07.10.2012, 17:15 Мое ќоше
Влада од ��оверба
Ерол Ризаов
Сите си го добија своето што си го заслужија
Ете,бидна и тоа,го преживеавме гласањето за доверба на Владата,без поголеми гајлиња и стресови од оние што си ги имаме секој ден. Водно не се помрдна, а и Вардар иако многу опаднат во ова циганско лето, си тече спокојно.Сите си го добија тоа што си го бараа.
Социјалдемократите побараа гласање за доверба на Владата, велат потполно свесни дека нема да падне,бидејќи добро ги знаат односите на силите во Парламентот. Во недостиг на квалитетни дебати,полемики и при строго контролирани медиуми, тоа било ретка можност да се укаже дека земјата е во длабока економска криза, дека реформите не даваат резултати,дека безработицата и сиромаштијата растат незапирливо, дека нема ниту странски ниту домашни инвестиции, дека се запрени евроатланските интеграции и дека паѓаме во длабока економска и политичка рецесија. Го обвинија уште еднаш премиерот Никола Груевски дека инсталира режим рамен на диктатура.Ова сакаа да го кажат социјалдемократите и да поентираат пред јавноста со заедничкото гласање за доверба на Владата на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, дека двете партии се во спрега кога заеднички ги палат меѓуетничките огнови како единствено решение да се одржат на власт.
Опозицијата е убедена дека успеа да покаже пред јавноста оти има таен договор меѓу Ахмети и Груевски за случајот Слупчане и за Законот за бранители и за други меѓуетнички провокации кои секој ден се погласни и поопасни. Мобилизацијата на меѓуетнички и националистички позиции само да се освои власта и сочува рејтингот, веќе стана опасна работа за стабилноста на земјата, беше главната порака на социјалдемократите. Ете тоа сакаше да го каже СДСМ, а колку во тоа успеа кај пошироката јавност е сосема друго прашање.
Али Ахмети и Мендух Тачи, исто така, испратија пораки и тие си го добија тоа што си го бараа. Али Ахмети со својот став, кој знае по кој пат покажа дека ни на крај памет не му е да ја напушти Владата, освен ако Груевски го принуди на тоа. Или ако не му речат Американците дека е време да излезе од тоа друштво. Ги искара професорски социјалдемократите, колку да не му се лути партнерот од власта, а на Црвенковски му порача да не вреска многу оти утре задутре ќе мора да тропне на неговата врата бидејќи, нели,нема влада без Албанци. Го потсети Црвенковски со остри зборови и на перидот на неговото владеење кога Албанците се пренесуваа жедни преку вода со разни трикови без да им се даде ниту една отстапка, што според нив, ги принуди да одат во партизани 2001 година. ДПА на Мендух Тачи жестоко јава на бранот на натамошна радикализација на односите, не само меѓу албанските политички партии туку и ја прифати улогата на непосакуван политички партнер и од лево и од десно, и од Албанците и од Македонците.Ќе речете, по изборите кога радикалите ќе победат, стануваат меки. Да, тоа е точно, ама пораките што сега ги испраќаат, прават долгогодишни штети.
И ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаат причина за задоволство. И тие добија тоа што сакаа.Наместо доверба на Владата, прикажаа, и тоа успешно, дека се Влада од доверба.Груевски објасни која е разликата меѓу него и Црвенковски. Дознавме дека голема била таа разлика. Црвенковски ги тепал Албанците во Гостивар и ги апсел. Го надул случајот со Агим Красниќи кој наводно го држел Скопје под закана, само да ја прикрие девалвацијата на денарот. Да, тоа е поголема разлика од сегашната тивка девалвација и тоа без заканите на Красниќи,разликата станува уште поголема меѓу Црвенковски и Груевски и со денешната рецесија, економска криза, од високата инфлација, од скокот на цените, повисок од оној Букефал на Александар Македонски на скопскиот плоштад. Разликата е и во тоа што веќе нема Албанци политички затвореници ,ама има Македонци. Како и да е, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски можат да ја продолжат својата постојана предизборна кампања, та имало, та немало избори.Никогаш не се знае кај Груевски кога ќе се одржат избори. Може и утре да ги распише ако му падне на памет.ВМРО ДПМНЕ и Груевски немаат гајле за избори. Секогаш имаат џокер во ракавот со некои гласови на мртви , или одамна исселени души кои се повампируваат од избори на избори. Додека не се исчисти тој список може секој ден да има избори.
А, што добивме ние кои со години на ред ги бираме нашите водачи и нашата власт и што добија тие што се постојано мнозинство а ги викаме неопределени. Во Парламентот, Владата доби доверба од 68 према 42 гласа. Надвор од Парламентот, што се вели во државата, според истражувањата на јавното мислење, сите политички лидери и сите политички партии заедно, онака топтан, немаат поддршка ниту од половината граѓани на Република Македонија. И тоа, според анкетите кои излегуваат од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.
А има и нешто што навистина добивме. Уште еднаш одблизу ја добивме тажната слика на дострелите на нашите водачи и лидери и нивните скромни демократски капацитети, нивото на нивната политичка и комуникациска култура. Добивме и уште еден есенски бран на поскапувања. И толку. |
|
Статијата е прочитана 2920 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Dobitnik ili dobitok bese popravilno, 08.10.2012 01:34:38 | Prasuvas sto dobivme nie? E pa Erole mnogu dobivme kako ne sme dobile? Eve dobivme uste edna tvoja kolumna. Za cudo golemo vo tvoeto kose posveti podednakvo vnimanie na site glumci od posledniot film i toa e mnogu dobro. Filmot Makedonija ima poveke glumci i ti pocna da pisuvas za site. Do sega pisuvase (negativno razbira se) samo za edni glumci a sega gledam site gi stavi na otstrel. Jas licno se nadevam deka vo tvoeto kose ke pocnes da pisuvas i ubavi raboti so poveke optimizam za podobra idnina. Dobro e da se kritikuva vlasta dokolku ne raboti kako sto treba i gresi i ti toa mnogu dobro go pravis. No dali e toa dovolno za promena na poarno? Ajde te molam napisi kakva vlast i treba na Makedonija? Kade moze da se najde takvata vlast? Dali postoi takvo nesto (na pr vo opozicijata) ? Napisi edno tvoe scenario no konkretno so konkretni predlozi. Ke bide mnogu prijatno da se procita edna takva kolumna koja ke vnese nadez kaj narodot. |
| Staroto Kino, 08.10.2012 02:33:51 | Ashkolsun Erol efendi! |
| Tode, 08.10.2012 04:21:02 | Erol.Legenda ste i ke bidete.Mnogu ste silni na peroto.Cestitki! |
| Не е така, 08.10.2012 07:45:56 | Во голема заблуда си, Ероле. ВМРО-ДПМНЕ не победува затоа што имало „гласови на мртви, или одамна исселени души кои се повампируваат од избори на избори“. Па ВМРО-ДПМНЕ секогаш досега го победувал СДСМ (освен на денот на лагата 15 септември 2002), дури и кога СДСМ бил на власт. Или на тие избори мртвите не се „повампирувале“??? |
| penzioner, 08.10.2012 08:07:30 | До Добиток, ете дека малку ЕРол ти го разбистри умот, па почна да размислуваш со своја глава. Човекот е само колумнист и ништо повеќе. Ајде напиши нешто твое, пада те цениме колку можеме да цениме. |
| ФЕЛИКС, 08.10.2012 08:22:53 | Осврт за интерпелацијата горе-долу коректен со ироничен призвук во описот кој е кој во оваа интерпелациска драмолетка.Па така и медиумите како статисти во сето ова,ќе настапат според партискиот независен курс.Инаку ,,мртвите души,,егзистираат по избирачките списоци над 20г.и секој досега ги користел.Како второ за прв пат сега се прави комисиски напор тоа да се избрише. Оти уште ни се свежи сеќавањата кога 1994г. некој носеше полни изборни кутии на релација партиски општински изборни комисии виа избирачко место.Па некој бојкотираше,некој владеше,па некој направи некаква приватизацијата и т.н но тоа е веќе историја.Како и да е имавме повеќе часовен вербален гимнастички слет во собранието.За потоа оној што не успеа а тоа го знаеше однапред ни кажа дека сето било маскенбал.Далеку поважно е да ја видовме повторно политичката стерилност на интерпелационистот по кој знае кој пат. |
| Samo rudnikot da proraboti, 08.10.2012 08:49:48 | Do onaj Dobitnik ili dobitok: Baras od Erola da napise i nesto dobro. Aman bre !? Navistina Erol ima bujna fantazija i umee dobro da pisuva ,ama tolkava fantazija nema. Za da napise nesto dobro za vladava na Grujo treba da ima fantazija kako Ziln Vern.Dodusa , moze i nesto dobro da napise. Eve cenata na zlatoto ponovo raste, pa koga ce se otvori onaj procuen rudnik na zlato vo Malesevijata , koi ete go pronajdoja ovie prerodbenici, ima da tece med i mleko niz Makedonija. Samo da proraboti rudnikot , malku strplivost. |
| od ostrijot, 08.10.2012 10:07:13 | neznam zosto tolku tram tram za nisto koga ishodot
na ovaj cirkus se znajese unapred akosme realni nikoj dobrovolno nebise otkazal od fotelja. ili ????. |
| Коста Стоименовски, 08.10.2012 11:46:37 | Пред неколку месеци во еден коментар напишав дека премиерот Н. Груевски лошо управува со државата, но знае да владее, така што може успешно да го надогради и прошири познатото дело Владетелот на Николо Макијавели. Од 2006 год., кога дојде на власт, континуирано троши огромни народни пари за саморекламирање, но упорно одбива да даде отчет за тоа, со квази-политиката за субвенции на земјоделците и за (зголемување) на пензиите ги купува гласовите на социјално најзагрозените категории во државата. Со секоја изборна победа ја зајакнува стравовладата, од која последици трпат само неистомислениците на неговата политика, но, тоа КОРИСНИЦИТЕ НА СУБВЕНЦИИ И ДОБАР ДЕЛА ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ воопшто не ги интересира! Зачудува инертноста на граѓаните, посебно на интелектуалците што молчат иако гледаат како власта ја води државата во провалија! Во неколку наврати сугерирав што би требало да направи опозицијата за да дојде до промена на власта како што тоа се случи во Франција, во соседните Србија, Грциј |
| Трпе, 08.10.2012 12:43:52 | Познато е од кого има доверба ова тендер влада.Затоа има толку многу пари за реклами па некои ја нарекуват и пропагандна блада.Тие освен од тендерите многу пари земат и од рекет.Имат пари за себе и за купување гласачи.А уцените им се додаток.Голем дел од граганите заборавија што е ова смеа.По улица ке се чукнат двајца познати и нема да се забележат дека биле старите верни пријатели.Од убаина че е.Ова влада од 2006 година откако е дојдена на власт во континиутет е во предизборна кампања. Разбира се не арчат лични сопствени пари. |
| Епа , така е , „ Не е така“!, 08.10.2012 12:47:02 | Единствени избори , на кои ДПМНЕ победи регуларно се оние од 2006 година.Од тој датум навака победата им ја носат мртвите и иселените.Зошто инаку ДПМНЕ би се плашел од попис и прочистување на изборниот список? |
| Podgor, 08.10.2012 12:53:40 | Erol sigurno nema da napishe nishto dobro za srabotenoto od strana na vladata
Zatoa predlagam Dobitok da napishe shto e toa dobro shto napravila vladava vo ovie 7 godini ili pak ako saka vo 11 godini kolku e Gruevski na vlast ,toa bi bilo dobro chetivo i za Erol i za site nas
Da ni kaza kolku od imotite na Belomorcite im se vratija i tn i tn .... |
| Нада, 08.10.2012 13:10:50 | Ја следев, донекаде, дебатата за доверба или недоверба на Владата и верувајте ништо неразбрав. Ни кој е добар ни кој е лош, зошто во оваа наша држава сите се и добри и лоши и крадци и патриоти. Толку многу се разводни дебатата со многубројните реплики што ми личеше на турските серии. Ние граѓаните само добивме поскапувања на многу продукти, ама и повисоки пензии кои неможат да ја покријат ниту разликата во сметките за струја (поскапените).
|
| Realen, 08.10.2012 16:53:08 | Da bese Makedonija normalna demokratska zemja, Vladata na Gruevski ke padnese vednas po izglasanata amnestija na zlostornicite od strana na Sobranieto. Megutoa, bidejki vladeat zaedno, ishodot od interpelacijata se znaese odnapred. Pa taka, si obezbedija uste vreme za grabezi preku tenderi i drugi pousovrseni metodi. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|