Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.10.2012, 17:56

Инсајдер - Задоцни ли СДСМ со терминот за интерпелација?!

По речиси два месеца владина криза, опозицијата реши да иницира расправа во парламентот за доверба на кабинетот на Груевски

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, можеби, ја изненади пошироката јавност кога, во сабота вечер во Битола, соопшти дека опозицијата ќе поднесе интерпелација за Владата, која го преживува вториот месец од кризата која избувна на 13 август во Слупчане. Но, соработници на Црвенковски тврдат дека не биле изненадени од неговиот потег. Велат дека било прашање на време и на политичка проценка кога опозицијата ќе побара одговорност од Владата за судирот меѓу коалициските партнери.

„СДСМ има стратегија на политичко дејствување и заклучивме дека сега е момент да ја разобличиме наводната криза во коалицијата, која веќе прераснува во реална криза во меѓуетничките односи“, е официјалниот став на опозициската партија, на прашањето зошто токму сега а не порано кога изби судирот во Владата се покренува иницијатива за недоверба на кабинетот на Никола Груевски.

Според неофицијални информации, пак, опозициското раководство, првично, проценило дека интерпелацијата може да резултира со хомогенизирање на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Од тој аспект, било заклучено дека не е работа на СДСМ да придонесе за помирување на коалициските партнери, па макар и конфликтот меѓу нив да е сценарио за кревање на рејтинзите.

Наводно, било земено предвид и тоа дека нова иницијатива за недоверба на Владата не може да се покренува пред истекот на 90 дена од последното гласање доверба, што, во случајов, би значело три месеци комодитет за кабинетот на Груевски. На крајот, според некои информации, натежнале проценките дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, сепак, треба да се истераат на чистина, наместо да поентираат од конфликтот меѓу своите гласачки тела, притоа поигрувајќи си со национализам.

Во изминатите неколку седмици, социјалдемократите, главно, од дистанца ги набљудуваат случувањата во владејачката коалиција, потпирајќи се на ставот дека несогласувањата се проблем што треба да го решат оние кои и го создале, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исклучок беа неколку изјави на опозициски функционери, кои предупредија на паралелизам во Министерството за одбрана или на инволвирање на ученици во политиката... Но, на прашањето дали СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот за одбрана Фатмир Бесими поради скандалот во Слупчане, во екот кога тој траеше, од СДСМ рекоа дека тоа треба да го стори ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, кон крајот на август, опозицијата поднесе интерпелација за работењето на Регулаторната комисија.

Прв пат по пет години, опозицијата покренува иницијатива за колективна одговорност на Владата. Последен пат прашањето за доверба беше поставено во јуни 2007, кога партнери на „Илинденска“ беа ВМРО-ДПМНЕ, НСДП и ДПА, а на чело на СДСМ беше Радмила Шекеринска.

Политичкиот контекст, тогаш, беше многу поразличен од сегашниот: премиерот Никола Груевски, ја трошеше првата година од мандатот, а релациите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА беа конструктивни.

Опозицискиот фронт, што го предводи СДСМ, утре се собира на „Бихаќска“, за да се договорат сите детали за барањето за недоверба и да се утврди стратегијата за настап на собраниската седница в петок. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 1453 пати.

Испрати коментар



Еврокомесарот го објаснува „твитот“ за наводното убиство
Канал 5 доби дозвола од СРД
МТВ се извини за „ексклузивноста“
СДСМ
Бонева бара политичка едукација на граѓаните за фер избори
Опстанок, оставка или губење на легитимитетот
Филе
Интервју - Политичкиот клиентелизам во новинарството не се решава со казни
Бранителите не сакаат ист статус со ОНА
Пропагандна викенд војна
Грција го негира убиството на Самарџиев
„Работното лето“ во есенски фотофиниш
Владата на Груевски в петок на нов тест за доверба?



ФЕЛИКС, 02.10.2012 11:08:50
Има каснење само во митингувањата завршни,додека вербални гимнастики секогаш се има време.Па така и со интерпелацијата топтан за владата,оти само за Бесими ќе го налутат оној кој го молаат неизборно да се дружат.Инаку сум и за тоа да за интерпелацијата гласаат и пратениците од власта.Па така нека има вонредни избори па да се види кој колку вреди и невреди на политичката сцена.Дури и нека има ново неизборно мнозинство ,на три албански партии и Шатевци како привезок.Па да видиме како ќе се менува уставот,како ќе се федерализира државата и како ќе се реши проблемот со името по терк на соседот,како ,,бранители ,, и бранители на купче опфатени со законот и т.н.Да видиме како една партија прави политичко харакири
al_pp, 02.10.2012 16:57:16
Абе тие се многу закаснати. Не само со барањето за интерпелација туку ВО СЕ СЕ ЗАКАСНЕТИ. Сакаат да ја вратат државата назад како што беше во нивно време, да допродадат тоа што остана.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават



Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Скопје е во фокусот на „Бела ноќ“
Утревечер на повеќе градски локации ќе се одржуваат изложби, музички настани, перформанси, поетски читања, журки......

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |