Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.10.2012, 18:15

Добра волја или блеф на Грција?

Повеќе меморандум или повеќе ултиматум - е дилемата околу „мировниот предлог“ на Атина со кој решението се префрла пак од правен на политички терен

Слободанка Јовановска

Меморандумот на грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос, вчера дојде како гром од ведро небо за државнот врв во Македонија. Намерно или не, тој му беше пратен на шефот на дипломатијата Никола Попоски доцна навечер, кога најголем дел од дипломатите се на одмор поради преселбата во новиот објект, а тој дојде од едно и се подотвуваше за друго патување.

Дали Атина ја презеде иницијативата во преговорите околу спорот за името на Македонија или само одговори на притисоците на Бан Ки -мун и Штефан Филе? Дали предлогот за решенија за спорот е повеќе меморандум или повеќе ултиматум? Дали во него е исцртана само грчката црвена линија или има ретерирања во позициите на Атина? Дали е трик да се замени Времената спогодба и да се стави во аут Хашката пресуда или е нивно олеснување? Дали е документ „земи или остави“ или рамка за која можеме натаму да преговараме, кои се евентуалните замки, и дали ако го прифатиме ќе треба да уриваме некои од спомениците - се дилеми на кои државниот врв вчера одбра да молчи, додека не ги испита деталите.

Бившите министри и премиери, пак, кои беа инволвирани во преговорите за името, се позитивни околу меморандумот на Аврамопулос, пред се' бидејќи го гледаат како гест дека владата на Андонис Самарас почнува да ги движи работите.

Според Владо Бучковски, иницијативата на Атина е чекор напред, иако има многу прашања што предизвикуваат контроверзи и бараат продлабоч��вање. „Да, внатре е грчката црвена линија, но формализирањето на воспоставувањето нормална комуникација ни' остава простор и нам да ја исцртаме нашата “, оценува Бучковски, според кого ваква каква што е и како што е наведена и во меморандумот, таа линија не е основа за компромисно решение туку диктат од Атина.

Љубомир Фрчкоски, на прашањето дали гледа трик или добра волја во меморандумот, одговори неодредено. „Зошто да биде трик? Меморандумот е дипломатска алатка која треба да ја поттикне застанатата дипломатија и нема ништо лошо во тоа“, изјави тој, со забелешка дека всушност станува збор за малку посериозен акт од писмото што нашето МНР го испрати претходно на грчка адреса.

„Ништо не е драматично проблематично во овој документ, освен делот каде што се споменува ерга омнес, што треба да биде предмет на преговори а не основа за нив“, вели Фрчкоски посочувајќи го како позитивно тоа што во делот каде што се бара геогрефска дистинкција за името, според него тоа јасно се однесува само за државата но не и за името на народот.

„Последната реченица, дека ’секој предлог треба да содржи јасна и дефинитивна одредница за името, што нема да остави нејаснотии во однос на разликата помеѓу територијата на поранешна југословенска Република Македонија и региони во соседните земји’ не сметам дека е проблематична бидејќи остава можност идентитетот да остане македонски дури и да се викаме Северна Република Македонија“, вели Фрчкоски, со сомнеж дека тоа така ќе го прочита и државниот врв. Вториот новитет, барањето ерга омнес решение, според него бара натамошно дефинирање, т.е. објаснување - дали е за внатрешна или надворешна употреба, дали се однесува и на државите што веќе не' признале под уставно име и слични прашања.Тој не гледа опасност меморандмот да се наметне како нова Времена спогодба или да ја елиминира неа, бидејќи спогодбата е со повисок политички ранг од овој акт.

Срѓан Керим, пак, е резервирано позитивен, гледајќи ја оваа грчка иницијатива како одговор на последните меѓународни притисоци, особено по посетата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки - мун на регионот.

„По посетата на генералниот секретар на регионот и на Македонија се чувствува дипломатска раздвиженост во врска со решавањето на спорот. Сметам дека ова е дипломатска реакција на Грција да не се најде настрана од случувањата, откако генералниот секретар, ЕУ, САД и НАТО покажаа интерес за придвижување. Од наша страна мислам дека ќе биде прифатена принципиелно и позитивно и ќе се има мотив и потреба да се одговори, во смисла дека сме подготвени за разговори и дека е време за тоа“, вели Керим.

И тој е категоричен дека меморандумот не може да ја поништи Времената спогодба и да анулира било што што досега е договорено, уште повеќе што и самиот се повикува на резолуциите на Советот за безбедност. Керим додава дека не е проблем што во меморандумот не се споменува членот 11, инаку клучен за нас, а со кој се бара Грција да не ја блокира Македонија при прием со името БЈРМ, која патем во Времената спогодба беше именувана како „втора страна“ а сега во меморандумот на Грција се именува со референцата.

„Карактерот и тежината на овој документ се такви што не може да ја замени Времената спогодба“, категоричен е Керим додавајќи дека е легитимно што Атина си ја изнела ерга омнес позицијата, како што е легитимно во одговорот ние да си ја изнесеме нашата.

И за Денко Малески меморандумот е одговор на Атина на новиот политички контекст, т.е. притисоците, но и обид од правен барањето решение да се насочи повторно на политички и дипломатски терен, односно да се заобиколи Хашката пресуда.

„Во меморандумот во голема мерка е содржано она на што 20 години инсистира Грција“, оценува тој додавајќи дека главните проблеми ќе се создадат кога ќе се дискутира за историското наследство на Грција, во делот каде што се бара Македонија да се воздржува од употреба на симболите кои се дел од историското и културно наследство на оваа земја.

„Првиот момент кога ќе седнат да преговараат за меморандумот, ќе се појави проблемот со името, бидејќи Македонија одбива да потпишува документи со референцата БЈРМ“, предупредува Малески, иако според него споменувањето на ова привремено име на државата ја формализира грчката еволуција во спорот. Сепак тој нагласува дека се работи за нацрт документ, што значи дека е отворен за сугестии и од наша страна, а мотивот за него го гледа во обид на Атина да прикаже дека е конструктивна.

Барајќи ги замките во меморандумот, надвор од ерга омнес принципот и географската одредница, генерално паѓаат во очи неколку нешта. Имено, во меморадумот се зборува за „други отворени прашања“, иако во резолуциите на ОН се бараат преговори само за името на државата. Исто та��а, нема ни трага од членот 11 со кој се бара Грција да не става вета на прием со БЈРМ, но стои „желба да се види поранешната југословенска Република Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО, под услов да ги исполнува сите потребни и сштински критериуми и предуслови“, што може да биде најава за грчко ретерирање во алијансата за БЈРМ, но и обратно, дека ни' нудат сами да си ја поништиме Хашката пресуда прифаќајки и други услови.

Замка е и обврската да не се мешаме под било кој изговор или форма во внатрешните работи на другата земја, бидејќи тоа ќе отвори простор за приговори од Атина секогаш кога ќе се спомене македонското малцинство и неговите права.


Статијата е прочитана 3439 пати.

Испрати коментар



Интегрална содржина на Предлог-меморандумот
Арачиновско добредојде за полициската шефица
Атина го очекува одговорот од Македонија
Тимот на Груевски на парламентарен тест до полноќ
ДПА најави неутрален став
Без оглед на исходот од денешното гласање – кризата ќе остане
Кога Македонија ќе гледа дуел како оној меѓу Обама и Ромни



Коста Стоименовски, 05.10.2012 00:43:28
За Грција порано главно прашање беше името со инсистирање на географска одредница. За жал, поради непромислената политика што ја води РМ во последните неколку години Грција ги заострува условите за решавање на проблемот. РМ не успеа да дефинира своја конзистентна платформа за преговори. Секоја мак. влада водеше своја „политика“. Се тврдеше дека времето работи за нас, не признаа толку и толку земји под државното име. Ние немаме проблем со името, проблем има само Грција....Во последно време мак. страна во контактите со претставниците на меѓународната заедница почна да се жали дека Грција не е подготвена за решавање на проблемот и дека сака да го спречи нашиот прием во НАТО и ЕУ итн. И еве го на маса Меморандумот! Така работи вистински професионална дипломатија -„разголи го противникот“! Очигледно Грците повеќе не се подготвени само за сеанси за снимање на средбите на премиерите на двете земји, без вистинска подготвеност за решавање на проблемот. Не наседнуваат на предлозите „да се сретн
od diasporata, 05.10.2012 04:38:08
Zemajte dogovarajte se, inaku ne vi ja biva rabotata. Najdete resenie inaku.....na skrgi disete. Ne ste svesni.
dedo dimo, 05.10.2012 06:28:02
1. Za imeto treba da se razgovara pomegu dvete zemji kako edna na druga ke i se obraka a imeto Republika Makedonija mora da si ostani za uvek. 2.Nikoj ne smee i nema pravo da ni kazuva kako da se vikame i koj sne .Mala izmena na imeto ke otvori golemi problemi vo idnina koj vo momento ne mozat da se razgledaat . 3.Grcite postavuvaat crveni linii i pod takvi uslovi ,znach ne bi trebalo ni da ima pregovori.Na pregovori se odi ramnopravno i do spogodba se doaga so razgovori . 4. Presudata od megunarodniot sud mora da se pochituva . Toa e presuda voedno na Obedinatite nacii.
пријател, 05.10.2012 06:32:50
ОФИЦИЈАЛНО,името Република Македонија е ОТФРЛЕНО од Советот за безбедност,Генералното собрание на ОН(сите земји на светот,дури и за оние кои не`признаа како РМ,официјално сме ФИРОМ),од НАТО,ЕУ,а и од судот во Хаг(кој ни`се обраќаше со ФИРОМ).Затоа може да се рече дека името РМ е отфрлено како име ерга омнес.Ако од сите овие името РМ е отфрлено како име ерга омнес, на Грција со Рез.817,со одлуките на НАТО и ЕУ и според судот од Хаг(да се продолжат преговорите) и`е ДАДЕНО ПРАВО да бара од нас НОВО ИМЕ и тоа ЕРГА ОМНЕС!И наместо владата да се запраша ЗОШТО ни` е отфрлено името РМ како ерга омнес од СБ и ГС на ОН,од НАТО,ЕУ,судот од Хаг и и`е дадено на Грција да бара од нас ново име ерга омнес,таа се чуди зошто Грција барала она што и`е дадено!?Наместо ВМРО-ДПМ��Еда изјави дека се откажува од старите идеи на ВМРО за обединување со Егејскиот дел,тие ја крадат и историјата на ант.Македонија!?ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ,ова што ни`се случува е поради ПОГРЕШНАТА политика на ВМРО во минатото и денес.
Miki, 05.10.2012 08:17:20
Zal mi e sto ke gi razocaram *profesionalnite patrioti* arno ama *blizi se cas rastanka* so foliranjeto, glumenjeto, maftanjeto itn.itn...Ova (ako ne im e jasno) NE E grcka tuku AMERIKANSKA rabota! Aktivnostite na Ban Ki Mun, FIle i *teskasite* na amerikanskata diplomatija poslednive meseci jasno navestuvaa deka se odi kon konecna razresnica i deka veke im e preku glava od ovaa tipicno balkanska skiselena corba! Ke ima glupavi obidi(kako so *ubieniot patriot*) toa da se odlozi (i da se drpne uste nesto dotogas) - i tolku! Zal mi e, ama spremajte se za NATO i EU, konecno!!
Nikola, 05.10.2012 09:13:23
Vo sekoj slucaj R. Makedonija posle dobra an analiza na sodrzinata na memorandumot , treba da odgovori , so izrazuvanje na volja za pokrenjuvanje na dvodeceniskoto prasanje okolu sporot so imeto. Ona sto vo toj memorandum ce se oceni kako pozitivno i prifatlivo treba da go podrzi, so toa sto uslov za seto toa ne treba da bide prifacanje na geogravska odrednica za imeto erga omnes.To treba da bide predmet na pregovori i odredeni popustanja od dvete strani. Vo sekoj slucaj e za pozdravuvanje predlogot za zapiranje na sirenje na neprijatelski sodrzini koi im smetaat na dobrososedskite odnosi od razni organi i poedinci oid dvete strani, kako primer onie nacional-sovinisti od Zlatna zora ili onakvi spekulanti i ebivetrovci kako Todor Petrov. Toa treba najprvo da se napravi.Vo sekoj slucaj R. Makedonija ce pogresi ako ne odgovori diplomatski i sodrzajno na grckiot memorandum
Jordan, 05.10.2012 09:20:09
Договорено име да се користи од сите erga omnes !!!Taka nema dogovor!Republika Makedonija e drzava a regionot Makedonija e region veke se oddeleni ! Tatko mi bog da go prosti koj poteknuvase od Egejska Makedonija stalno ne sovetuvase deka od grk polos covek nema i nikogas da ne mu veruvate na grk!
Marioec od Azija, 05.10.2012 09:31:45
Kakov memorandum kakva smesk,Kosta de koga vece trubis bez vrska de objasni ni sto ima novo vo kvazi memorandumot,a da ne e iskazano dosega.Ludje razberete vece ednas ne se raboti samo za imeto,nego i za se drugo so sto moze da se identifikuva kako makedonsko,ednostavno se da snema sto e povrzano so Makedonija.Poglednete gi nivnite baranja i razmislete malku.Dosta so glupavi partijski prepukuvanja i navivanja ovde se raboti za Makedonija ne za sds ili dpmne,namerno so mali buk.Inaku novinarkava neka izlezi od filmot i neka konsultira,nekoi nepartiski eksperti.Vedi kogo go prasala za mislenje,osven g.Kerim drugite ne zasluzuvaat ni imeto da im go spomnes,a ne da im dades i zbor.
Alter, 05.10.2012 10:41:09
Do koga ke go prasuvate ekspertot za se, a sposoben za nisto Frckovski?! Ohridskit morbiden dogovor za Makedonija e negovo delo. Grcite vo ova pismo go srocile se ona sto ne im se dopaga a toa e se sto Makedonija ima. Ne smeeme da se vikame Makedonija, ne smeeme da prasuvame za makedoncite vo Grcija, ne smee da se pokrene prasanjeto za nivnite imoti, da se potvrdat granicite po stoti pat, da se upotrebuvaat simboli od istorijata a se najdeni vo Makedonija (samo zatoa sto vo Grcija ima ist simbol), da gi resime site otvoreni prasanja (a tie istite ne se navedeni i ke se vadat od torba sekogas koga nesto nema da im odgovara)...od Makedonija se bara da se potpise na blanko list a Grcija da stavi sto i odgovara.
pile, 05.10.2012 11:25:36
t.n.,,memorandum za pomiruvanje koj vo najgolemiot del e grubo i ednostrano preraboten tekst na VS od 1995 godina potpisana pomegju dvete sosedni zemji so garancija na megjunarodnata zaednica, koe nepocituvanje na odredbite nadlezjnost ima MSP vo Hag,a direktni stetni implikacii pokraj R.Makedonija i sosedna Grcija a najveke se nanesuva steta na dobrososedskite odnosi megju dvete sosedni zemji, kako i se gubi ugledot kaj zaednickite prijateli i sojuznici so verojatnost i za destabilizacija na regionot.Za najgolem broj navodi vo dopisot od tekstot R.Makedonija ima doneseno Ustavni izmeni, kako za nemanjeto teritorijalni pretenzii taka i za malcinstvata,a za navodni dosegasni prekrsuvanja ne se dokazjaa pred MSP vo Hag,sto nesmee da bide marginalizirano vo razgovorite za nadminuvanje so imeto.Dokolku dopisot do MNR e odgovor na neodamnesnata izjava na premierot na R.M., deka ,,vremenata spogodba e zjiva katastrofa togas baranjeto za verodostoen sogovornik od grckata diplomatija e nadm

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Магла

Недела
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (43)
Дилемите по шлаканицата . Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |