28.09.2012, 12:56 Вања Гавриловски нов сопственик на Канал 5 телевизија
Гавриловски е директор на печатницата „11 Октомври“ и во јавноста важи за близок човек на Емил Стојменов
Вања Гавриловски, директорот на печатницата „11 Октомври“ кој во јавноста важи за близок човек на Емил Стојменов ја купил Канал 5 телевизија, пренесува порталот „Плусинфо“.
Многумина велат дека Гавриловски имал одлучувачка функција и во Канал 5 телевизија, а како проформа фигурирал директорот Иван Мирчевски.
Со оваа смена на сопственичката структура, телевизијата во сопственост на фамилијата Стојменови го фати последниот воз. Според Зако��от за радиодифузија, телевизијата го кршеше членот 11, каде јасно стои дека носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
До СРД се уште не стигнале документите на Канал 5 за промената на сопственичката структура, по чии точки ќе се расправа на денешната седница на Советот. |