Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.09.2012, 17:18

Самарас му пиша на Груевски, не сака средби

Во писмо на четири страници Самарас наведува зошто не сака да се сретне со македонскиот премиер

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грчкиот премиер Андонис Самарас по писмен пат ги одбил барањата за средби на македонскиот премиер Никола Груевски, пишува грчкиот десничарски весник „Димократиа“. Под наслов „Самарас до Груевски: Приспособете се конечно (ако сакате) да зборуваме“, во неделното издание на весникот е објавен дел од преписката меѓу Самарас и Груевски.

Писмото на грчкиот лидер е адресирано до македонскиот премиер на 4 септември, како одговор на писмото од Груевски испратено на 31 јули, непосредно по понудата за четирите датуми за средби во август и септември. Во писмото Самарас ги одбива барањата за средби, жестоко ја критикува политиката на македонската влада и ги демантира обвинувањата дека Грција го попречува европскиот пат на Македонија.

Во текстот на „Димократиа“ е потенцирано дека содржината на ова писмо на Самарас во суштина ги демантира информациите во грчкиот печат изминатата недела за тајни преговори меѓу двете страни, како и пишувањата дека Самарас би омекнал  и би отстапил од грчката црвена линија, односно барањето за име со географска одредница за севкупна употреба под нечиј притисок.

„Грчки и странски дипломати заклучуваат дека Самарас нема да прави никакви отстапки за прашањата од надворешната политика под притисок на кризата во Грција“, пишува „Димократиа“, додавајќи дека за комуникацијата на двајцата лидери се запознаени и во Обединетите нации.

Писмото на Самарас е во стил на познатата грчка реторика во однос на спорот за името. Конкретно, на барањето за средби тој посочува дека последните години имало повеќе, а последна била таа во март меѓу Груевски и премиерот на грчката техничка влада, Лукас Пападимос.

„Овие средби не доведоа до позитивен резултат поради недостигот од политичка волја од ваша страна да се постигне вистински напредок за спорот за името. Ќе се согласите со мене дека средбите не се цел сами по себе и не треба да се одржуваат со единствена цел да се креираат лажни - како што беше случај во минатото - впечатоци дома и во странство“, пишува Самарас во дел од четирите страници од писмото, потенцирајќи дека лидери меѓу две држави кои имаат спор треба да се среќаваат за да се решат проблемите и, кога е неопходно, и за да се разреши и пресече Гордиевиот јазол.

Според она што се наведува во „Димократиа“, Самарас напишал дека спорот за името останува приоритет за Грција и дека решението за името ќе дејствува како катализатор за нормализирање на односите меѓу двата народа. „Од ваша страна останувате непоместени во спорот за името последните 17 години. Ги одбивате и најлогичните и најочигледни предуслови за договор, односно името кое ќе биде договорено да се користи за севкупна употреба и од сите, односно ерга омнес“, пишува Самарас.

Со пожестока реторика тој го обвинува Груевски за неговото однесување кон Грција, оценувајќи го за непродуктивно и непријателско и како дополнително отежнување во решавањето на спорот за името. Според него, тоа ги навредува и им пречи на Грците, а претставува и обид за узурпација на историјата и на грчките симболи. „Со ова се зголемуваат оправданите сомневања за тоа дали постои некаков интерес од ваша страна за решавање на прашањето“, стои во писмото објавено во „Димократиа“.

Грчкиот премиер го негира тврдењето на македонскиот премиер дека Грција ја блокира Македонија во патот кон Европската унија. Забележува дека Грција како држава-членка на ЕУ, според предвидените процедури за прием на нова членка, има право да го мониторира напредокот на секоја држава кандидат и нејзиното исполнување на критериумите за членство. Тука, како што е пракса и во последните години, се посочуваат добрососедските односи. Грчкиот премиер натаму наведува дека под предусловот да се почитуваат добрососедските односи, Грција во рамките на нејзиното претседателство во 2014 ќе ги помага европските перспективи на државите од Западен Балкан.

Самарас не ја изоставува ни преговарачката процедура во рамки на Обединетите нации, додавајќи дека Грција ја почитува и поддржува. Се наведува дека во негов неодамнешен разговор со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ј�� потврдил конструктивната позиција за спорот и посочил дека во преговорите треба и практично да се покаже искрената волја за заеднички прифатливо решение.

Самарас одговара и на понудените предлози на Груевски за подобрување на соработката како мешовит комитет за образование и историја, избегнување на двојното оданочување, заеднички прекуграничен комитет. Според грчкиот премиер, „мешовит комитет за историја, воден од политички аспирации не може да ги измени историските факти што постојат со векови, меѓутоа корисно е бришењето на непријателски споменувања од училишните книги“.

Во однос на потпишувањето договор за двојно оданочување Самарас споменува дека Грција предложила ваков договор во 2006, Македонија одговорила во 2010 и од тогаш се разгледуваат податоци, додека пак за соработката на полициските служби има договор од 1998, меѓутоа Македонија не одговорила на грчки предлог од 2011 за почести средби во оваа област.

За предлозите од македонска страна за отварање нови гранични премини грчкиот одговор е дека со ова македонската Влада го игнорира фактот дека има недостиг од инфраструктура и технички проблеми за реализирање на овие премини.


Статијата е прочитана 1447 пати.

Испрати коментар



Владата најави раздолжување со стопанството
Лекарите прво ќе протестираат, па ќе преговараат
Мал напредок во изборното законодавство, оценува Филе
Кадровска чистка во ВМРО-ДПМНЕ напролет
Мистериозно се зголемува бројот на гласачи
ЛП



Itar Pejo, 24.09.2012 00:22:30
Ne mu upali kecot na Nikola! Steta! Koga mu rece na Samaras dojdi na 3 avgust, ili na 7 nie (simpatizerite, glasacite i clenovite na DPMNE) si rekovme gotovi se grcite. Bi gi zamolil novinarite na Utrinski, oni znaat podobro od mene, da i objasnat na rajata deka problemite pomegu drzavate ne se resavaat so dojdi na treti avhust. Deka rabotni grupi toa go pripremaat sp meseci odnapred. Objasnete, ve molam, kako na mali deca.
Средби само за сликање, 24.09.2012 00:30:32
Меѓу Груевски и поранешниот грчки премиер Папандреу се одржаа 10 средби и ништо не се договори! Значи постои интерес само за сликање, но, не и за решавање на проблемот со името, бидејќи поради каква било промена во државното име актуелната власт ќе си ја пресече гранката на која седи и ќе ја загуби основата на која победува на изборите. Тоа го знаат не само Грците, туку и меѓународните фактори.
Jalovi sredbi, 24.09.2012 01:30:13
I pod pretpostavka , da dojdese do sredba pomedju dvata premieri, istata slicno na onie sredbi so Papandreu, nemase da donese nikakvi rezultati.Toa se sredbi samo za cisto alibi , deka bozem eve dvete strani se posveteni na problemot
ФЕЛИКС, 24.09.2012 07:17:23
Интересантно за ,,рајата,, која добро и предобро се сеќава како тоа во минатото се однесуваа токму оние кој сега бараат да нема јалови средби.Соседот максималист во своите барања,нашите не прифаќаат а домашниве сиртаки одработувачи верглаат во зависност од политичка положба да се реши проблемот по терк на соседот.Им снема ,,муниција,, моментално на сиртаки играчиве,нема веќе платформско убедување колку е добро да си неМакедонец по сите основи,нема симулации на разни универзитетски заталкани индивидуи и сенилни политичари,нема амфори и долари во пакет и т.н Вероватно се престројуваат по критиките на соседот за јаловата одработка,оти да се земе пари а да не се одработи доволно тоа никаде го нема.
mile, 24.09.2012 07:43:58
Очекуван потег на Самарас........... знае со кого си има работа..................
Трпе, 24.09.2012 08:24:16
Не само однадвор и домашниот народ го знае кој е Грујо.Прочитан е како бакалски тефтер од инспекција.Многу пати од сите му беше укажувано дека на лагата и се кратки нозете.Денес и децата неможат да се излажат.Приказните во време на интернет се мината работа.Овој кажал вака оној кажал онака а јунакот е познат уште од почетокот.
поглед од надвор, 24.09.2012 10:17:04
Во 1992 Грција воопшто одбиваше да го прифати името Македонија да учествува во името на земјата. Како резултат на притисокот од САД Грција направи компромис и усвои името Македонија да присуствува, но да има географска придавка. За сите овие 20 години Македонија не направи никаков компромис и само имитираше преговори. Во право е кога Самарас не сака да си го губи времето. Македонија реално не сака да биде членка на НАТО и ЕУ. Целта е само да се земаат пари од овие организации, а во Македонија секоја година влегуваат неколку стотини милиони евра, главно од ЕУ. Тоа се пари на европските граѓани.
ммк, 24.09.2012 10:43:07
Во отсуство на интегралниот ддел на одговорот на самарас како и немањето можност да се спореди писмото на премиерот со одговорот се наметнува потребата редакцијата изворно да ја информира јавноста со овие документи.На тој начин читателите кои се осмелуваат нешто са искоментираат би имале појасна претстава за што станува збор и на какви позиции стојат двете страни.Иако коментираните делови од страна на авторот на текстот приближуваат одредени мислења сепак оригинлноста на изразот е поцелисходна. Бидејки Грција има консензус околу ова прашање за разлика од нас кои немаме ,позициите на кои стои грција се јасни.Прашањето е дали во пиосмото на премиерот некои ставови кои ја штитат нашата страна не с претенциозни во однос на ставовиѕте на Грција,па оттаму Самарас не сака воопшто да разговара со Груевски.Имајки ја во предвид тешката ситуација во која с енаога Грција Тие по секоја цена ке изнаогаат разноразни причини да го одолговлечата ова прашање,и од причина што во изборната кампања му
kralinaet, 24.09.2012 11:59:20
citam komentarive pogore i bes me faka! onaa makedonskata vo pekolot i bureto so g.... pa luge, dali ste vie prvo makedonci pa opozicioneri? sto ima nemakedonsko vo pismoto na gruevski? bez razlika od koja partija e? mu se raduvate na samaras kolku pametno odgovoril? i posle nema grcite, evropa i SITE vo svetot da ne gledaat so potsmev? itar pejo? glup pejo! glup! ke zbesnam od kolku plitki razmisluvanja citam. Ke dojdat izbori, smenete go, no za makedonski vakvi interesi, treba da kazeme kolku e nekonstruktiven samaras. i kolku netocni i arogantni mu se komentarite vo odgovorot. Ii sto, ke dojde drug, i ke go smeni imeto - toa e najlesno. NAJLESNO!
Fani od Germanija, 24.09.2012 14:00:00
Samaras e aroganten i neumesen politicar.Celnicite mnogu dobro se sekavaat koga pred dve godini toj istiot Samaras na Papandreu mu stavase sopki vo reformite za stedenje a sega trca niz Evropa i moli za pari...Nemozam da go razberam nasiot premier a i negovite sovetnici sto dozvolile da mu prakaat pokani za sredba!!! Koga Gruevski ne uspea ovoj problem da go resi, so Papandreu,sega treba na site da ni bide jasno deka so Samaras nema i ke nema resavanje na problemot.Ne zatoa sto nemoze da se resi,toj saka taka da bide,da ja gleda Makedonija odozgore i da se izzivuva.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)
Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
Култниот австралиски бенд одржа величeствен концерт во амфитеатарот „Earth“ во Солун...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |