Хороскоп
Овен
Успешни сте во духовна и психичка смисла повеќе отколку на материјален план. Можни се болести и нејасни претстави за практичните потези. Нека не ве изненадува општата исцрпеност врзана за временските промени и имунитет. Намалете ја активноста.
Бик
Креативни сте и друштвени. Настојувате со контактите да ја задржите приватноста. Се поставува прашањето колку ќе успеете во тоа. Ако не биде како што сте наумиле, не грижете се. Не сте некој што живее надвор од светот, па да може да биде недопирлив.
Близнаци
Многу енергија трошите кога се парите во прашање. Мислите дека на другите им е лесно затоа што немаат вакви проблеми. Свртете се кон подлабоката смисла на животот и обидете се да со замена на тезите да дојдете до душевен мир. Во спротивно, можете да се разболите.
Рак
Доколку сте изложени на напади од страна, обидете се да се дистанцирате. Само така ќе ги зачувате нервите, и онака на можете ништо да постигнете. Слушајте ги внатрешните потреби и така однесувајте се. Нервозата ја лечите со позитивен животен став во адекватно друштво.
Лав
Го остварувате она што сте го наумиле, но со вложување голем напор. На тој пат ги совладувате сите замки и препреки, па се чудите сами на себе. Пожелно е да избегнувате расправи и да функционирате што е можно потолерантно. На крајот на денот ќе се ослободите од емотивната напнатост.
Девица
Доживувате непријатности на полето на комуникација, во сообраќајот или на патување, и поради тоа сте дополнително чувствителни. Се советува внимателност за да избегнете компликации. Учете се на туѓи грешки. Ако помалку драматично ги сфатите зборовите на блиската околина, подобро за вас.
Терезија
Проблемите од здравствен или деловен аспект се минливи. Друга работа е што вие ги доживувате на само за вас својствен начин - вознемирувачки. Се советува смиреност кога овие нешта се во прашање, само така ќе успеете да ја совладате опасноста и да го пребродите денот.
Скорпија
Проблемите врзани за брачните, односно партнерските односи не се толку уочливи колку што вие така ги доживувате. Ги драматизирате работите на емотивен план. Повеќето припадници на овој знак не може да се пожалат на осаменост. Бидејќи сте нефлексибилни, размислете за вашиот придонес во врската.
Стрелец
Опасностите кои се однесуваат на повреди и непланирани хируршки интервенции можете да ги избегнете доколку бидете внимателни. Ситуацијата е напната, бара максимална издржливост. Никој како вас не умее така добро во неа да плива. Внимавајте да не се прецените.
Јарец
Некои од вас се впуштаат во авантури, деловни потфати, но воглавно се задоволни. Кога на Јарците ќе им се укаже денешната можност, наместо да ја прифати, тој бега во самотија. Песимисти сте без конкретна причина. Сменете го ставот.
Водолија
Благодарение на искуството, си го олеснувате животниот пат. Со успех убедувате некого да направи нешто за што се грижите. Кога секогаш би биле толку конструктивни! Кога секогаш би знаеле како денес, каде би ви бил крајот? Не потценувајте ги сопствените вредности.
Риби Многу припадници на овој воден знак пливаат на суво. Со самото тоа се чувствуваат многу лошо. Само оние кои ја сфатиле суштината на сопствениот животен пат – се исполнети. Другите се уморни и болни, но не органски. Најдете го вашиот пат кон среќата.
|