23.09.2012, 17:16 Владата најави раздолжување со стопанството
До февруари 2013 година ќе заврши враќањето на ДДВ и плаќањето на фактурите, изјави премиерот
Маја Томиќ
По многуте аларми од бизнис-заедницата и откако Државниот завод за статистика официјално потврди дека Македонија е во рецесија, премиерот Никола Груевски, со целиот економски тим, вчера ги собра на едно место бизнисмените, сопствениците на акции и удели во компаниите и менаџерите на над 700 компании за да им ја презентира владината економска стратегија за 2013. Оваа стратегија треба да биде патоказ како полесно да се справиме и да излеземе од кризата која ги тресе европските економии.
Бизнисмените посебно ги расположи најавата на премиерот за враќање на долговите на државата кон компаниите.
„Донесовме одлука за елиминирање на проблемот на доцнење на плаќањата на државата кон стопанството. Почнувајќи буквално од утре, доцнењата во повратот на ДДВ и плаќањето на фактурите постапно ќе се намалуваат, а до крајот на февруари 2013 година овој проблем ќе се надмине. Нашето ветување е дека до крајот на ноември ќе завршиме половина од оваа обврска, а до крајот на февруари проблемот ќе биде целосно елиминиран и наша цел е да не дојде до повторна појава на овој проблем“, најави вчера Груевски.
Тој додаде дека средствата за реализација на ова ветување се обезбедени.
„Светска банка најави подготвеност да ни помогне преку издавање специјална гаранција, со цел затворање на целиот буџетски дефицит за оваа и 2013 година да биде со најмали можни трошоци, или поточно со камата на отворениот пазар од околу 4,5 отсто. За нив е важно што Македонија и понатаму ќе остане макроекономски стабилна држава и ќе биде меѓу 4-5 најнискиот задолжени земји во Европа, а истовремено, ќе се елиминираат или сведат на минимум проблемите со задоцнетите плаќања од буџетските институции“, изјави Груевски. Премиерот вчера не обелодени колку изнесува долгот на државата кон стопанството, ниту, пак, со колку средства ќе ни помогне Светска банка.
Премиерот додаде дека во примената на овој концепт се предвидува зголемување на буџетскиот дефицит за околу 1 отсто оваа година и за 1 отсто следната година, односно негово приближно на ниво од 3,5 отсто буџетски дефицит во 2012, а исито толкав ќе биде дефицитот и во 2013 година, со тенденција на негово натамошно намалување.
Според Владата, овие корекции во политиките можат да имаат мала и краткорочна негативна рефлексија во оценките на рејтинг-агенциите, но ќе помогнат да се надмине проблемот со доцнењата во исплатите од државните институции вклучувајќи го и повратот на ДДВ и истовремено да продолжат да течат проектите кои обезбедуваат работа за компаниите. Премиерот смета дека на овој начин ќе се задржат илјадници работни места, што секако ќе се одрази врз растот на БДП, на идните приходи во буџетот и на вработеноста.
Економската криза, која пак дојде кратко по завршувањето на светската економска криза, е во моментот сериозен проблем, оцени Груевски. Слабостите на европската економија и во следниот период ќе влијаат негативно врз извозот и растот на економијата.
„Подобрувањето на состојбите во ЕУ дури и во најоптимистичките сценарија се предвидува најрано во втората половина на 2013 година. Позитивно е што во македонската економија нема дисбаланси како во другите земји, што ќе помогне влијанието од европската криза да биде помало, но не и да се избегне“, истакна Груевски.
Според Владата, можни се две сценарија. Првото е базичното макроекономско сценарио за очекувањата за бавно излегување на ЕУ од рецесијата и остварување ниски позитивни стапки на раст во следните неколку години. Во ова сценарио, нашата економија ќе оствари нешто подобри резултати од просекот на европските земји, но стапките на раст на БДП оваа и следната година ќе се движат од 1 до 2 отсто, што е помалку од потенцијалниот раст на економијата.
Второто сценарио се базира на проекциите за излез на ЕУ од кризата кон средината на следната година. Во тој случај економијата ќе може посериозно да ги почувствува резултатите од реформите за подобрување на бизнис- климата и конкурентноста на економијата, иако и во тоа сценарио доминантен фактор ќе биде интензитетот на раст на европската економија.
Според анализите на економскиот тим на Владата, и во двете можни сценарија постојат очигледни ризици. Доколку постои неефикасност кај повеќето европски земји за усогласување на мерките за враќање на довербата на пазарите на капитал, слабостите на еврото и евентуално продлабочување на рецесијата. Но, позитивно е што можеме да очекуваме ефекти од планираните странски директни инвестиции, кои се во фаза на реализација или се најавени, да дојде до полн израз во следните години.
Платите замрзнати, пензиите ќе се зголемат
Премиерот Никола Груевски вчера најави и дел од економските мерки за следната година. В година платите во администрацијата ќе останат замрзнати, но затоа најави зголемување на пензиите за 7 отсто. Според него, Владата ќе го реализира ветувањето за зголемување на пензиите и социјалната помош за 5 отсто почнувајќи од март следната година, додека зголемувањето на платите во јавната администрација ќе биде одложено за една година.
„Пензиите ќе пораснат и за околу 2 отсто поради законските усогласувања со растот на трошоците, што заедно ќе биде околу 7 процентно зголемување. Во овој момент останува само една дилема дали зголемувањето на пензиите да биде како процент од зголемување од 5 отсто или линеарно зголемување со еднаков апсолутен износ за сите пензионери во Македонија... Владата нема да зголеми ниту еден денар данок во Македонија“, изјави Груевски. (М.Т.)
Бизнисмените задоволни
„Задоволни сме што Владата прв пат проговори за реалниот проблем на стопанството со наплатата на долгот кон компаниите. За тоа се сигнализира подолго време, а сега се понудени и конкретни решенија, иако со мало задоцнување“, изјави Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија. Тој додаде дека со најавата за враќање на ДДВ-то и на другите долгови, Владата покажа сигнал дека конструктувно приоѓа на решавање на проблемот со неликвидноста, а со тоа ќе се ралаксира состојбата, ќе се забави циклусот на намалената економска активност и рецесијата. „Без ваква мерка, тешко дека можеше да очекуваме каков било раст. Сега имаме шанси да се извлечеме од работ на амбисот со овие пакет мерки. Доколку не се покажат резултати, ние имаме пакет резервни, краткорочни мерки како решенија за неликвидноста кои ќе ги предложиме до Владата“, посочи Пешев.
Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, излагањето на премиерот Никола Груевски за мерките за излез од кризата, треба да внесат оптимизам кај стопанствениците за она што ги чека наредната година. „Ова посебно важи за раздолжувањето на државата кон стопанството во февруари в година. Во услови на тешка криза, напорите на Владата треба да се мотивација за сите, и за бизнис-заедницата и за граѓаните“, рече Груевски. (М.Т)
|
|
Статијата е прочитана 1212 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 24.09.2012 00:15:58 | Eve edna uste podobra od razumniot kompromis: Економската криза, која пак дојде кратко по завршувањето на светската економска криза. A kako toa premierot gi pokacuva penziite? Od kade pari? Zar ne postoi penziski fond? Ako fondot ima fazla pari, ce pokaci a ako nema ce smali. Nema sto tuka premierot da kazuva. |
| goce, 24.09.2012 03:40:23 | od ekonomska stabilizacija, do tranziciija, svetska ekonomska kriza, evropska ekonomska kriza. do tolku ja pametam istorijata na ekonomijata vo Makedonija. A nekoj da se poglednese vo ogledalo i svojot dvor najprvin da go rascistese.
|
| ФЕЛИКС, 24.09.2012 07:06:34 | Нормална-ненормална реакција на Pejko a богами и на другите Шатевски симпатизери (самите оригинал Шатевци се во ,,безтежинска состојба,, пе незнаат ,,где им је реп а где глава,,)кога некој ветува нешто од спротивната страна.Научени се да едно мислат,друго ветуваат а трето так нормално не исполнуваат оти првото било поважно од второто и третото.Како и да е стопанствениците ќе си ги чекаат парите до фебруари,пензионерите процентот на зголемување и така се до локалните избори на пролет.Што ќе понудат Шатевци никој појма нема,можеби онака по нивно,,да сме ние власт до 11 октомври парите ќе ги исплатиме на стопанствениците,на пензионерите ќе им дадеме не 7% туку 77%,,Кој верува верува,кој предходно се испопарил со опозицијата богами нема да им веруваат оти искуството до ден денешен ги направил искусни во верувањето. |
| Пеце, 24.09.2012 07:59:45 | Ајдее... волку ќе ги покачеле платите, толку ќе ги покачеле платите, до 2014, до 2020, а еве сега фино бегаат од ветувањата. И тоа пред избори. Можам да замислам што ќе биде после изборите. Ќе избегаат и од другите ветувања. На крајот ќе излезе: пу, пу, ништо не важи. |
| ANTE, 24.09.2012 08:13:02 | Господине Премиере кога ќе им ги исплатите ПАРИТЕ НА ПОРОТНИЦИТЕ во Судовите и на ВЕШТИТЕ ЛИЦА кои имаат пари за вештачења од БУЏЕТОТ,како и на адвокатите.Знаете ли колку време денар им немате исплатено,ПРОВЕРЕТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ |
| Трпе, 24.09.2012 08:19:21 | Аааа значи државата имала долгови кон стопанството.Затоа голем дел од фирмите заглавиле.А што велеше пред тоа премиерот?Тој не лажеше туку не ја кажуваше вистината.Ама сигурно нешто зорт му се виде.И на пензионерите ЌЕ ги зголемувал пензиите а пари од каде пронајде.Сигурно планира да ја отвори полната партиска каса која ја чува за црни денови. |
| saso, 24.09.2012 09:22:21 | Откако дојде нож до коска дечкиве од владата сфатија дека треба да ги вратат парите само мислам дека сега веќе за некои фирми е касно поготово за малите и средните.Само се мислам дека напролет се подготвуваат избори па сега овој нашиов премиер како магионичар ќе почне да вади од меџик ташната решенија и ветувања се што сака да слушне народот и бизнис заедницата,се разбира до изборите како уште еднаш би победил.Апосле се разбира ќе не излажат,како до сега ќе почнат со старите лажги,финти и др.извртувања дека ние грешка сме го разбрале.Зашто до сега владата не го враќаше ДДВ-то на фирмите како што во рок она го собира данокот,зашто градеше толку споменици зашто чекаше да дојдеме до ова дереџе.Мислам дека народот не е овца и дека веќе ги прочите лажгите што цело време ни ги сервира владата.ДОСТА ЛАЖЕТЕ ОВА ВЕЌЕ Е СРАМОТА,почнува да се руши цело опшество |
| jovan, vlada @, 24.09.2012 10:15:46 | Само со здрава и одговорна политика може да се ублажат последиците од економската криза која го тресе светот но и регионот.Да не заборавиме Грција е пред банкрот, Словенија е задолжена и ќе бара помош, Србија е исто така во тешка економска криза, неможе кај нас да не се одрази затоа што 70% од цел извоз ни е во овие земји. Знам дека од дел од коментарите ќе бидат спроти ова мое мислење зат��а што гладен стомак и празен чеб не прашува ништо, кој и да е на власт ќе биде исто или многу полошо, до сега да не ја заречам Владата колку што е во рамки на возможното пробува да ја стабилизира економијата со сет анти кризни мерки како оваа со замрзнување на платите и кратења на непродуктивни трошоци со цел стабилизирање на економијата во целина. Но ќе дојдат и подобри времиња нели човечки е да се надеваш и да се бориш за тоа, со Господ напред! |
| Коста, 24.09.2012 10:39:51 | Кутриот малечок Шате. Се задоволува со ветувања, а не му пречи тоа што некој веќе подолг период го лаже. Утринава во архивите на медиумите само од оваа година најдов десетина изјави на Грујо во кои тој вели дека Владата не должи
и на стопанството. Па како да му се верува на тој човек. |
| Баба Евда, 24.09.2012 11:32:39 | Внучко Фељо , ама ич не ги разбирам работите! Владата не должи , ама ќе се раздолжува! Не доцни со поврат на ДДВ , но ќе ги платела заостанатите обврски по таа основа?! Ќе се покачеле пензиите.Шате бабино , баба мислеше дека си потпораснало и дека веќе не веруваш во Дедо Мраз! А , ти уште си било маленко , барем во умот,бабин! |
| Todor, 24.09.2012 11:38:09 | Pa neli N.Gruevski a posebno Z.Stavreski uporno celo vreme zboruvaa deka drzavata nishto na nikogo ne mu dolzi! Od kade sega izleze deka sekade dolzat?!? Z.Jovanovski od SDSM so meseci im vika da napravat presmetki i javno da objavat kolku dolzat, tie uporno tvrdea deka nemaat dolgovi kon nikogo! Od kade sega izlegoa dolgovite?? Na kogo da mu veruvame?!?! A ako dolzat so meseci t.e. godini, kako sega oddednash za 4-5 meseci ke najdat pari so site da se oddolzatt? |
| trajce, 24.09.2012 12:41:05 | ke im vrati na stopanstvoto a ke zeme krediti i ke ne zadolzi nas i nasite semejstva da vrakame so godini treba vladata da gi namali neproduktivnite troskovi skapi kampanji kako sto namaluvaat site zemji da ja namali administracijata bidejki site znaeme deka ja ima vo ogromen broj stopanstvoto vo recesija a on zgolemuva penzii od kade pari pa od krediti koga ke dojde eden den ,, kelnerot ,, so smetkata tesko nas ke bide ama familijata nema d a bide vo mkd togas |
| Goce USA, 24.09.2012 14:19:32 | Cekaj sega, nesto mi se izmesani rabotive. Neli dve godini Vladata ne ubeduva deka NE DOLZI na stopanstvoto?? Od kaj sega pa dolg? Koi dolgovi se ovie? Ili pak nesto od stabot na Satevska me lazele? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Делумно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|