Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.09.2012, 18:05

Ставрески: Ќе го одржиме буџетот

Нови кредити до 250 милиони евра, за чие враќање гарантира Светската банка

Нина Нинеска-Фиданоска


Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера соопшти дека за владините ветувања ќе бидат земени кредити од 200 до 250 милиони евра. Каматата за нив е 4,5 отсто. Според Ставрески најавите на премиерот во неделата се направено врз основа на опсежни, сериозни и внимателни пресметки, пред да бидат искажани.

„Направивме анализи, ги консултиравме меѓународните финансиски институции, разговаравме за начинот на кој ќе се обезбедат средства за реализација на целокупното финансирање на буџетот за следната година, во кој ќе спаѓаат сите овие работи и крупните инфраструктурни проекти. Ја поставивме основата на фискалната политика и буџетот за следната година. Откако го направивме тоа и бевме сигурни дека имаме одржлив начин на финансирање на буџетот, дека и со тие ветувања ќе останеме во рамки на фискалната дисциплина која е карактеристична на нашата Влада и земја, го дадовме тоа ветување“, изјави Ставрески.

Она што е интересно, е што Владата повторно ја споменува Светска банка како можен финансиски ментор, кој ќе гарантира за земјава да може да земе нов кредит. Вчера на адреса на светските банкари упативме неколку прашања, во смисла дали издавањето на нивната гаранција е веќе готова работа, а ако не е, до кое ниво се дојдени разговорите? Кога би се издала гаранцијата и на колкав износ би гласела? Дали гаранцијата значи дека СБ се' уште има безрезервна доверба во владините економски политики, дури и откако таа обелодени дека имала скриен долг, а со тоа и скриен буџетски дефицит? Од Светска банка не пристигнаа одговори до затворањето на весникот.

Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министе�� за финансии од СДСМ, вели дека по најавените мерки, земјава е доведена во апсурдна состојба. „Премиерот најавува антикризна мерка со тоа што ќе се врател долгот по основ на ДДВ од страна на државата во наредните шест месеци, на две рати. Ако е тоа антикризна мерка, тогаш Владата треба да се обвини дека со неизвршувањето на повратот на ДДВ спровела прокризна мерка, бидејќи согласно законот, повратот на ДДВ се врши за 30 дена, а не согласно волјата на премиерот или одлуките на Владата“, вели Поповски, додавајќи дека Владата не е над законот, а уште помалку е во состојба да се фали со досегашното неизвршување на законот.

„Уште е полошо што се очигледни намерите на Владата повратот на ДДВ да го финансира со нови задолжувања на земјава и зголемување на буџетскиот дефицит до 3,5 отсто од БДП за оваа и наредната година. Тоа е вкупно над половина милијарда евра ново задолжување до крајот на 2013. Сметам дека оваа Влада веќе почна да води самоубиствена политика за Македонија“, рече Поповски.

Универзитетската професорка Шенај Хаџимустафа смета дека веројатно во овој момент Владата нема друго „чаре“, односно буџетските приходи не се доволни за да ги покријат расходите, вклучително и раздолжувањето кон фирмите. Дали Владата немаше други избор? „Има, секогаш има, само треба да се постават приоритети. Можеше да се направи уште еден ребаланс за барем некои трошоци да се одложат. Неблагодарно е да се каже што би можело да се жртвува, но мора јасно да се знае што е приоритет“, вели Хаџимустафа.

На прашањето дали штедењето може да биде со намалување на прекубројната администрација, како што се направи во многу други земји, или, пак, во одлагање на некои споменични и други градби од „Скопје 2014“, Хаџимустафа смета дека тоа секако би требало да биде опција, но, како што вели, јавната администрација секогаш требало да се крати, и тоа никогаш не се направило, а таа секогаш служела како начин за купување гласови.

Професорката вели дека е добро што средствата од новото задолжување ќе се искористат за раздолжување кај стопанството, но укажува дека парите треба да се враќаат неселективно.

По владиното обзнанување дека постоел долг по основ на поврат на ДДВ, односно се доцнело со исплатата, ја побаравме Управата за јавни приходи за коментар. Таа вчера го повтори својот повеќе пати искажан став, дека секогаш работеле законски.

„Ве информираме дека сите ставови на Управата за јавни приходи се темелат на надлежностите на даночната администрација кои произлегуваат од законите и подзаконските акти. За сите информации изнесени во јавноста, УЈП најодговорно стои, вклучувајќи ги и оние поврзани со администрирањето на повратот на ДДВ-то“, велат од даночната администрација. Неофицијално се додава дека тие секогаш навремено ги извршувале своите обврски околу администрирањето на повратот, но дека „кај нив не се парите“ за да се бара одговорност за извршувањето на плаќањата.

Со кредитот ќе се финансира буџетскиот дефицит

Со кредитот од комерцијалните банки ќе биде финансиран целокупниот буџетски дефицит. „Тие пари што ќе ги добиеме, кои во оваа фаза се меѓу 200 и 250 милиони евра, ќе бидат наменети за сите потреби на буџетот“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески. Тој додаде дека финансиските средства ќе бидат со повластена каматна стапка од 4,5 проценти наспроти реалната пазарна камата што Македонија би ја платила од 8- 9 проценти. Тие ќе бидат наменети за финансирање на буџетот во 2013 и зависно од околностите можеби еден дел ќе остане и за 2014 година.

„Во 2013 година со тие средства ќе ја отплатиме и обврзницата што доспева во јануари 2013 година“, рече министерот. Тој потенцира дека за годинава не се планира ниту ребаланс на буџетот ниту одлука и смета дека предлогот на опозицијата за ребаланс не е добар, бидејќи тоа би значело дополнително продлабочување на проблемите за економијата.


Статијата е прочитана 4452 пати.

Испрати коментар



Нимиц ги мери следните чекори
Недопишан изборен законик слета во парламентот
Грчката амбасада не е на распродажба
Груевски фрли на маса изборни адути
Фирмите ги чекаат парите
Џафери пишува, преведувачот чита
Пратеникoт ветеран го напушти парламентот



jovan, 25.09.2012 00:12:08
Drzavava ja vnesuvaat vo se pogolema i pogolema kriza. Koga za da vratis dolg zemas kredit, znaci deka si bankrotiran. Toa e prosto pravilo. Prasanje e samo koga ke dojdat doveritelite (kako vo Grcija) i sto ke pobaraat za da zemat.
Miki, 25.09.2012 08:29:44
Ova moze da kazuva i nesto drugo - deka *erga omnesot* e ispazaren (i daj Boze da e) konecno! Vakva spremnost na bankarite da ne kreditiraat tesko bi se manifestirala ako nemaat informacii za toa sto sledi. Nasata ekonomija e od poodamna na kolena i samo nov silen impuls vo forma na clenstvo vo NATO i EU bi mozel da ja digne! Znam deka *profesionalnite patrioti* ke sripaat po obicaj - ama veke i tie vidlivo izdisuvaat..
toni, 25.09.2012 08:56:33
lugje ovie aramiji ja raskrcmija drzavata,mislam deka e vreme da im kazeme dosta,dodeka imame vreme oti vaka ako prodolzi da se zadolzuvat i so krediti da gi vrakja dolgovite koi navodno gi nemase drzavata ke ni otide jabana,ova zadolzuvanje e kako bure bez dno...mora da se sprotivstavime ja nistat drzavata nasa mila,site pari otidoa vo spomenici i reklami i partiski vrabotuvanja,pa neli bevme prvi vo evropa treti vo svet po reformi,malku li reklami odea po nivnite televizii,deka ova vlada ima najdobar ekonomski plan a sega izleze deka sme bile bankrot,nitu porast od 5% nitu investicii ednostavno vlegovme vo recesija...narode dosta e mora da se sprotivstavime na ovoj aramilok i na ovoj rezim...dodeka ima Makedonija vreme!
Hari, 25.09.2012 09:34:37
Alde Felix pak nesto za Satevci , na temata:))))) Temata BANKROT ne e inspirativna za tebe:)))
od ostrijot, 25.09.2012 09:38:56
gospodine site znajeme oti drzavata ja vodete vo propast pa zatoa sekoje obekanje ili opravduvanje e suvisno-nepotrebno.
Трпе, 25.09.2012 09:44:37
Едно е ветување,друго е извршување.Овие штети и задолжувања што ги прави ова власт спрема сопствениот народ се малку.Треба уште повеќе се додека вистински не му дојде умот на овој наивен и себичен народ.Тенџерето мора да си одговара со капакот.За 7 години овој народ многу малку виде и разбра од ова власт.Уште му треба гледање на илузионистички вештини.
zbunet, 25.09.2012 10:23:02
Od kade sega drzavata ima dolgovi kon stopanstvoto?? Pa neli Zoran Jovanovski celo vreme kazuva deka se zgolemuva doglot na drzavata po osnov na ddv i im vika da prevzemat merki navremeno da go servisiraat dolgot, a tie celo vreme vikaat deka nema dolg, deka ddv-to navremeno se vraka, deka Jovanovski kazuva nevistini. Sega izleze deka Jovanovski za se bil vo pravo! Na kraj se gleda koj lazel a koj kazuval fakti, neli?
zoki, 25.09.2012 11:36:10
Nekolku prasanja! 1. Sto sakase Grujo da im poraca na biznismenite, so natalitetot, kako finale istaknato kako mnogu bitno na krajot od tiradniot govor? Dali vo prevod toa znaci e.ete se 2. Dali sega Duing business ke ne stavi na skaliloto podolu, po javnoto obelodenuvanje na laznata slika na dolguvanjata? Sto ke prezeme Svetska banka koga ke svati deka ima rabota so lazgovci? 3. Dali Grujo i familijata mislat deka so kupuvanje na vreme(kako sosedite ni grcite) ke uspee da im gi zamacka ocite na gragjanite a i na doveritelite?
suze, 25.09.2012 13:32:56
НЕ МИ Е ЖАЛ ШТО НЕ ЛАЖАТ ПОСТОЈАНО ТУКУ МИ Е ЖАЛ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ИМ ВЕРУВАМЕ.
Mile, 25.09.2012 15:45:24
ЛАЖГО Дебрчки................за ништо не те бидува заедно со Премиерот................
ммкм, 25.09.2012 16:19:02
А бре Ставре.Уште ли мислиш дека си Итар Пејо и маглата што ја продаваш некој ке ти ја купи.Како може ваков експерт да се бламира со давање популистички изјави.И најпростиот и неук советник во било кој општина знаат дека секоја промена во Буџетот е вид ребаланс,тој затоа и се птрави доколку планираното не се остварува или обратно.Зар не се срами вакви изјави да дава кога знае дека во Македонија има и други ексоперти по финансии мниогу појаки од него.
Sanja, 25.09.2012 20:19:23
Lele, ovoj e za zalenje kolku e nesposoben. Najlos minister za finansii vo istorijata na Makedonija. Bruka od ekonomist!!!! Za nego i ostanatite od Vmro, ekonomskiot tim na SDS e na nivo na nobelovci. Se sto kazaa bese tocno. Sekoja mu cest na Zoran Jovanovski i dobrata selekcija na ekonomskiot kadar so koj raspolaga.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |