Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Економија
28.09.2012, 18:16

Интервју - Милионски зделки се прават од Македонија, а се гради во Америка

Запознајте го младиот бизнисмен Емил Христов, кој има три фирми, во Америка, Канада и во Македонија, за градежништво и за соларна енергија

Соња МаЏовска

Господине Христов, многу млад сте заминале во САД, прво сам, а подоцна Ви се приклучиле и родителите. Дали тоа значи дека уште на 15 години научивте што значи да се биде независен и сам да се снаоѓате во животот?

Заминав во Америка како средношколец. Отидов како дете, се одделив од семејството, што беше голема лекција за самостојност, сам се снаоѓав во животот. Потоа се запишав на Архитектонски факултет, иако повеќе ме интересираа финансиите. Но, во Америка кога доаѓаат, на пример Италијанците, стануваат готвачи, отвораат ресторани, а Македонците градежници. Уште за време на студиите имав контакти со врвни градежни експерти. Во меѓувреме и моите родители се преселија во Америка. Отворивме градежна фирма. Почнавме да градиме апартмани. Започнав без капитал. Не позајмив ни долар, а немав ниту долар. Ми требаше голем капитал кој го немав, но имав слика што сакам да постигнам, знаев дека тоа не можам да го направам одеднаш. Започнав со мали проекти, правевме паркинзи, покриви. Јас ја наоѓав работата, а други фирми ги изведуваа проектите. Бев посредник, но добро заработував. По 5.000 долари неделно. Најважно беше да изградам кредибилитет и луѓето со кои работам да ми веруваат. Но, за една година веќе имав 30 вработени во фирмата и продажба од 3 милиони долари.



Зошто токму Америка беше земјата во која го видовте исполнувањето на Вашиот сон и колку среќата, а колку работата беше пресудна за успех?

Среќата и талентот се само 10 отсто, се' друго е работа. Работев по 20 часа, а спиев само 4 часа. Така почна развојот на бизнисот. Еден успех носи нов. Ако имаш претприемачки дух, бараш постојано нови можности. Ние сме организатори на работата, за изведба на проектите ангажираме и до 200 луѓе. Почнавме со комерцијални проекти. Градевме за фармацевтски компании, но потоа се насочивме кон соработка со државните институции. Денес градиме училишта, градинки, судови, општини.



Градежниот бизнис беше еден од најпогодените сектори за време на кризата. Тешко ли е да се биде претприемач во Америка?

Претходно луѓето полесно влегуваа во инвестиции, никој не внимаваше на ефикасноста. По кризата се изменија работите, сега најголемиот дел од компаниите сакаат да се докажат нудејќи квалитет. Ние како мала фирма не паднавме за време на кризата. Нашето мото беше да продолжиме да се подобруваме. Градежниот сектор падна, плаќањето беше катастрофално. Тогаш 20 отсто од бизнисот ни беше насочен кон приватни проекти, а 80 кон државата. Но, за една година тоа целосно се смени. Државата беше сигурен плаќач, а стимулираше и изградба на државни проекти. Се градеа нови училишта, а старите се реновираа. На време го пренасочивме бизнисот. Затоа растевме и во време на криза и тоа во најосетливиот сектор, градежништвото. Во тоа време заминав за Кина. На тоа ме поттикна фактот што сите материјали што ги користевме беа од Кина. Сега сите материјали ги добивам директно од таму.



По успешното ширење на Вашиот б��знис во САД и во Канада, што беше пресудно да отворите компанија и во Македонија?

Големите корпорации за време на кризата почнаа да го селат бизнисот во Индија и во Кина, а јас немав потреба да одам дури до таму, решив да отворам фирма во Македонија. Тогаш станав член и на организацијата „Македонија 2025“. Не го познавав Мајк Зафировски, едноставно сакав да помогнам. Барав начин како да го одржам профитот на компанијата. Па, затоа решив да преселам само еден дел од бизнисот, оној кој прави процени за градежните проекти. Главната причина што дојдов во Македонија беше да ги намалам трошоците, а сега веќе е стратегиска точка.



Што работи конкретно компанијата во Македонија?

Во Македонија компанијата работи како проектантска фирма. Тие одовде ги прават процените. Во Македонија се дизајнираат проектите за соларни панели во милионски суми, а се изведуваат во Америка. Во фирмата во Скопје и во Струмица има 20 вработени, кои ја прават експертизата. Главно се електроинженери и архитекти, но има еден со завршено сообраќајно училиште. Најважно е дали тие луѓе сакаат да учат, но уште е поважно да сакаат да работат. Ако се одберат вистинските луѓе и се изгради доверба, тоа е клучот кој носи успех.



Како ги оценувате условите за водење бизнис во Македонија? Вие сте емотивно врзани за нашата земја, но кога се гледа само бизнисот, дали условите се многу различни, има ли потенцијал кај нас добро да се заработи?

Има потенцијал, ако се фокусираме на успех и ако гледаме долгорочно, а не само за денеска. Потребни се и здрави локални компании, но добро е да дојдат и странски компании кои ќе донесат знаење, што сами не можеме да го купиме. Можеме да преведеме милион книги, но ако нема кој да го пренесе знаењето и каде да се применува тоа, тогаш ништо. Има надеж, се прават промени во делот на образованието. Ќе биде тешко можеби уште десетина години, што не е долг период. Дваесет години досега само чекавме и зборувавме, а сега има поместување, но потребно е уште многу работи да се подобрат.



Кај нас во последниве години градежните фирми се многу ангажирани, но повеќе се градат споменици, а слабо се инвестира во инфраструктура, изградба на патишта, железница, енергетски објекти?

Ќе ви кажам еден пример. Еден пријател од Западна Европа, кој го пречекав на аеродром во Солун, додека патувавме по автопатот „Александар Македонски“, праша дали е локален пат или автопат, поради тоа што немаше возила. Поголема инвестиција е денес да се донесат вистински луѓе, знаење, технологии. Не е пресудна инфраструктурата за да дојдат инвеститори. Треба да има движење. Многу луѓе веќе прашуваат за Македонија. Клучни се иселениците, тие се емотивно поврзани со земјата и полесно ќе се решат да дојдат. До скоро тие се плашеа, оти имаше лоши примери. Сликата за функционалноста на администрацијата се' уште е лоша, таа треба да стане поефикасна, судството исто така. Има таму простор за подобрување.



На самитот што го организира „Македонија 2025“ во октомври се гледа како на голема шанса, ќе дојдат бизнисмени од познати светски компании. Што ќе им порачате?

Препораките се во две насоки. Прво, нашите бизнисмени треба да сфатат дека без образование, имплементирање нови технологии, нема напредок. Не може да работат по старо, а да очекуваат да се случи нешто ново. Недостига инвестирање во знаење. Директорите не смеат да се однесуваат како диктатори. Тие се менаџери, треба да научат да менаџираат. Како во спортот, секој треба да си го знае своето место. Не може тренерот и да ја организира играта и да дава голови. Лидер е оној кој ги множи лидерствата, кој покажува отвореност за нови знаења, можности и примена на иновации. Свесни сме дека работите не можат да се сменат преку ноќ, но треба да се оди во тој правец и да се следат успешните примери. Дел од нив се странските инвестиции на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“. Препораката до странските инвеститори е дека има потенцијал во Македонија за нивните бизнис-интереси. Евтината работна сила и ресурсите што ги има Македонија во земјоделството, се дел од нив.

На локалните бизнисмени им препорачувам повеќе да се насочат кон производи со повисока додадена вредност. Така ќе бидат поконкурентни.



Статијата е прочитана 3269 пати.

Испрати коментар



Обнова на училиште
Орданоски потпретседател на БЕРЕК
Колку е задолжена Македонија
Пак растат странските инвестиции



Goran-skopski, 29.09.2012 11:18:19
bravo
jovan, 29.09.2012 12:59:20
Interesna prikaska za zapocnuvanje uspesen biznis vo America so kapital od 1 dolar i spienje od 4 casa dnevno, uste i *pompezno* najavena vo medium, kako *nasi genijalci* ja osvojuvaat America so eden dolar. Mozebi seto ova e uspesna prikaska i zasluzuva vnimanie, no jas smetam deka e ova samo del od vecnata Makedonska naivnost i frlanje prasina vo oci na ovoj jaden narod za takanarecenite prikaski za *osvojuvanje na svetot* od nasi strucnjaci koi uste kako srednoskolci *rasturaat* po America i svetot. Nezaposlenosta nikogas pogolema, patistata prazni(kako i samiot sto kazuva) obrazovanieto katastrofalno i nikoj ne ni go priznava, a nie preraskazuvame detski prikaski. Znam deka za ova ke bidam *osuden* kako pesimist, negativec, zloben... no ete go kazav. I uste nesto. Mislite deka svetot stoj vo mesto i nisto ne raboti? Mislite deka konkurentnosta tamu e slaba pa moze tuku taka da im konkuriras?
nedorazvien, 29.09.2012 16:48:43
Почнавме да градиме апартмани. Започнав без капитал. Не позајмив ни долар, а немав ниту долар. pa kako ko pocna biznisot???? bez $?
mene, 29.09.2012 20:19:53
Почнавме да градиме апартмани. Започнав без капитал. Не позајмив ни долар, а немав ниту долар. makedonce le e, sho le e hahahahha
dragan, 29.09.2012 21:20:26
Во Македонија се дизајнираат проектите за соларни панели во милионски суми, а се изведуваат во Америка. kolku li gi placa vrabotenite tuka , dobar arhitekt vo Amerika zema 25-50 $na sat . a toj investiral vo mk , sto e vlozil 10 kompjutera ?? i 5 rabotni masi .
Dr. med. Krste pop-Stefanija, 29.09.2012 21:31:39
BRAVOOOza uspešniot gradbenik. krste pop-stefanija
nekoj, 30.09.2012 01:20:58
Odlicno kazano, se soglasuvam so se. Ona sto i treba na Makedonija e da se oslobodi od nacin na razmisluvanje kako sto postoi kako kaj prethodnive komentari pred mene. Vo Makedonija premnogu se razmisluva za toa: kako e mozno vakvo nesto, se baraat negativnosti itn. Ete mozno, get over it! :) and start doing it Nekoj mudar napisal. Pameten e onoj sto ima mnogu znaenje. Intelgenten e onoj sto uci brzo. Mudar e onoj sto znae kolku od sto treba da nauci za da mu sluzi na patot kon celta sto ja odbral. Covekov dava dobar sovet.
kanada, 30.09.2012 07:46:58
Mizi Asan da ti bajam. Nekal ni dolar ne ni pozajmil, a med i mleko mu teci???????? Uste edno makedonsko prodavanje pufki
doske, 30.09.2012 08:15:07
Kolku ste samo negativno programirani. Za svoite neuspesi sekogas ke najdete drug kako glaven krivec. Ajde procitajte uste ednas. Tipov naogjal proekti a gi daval drugi da gi zavrsuvaat. Taka pocnal. Pretpriemastvo .. Sekoja cest.
Andersen, 30.09.2012 09:51:01
Bez i eden dolar eve napravil dar-mar vo USA.Pa nie sme vozdrasni i nemojte da kazuvate bajki?
mile, 30.09.2012 12:48:27
De bre Mr Hristov, ama po receptov za uspeh, jas ni tursija ne mozam da napravam.........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Среда
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Соопштение за читателите
Поради инфраструктурни зафати на веб-страницата на „Утрински весник“, дел од содржините на сајтот не се обновени или се обновуваат со задоцнување
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |