Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
30.09.2012, 00:22
МЗТ Скопје ја нокаутира Цибона!



„Металците" заминаа во Загреб со умерен оптимизам, а се вратија со голем триумф над некогашниот европски првак од 77:72

Марија Ковачева

Деби од соништата за кошаркарите на МЗТ Скопје во АБА Јадранската лига. Македонскиот шампион приреди големо изненадување со тоа што среде Загреб го совлада хрватскиот гигант Цибона со 77:72 на стартот од регионалното натпреварување.

Ретко кој очекуваше ваков почеток на "сино-белите". Александар Тодоров и неговиот тим посакуваа да се претстават во добро светло на почетокот на јадранската одисеја, но, како и целата македонска јавност, не беа до толку оптимисти за да помислат дека ќе успеат да го победат тимот што во својата ризница има вкупно 40 трофеи, од кои 20 шампионски, како и две титули европски првак!

"Пресреќен сум поради оваа историска победа. Како дете навивав за Цибона и не сонував дека 20 години подоцна ќе успеам да ја совладам како тренер", изјави Тодоров. "Ја запревме транзицијата на противникот и ја сведовме играта на пет на пет. Мислам дека ова не е вистинското лице на Цибона. Тоа е тим за висок пласман во АБА-лигата. Наша желба останува да не бидеме последни и да не испаднеме од ова силно натпреварување".

Македонскиот претставник во Кошаркарскиот центар "Дражен Петровиќ" демонстрира фантастична игра, посебно во одбраната, што на крајот се покажа клучно за победата. Се' почна во 15. минута, до која кај гостинските кошаркари можеше да се почуствува грч во играта, а стратегот Тодоров се обидуваше да ја најде вистинската петорка. На теренот во вистинско време повлече оној од кого и се очекуваше да го даде вистинскиот правец по кој што треба да се движи играта на "сино-белите" - искусниот Тодор Гечевски со неговите седум поени во низа ја крена самодовербата во екипата. Негативата од пет поени (25:20) со серија од 17:2 "металците" ја претворија во позитива од десет коша (37:27), со која заминаа на полувремето.

"Не очекувавме да ја добиеме Цибина, а се виде дека тоа не беше толку лесно да се оствари. Ја запревме нивната транзиција и не грешевме премногу. Имавме голем број отворени шутеви и би сакал вака да шутираме во текот на целата сезона", изјави Гечевски.

Македонскиот шампион во ист стил продолжи и во третата четвртина. Иако очекувањата на хрватската публика беа дека одморот ќе ја врати Цибона во игра, тоа не се случи. "Штрковите" продолжија со извонредната игра, која пред истекот на 30. минута им донесе максимално водство од 60:45.

МЗТ Скопје во почетокот на последните десет минути го предводеше расположениот Кејд Дејвис. Со својата четврта тројка, Американецот ја врати двоцифрената предност на нашиот тим (65:54), а во 34. минута Дамјан Стојановски од линијата за три поени зголеми на 68:54. Откако противничкиот тренер Вељко Мршиќ увиде дека неговиот тим се губи во сјајот на "сино-белите," повика тајм-аут, по што Цибона полека почна да ја топи предноста на МЗТ. Неколкуте поени во серија за хрватскиот првак го разбрануваа нашиот претставник, кој направи четири недозволиви грешки и на 21 секунда до крајот му дозволи на противникот да се доближи на само два поени (69:71). Мечот влезе во пенал-завршница, а таму непогрешливи беа прво Дејвис, а потоа и Дамјан Стојановски, кој го потврди историскиот триумф на МЗТ Скопје, но и на македонската клупска кошаркарка.

"Заслужено не' победија. Добро го отворивме натпреварот, но многу брзо влеговме во проблеми со личните грешки, а играчите од клупата не реагираа добро, па затоа одбраната ни падна. Го загубивме ритамот, никако не можевме да го контролираме скокот, а на крајот останавме и без движење во нападот. Бевме премногу пасивни. Во второто полувреме беше многу потешко да се вратиме, бидејќи гостите веќе беа разиграни", прокоментира тренерот на Цибона, Мршиќ.

Дејвис со 21 кош (4/5 за три поена) не само што беше најефикасен играч во таборот на МЗТ Скопје, туку и по завршувањето на мечот на официјалниот веб-портал на АБА-лигата беше прогласен за МВП на средбата. Ѓорѓи Чековски реализира13 поени и осум скока, Дамјан Стојановски 12 поени, а Гечевски осум.

Победата во Загреб ќе биде дополнителна мотивација за МЗТ Скопје пред првиот меч на домашен терен против Широки закажан за в среда во салата "Борис Трајковски", која по триумфот над Цибона се очекува да биде исполнета до последното место.

Цибона - МЗТ Скопје 72:77

По четвртини: 16:11, 11:26, 21:23, 24:17). Сала: "Дражен Петровиќ" во Згреб. Гледачи: 1000. Судии: Белошевиќ, Јурас и Глишиќ.

Цибона: Кус 4, Зубчиќ 17, Мас��ќ 6, Картер 3, Марцинковиќ, Вер 2, Розиќ 1, Јагодиќ 4, Строубери 7, Жижиќ 10, Хамилтон 16, Ковачевиќ.

МЗТ Скопје: О. Стојановски 3, Мијајловиќ 5, Грнчаров, Д. Стојановски 12, Гечевски 8, Николовски, Чековски 13, Николиќ 6, Марковски 3, Дејвис 21, Далман 6.





























Статијата е прочитана 2417 пати.

Испрати коментар



Марковски дебитира кај Јаневски
Батон пет места подолу на стартот во Сузука
На Карабатиќ не му гине затвор!?
Барселона на испит во Лисабон
Грција ќе гради патека за Формула 1?
Шест гола на Лазаров против Кил
Ракометарите на Монпелје признаа дека се обложувале
Попов дебитира за ВБА, Хасани за Волфсбург
Победата на Вардар во сенка на инцидентите
Металург го покори Шамбери среде Франција
Илиевски и Цедевита славеа во Подгорица
Петрова го освои Токио
Челзи со целиот плен од „Емирати"
Јувентус убедлив против Рома
Фантастичен пресврт на Барселона во Севиља
Баерн Минхен ја продолжи победничката серија
Илиевски претставен како Словенец на сајтот на АБА лигата
Металург без бело знаме во Франција
Фудбалски меч со три тима во Норвешка
Гвардиола тренер во Милано?
Борис Бакиќ нов играч на МЗТ Скопје
Хрватите со Самир против Македонија
Хамилтон во Мерцедес, Перез во Мекларен
МЗТ Скопје со умерен оптимизам против Цибона
Леб нема да ја брани титулата в година
Илиевски го одби МЗТ, потпиша за Цедевита
Металург сака повторно во топ-16
Атлетико со пресврт до победа на гостувањето кај Бетис
Кавани ефикасен за убедлив триумф на Наполи
Прволигашите надмоќни во Купот



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Среда
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Полемика на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Латас контра Ордановски
Како е можно јавниот сервис како ексклузивна вест да пласира непроверена вест, можно ли е нештата да минат толку лесно и без оставки,
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |