28.09.2012, 15:15 (ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
По премиерата на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола пред 12 дена, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски вчеравечер имаше скопска премиера во киното „Милениум“
ФОТО: Петр Стојановски
Актери, режисери, уметници, музичари, политичари, стопанственици, претставници од дипломатскиот кор во земјава и десетици љубители на филмската уметност продефилираа на црвениот тепих, а во стилот на светските премиери, случувањата пред самата проекција имаа назнака на гламур, но во македонски рамки. На премиерата присуствуваше и премиерот Нико��а Груевски со сопругата Боркица.
Речиси и да немаше рамнодушни на македонскиот кандидат за оскар во категоријата филмови од „неанглиско говорно подрачје“.
Трето полувреме автентично ја следи љубовната приказна на Еврејката Ребека која го избегнала холокаустот и депортацијата на 7.200 македонски Евреи во логорот Треблинка, а чие сведоштво е архивирано во фондацијата Шоа на Спилберг во Лос Анџелес и е меѓу интервјуата на над 50.000 преживеани Евреи во светот.
|