05.10.2012, 13:20 Јанкулоска си замина, во Арачиново се пука
Две возила и три продавници се оштетени во оружен инцидент во скопското село Арачиново. Утрово, петнаесетина минути по полноќ, 35-годишен жител на селото се движел со „мерцедес“, при што бил пресретнат од три возила, во кои имало неколку лица. Тие стрелале во Арачиновецот, кој, сепак, успеал да побегне. Инцидентот се случи само десетина часа по посетата на министерката за внатрешни работи, која беше информирана дека ситуацијата во селото е мирна и оти тамошната полиција евидентира само помал број кражби. (Г.А.)
|