04.10.2012, 17:43 Интервју - „Карфур“ ќе ги урива цените на пазарот
„Ќе извезуваме македонско овошје и зеленчук во сите наши маркети низ светот“, вели Кристијан Шарита, извршен директор на „Карфур“ - Бугарија
Сања Наумовска
Уште пред неколку години „Карфур“ најави дека планира да влезе на пазарот во Македонија. Зошто се откажавте тогаш?
Никогаш не сме кажале дека се откажуваме од Македонија, туку работевме на нашето влегување на македонскиот пазар. Тоа и тогаш и сега беше дел од нашиот план за експанзија на Балканот. Дури и предвреме ги завршивме подготовките. Во план ни беше „Карфур“ да влезе како дел од некој поголем трговски центар и еве, се отвори „Скопје сити мол“ и се отвори „Карфур“.
Во меѓувреме се повлековте од Грција и од неколку други пазари. Сега, кога Европа се соочува со рецесија, донесовте одлука за инвестиција во Македонија, земја со релативно мал пазар. Кои се вашите очекувања?
Сепак, брендот „Карфур“ не се повлече целосно од Грција, остануваме таму и продолжуваме со ширењето во оваа земја. Секако, во нашите стратегии за настап на пазарот, следејќи ја вкупната состојба во светот, има земји каде што економијата е во криза и од каде што „Карфур“ донесе одлука да се повлече, а во некои земји само се намалуваат активностите. Од друга страна, донесовме стратешки одлуки за влегување на пазарите во нови земји, како нивен партнер. Тоа се земји кои се во развој. Во денешно време не можеме да зборуваме за мали земји или мали пазари. Има земји кои покажуваат раст и кои се во развој и особено земји кои покажуваат потенцијал и што имаат купувачи што знаат што сакаат и имаат високи барања. Македонија е таков пример.
Во последно време се регистрира пад на потрошувачката моќ на граѓаните како резултат на секојдневниот раст на цените. Ве обесхрабрува ли тоа пред самиот старт на работата во Македонија?
Воопшто не. На секој пазар настапуваме храбро. Ние сме мотивирани. И во Македонија не доаѓаме демотивирани и обесхрабрени. Кризата е насекаде во светот, но не зборуваме за обесхрабреност. Целта ни е да ги најдеме начините да ги натераме клиентите да дојдат кај нас во „Карфур“, а од друга страна и да ја зајакнеме потрошувачката моќ на купувачите. „Карфур“ е дисконтна продавница со ниски цени и ќе го докажеме тоа. Имаме намера да бидеме лидер од аспект на цените, особено на производите за секојдневна потрошувачка, пред се' прехранбените производи. Влезот на „Карфур“ на македонскиот пазар ќе предизвика пад на цените на пазарот за 10 проценти. Тоа е последица при секое влегување на „Карфур“ во некоја земја, тоа е начинот на кој ние влијаеме на новите пазари.
Во Македонија има голема конкуренција од домашни и странски синџири на супермаркети. Како планирате да се наметнете пред потрошувачите?
Ја почитуваме конкуренцијата, има компании кои многу добро работат и кои се долго присутни во Македонија. Намерата ни е дел од нивните купувачи да ги привлечеме кај нас. Тоа ќе го постигнеме првенствено со широкиот асортиман, квалитетот, услугата, и она што не' прави различни од другите - ниските цени.
Се чувствува ли кризата врз бизнисот на „Карфур“?
Кризата ги погодува сите без разлика во кој сегмент работат. Нашиот одговор е во зајакнување на нашиот концепт „се' под еден покрив“. Широк асортиман и голем избор. Тоа значи дека кај нас има избор за сите, имаме понуда за купувачите со слаба куповна моќ, за средната класа и за оние потрошувачи со подлабок џеб. Го разработуваме пристапот со различни ценовни групи, како и со различни брендови. Концептот на продавници од типот на „Карфур“, значи супермаркетите и хипермаркетите да ги има во близина на купувачот и тие да бидат неговиот избор. Значи „се' под еден покрив“, а сето тоа многу блиску до купувачот.
Планирате ли нови инвестиции во Македонија?
Да, имаме план за експанзија во Македонија. Во план е да отвориме уште еден хипермаркет и еден супермаркет во Скопје. Во иднина ќе има и инвестиции и во другите градови со цел да станеме лидер на пазарот. Планираме да станеме важен економски фактор во земјата, затоа што инвестираме, отвораме работни места, а сега откривме и дека можеме да извезуваме производи од Македонија. Овде најдовме производи со од��ичен квалитет, како овошјето и зеленчукот. Планираме да ги извезуваме во многу земји и ќе се продаваат во маркетите на „Карфур“.
Значи, идејата не ни е само да влеземе на пазарот и да го направиме бизнисот успешен. Секако тоа е дел од целта, но долгорочниот план ни е да бидеме економски партнер со индустријата, со земјоделството, како и со државните институции. Тоа е нашата насока за чекорење напред.
Колкава ќе биде вашата инвестиција во Македонија?
Нема да зборувам за бројки, но имаме буџет со планирани средства за инвестиција во Македонија и за во иднина.
Какво е вашето искуство од можностите за инвестирање во Македонија?
Ова е динамична земја со претприемачки дух. Се потврди речиси се' што ни беше кажано за отворањето бизнис во Македонија. Луѓето кои ги донесуваат решенијата се свртени кон развојот и имаат иницијатива. Македонија е земја во развој и со потенцијал, економските индикатори го покажуваат тоа. Таков е и впечатокот на „Карфур“ и тоа е преточено во нашите планови за експанзија. Тоа се гледа и по брендовите кои дојдоа во „Скопје сити мол“, кои се индикатор дека земјата е во раст.
|
|
Статијата е прочитана 7471 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Економичен, 05.10.2012 02:26:09 | Приказни за мали деца. Карфур не е дојден тука оти премногу не сака, и сака да откупува наши производи за останатите нивни маркети. Тука производите ги купува многу поевтино и ги продава надвор за повисока цена. Најбитно е што сака да ја искористи невработеноста кај нас и да си обезбеди евтина (многу евтина) работна сила. Ако има друга земја каде продавачите во хипермаркет ќе им работат за 9200 ден. месечна плата во која се вклучени и викендите и државните празници како работни, тогаш тие ќе отворат маркет во таа земја. |
| ALBON, 05.10.2012 06:30:56 | kriza ima no ima i mnogu radoznalci. |
| MT, 05.10.2012 07:36:34 | Abe bate ekonomicen,mnogu si zajadliv be.Tebe ako ne ti trebaat na narodot mu trebaat takvi kompanii. |
| Потрошувач, 05.10.2012 08:09:51 | Сосема логично е менаџер да зборува во суперлативи за компанијата што ја води. Но треба да се биде барем малку објективен. Прво, познато е дека Карефур има стратегија со пониски цени од конкуренцијата во првите неколку месеци по отворање на свој хипер��аркет да ги принуди на затворање повеќето конкуренти во околината. Потоа цените, полека полека ги зголемува. Впрочем, ако се поевтини од другите зашто затворија толку свои хипермаркети во Грција?
Ќе ме радува ако реализираат извоз од Македонија на овошје и зеленчук, но ова ми личи на пропагандно-политичка изјава. Нормално е дека тука инвестирале, што е за поздравување, за да остваруваат профит. Ние како потрошувачи се надеваме дека погоќе донесе пониски цени и подобра услуга. |
| Ставре, 05.10.2012 08:22:51 | Пак ќе им ги даваме парите на грците.
Ова не е Carefour, туку Marinopoulos SA., само работи со франшиза.
Погледнете:
On 4 October 2012, our franchisee the “Marinopoulos SA” Group will opened its first hypermarket in Macedonia, in the city of Skopje.
The “City Mall Skopje” Carrefour will have a sales area of 3800 m² and will be located in the town centre in Macedonia’s largest shopping centre with 150 stores, a bowling alley, cinemas and space for 1500 cars.
It will be Marinopoulos’ 8th hypermarket in the Balkans. Macedonia has a population of 2,050,000, with 700,000 people living in Skopje.
Ова е од официјалниот сајт на Carrefour, еве го линкот:
http://www.carrefour.com/cdc/group/our-business/latest-store-openings/the-first-carrefour-hypermarket-opens-in-skopje.html |
| Загор, 05.10.2012 10:13:27 | Се согласувам со ЕКОНОМИЧЕН.
Карфур е странска фирма која тера бизнис. Ако вложил 10 мил. евра, за одреден период ке сака да извлече пр. 11 мил. евра за неговите сопственици во странство. Од каде ке биде разликата? Сигурно од Македонската економија, т.е. од Македонските грагани.
И јака странска инвестиција со плати на вработените од 9.500 денари. |
| Македонец, 05.10.2012 10:29:20 | Ексономичен не се секирај за туѓите плати многу, гледај си ја твојата мака... инаку платата на вработените им е поголема одколку во друг маркет. |
| /, 05.10.2012 10:43:27 | Sto zbori be covekov |
| Ana, 05.10.2012 11:11:02 | Dali rakovoditelite se zaprasale za vcerasniot nastan..Uslugata im bese katastrofa, a ne kako vo najavite na nivnite hiper reklami..higienata na mnogu nisko nivo..ne e samo da ne privlecat so bagatelni ceni tuku i da se pridrzuvaat barem,minimalno na standardite na koi sme veke nauceni.
pozdrav |
| deni, 05.10.2012 11:19:33 | Sekoja cest, pocnavte da ni prodavate zamrznato meso, sramota,,, tolku se reklamirate a ni prodavate zamrznato meso uvezeno mozebi i od brazil, nikogas veke nema da kupam od kaj vas |
| marina, 05.10.2012 11:58:07 | Uspesen biznis ne se pravi so mamenje.Taka vleguvate,a za krajot ke pocekame?!!Se nadevam ne mnogu...
Vleguvate kako Karfur,a vsusnost ste Marinopulos.
Se pretstavuvate kako HIPER,a vsusnost toa e vasiot son.
Ke izvezuvate ovosje i zelencuk,na steta na nasite zemjodelci ili sami ke gi sobirate proizvodite od nivite,za cenata koja ke ja ponudite.....
Za da bidete uspesni treba da go zadovolite vkusot na potrosuvacite,ama tie ne Vi se prioritetni,od start gi potcenivte so nekvalitetni proizvodi.Uste kolku somnitelni no name proizvodi ke im ponudite....Mozebi ne sme bogata zemja ama znaeme sto sakame.I Vie ke doznaete...nabrzo.Vo meguvreme pocituvajte gi zakonite vo zemjava.Samo vcera kolku proizvodi Vi izlegoa od kasite bez fiskalna smetka.....Sakavte da gi zadovolite zelbite na potrosuvacite da bidat usluzeni ili po sekoja cena da im gi zemete parite.......
|
| Katerina, 05.10.2012 12:54:43 | Bugarsko kiselo mleko, seker so Alzirsko poteklo, nie mozeme se da izdrzime, kako ne vi e sram, nie ne sme idioti da ne se grizime za naseto zdravje i posto zasto ke kupuvame neprovereni proizvodi.!!!! SRAMOTA |
| jovan, 05.10.2012 14:48:05 | Samiot start pokaza deka brzo brzo ke se razocaraat od ovoj pazar, a cenite ke im bidat kako i vo drugite marketi.Eve vtor den kako go posetuvam Karfur, jas FISKALNA ne dobiv. Cenite se navistina mnogu poniski, no najverojatno i samite dobavuvaci se *uceneti* da moraat nesto da doniraat bespaltno za pocetok ako sakaat da vlezat tamu so svoj proizvodi.Taka da Karfur od samiot start pocna so izmami i neregularnosti.Toa sto narod tamu *se potepa*za da kupi e samo znak deka bedotijata e ogromna, pa luge cekaa redici i redici za da kupat nesto po tie*nerealni*ceni. Naskoro toj trgovski centar ke ima poveke setaci otkolku kupuvaci, pa ke pocnat da razmisluvaat *da go prodadat*.Makedonskiot standard vo momentov e katastrofalen i ne moze so takov standard na naselenieto nikoj da pravi biznis, osven ako nema nekoj protekcii od Vladata.Eve na Karfur mu*progledaa kroz prsti* za fiskalnite. Ke vidime ponataka kako ke bide(povtoruvam, barem mene ne mi dadoa, a bev dva pati, rekoa kvar imale) |
| do site so isklucok, 05.10.2012 16:04:05 | aj ne tresite gluposti, ako ne vi cini ne kupuvajte, i dosta so zajadlivi i samobendisani mislenja, a da ve predlozam site vas za premier? moze pa vie da ni ja vodite ekonomijata, preku glava nie od takvi samobendisani i seznajkovcki, veruvam deka na vakvite kako vas ako vi se ispruzi sansa ke gazite se sto e pred vas aj caos |
| Mudrec, 05.10.2012 16:14:38 | Kolku zloben narod sme. Zosto od start gi kritikuvame Carrefour? Ako im se niski platite, nema da najdat lugje za rabota. Ako se nekvalitetni proizvodite, lugje ednas ke kupat i nikogas povekje. Zosto od start da kritikuvame stranci koi vleguvaat tuka so pozitivni cuvstva za zemjata? Prvo zlobnicite mrchea deka nikoja od golemite stranski firmi ne doagja tuka, a sega koga gi imame, pak ne ni chini. Nashiot luzerski mentalitet ne ubiva povekje od bilo koja eventualna stranska eksploatacija. |
| Potrosuvac, 05.10.2012 19:43:14 | Prvenstveno startuvavte so lagi, vie ste MARINOPULOS, a ne Carrefour. Vtoro, vasite niski ceni se apsolutno skandalozni, pa i samite doavuvaci vcera ve demantiraa i atakuvaa vo dnevnite vesnici. Site tie ceni vi se nerealni. Ajde da vidime do koga ke bidat cenite vakvi |
| Zarko, 05.10.2012 23:40:45 | Ne gi razbiram lugeto sto ja kritikuvaat firmava. Ocigledno ako ima luge sto sakaat da rabotat za paltite sto se nudat, togas tie doprinesuvaat za nasata ekonomija. Ako proizvodite im se nekvalitetni, togas lugeto nema da gi kupuvaat, i ili 1) firmata ke donese podobri produkti, ili 2) ke bankrotiraat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|