Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.09.2012, 17:42

Владата на Груевски в петок на нов тест за доверба?

В петок на полноќ парламентот ќе се изјасни за барањето за одговорност на Владата кое утре ќе го поднесе опозицијата

Гордана Дувњак



Премиерот Никола Груевски и неговите министри на крајот на оваа недела ќе бидат ставени на нов тест за доверба. Иницијатор на проверката е опозицискиот СДСМ, кој како што се дознава од нивната пратеничка група, во вторник ќе поднесе официјално барање до спикерот на парламентот Трајко Вељаноски. Претходно, со оваа идеја, која уште во саботата ја најави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, од градот на конзулите, ќе бидат запознати и останатите коалициски партнери од широкиот опозициски фронт. А во согласност со уставните и деловнички рокови, тоа значи дека веќе в петок, или три дена од поднесувањето на иницијативата за гласање доверба на Владата, спикерот на законодавниот дом ќе треба да закаже собраниска седница.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени од ваквиот потег на опозицијата, додека во експертската јавност постои уверување дека ова е добар тест во услови на владина криза и затегнати односи меѓу коалициските партнери што ќе отвори пат за разрешување на проблемите. Клучот е во рацете на ДУИ, која треба да се произнесе дали ќе и' даде легитимитет на натамошната соработка со владиниот партнер или со чинот на негласање ќе предизвика предвремени парламентарни избори.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и' фрли ракавица на власта од митингот во Битола. „Следната недела пратеничката група на СДСМ ќе поднесе интерпелација за Владата со цел да излезе на виделина театарот на Груевски и на Али Ахмети“, рече во својот говор на саботниот митинг во Битола лидерот на партијата, Бранко Црвенковски.

Тој изјави дека СДСМ нема илузија дека ќе падне Владата, но сака да ја прекине лакрдијата. „Во парламентот ќе видиме како Силвана Бонева и Влатко Ѓорчев ќе гласаат за прашањето дали министерот Фатмир Бесими треба да остане на својата функција, а од друга страна, како Ермира Мехмети и Талат Џафери ќе гласаат за Гордана Јанкулоска дали да продолжи да седи во власта“, рече Црвенковски. „Или ќе видиме како сплотени гласаат тендерската Влада да остане на власт“, додаде тој.

Пратеникот и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека легитимно право на опозицијата да поднесува интерпелации и прашања за доверба на Владата. „Не гледаме ништо фрапантно во тоа. Ќе се испочитува собраниската процедура и во согласност со роковите ќе се закаже седница. Од собраниската говорница ќе ги соочиме аргументите за и против“, потенцира Димовски.

Аналитичарот Ѓорѓи Спасов, кој и порано се залагаше за едно вакво решение како излез од владината криза, смета дека е добра идеја проверка на довербата на Владата. „Би било добро да се види однесувањето на владините коалициски партнери по последните настани што предизвикаа напнатост во нивните релации. ДУИ и досега тврдеше дека не се за напуштање на коалицијата, а изворот на незадоволство го лоцираше во законот за бранители“, оценува Спасов.

Според него, можни се две сценарија. Ако ДУИ гласа против недоверба на Владата, тоа значи дека остава простор проблемите во коалицијата да се решат со дијалог. Доколку, пак, им се придружи во гласањето на опозионерите, ќе мора да образложи кои се аргументите што ги тераат на таков потег. Бидејќи неизгласувањето доверба на Владата ќе значи отворање пат за предвремени парламентарни избори и за евентуално ново партиско прегрупирање.

Прашањето за одговорноста на Владата е регулирано во член 92 од Уставот, каде што се вели дека „Владата и секој нејзин член за својата работа одговараат пред Собранието“.

Собранието може да изгласа недоверба на Владата. Прашање за доверба можат да постават најмалку 20 пратеници Гласањето за доверба се врши по истекот на три дена од поставувањето доверба. Повторно гласање не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници. Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако се изгласа недоверба, Владата е должна да поднесе одлука.

Во досегашната дведецениска практик�� на парламентарна демократија, само еднаш е изгласана недоверба на владин кабинет, кога „падна“ првата експертска влада на академик Никола Кљусев.


Статијата е прочитана 2099 пати.

Испрати коментар



Еврокомесарот го објаснува „твитот“ за наводното убиство
Канал 5 доби дозвола од СРД
МТВ се извини за „ексклузивноста“
СДСМ
Бонева бара политичка едукација на граѓаните за фер избори
Опстанок, оставка или губење на легитимитетот
Инсајдер - Задоцни ли СДСМ со терминот за интерпелација?!
Инсајдер - Задоцни ли СДСМ со терминот за интерпелација?!
Филе
Интервју - Политичкиот клиентелизам во новинарството не се решава со казни
Бранителите не сакаат ист статус со ОНА
Пропагандна викенд војна
Грција го негира убиството на Самарџиев
„Работното лето“ во есенски фотофиниш



mojso, 30.09.2012 23:30:06
Fala bogu se setija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават



Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Среда
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Полемика на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Латас контра Ордановски
Ка��о е можно јавниот сервис како ексклузивна вест да пласира непроверена вест, можно ли е нештата да минат толку лесно и без оставки,
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |