Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
24.09.2012, 17:01

Како ќе се изградат автопатиштата без возила

Груевски потврди дека за Коридорот 8 потенцијалните концесионери не добиле кредит од ниту една банка

Сања Наумовска



Како ќе се изградат македонските автопатишта? Високо на листата на приоритети се наоѓаат само додека се на хартија, но во праксата се докажува дека многу тешко се прави километар асфалт. Сведоци сме дека во последните години Македонија е на дното на листата меѓу земјите од регионот во инвестирањето во нова патна и железничка инфраструктура. Почетокот на изградбата на последната делница од автопатот на Коридорот 10, од Демир Капија до Смоквица е еден од ретките проекти кој по подолго време почна со реализација.

Затоа, пак, сите најави дека ќе се инвестира во алтернативниот Коридор 8 од Бугарија до Албанија, завршија неславно. Ниту еден концесионер не ги сака нашите патишта без автомобили. Тоа викендов го потврди и премиерот Никола Груевски, кој најави дека Владата сама ќе бара кредити за да ги гради. Под концесија повторно ќе се понудат само два помали, но поатрактивни патни правци за автопатишта, Гостивар - Кичево и Скопје - Блаце.

Експертите, пак, инсистираат дека изградбата на инфраструктурата мора да се интензивира, без разлика на лошите статистики за фреквентноста на патиштата. За Коридорот 8 одамна има готови проекти, кои требало веќе да се најдат на агендата на Владата.

„Приоритети треба да се направат само во однос на тоа кој автопат порано, а кој подоцна да се изгради, а не дали да се гради или не. Без разлика на тоа што проекциите укажуваат на слаб проток на возила по овие патишта, ако и покрај тоа се направи автопат, тој сам ќе си привлече сообраќај“, коментираат експерти.

Според премиерот Груевски, обидот за изнаоѓање концесионер за изградба на автопатишта од Скопје до Кочани, од Гостивар до границата со Албанија, од Куманово до Бугарија, како и од Скопје до косовската граница, и покрај тоа што понудиле големи субвенции за концесионерите, пропаднал поради малиот број на автомобили кои се движат по патиштата. Фирмите не успеале да обезбедат кредит од ниту една меѓународна банка. Сепак, Груевски се надева дека Владата ќе успее да обезбеди заеми за реализација на некои од овие проекти.

„Започнавме анализи и разговори за обезбедување кредит или други начини на финансирање. Се надевам дека во наредните 3-4 месеци ќе ги имаме прелиминарните резултати од овој обид. Доколку оваа операција заврши успешно, извесно е да се очекува дека барем дел од овие автопатишта ќе почнат да се градат в година. Засега од првичните разговори сме оптимисти, но сепак треба да се заврши овој процес за да видиме дали ќе успееме во нашата замисла“, потенцира Груевски. Тој пред неколку месеци најави дека заеми ќе се бараат само за автопатиштата кои се сметаат дека се од висок приоритет. Најнеинтересните делови од Коридорот 8 веројатно е дека нема воопшто да бидат изведени како автопатско решение, туку само ќе бидат проширени и реконструирани, бидејќи за нив е невозможно да се најде концесионер, ниту пак да се обезбедат финансии од меѓународните финансиски институции.

Довршувањето на Коридорот 8 во Македонија требаше да се реализира преку подигнување на ниво на автопат или целосна изградба на речиси 280 километри патишта. Во нив влегуваа патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, Миладиновце - Штип преку Свети Николе, како и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри. Дел од Коридорот 8 се и правците Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга –Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар со должина од 54 километри.


Статијата е прочитана 2429 пати.

Испрати коментар



Француска железница ќе вработи 10.000 лица
„Креди агрикол“ ја продава грчката банка „Емпорики“ за едно евро
Се' повеќе компании инвестираат во енергетски проекти
Проблеми на скопските градилишта на сплитски „Конструктор“



jovan, 25.09.2012 00:18:28
Parite gi zatvorivme(frlivme) vo spomenici, prazni stanovi i trgovski centri, namesto vo razvoj na stopanstvoto/ekonomijata i infrastrukturata. Sega veke ne vredi i patista da se pravat bidejki narod nema pari ni za gradski avtobus, ne pa da seta nadvor. Patistata niz Istocna Makedonija i sega se prazni, nema ziva dusa, prazni se tamu i gradovite. Selata od damna se napusteni. Ostana nekakva aktivnost i dvizenje vo zapadniot del(Tetovo-Gostivar) , no toa veke *ne e nase*.Bez industrija nema infrastruktura, i obratno, bez infrastruktura nema industrija. Toa e vrzano i paralelno se razviva. Nie tuka utnavme totalno, pa sega nemame pari ni za poedincno da gi razvivame ne pa zaedno/naporedo.
Dime, 25.09.2012 07:04:18
Na Makedonija se potrebni asvaltirani patista sto ce gi povrze selata so gradovite.Mk saobrakajna mreza od selata do gradot e katastrofalna ili vopsto ne postoi!.
Itar Pejo, 25.09.2012 08:30:07
Zar drzavata nemoze da gradi avtopatista so osumte milijardi sto Gruevski gi veti a seuste ne gi ostvari? Ili mozda tie pari se rezervirani za stipskiot kargo aerodrom sto trebase da go gradi TAV?
До Јован, 25.09.2012 08:43:41
Сега веќе „не вредело и патишта да се правеле“??? И што да правиме сега? Да не градиме патишта? Господе, кои лузери, која негативна енергија, кој песимизам. Што треба, да се убиеме?
Todor, 25.09.2012 09:12:12
Epa kolku godini Zoran Jovanovski od sdsm kazuva deka vlasta treba da prestane so neproduktivni trosenja (spomenici, vrbi...) i da se investira vo infrastruktura, centrali itn. Trebashe da go poslushaat, arno ama... Ekonomskite merki sto toj gi predlaga se realni i lesno ostvarlivi, neka go slusaat nego!!!
Младен, 25.09.2012 09:27:43
Па нема сега возила по Коридор 8 затоа што го запустеа со децении наназад, како да има возила? Појдете накај Крива Паланка ќе видите каков пат постои, никаков, и луѓето се иселуваат нормално, со децении. Мора да се направи патот првин, па да заживее и тој крај и тој коридор. Не држат ставовите дека е многу планински регион. И западна Македонија е многу планинска област ама таму направија патишта уште одамна.
kire, 25.09.2012 10:03:36
kako da ima protok koga segashnite patishta se uzash za patuvanje... kako chovek od delchevo, pehchevo, mak kamenica, kochani da trgne da vozi po segashive kaldrmi kon drugite kraevi vo Makedonija? ili tamu ne zhiveat lugje so normalni potrebi za dvizhenje kako shto ima sekoj normalen chovek vo normalna drzhava vo 21 vek? a pak ne daj bozhe situacii da treba chovek da trgne po segashnive patishta za Skopje zaradi iten sluchaj!!! ne rabotite vo zdrav mozok druze premier!!!
Коста Стоименовски, 25.09.2012 10:22:55
Во весникот Нова Македонија од 17.07.2009 год. објавен е мој напис под наслов ИЛУЗИИ И ЗАБЛУДИ ЗА КОНЦЕСИИТЕ, со кој сакав да ја предупредам владата и премиерот дека се во голема заблуда доколку очекуваат дека странските инвеститори ќе инвестираат во (авто)патишта и слични инфраструктурни објекти. За жал, и покрај моите предупредувања, владата распишуваше бројни тендери, трошеше огромни суми народни пари, потпишуваше меморандуми со разни странски фирми и на крајот „дупло голо“. Така можат да постапуваат и да се однесуваат само политички и економски аматери!
srebre, 25.09.2012 10:27:43
cela evropa sum prosol sekade se gradi pryuga koja povrzuva i grad i selo ima i t.n. lokalni prugi koi gi nadovrzuvat i pomalite naselbi a kaj nas gradovi kako ohrid,strumica nemaat voopsto pruga a ohrid pred 70god ja imal sto e navistina smesno.
Velesanec, 25.09.2012 14:42:30
A kade e vo agendava avtopatot Veles-Skopje za koj plakjame dve patarini za da si gi krsime kolite?! Treva raste srede pat pred tunelot kaj Katlanovo! Dupki ima kako krateri, kako da e bombardiran patot! Koj ke mi ja plati stetata za amortizerite, 250EUR par? Gumite se lizat i se neupotreblivi po max 20.000 km pominati po takov pat! Kakva bruka za strancite sto sekoja godina tranzitiraat od i kon Grcija! Ama zatoa site na profil imaat sliki so voinot na konj
ммкм, 25.09.2012 16:14:11
како е можно владата да признае дека навистина не изградила односно изградила само 7 км автопат,ама за сметка на тоа изградила стотици километри локални и регионални пшатишта,дедемек им ја подобрила патната комуникација на граганите,а од друга стран еве низ коментарите грагани опд внатрешноста се жалат дека основните комуникации се многу лоши.Прашање.Власта градела или крадела.Има патишта или нема ?Каде е вистината/Некој лаже.Или граганите или власта. Што мислите кој е во право???!!!
Стандард, 25.09.2012 20:04:59
Стандардов е низок , горивата со висока цена , увозот на стари возила со голема потрошувачка , резултатот е малку возила .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (10)
Србите се криви за се'. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Не можам да излезам накрај со главите
Сликарот Омер Калеши на своите 600-800 глави, кои му се творечка преокупација, не насликал ниту едно уво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |