нејзиниот уметнички свет , преовладува потрагата по елементите на хуманиот универзум“.

Годинава, реализацијата на уметничката работилница во Слоештица, симболично е поддржана и Министерството за култура. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 122 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Изложба на реномираниот црногорски уметник Миодраг Дадо Ѓуриќ
Денеска на МОТ „Пансион Ф“
Почина грандиозниот писател Коле Чашуле
Рекоа за Коле Чашуле
Големата ѕвезда Викторија Абрил доаѓа на „Браќа Манаки“
Промовирани книги од Цветаноски и Кирјазовски
Унковски ќе режира во Државниот театар во Визбаден
Голем број културни настани на „Германски недели“