Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.10.2012, 18:25

МТВ се извини за „ексклузивноста“

Македонското новинарство разочара уште еднаш, непотврдена вест за наводното убиство на македонски студент во Грција стана број еден

Горан Адамовски



Македонската телевизија им се извини на гледачите за неверојатниот лапсус од саботата, кога со кајрон најавуваше „ексклузива“ во вечерните вести дека македонскиот студент претепан во Солун им подлегнал на повредите. „Бог да го прости“, со која завршуваше најавата, која требаше да ги натера гледачите да останат заковани за телевизорот, беше врв на несериозниот однос на надлежните во јавниот сервис.

Непроверената вест за наводното убиство предизвика домино-ефект во македонскиот етер. Речиси сите портали ја објавија веста, иако никаде немаше ниту потврда, ниту фотографија, ниту изјава на кој било од инволвираните во приказната. Трката за важна и читана вест беше посилна од професионалноста. За последиците, кои можеа да бидат далекусежни, имајќи предвид дека земјава влезе во воинствен филм - не размислуваше никој.

„Им се извинуваме на гледачите. МРТВ како јавен сервис има најголема одговорност во известувањето и пуштањето во етер на вест што треба да биде проверена најмалку од три извори“, вели Горан Петрески, главен и одговорен уредник на МТВ.

Во изјавата за нашиот весник, Петрески, кој на функцијата дојде пред десетина дена, објаснува дека веста ја објавиле водени од убедувањето оти можат да имаат доверба во електронските изданија на „Македонска зора“ и „Македонска нација“. Во МРТВ се раководеле и од потврдата на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој, како што веруваат во јавниот сервис, морал да има редовна комуникација со нашинците во дијаспората.

„Уште еднаш велам дека нашата одговорност е најголема, но од одговорност не треба да бидат изземени и другите медиуми, речиси сите ја презедоа веста“, потенцира Петрески. Објаснува дека кајронот бил недоразбирање, новиот тим во МРТВ се' уште не бил доволно синхронизиран, а одговорност нема да биде побарана од никого, бидејќи, како што вели, „во оваа држава паѓаа авиони по телевизиите, па никој не поднесе оставка“.

Да биде трагедијата поголема, ретко кој од медиумите наведуваше кој е изворот на информацијата, односно од каде ја презеле. Во дел од нив се читаше и се слушаше говорот на омраза. Грците беа нарекувани фашисти, а масло на оганот долеа изјавата на Петров, кој побара Грција да се пресмета со фашизмот и со неонацистичката „Златна зора“ или нема да ја биде, па дури и повика на објавување војна.

Од Здружението на новинари на Македонија велат дека не добиле претставка за „кајронот на МТВ“, како и за целокупното известувањето на медиумите во врска со случајот. Без претставка, тие не можат да реагираат, објаснуваат од ЗНМ. Без реакција се и во Советот за радиодифузија.


Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар



Еврокомесарот го објаснува „твитот“ за наводното убиство
Канал 5 доби дозвола од СРД
СДСМ
Бонева бара политичка едукација на граѓаните за фер избори
Опстанок, оставка или губење на легитимитетот
Инсајдер - Задоцни ли СДСМ со терминот за интерпелација?!
Инсајдер - Задоцни ли СДСМ со терминот за интерпелација?!
Филе
Интервју - Политичкиот клиентелизам во новинарството не се решава со казни
Бранителите не сакаат ист статус со ОНА
Пропагандна викенд војна
Грција го негира убиството на Самарџиев
„Работното лето“ во есенски фотофиниш
Владата на Груевски в петок на нов тест за доверба?



Bog da ja prosti MRTV, 02.10.2012 11:58:41
Bog da ja prosti, i MRTV i kvazi-patriotot Todor Petrov! Ako e toj patriot i normalen chovek, togaj jas sum Japonski Car! Za da zapreti, ja fati Shvajcarija, a dokolku se zarati, verovatno ke ja fati USA, Kanada ili ushte podalechnata Avstralija, a nie i RM ovde da gineme. E takvi se ovie patrioti. Neka se pokrijat i zacutat vece ednash, dosta ne blamiraa!
bezanec, 02.10.2012 13:36:50
Не е виновен Тодор Петров,најде овци за стрижење во,Швајцарија,Америка Австрали и секаде во светот, кои со нивните примања таму, сакат да ни кројат политика во Македонија,на овој осиромаштен народ а тој ќе си шета врскосен со парите на нашите заспани, заслепени вмровци. Работат и печалат таму, за да Петров му ги трши, без малку ум и разум, да се свестат да направат споредба и се запрашат ,,Каде живеат и работат, како е таму,колку заработува а како е во жална Македонија. Драги браќа,сестри и синовци,вници и знаени и незнаени пријатели свестете се вие сте и таму и овде вио Македонија странци. Бидејки многу што се вратија и го вложија својот капитал во Македонија, се попарија и по секој начин се вратија од каде дојдоа, бегајки од овој пекол и безвластие.
Jovan, 02.10.2012 14:36:04
vakva bruka ne smeese da si dozvoli javniot servis. a i sto moze da se ocekuva od neiskusni pilistarci koi zastanale na rakovodni mesta ne e jasno kako. dali da go urnisaat ovoj medium po koj javno plukaa plasirajki lagi i nevistini?? ako voopsto imaat malkudoblest vo sebe treba da se spakuvaat i da si zaminat od MTV
Mapkoc, 02.10.2012 16:22:55
„Лапсус„ е ПРЕБЛАГ збор за овој резил, кој, овој пат ни крива ни должна, Македонија ја става во фокус како несериозна држава (под „лапсус„ мнозинството подразбира грешка во говор - „lapsus linguae, што овде не е случај). Објаснувањето на главниот уредник, г. Петрески, дека новиот тим на МРТВ се‘ уште не бил доволно синхронизиран, не се голта: белки во тимот не се стажисти, ами професионалци, кои знаат за кодекс, етика и други „трици„ во медиумската сфера. Уште помалку се за голтање неговите зборови за одговорноста. „Во оваа држава, вели, паѓаа авиони по телевизиите, па никој не поднесе оставка“. По овој „репер„ во земјата нема кримен за кој треба да се одговара! Блиску до ова е и „вадењето„ на Здружението на новинарите на Македонија, како не добиле претставка. Зарем во нивниот статут нема и постапување по службена должност? Ова се однесува и на Советот за радиодифузија. Најсетне, потпирање на „извори„ ала Тодор Петров, ме асоцира на руската крилатица „верувај и провери„.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават



Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Скопје е во фокусот на „Бела ноќ“
Утревечер на повеќе градски локации ќе се одржуваат изложби, музички настани, перформанси, поетски читања, журки......

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |