28.09.2012, 18:04 Интервју - Немам амбиција да бидам амбасадорка
„Министерската функција не ја гледам како привилегија, ниту, пак, сметам дека една позиција треба да биде загарантирано наследство“, вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска
Даниела Трпчевска
Како една од најблиските соработнички на премиерот, Вашиот ангажман околу локалните избори несомнено ќе биде голем. Веќе имаше критики деновиве дека во работно време заминавте на средба со граѓаните во Куманово. Дали за време на кампањата планирате да ја извршувате функцијата само на техничко ниво?
Мојата главна определба беше и ќе остане да работам во интерес на граѓаните , почитувајќи го Уставот и важечките закони. Неселективноста и еднаквоста пред законите, како и нулта толеранцијата кон кршење на законите за нас како политичка опција и за мене лично никогаш не биле само флоскули и празни зборови на хартија, туку основа за градење модерна правна држава. Деновиве на оваа тема се води дебата во Собранието, без разлика во која форма ќе се донесат измените во Изборниот законик, јас ќе ги следам и почитувам во целост. Сепак, морам да истакнам дека целата дебата што се води околу овие измени во голема мера го открива стравот на опозицијата од немањето поддршка меѓу граѓаните. Место да соберат сила и да се свртат кон себе, тие повторно ги бараат настрана причините за неуспехот. Виновен им е народот, виновна им е власта, законите... Виновни се сите, само не старата матрица, старите истрошени транзициски лица, безидејноста и немањето програма. Очигледно за нив би било најдобро кога нам, како на нивни политички опоненти, би ни се забранило да излеземе пред граѓаните. Но, дури ни така со актуелната понуда нема да успеат да ја добијат нивната доверба, па не би ме изненадило да побараат закон според кој ќе може да се гласа само за нивни кандидати или можеби и воопшто да не се гласа, како што предлагаат некои нивни експерти, туку да има Влада во која би се ротирале местата.
На изборите граѓаните ни ја дадоа довербата. Должни сме да ги реализираме политиките што ги поддржаа граѓаните, но и да нудиме нови. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува партија блиска со граѓаните, а јас како член на партијата ќе продолжам да одам буквално секаде.
Се' почесто можеме да Ве видиме во друштво на американскиот амбасадор Пол Волерс. Се подготвувате ли можеби да ја напуштите раководната функција во МВР и дали имате амбиции да заминете на амбасадорска функција во САД?
Овие средби наместо како чести, јас би ги карактеризирала како континуирана, редовна активност. Не само со амбасадорот Волерс, туку и со сите други меѓународни претставници во земјава. За мене е обврска, но и чест и задоволство да ја промовирам работата на МВР и да лобирам за поддршка на нашите активности. Изминатите години македонската полиција израсна во релевантен партнер на модерните европски полиции. Само ќе потсетам дека реализиравме низа проекти и активности, како и голем број акции што придонесуваат за подобрување на безбедноста. Токму поради тоа не' посетија и ни оддадоа признанија првиот човек на Интерпол, како и голем број министри и директори. За вас и за граѓаните можеби е новина отвореноста и подигнувањето на интересот за работењето на Министерството, но тоа, дефинитивно, не е поврзано со некакви мои подготовки за амбасадорска функција во САД. Ниту имам интерес ниту амбиција за такво нешто.
Дали е во игра некоја друга раководна функција која би ја презеле пред локалните избори во земјава?
Времето на пазарење со функции заврши во 2006 година, заедно со владеењето на СДСМ. Премиерот Груевски неодамна јасно посочи дека поимот мандат во класична смисла на зборот треба да се заборави. Нашите функционери не треба да се надеваат на преиспитување на работата на секои четири години. Доколку ги разочарате очекувањата на граѓаните, покајувањето пред избори е доцна. Мора да се работи во континуитет и постојано да се дава отчет за сработеното. Во таа смисла, целосно сум посветена на мојата работа како министерка за внатрешни работи и ниту гледам на која било функција како привилегија ниту, пак, сметам дека некоја позиција треба да биде загарантирано наследство.
Новиот бран зафати промени во повеќе сегменти, каде што на раководни позиции беа поставени кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Дали во новиот бран напролет ќе има смени и во полицијата?
