30.09.2012, 17:52 Мое ќоше
Четврто полувреме
Ерол Ризаов
Кога мажите плачат, се случуваат големи работи. Го видов тоа некни во киното „Милениум“
Дарко Митревски пак направи добар филм. Одличен. Мојот „Оскар“ јас веќе му го доделив со голем ќеф и на Дарко и на сите што беа и работеа со него и што го направија „Трето полувреме“, уште еден голем македонски филмски бисер. Дали Холивуд ќе му го даде неговиот „Оскар“ одлучува машинеријата на светската филмска индустрија. Тоа е веќе четврто полувреме, тежок натпревар, кој се игра по други правила.
Неисе, со „Оскар“ или без него, иако би било повеќе од добро да влезе во македонската витрина, сепак, убеден сум дека филмот ќе добие заслужени признанија и, се разбира, голема гледаност, бидејќи има свој специфичен и оригинален пристап кон една универзална светска тема, страдањата од војните на сите народи и холокаустот. За судбината на Евреите се напишани стотици светски ремек-дела, снимени се, исто така, фантастични филмски остварувања, од документарни до грандиозни филмски баснословно скапи спектакли изработени од светската филмска елита. Посебноста на овој филм произлегува од тоа што Дарко Митревски нашол свој агол и свој јазик да ја наслика европската сиромашна периферија, Балканот, како таму, односно ваму кај нас, во Вторта светска војна се одвива само навидум истата драма како дел од геноцидот на Евреите. Драмата историски гледано е иста по својот крај, но балканската посебност со судбината на македонските Евреи му дава на филмот и една нова димензија која нема врска со уметноста. Тука политиката, како и обично, направи тежок фаул без да го види филмот. Политичарите најчесто играат на невидено, така им е најдобро. Ако чекаат да видат што е вистината како и сите други, не можат да поентираат и не можат ништо да ќарат.
Дарко Митревски не кокетира ниту со сценариото, ниту со режијата, ниту со историјата, а најмалку политички со трагедијата на Евреите, туку успева филигрански да ја смести во безвременски рамки не само судбината на Евреите, туку и на Македонците, на Србите, на Бугарите и на Германците. Со класична сторија на силна и забранета љубов меѓу Македонец и Еврејка, преку фудбалски тим и натпревари и преку легендарниот тренер Рудолф Шпиц кој го води натпреварот на својот тим отстранет надвор од трибините, Дарко брилира и маестрално ја доловува филмската магија која ширум ќе му ги отвори вратите во светската кинематографија.
Сакам да споделам со вас уште нешто многу лично, зашто излегов со големо олеснување од киносалата по неговата скопска премиера. Не е причината само во тоа што Дарко направил добар филм. Примамливоста на национализмот и шовинизмот може најлесно да се протне на филм на што не се имуни ни најголемите режисери и писатели. Слободата на творештвото лесно ги поминува црвените линии кои оставаат горчина колку и да се големи признанијата и наградите, колку и да станува збор за ремек-дело. Дарко го одбегнал сето тоа, пред се', поради својот личен профил на слободоумна личност, па потоа како творец. Знам дека нема непријатно да се чувствуваат оние што му судеа на филмот без да го видат. Тоа им е секојдневна работа. Тие можат да го негираат и Питагора, и Дарвин и Менделеев и Ајнштајн, такви шарлатани во последно време многу се намножија во светот. Нивните балкански колеги можат да ја оспорат и гравитацијата, бидејќи живеат и создаваат во бестежинска состојба. Но, длабоко верувам дека барем со една мала доза на сомнеж кон сопствената идеологизирана историја ќе го проследат филмот нашите соседи во Бугарија гледајќи ја филмската сторија за трагедијата на македонските Евреи. Се разбира дека, притоа, воопшто не мислам дека и македонската историја нема темни страници и иделогизирани приказни и стереотипи кои со години прават пустош во свеста на Македонецот, како и кај сите балкански народи. И за тоа верувам новото време ќе донесе свои филмови. Дарко Митревски направи филм потпирајќи се на законите на филмската уметност. Тоа не може да се оспори. Со уметност се прави нова историја и се градат трајни споменици. Со интервенција на политиката во уметноста и во науката се гради мит, лажна историја и квазипатриотизам, кој остава трајни негативни последици во свеста на повеќе генерации, кои потоа при соочување со вистината, доживуваат трауми, фрустрации, осудуваа�� и оценуваат и на видено и на невидено.
Но, сепак, најдобро е сето ова да го видите со свои очи и да го поминете преку своја глава. Одете и погледнете го филмот и бравурозната игра на актерите. Нема да зажалите. Не кријте ги солзите. Некогаш е здраво да се пуштат да течат слободно. Можеби на жените тоа им е полесно, ама кога мажите плачат, тогаш се случуваат големи работи. Некни јас го видов тоа во киното „Милениум“. Не на филмското платно, туку во публиката, а и мене ми влезе песок во очите. Видете го тоа и вие. |
|
Статијата е прочитана 3763 пати.
|
Испрати коментар
|
|
SKOPJANKA,ODNADVOR, 01.10.2012 01:06:02 | Drago mi e sto i Erol priznava deka na *Treto poluvreme*moze slobodn da placat i mazite. Filmot ne sum go videla i ne verivam deka kerka mi ke mi *dozvoi* da go vidam, bidejki me tesheshe koga placev na spotot, prestaven vo Dnevnik.I sega,grloto mi se stega koga go cuvstvuvam isiot i gi citam pohvalite na Erol vo cij sud dlaboko veruvam! Dotolku poveke, sto *Treto poluvreme * me vrakja daleku vo moeto mnogu ranoto detstvo koga po nekoja cudna( namestena) slucajnos celoto semejstvo trebese da odi na ( bash) taa utakmica i mozebi bev naiven svedok na vistinskiot film!.Ne bevme nekoe sportsko semejstvo, ama toj den me doteraa kako za vo crkva i pravec na*igralishte* Mnogu mala; se raduvav deka vo park cekaat cickovci sto prodavaa zashekereni jabolka i po utakmicata, ke bidam castena..Mi ostana vo sekjavanje deka dodeka mislev na jabolkite, naidoa nekoi *vojnici na konji*,nastana vikanje i site izrazbegavme koj kade mozese.Na Darko M. so BLAGODARNOST i mu proshtevam sto me rasplaka... |
| jovan, 01.10.2012 02:02:32 | Filmot ne sum go gledal, no sum slusal mnogu za i okolu toj film raznorazni mislenja, reagiranja, kritiki, falbi.... Kolku sto mene mi e poznato, ovoj film e *negiran* samo i samo od nasite *istocni braka*. Koj e nivniot problem so vistinata, neznam, dali tesko im paga istata, ili si teraat po onaa svojata *tazi dupka ne e dupka* ili prevedeno vo slucajov *nie ne bevme na stranata na fasizmot*, toa e veke nivni problem. Koga covek laze, porano ili pokasno ke svati deka samo sebe se laze, pa ke se isfrustrira i uvredi zosto nikoj ne mu veruva. Toa im se slucuva na Bugarite, pa valjda ke sozreat i ke ja prifatat vistinata onakva kakva sto e. Filmot kako film moze za nekogo da bide dobar ili los, no vistinata e taa, bez razlika dali boli ili e prijatna. |
| Srumichanec od Zagreb, 01.10.2012 05:27:24 | Dali ke donese Oskar pa neznma tuku treba da si epten budala da ne razberesh deka ovoj film ne donese na Makedonia samo problemi.I kako se razbra ima ruski film so istoto ime i istata tema. |
| Zvonko, 01.10.2012 06:10:51 | Go procitav vnimatelno celiot tekst,ama nisto ne najdov komentar za cetvortoto poluvreme.Filmot ne sum go gledali ne mozam da dadam komentar za negovata umetnicka vrednost,pa mojot komentar e za OSKARot koj mu go dodelil g-din Rizaov.Kolku sto znam jas Holywood dodeluva Oskar vo poveke kategorii,megjutoa se uste nema kategorija za najdobar naracan film od politicarite.Zalno e sto takvi strucnjaci moraat svoite kvaliteti da gi pokazuvaat za striktno naracani filmovi i se positovetuvaat so golemitebiznismeni koi uspeale vo biznisot na osnova na bliskite vrski i porackite od vlasta.Taka e i so kreatorite na spomenicite vo Skopje i ostanatite gradovi niz Makedonija.Zalno e sto vo tolkava mera se preogja vo racete na direktna kontrola na drzavata pocnuvajki od ekonomijata,sportot,kulturata, umetnosta i t.n. |
| pameten, 01.10.2012 06:29:32 | Filmot ushte ne sum go gledal i sakam da vidam dali gi pokazhuva 2 istoriski realnosti. Prvo deka do 1944 zborot Makedonija i Makedonski mozhel da se koristi slobodno samo vo Bugarija. Vo Sofija imalo mnogu madedonski drushstva, a FK Gragjanski bil prekrsten FK Makedonija so doagjaneto na Bugarite. 2. Vo site evropski zemji, kade shto imalo germanski vojski, nezavisno dali dojdeni kako ojupatori ili kako sojuznici evreite bile deportirani i eksteminirani, Iskluchoci se Danska, kade evreite bile tajno transportirani vo Svedska i Bugarija - teritoriite koi shto bile megjunarodno priznaeni kako Bugarski. Inaku vo holokaustot participirale ljuge od sekakvi nacii, duri specijalni otredi od evrei zarobenici! Ako filmot ovie realnosti gi potencira, znachi e material za Oskar. Ako gi negira, znachi e propaganda! |
| пријател, 01.10.2012 06:31:40 | Исто како Бугарите би реагирале и нашите „ патриоти “ кога би се направил филм во кој би се кажало дека Република Македонија нема никаква врска со античката Македонија и дека предците на денешните Македонци, кои дошле на овие простори во 7ми век, немаат никаква врска со Александар Македонски кој починал 1 000 години пред нивното доаѓање. |
| ФЕЛИКС, 01.10.2012 07:34:04 | Добро е што се ослободивме од филмските стереотипи и некои ,,нови дечки,, ја направија македонската кинематографија позната во светот.Од Манчевски преку Митревски па до Теона Митевска.Филмот не сум го гледал и неможам да судам за квалитетот,но од друга страна им верувам на оние кој го гледале и колку се импресионирани од содржината и глумата.Единствено по некој благонадежник ќе се чувствува повредено од тематиката на филмот и ќе не искара да со овој филм ги расипуваме ,,добрососедските,, односи. |
| петър, 01.10.2012 07:45:27 | верувам дека барем со една мала доза на сомнеж кон сопствената идеологизирана историја ќе го проследат филмот нашите соседи во Бугарија гледајќи ја филмската сторија за трагедијата на македонските Евреи. - Нашата история беше идеологизирана до 1990 г. - вашата не е деидеологизирана в 21 век!? ФК Македония е създадена от Българските власти в 1941 г. Преди това името Македония е забрането от сърбите в бановината?! В управлението на тима са двама българи от Скопие - Васил Гюзелев и Димитър Чкатров, които през 1945 г. за убити от вашите комунисти. Футболистите от ФК Македония не са антибългарски настроени, каквото е внушението на филма. Няма да можете да профитирате сред евреите с този филм Бъдете сигурни!........... |
| Caki, 01.10.2012 08:15:22 | Posle dolgo vreme pozitivna kolumna od avtorot.Na krajot pak malku demagogii za kvazipatriotizam, lazhni istorii i sl. Erol zaboravi deka sudot vo Hag presudi , deka nema nikakva provokacija od nasha strana t.e. , NEMA lazhna istorija!! Po mene , spomenikot na Aleksandar e nozh vo srceto na grchkiot fashizam , a muzejot na holokoustot, i filmot na Darko , e shok terapija protiv bugarskiot fashizam! p.s. ako vleze filmot megju pette stranski kandidati za oskar...sigurem sum kje go dobie... |
| София - Антицензура, 01.10.2012 16:21:58 | С милиционерски номера ли искате да влизате в Европския съюз ? Защо сте изтрили коментарите ? Няма място за цензура в Европейския съюз. Истината е, че ви е страх от истината. |
| verag, 01.10.2012 17:52:33 | За срадањата на Евреите ми раскажуваше мајка ми, бидејќи живеела близу до Монополот и гледала како Бугарсјите фашисти ги носат таму. Селало, многу и било жал за нив. |
| pretpriemach, 01.10.2012 19:37:39 | Do site od sosednata BG: ovde se raboti za film - umetnicko delo!!!! Za kulturno nepismenite nema mesto na ovie prostori...
Za komentarot na filmot: maestralen!!!! |
| Пики, 01.10.2012 20:10:29 | Боже Боже,вие хора па за лудница сте,където съм бил за смех сте ставали на маса.Антички македонци,алооо 21 век има интернет бре Братя.До кога ще трите коментари бре,медиите сте страшна раб��та. |
| От Пиринска Македониа, 01.10.2012 20:18:54 | Гледам, продалжавате со анти-българската си пропаганда, па сакам да ви кажам какво е настроението на нас българите от Пиринско за целата таа работа: Еj Бог ми е свидетел, 95% от българите во Пиринско сакаме България да ви наложи ВЕТО за ЕС и НАТО. Господ ми е свидетел, само си навредихте со тоа филм и сичката анти-българска пропаганда со коя даже во 21 век не прекинвате! |
| съсед, 01.10.2012 21:00:18 | На война като на война, така е било тогава. Обаче дори и един човек да си спасил си е геройство. Ако 10000 хиляди са загинали, то 50000 са останали живи... говоря за ХОРА, не ги деля на евреи, българи, турци, цигани и т.н. Не ви харесва, но е факт и ние се гордеем с него! |
| Kojco, 02.10.2012 00:20:43 | Jas mislam deka ovoj film nema da donese OSKAR tuku ke donese uste edno VETO od Bugarija za priem na Makedonija no NATO i EU.
Blagoradam |
| Богомил(ец), 02.10.2012 06:38:09 | Без фрустрации господо со антимакедонистички набој. Историјата не е проститутка на чии образи може да се нанесуваат шминки по желба. И тоа што боли, треба да се издржи. Факт е дека бугарските послушници, по наредба на својот цар, а за љубовта на Хитлер, ги собраа и испратија во смрт Евреите од Македонија. Исто како што е вистина дека огромна заслуга за спас на Еврите во Бугарија од логорите на смртта имаат група бугарски интелектуалци и патриоти, меѓу кои посебно се издвојува храброста на патриархот на Бугарската црква, Кирил, Македонец, кој потекнува од дебарско село, кое сега е во границите на Албанија. Тие направиле жив штит пред натоварената композоција со бугарски Евреи по што и царот морал да ја смени претходно дадената одлука за нивна депортација. |
| Bulgarin, 02.10.2012 07:46:59 | Германия и Италия в началото на април 1941 г. окупират Гърция и Югославия. По силата на сключената капитулация, Германия придобива военновременни права над част от териториите на тези държави.
Впоследствие Германия отстъпва част от правата си над тези територии за администриране от България. Германия разглежда македонските и беломорските евреи като свои военнопленници, поради което на тях НЕ Е разрешено да станат български поданици. Тъй като те са германски военнопленници, Берлин изпраща в София своя пълномощник Теодор Данекер да уговори тяхното изселването към Германия. Исторически филм който преиначава истината е долна пропаганда ! |
| VP, 02.10.2012 08:13:45 | Интересна колумна - ново-благонадежна - како што треба да е;
Бугарите коментираа филмот пред да го гледале; Македонците му доделија Оскар на премиерата во Скопје - чудни луѓе всушност - и едните и другите...; |
| maja, 02.10.2012 10:21:51 | Ubavo, ama kolku sto znam imate izvonreden filmski kriticar vo Redakcijava, kade e nejzinoto mnenie, recenzija za filmot, jas sum sekogas da se pocituva kompetentna licnost, jas sum go gledala filmot pa sepak ocekuvam strucna recenzija |
| умнио, 02.10.2012 11:20:21 | Пред некој ден гледав на Нашата тв еден руски филм со истото име -третото полувреме, темата беше со фудбалот,дали филмот е порачан од некој а Дарко не го знаел тоа ,само тој знае дали ке добие Оскар можеби Ерол знае, а филмот дека ке донесе неприлика на Македониа во еу само народот ке го дознае.Можеби ке го гледам филмот ако ми дојде згодно. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Претежно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (19)Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „��трински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
|
|