28.09.2012, 19:06 Мислења
Светска банка гарант за победа на Груевски
Ѓорѓи Спасов
Со позајмени пари од странство Груевски создаде впечаток дека неговите економски реформи успеваат и дека тој ги остварува своите ветувања
Пред минатогодишните парламентарни избори Владата на Никола Груевски објави дека од кредитната линија за претпазливост на ММФ на Македонија и' е одобрен кредит во висина од 480 милиони евра. Во информацијата од ММФ во врска со тој кредит беше објавено дека се очекува економијата во Македонија таа година да расте за 3%, следната 2012 година за 3,5%, а буџетскиот дефицит од 2,5% во 2011 година да биде намален на 2% во 2012.
Од тој кредит Владата повлече 220 милиони евра непосредно пред изборите за финансирање на тековната сметка и победи на изборите. Голем број граѓани сметаа дека токму тие позајмени пари на Груевски му овозможија пред изборите да ги исплати пензиите, социјалната помош, субвенциите за земјоделците, па дури да обезбеди и нови вработувања во администрацијата. Со позајмени пари од странство Груевски пред изборите создаде впечаток дека неговите економски реформи успеваат и дека тој ги остварува своите ветувања дадени на пензионерите, земјоделците, администрацијата и социјалните случаи. Кај некои аналитичари, кои знаат кој стои зад политиката на ММФ, преовлада и убедувањето дека САД со тој потег ставиле до знаење дека Груевски треба да остане на власт во Македонија и дека тој кредит бил отворена јавна поддршка за неговата политика. Таквите мислења и' годеа и на актуелната власт.
Но, Македонија по првите шест месеци во годинава влезе во рецесија и нема ништо од очекувањата на ММФ дека економијата ќе порасне за 3,5%. Буџетскиот дефицитот наместо да се намалува од 2,5% на 2% според изјавата на премиерот, ќе порасне на 3,5%.Во такви услови, Македонија нема можност да слушне што мисли ММФ за потрошениот кредит од страна на Владата за потребите на ланските парламентарни избори. Сега, според информациите од Владата, Светска банка и' дава гаранција на Македонија за ново задолжување во висина од 200-250 милиони евра кои ќе бидат потрошени точно пред новите локални, а можеби и парламентарни избори.
На голем собир пред бизнисмените од сите стопански комори на Македонија, премиерот Никола Груевски објави дека (со пари што Владата ќе ги добие преку задолжување на земјата во странство) ќе си го плати долгот кон домашните компании за завршени работи по јавните тендери и невратените средства од ДДВ-то. Се' до денар на компаниите (и вработените) треба да им биде платено најдоцна до февруари следната година, односно точно на 15 дена пред одржувањето на локалните, а можеби истовремено и парламентарни избори.
Истовремено премиерот, на кој Светска банка му гарантирала дека може да ја задолжи државата со уште 200-250 милиони евра, за што се' уште нема потврда од неа, ветува дека во Македонија, каде што на секој пензионер имаме само 1,4 вработен, и во услови на рецесија, ќе бидат зголемени пензиите за ветените 5 проценти со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и плус уште за 2 проценти поради зголемените трошоци на животот.
Исплатата, според новото зголемување на пензиите, ќе започне замислете од март следната година, односно пред одржувањето на изборите. Исто така, сосема случајно, од март следната година, со позајмените пари од странство, со камата од 4,5%, за чие враќање ќе го гарантирала Светска банка, премиерот ветува дека ќе биде зголемена и социјалната помош на над 30 илјади лица.
Во земја во која нови работни места се отвораат само во јавната администрација премиерот им ветува на чиновниците да не стравуваат од отпуштања од работа, како што тоа се случува денес во Хрватска или во Грција (кои се во криза) и дека со парите од странски кредити ќе се обезбедува тие редовно да си ги добиваат своите плати, а зголемувањето на нивните плати ќе се одложи поради кризата само за една година кога со голема сигурност ќе доживееме економски растеж.
Сето ова од страна на бизнисмените во земјата беше поздравено со бурен аплауз, а опозицијата мудро забележа само дека премиерот конечно го признал својот долг кон стопанството. И ништо друго.
За да не излезе дека премиерот лажел, ВМРО-ДПМНЕ само еден ден по оваа забелеш��а на сметка на премиерот, започнува кампања во сите медиуми и на цела страница потсетува на „Сите лаги на Бранко Црвенковски“. На телевизиите се емитуваат спотови со кои се докажува дека „струјата поскапува само затоа што СДСМ им го продал ЕСМ на Австријците“, потоа преку ноќ формираниот синдикат „баба Зумбула“ му станува партнер во разговорите на министерот Тодоров, а невладината „Изгор приватизација“ протестира пред опозицијата поради зголемувањето на цените по седум години власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот тврди дека може да се случи да бидат одржани и предвремени парламентарни избори ако не функционираат институциите. Но, според однесувањето на Талат Џафери во Собранието секој може да види дека тие одлично функционираат. Министерот за одбрана Бесими и неговиот заменик одлично соработуваат, министерот за образование и градоначалникот на Чаир имаат целосно меѓусебно разбирање, а од оние 200-250 милиони евра што ќе ги позајми владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ ќе бидат веројатно обезбедени и средствата за спроведување на Законот за бранителите или таканаречените бранители, како што ги нарекува Ермира Мехмети. А ако тој не биде блокиран со методите на забавниот Талат и биде донесен со етничко надгласување, тогаш според Муса Џафери Албанците во Македонија ќе го отворат прашањето за Уставот.
И во такви услови, кога најголем дел од луѓето не знаат кај им е главата од високите сметки, премиерот пред бизнисмените вели: „Не е проблем рецесијата во економијата, туку рецесијата во наталитетот“. Се' помалку деца се раѓаат и барем вие побогатите треба да го интензивирате сексот. Немаше кој да му одговори дека и тие што се раѓаат во Македонија бегаат во странство. Според неделникот „Капитал“, повеќе од 230 илјади граѓани од Македонија или повеќе од 10% од нејзиното население емигрирало во земјите на ЕУ и САД од 1998 до 2011. Според овој извор, само во земјите на ЕУ во овој момент 176.423 граѓани од Македонија престојуваат со виза за привремен престој. Најголемиот број од нив се во Италија (78.048) Германија (58.070) Австрија (15.659) и Словенија (9.551). Оваа влада потроши 40 милиони евра за правење попис на населението и не го направи, ниту објавила кога ќе го направи. Но, професорот на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски вели дека „најверојатно ќе се остварат црните претпоставки на САД и на Светска банка дека до 2030 година Македонија ќе има одвај еден милион и 800 илјади жители. Проблемот веројатно не е само во сексот и абортусот.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1925 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Коста Стоименовски, 29.09.2012 00:22:21 | Треба да се прочита книгата „Глобализација“ од Џозеф Стиглиц за да се види колку се корумпирани чиновниците на Бретонвудските институции. Еден колумнист погоди в центар кога во Светската банка препозна задгранични комитет на ВМРО-ДПМНЕ! |
| jovan, 29.09.2012 01:37:46 | Vo Makedonija nema institucija koja mozze da i vrssi kontrola na Narodna Banka, a vo Narodna banka ima zlato i devizi vo stranstvo vo vrednost od okolu 2 miljardi evra. Poznavajki gi deka se sluzat so lazni izvestai i podatoci, nikoj ne moze da bide siguren dali tie 2 miljardi se slobodni, ili se veke *zalozeni* nekade so nekoj *ugovor/dogovor*. Taka da Svetska banka i MMF ne se nikakov komitet na VMRO, nego najverojatno im e dadeno kako garancija nesto. Po moe, bidejki nema sto da ostavime kako garancija, ostanuva samo varijantata so Narodna Banka i parite koj se tamu i se vodat kako *drzavno zlato* i *drzavni devizni rezervi* koj nikoj ne moze vo momentov da gi iskontrolira kaj se, sto se i dali e nesto staveno *vo zalog*. Normalno ova e samo predpostavka, no i te kako mozna. |
| MAKEDONKA, 29.09.2012 06:30:47 | lele lele Gorgija,da ne te znaevme od minatoto mozebi ke ti poveruvavme, no covece ne si vcerasen.Ubava analiza si napravil za rabotata na ovaj Premier,no zapomni ovaj ima rezultati a kade se vasite Gorgija.Zosto site ovie raboti ne gi napravivte,dadovte ne izgradivte.Velis premierot vetuva ,da no i ispolnuva a sto vasiot, uste usta ne otvoril znaeme sto ke kaze jadni nie 22 godini samo toa pa toa.Sest pati da se gubi na izbori, i uste da vi se veruva, pa clenstvoto vi izbega ne vo stranstvo nego vo VMRO. |
| ФЕЛИКС, 29.09.2012 08:17:53 | Повеќе треба да го загрижува почитуваниот професор ,,што е и кој е гарантот на поразот на опозицијата,,Оти тоа далеку поважно за неговиот кампус а богами и за сите нас.Оти постојани изборни порази водат кон аздисаност на победникот,оти ќе се чувствува надмоќно и суетно а уште пострашно неконтролирано. Извршете веќе еднаш растовар на лидерски товар и неговите апологети,кои придонесуваат во назадноста на партијата.И на крај не мојте за пописот,оти вашите го стокмија сегашниот бојкот со предходниот политикантски 25 процентен меѓупартиски договор.Па така имаме,,или вакви проценти или не го признаваме пописот,,П.С не очекував да еден дипломат цитира некого за ,,задграничен комитет во СБ,,И после се чуди и лути што се добива шут карта од дипломатијата. |
| Hari, 29.09.2012 09:57:01 | Epa Felco, Dzabe vi se milioni evra frleni za propaganda protiv eden covek, toa ne ma da vi uspee bidete sigurni vie od dpmne. Posle neprocenlivata steta sto ja napravi tvojot ovcar, dzabe vi se site komentari-, kontraprotesti i drugi fasisticki metodi, ja gubite Vlasta. |
| Mark, 29.09.2012 10:51:53 | Svetska Banka?? Ami ako ne se lazam toa se Amerikancite? Robert Zelig e Amerikanec, neli? E pa se e pojasno deka Gruevski i segasnata bratija ja odrzuvaat na vlast tokmu Amerite, nesto sto odamna (i se poveke) bode oci! I se e pojasno deka tie, iako od vreme na vreme *kao kritikuvaat* vsusnost stojat zad se sto se slucuva ovde i zad celava nasa mizerija, kako drzava i narod! Zasto koga tie sakaat nekakva promena nekade - i toa kako efikasno ja pravat! SDSM mora da si vidi sto ponatamu vo vakvi okolnosti (ako i tie ne se vlezeni vo celata sema)..A nie - pa se znae - colateral damage, mravi sto sekoj moze ga ne zgazne i da si prodolzi ponatamu... |
| milko, 29.09.2012 12:45:13 | so mal del od tekstot se slozuvam no so pogolemiot ne.pogolemiot del od svetot vo prvite dva kvartali pokazuva mal porast i ili zaguba a vo tretiot i cetvrtiot blag porast.toa se dolzi pred se rokot za naplata koj e 90 dena vo pogolemite ekonomii kako i izvoznata sezona po potreba. sigurno ne ocekuvavte zemjo.proizvodi da se plasiraat vo jan.feb.mart,grozje i vino vo prvite sest meseci itn.skapite energensi kako naftata,plinot si go napravija svoeto svetskata resesija go pravi svojeto.vo momentov sekade vo svetot kupuvacot ja diktira cenata i uslovava so prodolzeni rokovi na isplata ,namaleni cenii sl. a za datumite koj gi spomnuvas sekade isto samo kolku moze stopanstvoto da pokrie od troskovite za obekanite proekti. poz.milko |
| Istocna Makedonija, 29.09.2012 14:09:13 | Drugo prasanje.Se sto se zajmi,treba da se vrati
so kamata!A,kako ke se vrati,ima li nekoj odgovorili edno e sigurno,nekoi idni pokolenija,dlaboko ke ne
kolnat za nerac ionalnost i trosenje na nivna smet-
ka.Oti,ni krivi,ni dilzni i tie ke vrakaat za hirovi,pa
i za izborni agendi,nekoi da vladeat(bilo koi)bez da
razmisluvaat za utre.MInatoto e pominato,idninata
e neizvesna,segasnosta treb a da se zivee-parafra
za na Milerovski deskripti.Ili,karakirano,kaj nas,
uzivaj i jadi i pij,ddrug ke plati! |
| Горила, 29.09.2012 18:24:46 | Се кладам дека Македонка и Феликс и сите останати кои ја фалат оваа расипничка гарнитура тоа го прават само и само поради личен интерес... иначе колумната е ок, тоа е вистината, но прашањето е како да се победи ова зло во кое Македонија се најде, како народот да свати дека се е лага и измама. Но пак ќе речам дека македонецот поради личниот интерес во историата бил брат против брата, за два три гроша се продавал, а и сега е тоа така. Нека излезат овие шугави патриоти па да видат како живее светот, да видат колку им вредат платите и пензиите во една Бугарија... |
| одржлив, 29.09.2012 20:20:02 | На стотиците предавања и семинари за одржлив развој на една земја научив : сегашната генерација не смее да се развива на сметка на идната генерација, во спротивно следи сигурна пропаст, само како одложено плаќање... |
| pile, 29.09.2012 22:59:02 | Премиерот тврди дека може да се случи да бидат одржани и предвремени парламентарни избори ако не функционираат институциите.Kako mozje da ne funkcioniraat instituciite posle sestt godisno vladeenje na DPMNE, so rabotenje 24/7, so totalno partisko preureduvanje vo sekoj Drzjaven organ bez pocituvanje na vospostavenite Zakoni i kolektivni dogovori, i voedno presmetka so politickite protivnici i neistomislenici i degradiranje na dokazjanite profesionalci neclenovi na DPMNE.Prevospituvawe imase i ima seuste i na politickite protivnici nekogasni idoli vo topla pregratka kako Ljube Boskovski, sreduvanje na mediumite kako ,,A-1 TV,koha-R,spic, ,,vreme,a za sudiite od tipot na Violeta Duma ili Trendafil Ivanovski i slicni na niv zadacata bese lesna.Najverojatno instituciite uste funkcioniraat pod rakovodstvo na opozicijata pa mozje da se sluci nivno nefunkcioniranje.Koga nesto nefunkcionira se menuva rakovodniot kadar i se podnesuva politicka a Zakonski odgovornost ili se vraka mandatot |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 15°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|