Новиот бран во полицијата е почнат уште во 2006 година со моето доаѓање на чело на Министерството. За разлика од претходниот систем на непотизам и лојалност кон Црвенковски, во законската регулатива го преточивме системот на кариера. Ги извршивме и потребните измени во однос на департизацијата и деполитизацијата, така што создадовме терен за реформи и професионализација на Министерството. Изминатите шест години во голем број наврати можевте да видите како функционира тоа на дело. Во Куманово, по акцијата „Пепел“ беа детектирани слабости во полициското работење, по што беше повлечено и сменето целото раководство во еден од осумте сектори. Истото тоа се случи и во СВР - Штип по „Детонатор“. Само по овие две акции беа променети 25 отсто од раководниот кадар. Ваквата политика ќе ја продолжиме и напролет и во иднина се' додека граѓаните ни даваат поддршка. Наградата и казната, односно напредувањето и назадувањето ќе продолжиме да ги спроведуваме во согласност со строги критериуми, постигнати резултати, квалификации и предиспозиции.
Случајот со петкратното убиство кај Смилковци заглави во судската постапка, иако бевте прилично уверена кога објавивте дека се фатени извршителите. Дали тоа значи дека МВР не обезбеди доволно и квалитетни докази за да продолжи постапката?
Петкратното убиство кај Смилковци е најгрозоморен и најтрагичен настан со кој МВР се соочило. Од друга страна, беше најсериозен предизвик за професионализмот на полицијата и на другите институции, како од аспект на докажување на потенцијалот да се пронајдат лицата за кои се сомневаме дека се сторители, така и од аспект на зачувување на редот и мирот и елиминирање на можностите за ескалација на состојбите. Мислам дека сите заедно покажавме капацитет на државност и ефективно одговоривме на предизвиците. Стоев и стојам зад тврдењето дека полицијата крајно професионално и во најкус можен рок го заврши својот дел од работата. На многу други поопремени и пообучени полиции дури и за полесни случаи им треба повеќе време. Ваше уредувачко право е и да застанете на страна на осомничените и да го застапувате ставот дека немало докази или како што тврди нивната одбрана дека случајот бил монтиран. Моја обврска како министер во оваа фаза од случајот е да им давам максимална поддршка на истражниот судија и на Обвинителството и да се трудам да обезбедам атмосфера во која без притисоци би се одвивал процесот.
Акцијата „Детонатор“ предизвика потрес во источниот дел на земјава, по што продолжи и во другите градови. Сметате ли дека со заплената на над 1.000 покер-машини е заокружен случајот, или акциите за откривање илегални коцкарници ќе продолжат и во наредниот период?
Се согласувам со вас дека покер-апаратите можеби визуелно изгледаа најатрактивно во целиот случај, но секој што и најмалку го познава правото сфаќа дека акцијата беше многу повеќе од тоа. Самата штета врз Буџетот од околу 10 милиони евра што беше констатирана говори за сериозноста на откриениот криминал. Доколку ги земеме предвид и делата што се ставаат на товар на осомничените (злосторничко здружување, убиство во обид, изнуда, фалсификување пари, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, насилство, лихварство, комар, перење пари), јавноста добива вистински увид во предметот и јасно е дека не станува збор за заокружување на случајот „само“ со заплена на покер-апарати, туку за справување со сериозен криминал. Контролите по сите основи ќе продолжат и натаму, како што ќе продолжи и бескомпромисната борба против криминалот во целата земја.
За време на Вашиот мандат, полицијата презеде низа акции за спречување на уличниот криминал, потоа за згрижување на децата на улица и за казнување на родителите кои ги занемаруваат своите родителски обврски, зајакнување на сообраќајните контроли и други. Зошто јавноста има впечаток дека акциите се со краток здив и дека по неколку месеци, ситуацијата пак се враќа по старо?
Не би можела да говорам во име на целата јавност, бидејќи во секоја демократија е очекувано да има различни мислења. Тоа што нас не' охрабрува е што мнозинството од граѓаните шест пати по ред даваат поддршка на нашите политики. Не е исклучено помал дел од јавноста да има поинаков впечаток, но затоа ваквите интервјуа се добра можност да објасниме. Борбата против негативните општествено-социјални појави е уште една од работите на кои претходно воопшто не се обрнувало внимание. Станува збор за исклучително комплексни појави кои бараат не само меѓуинституционален пристап, туку и сеопфатен ангажман. Недоволно е само полицијата да се ангажира во спречување на појавите како што се питачењето или малолетничката деликвенција. Сведоци сте дека презедовме низа мерки за нивно намалување, но илузорно е да се очекува дека Скопје би бил единствениот град во светот без проблеми од ваков тип. Летово започнавме и со акција на заеднички патроли на родителите и полицијата, а сега гледаме дека во слична акција хрватската полиција одлучила да пишува и пријави против малолетниците кои се затекнати во кафулиња надвор од дозволеното време.
Од 2006 година сте дел од МВР. Што сметате дека е еден од Вашите поголеми успеси за време ��а раководењето со полицијата, а што сметате за неуспех, или грешка, која од оваа дистанца проценувате дека би можела да се реши поинаку?
Долг е периодот и многу се предизвиците со кои се соочивме за да можам да издвојам еден или два во позитивна и негативна смисла. Специфичноста на Министерството и многубројните ингеренции налагаат многу контакти и многу одлуки што се носат буквално во минута. Секоја од нив си има специфична тежина и секоја од нив е најважна за оној за кого се однесува. Доколку мора да издвојам нешто што мислам дека е најзначајно покрај бескомпромисната и неселективна борба со криминалот, тогаш би кажала дека спроведувањето на законите буквално на целата територија на Македонија е суштинска разлика во однос на функционирањето на МВР пред моето доаѓање. Секако и зголемената транспарентност во работењето, воспоставувањето партнерски однос со граѓаните и воведувањето ново темпо и повисоки професионални стандарди во работењето е тоа што за мене го одбележа овој период и донесе резултати. Се разбира, имаше и пропусти или работи кои можеше да се направат и поинаку, но она што е важно дека тоа не беа стратегиски грешки, чии последици не може да се коригираат.
Може ли да дадете оцена каква е безбедносната состојба во земјава?
Предизвици имало и ќе има во иднина. Македонија не може да биде единствена земја во која би била елиминирана и најмалата веројатност од какви било безбедносни закани. Сведоци сме на случувањата во САД, Франција, Британија, Германија, Русија. Практично и нема земја каде што не постои ризик за безбедноста. Токму од тие причини и се приклучивме кон глобалната коалиција за мир, која се труди да ги елиминира терористичките закани. Сепак, нашите информации велат дека моментно нема значителни поместувања во однос на безбедносните ризици по Македонија. Нема посериозна опасност за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјава. Се разбира дека во континуитет ја следиме ситуацијата и ги разменуваме информациите со другите надлежни институции и доколку се јави каква било потреба од некаква реакција, подготвени сме да реагираме. |
|
Статијата е прочитана 2366 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 29.09.2012 00:25:30 | Sto se odnesuva za ubistvoto kaj Смилковци ministerkata mnogu profesionalno ne izvesti deka osomnicenite vojuvale vo Pakistan i Avhanistan. Toa bese edinstven fakt koj sto dosega bese objaven. Potoa se pokaza deka ne e tocen. Ministerkata e zadovolna, no petmina se ubieni, ubijcite se najverojatno na sloboda a vo zatvor gnijat mozebi nevini luge. |
| Ната, 29.09.2012 01:26:46 | Може ли министеркава некогаш да ја смени плочава. Не знам зошто земате изјава кога цело време кажува 5 исти реченици кои патем не ги спроведува.“Мојата главна определба беше и ќе остане да работам во интерес на граѓаните , почитувајќи го Уставот и важечките закони.... “. Се е веќе слушнато и зошто трошите време на изјави кога можете и без да ја прашате да го напишете одговорот! |
| Игор, 29.09.2012 11:57:19 | Секоја чест Министерке, чесни луѓе како вас и требаат на Македонија. Луѓе кои работат, ја сакаат и се борат за Македонија. Народот ви верува и тоа е добро. Би сакал еден ден да ве видам на премиерската позиција!
Не им замерувајте на опозицијата, тие се исфрустрирани и јасно е тоа. И јас да бидам толку долго во опозиција и да имам толку мал рејтинг многу е јасно дека ќе бидам исфрустриран.
Резултатите најдобро кажуваат. Борбата против криминал никогаш не била посилна. Да сте ми жива и здрава и да живеете уште долго! |
| suze, 29.09.2012 12:04:52 | Се што кажува е веќе чуено и е страшно досадно,никакив концепт, само излитени фрази за себепромоција и фалби за партијата. |
| jovan, 29.09.2012 12:48:33 | A sto sakas da bides ?! |
| henkel, 29.09.2012 13:26:34 | Nikogas ne bilo POLOSO vo MVR od doaganjeto na celo so Gordana.Nemat gorivo za rabota,imaat poniski plati,nemaat oprema i vozila za rabota,so MVR rakovodat nepismeni partiski kadri,nema uniformi i vo sekoj pogled e od loso poloso.Taa moze da lazi kolku so saka ama realnosta e druga.Na nejzinite zborovi i malite deca ne veruvaat.I samata taa nema vrska so rakovodenje na MVR tuku ja vlecat za nos i brada Radnikot idr. |
| Димитар, 29.09.2012 13:41:52 | Некои луѓе сакаат да бидат на ниво на министерката, па им е криво што не се и сега плукаат по неа. Ја поздравувам незината одлучност, праведност, храброст. Дај Боже вакви министри да имавме и претходно. Сите знаеме дека борбата против криминалот и злосторствата не е лесна, затоа да најдеме начин не само да оговараме и да напаѓаме, туку ако сме совесни граѓани да помогнеме ако можеме, а не да напаѓаме се што е сторено седејќи си дома од пред компјутер. |
| davor, 29.09.2012 19:31:40 | kako i sekogas jasno, koncizno.. odlicno |
| Mene, 29.09.2012 19:34:25 | Ministerkata e edna od podobrite i treba da prodolzi so svojata rabota i deluvanje !!!! Prodolzete taka ministerke !! |
| Ташев, 29.09.2012 19:45:56 | Гледано од политолошки аспект амбасадорската функција претставува индиректно отргнување/пензионирање од политиката. Јас сметам дека министерката не го заслужува тоа, напротив, таа коректно, транспарентно и на високо ниво си ја вршеше својата работа во нејзиниот сектор. Па колку само криминални случаи беа расчистени? Колку само се намали криминалот и корупцијата во земјава? А вие што коментирате дека таа била досадна, дека во затвор гниеле невини луѓе и сл. работи, неможам да ве сфатам! Мислиш толку сте навлезени во структурите на МВР па од што знаете толку доверливи информации и глупости почнавте да коментирате. Стварно чуден народ сте |
| tip, 29.09.2012 20:35:59 | Golemo BRAVO za ministerkata, pokaza i dokaza kako se raboti i deka samo so zalaganje moze da dojdeme do pozitivni rezultati. Prodolzete taka! |
| Dim, 29.09.2012 20:41:23 | секоја чест министерке. не сум партиски определен, не ни сакам да бидам. ВЕ почитувам и ВЕ ценам највеќе од целата фела министри, пред се затоа што сте најборбена и затоа што сте на најодговорната државна функција, а секако да не го заборавиме и тоа што сте жена. без навреда за другите министерства, сите се важни ... ВИ честитам ! |
| Даниел, 29.09.2012 20:58:37 | Од кај го извадивте насловот?
Од одговор на прашање кое на база на претпоставки го поставивте?! Смешно :)
Инаку секоја чест на Министерката, чесно, совесно и според законите ја врши својата работа и затоа е толку успешна во спрекувањто на корупцијата и криминалот! А некои „луѓе“ само плукаат по нејзината успешност, бидејќи на криминогените структури не им одговара некој да ги спречува во разграбувањето на државата!
Само напред Министерке Јанкулоска, продолжете со истото темпо, Потребни и сте на Македонија! |
| figaneg, 29.09.2012 21:30:36 | Министерката си е на место опозицијата ја мрази затоа што конечно некој почна да го решава криминалот и корупцијата во нашата земја, нејзината работа е беспрекорна и неселективна, само напред Министерке. |
| Maja, 29.09.2012 21:59:58 | Goca moze da bide i prva zena premier...dosta govnarite zenata kolku trud vlozi i kolku kriminal samo e otkrijan za vreme od koga taa e ministerka...Zenata na kriminalot ne gleda kako na politicka partija tuku zakonot go sproveduva podednakvo za site...Nared Gordana ! |
| od mene be, 29.09.2012 23:27:17 | деца во кратки пантолони не можат да водат држава. |
| Трпе, 30.09.2012 00:42:46 | Честитки до успешниот министер.Толку е упорна и без осет што и кога мува ја лази не и смета.На полицајците им подели раскрсници да заработуват за државата.Што ќар ако се фатат некои криминалци или убијци ,треба да живеат по затворите на државен трошок.МВР и е толку средено што личен документи се добива ако не за 6 месеци гарант за една година ке го имаш во џебот.А и што ке прави народот ако не си го троши времето пред вратите на МВР.дел од невработените ке прават проблеми по улици а во просторите на МВР не смеат ни глас да подигнат чекајки во ред.Нема да имат време да слушат банални вести или седници на собранието.И волкот сит и овците на број. |
| NashChovek, 30.09.2012 01:55:33 | Podanosta kon zakonite i narodot dadoa pogolema verba vo sistemot i ona shto treba da bide Makedonska drzava. Istajnosta i konstruktivnosta na ministerkata e edna od glavnite alki na Makedonija. |
| Zoran, 30.09.2012 08:19:36 | Cestitki do ministerkata za dosegasnata rabota, i podrska za ponatamo, golemo sramota za komentatori od tipot na Pejo koj za se bi ja obvinile drzavata i bi pobarale od nea megutoa od svoja strana ne samo ne bi vlozile nisto tuku i samite nemaat doverba vo drzavata, pa kako togas istata bi gi podrzala? |
| Istocna Makedonija, 30.09.2012 11:06:32 | Od neutralen agol,pripadnici na ista politicka
proviniencija so ministrkata Jankulovska ja veli
cat,glorificiraat i peat slavopojki za nejzinata rabotai funkcioniranje.Edni,po diktat,drugi od vistinski respekt,treti da se dodvorat.Drugive, kritizerski,od konkurentski politicki poziciii negi raat se,pa duri i uspesna akcija,kako i
konkretni evidentni rezultati.A,evidentni rezultati
vo suzvivanjeto i eliminiranjeto na kriminalot i
drugi devijantni fenomeni vo zemjata IMA,isto kako sto IMA i propusti karakterisricni,duri,i za
najgolemite svetski velesili.Isitata percepcija i fakticka sostojba e karakteristicna i vo oblasta na stabilnosta i bezbednosta na zemjava.I neka
bide licna opservacija,so siot respeet kon min. Jankulovska i rezultatite koi gi ima,sepak i
i osobeno,od aspekt na bezbednosnata situacija i vo cuvanjeto na mirot i sigurnosta
na graganite,DRUGA individua koja ne se eksponira gi vlece konciti i go ,,menadjira,,
ov oj bezbednosen apsekt vo Makedonija.
|
| D.V., 30.09.2012 11:27:23 | Ministerkava mozebi tolku gleda za da misli vaka kako sto odgovara na prashanjata, pominuvajki malku *kolo kolo naokolo* i da ne zanesuva mislejki deka sme site odred debilni i ke veruvame na onaa edina nejsina klasicna recenica( prazna i lazna)! I onaa serija poracani komentari da ne gi redam, zboruvaat deka se namesteni od gore ili se na isporani, privileguvani mozoci koi se plateni sedejki doma! I Cacko mu se smee na ovoa intervju! |
| Goko, 30.09.2012 13:07:04 | Za mene ne e sustinsko prasanje sto saka da bide ministerkava tuku glavnoto prasanje e kako nekoj da stane ministerka ili minister, koj e nacinot ,patot i tn itn. Od kaj da pocne - od partiski stab li? Za Tito znam od masinobravar do predsedatel. |
| azulant, 30.09.2012 20:29:15 | новинарката нека ја допраша горде дали и кога ќе ни ги вратат визите, апропо најавите на дојче веле |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 15°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите чита��ели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|