27.09.2012, 12:29 Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Холанѓанките Луис и Мартин Фокенс (70) од Амстердам за период од 50 години, додека работеле како проститутки се „забавувале“ со 355.000 мажи
Близначките Луис и Мартин Фокенс (70) од Амстердам, 50 години работеле како проститутки и во тој период „забавувале“ 355.000 мажи.
Откако се повлекле од работа, сестрите објавиле книга во која ги откриваат сите тајни на порно индустријата. Промовирајќи ја книгата во емисијата This Morning, близначките признале дека спиеле со 355.000 мажи.
Луис открила дека поради проблеми со артритисот од работа се повлекла пред две години, а водителите на тоа се пошегувале кажувајќи: - Не е ни чудно што имате артритис. Мора да имате многу флексибилни колкови.
На проституција биле принудени затоа што немале пари, рече Луис.
- Пријателите на мојот маж ни сугерираа дека тоа е најдобар начин да се заработи, па одлучивме да пробаме. Во почетокот моите родители негодуваа, но подоцна навикнаа да живеат со тоа, раскажа Луис, која со проституција почнала да се занимава кога имала 20 години. Нејзината сестра Мартин се` уште некопку пати неделно ги задоволува машките клиенти.
- Кога слушнав дека сестра ми се занимава со проституција бев во болница, каде го раѓав своето прво дете. Не можев да верувам. За да бидам поблиску до неа, се вработив во борделот како чистачка, но после две години и јас влегов во работата, рече Мартин која има три деца, додека Луис има четири.
Во текот на годините сестрите успеале да се ослободат од макроа и да отворат сопствен бордел и основале прво неформално здружение за проститутки.
|