Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Култура
23.09.2009, 16:46

Рекоа за Коле Чашуле

Гане Тодоровски, писател
„Црнила“ има универзални пораки

„’Црнила‘ на Коле Чашуле стана една од визите за регуларниот пробив на македонската литература кон малечките синори на нејзиното јазично подрачје.

Чашулевите ’Црнила‘ имаат свој конкретен и универзален историски контекст. Драмата на Курдите, трагиката на Палестинците, пукотниците во Либан, виетнамската кланица, грчот на Ангола, недоумицата на Португалија-зарем не е сето тоа една проширена рамка на црната тема на расчовечувањето по пат на братоубиства, зарем сето тоа не е потврда за универзалноста на Чашулевата порака во ’Црнила‘?

ЉупЧо Георгиевски, режисер
Живот посветен на еден идеал

„Кога размислувам за Чашуле и неговото дело, ми се наметнува една мисла дека Чашуле најдлабоко влезе во мракот на македонското битисување, обидувајќи се да го разгонетне проклетството, или судбината на Македонецот. Сиот свој живот да го посвети во борбата за еден свој идеал, а потоа да го уништи или да го убие тој свој идеал. Творештвото на Чашуле се обидува да најде одговор на ова прашање. Се разбира до ден денес, како што гледаме, нема одговор на тоа прашање. Друго што исто така ми се наметнува од творештвото на Чашуле, е една негова мисла во ’Суд‘, дека овде во Македонија се уште само смртта е доказ за својата правина. За жал, еве Чашуле и со својата смрт тоа ни го потврдува“.

Сашо Миленковски, режисер
Тој и понатаму е жив на македонската сцена

„Коле Чашуле е еден од првите директори на Македонскиот народен театар и автор на првиот граѓански текст во историјата на македонската драматургија ’Вејка на ветрот‘. Коле Чашуле е автор кој е се уште жив на сцените на МНТ. Минатата година ја поставивме ’Вејка на ветрот‘, а годинава почнавме со подготовките на ’Суд‘. Без оглед на физичката смрт, тој и понатаму е жив на македонската сцена“.

МатеЈа Матевски, писател
Сериозен продор во современоста

„Со ’Вејка на ветрот‘ во драмскиот опус на Коле Чашуле навлегува големата тема на македонските црнила од Константин и Прличев до Чернодрински и Рацин и

Чашуле години на ред ќе ја одгледува и афирмира. Со ова дело тој се обиде во домашната драма да донесе еден посериозен продор во современоста и преку односот кон мотивот, и преку сценската разработка и преку јазикот. Од овој аспект треба да се гледа пораката што тој ни ја донесе преку судбините на неговите трагични ликови и преку новата боја на нивниот, на нашиот македонски говор на сцената“.

 


Статијата е прочитана 2117 пати.

Испрати коментар



Промовирани книги од Цветаноски и Кирјазовски
Дански уметници во „Арт-поинт - гумно“
Изложба на реномираниот црногорски уметник Миодраг Дадо Ѓуриќ
Голем број културни настани на „Германски недели“
Денеска на МОТ „Пансион Ф“
Унковски ќе режира во Државниот театар во Визбаден
Големата ѕвезда Викторија Абрил доаѓа на „Браќа Манаки“
Почина грандиозниот писател Коле Чашуле

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |