Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
25.09.2012, 17:54

Мое ќоше

Каде отидоа парите?

Ерол Ризаов

Одговорот на прашањето од насловот е во приказната на стариот партизан Јанез Становник кажана во Охрид пред 30 години

Јанез Становник, познат словенечки економист и политичар, уште во 80-тите години од минатиот век на терасата на хотел „Горица“ спокојно мазнејќи ги своите големи жолти мустаќи, а ла Гоце Делчев, восхитен од величествениот залез на сонцето зад албанските планини со чудесен отсјај во езерото, ми рече нешто од што шашардисан подзинав. Популарниот Словенец кажа нешто толку едноставно што за миг ги смени сите мои однапред подготвени прашања за интервјуто. Тогаш хит-тема беше долгот на Југославија кон светските банки. Владите и политиките трпеа силни критики од најострите домашни и странски новинарски пера за презадолженоста од близу 20 милијарди долари. Бројка од која им се вртеше в глава и на најпознатите економисти. Југословенскиот долг беше политичка и економска тема број еден, поважна од сите реформи.

И што рече стариот лисец Становник. Тресна како гром од ведро небо: „Не е важен износот на долгот“. Го погледнав бело, мислејќи дека е некоја шега што не ја разбирам. Дотогаш никој не беше изговорил вакво нешто, ниту актуелните политичари во владите и централните комитети, ниту економистите, ниту критичарите, дисидентите, никој жив и при здрава памет. По моето вчудовидување, ми додаде и карт бланш: Можеш слободно да објавиш дека ви ја фрлија коската што ја глодате без врска за баснословните 20 милијарди. Вистинските три прашања се каде отидоа парите, кој ги поарчи и како ќе се враќаат. Потоа следуваше за тоа време еретичко објаснување. Висината на долгот сама по себе за Југославија не е проблем. Несреќата е во тоа што парите се потрошени во еден голем дел за гаснење на социјални пожари, за разни субвенции и изградба на големи објекти кои не ги даваат очекуваните резултати, има доста промашени инвестиции, лоши банкарски пласмани, а со другиот дел од парите е направена голема и значајна инфраструктура, патишта, електрани, рафинерии, железници, нафтоводи и канали за наводнување. Практично, еден дел од парите е добро пласиран, со економска логика и оправданост, а другиот дел е чиста политичка парада.

Кога Југославија првпат, вторпат и третпат позајмуваше пари, тоа навистина беа најповолните кредити во светот, извонредно евтини пари. Светска банка и ММФ бргу ги забележаа нашите „бели слонови“ (големи промашени инвестиции) по што финансискиот пазар постави ригорозни услови, особено кога почнавме да земеме нови заеми за да враќаме стари долгови. Значи, синко запиши слободно, главно прашање е за што се потрошени силните задолжувања. И второ, дали со лесно оптоварување на буџетот, стопанството и граѓаните ќе се враќаат парите. Идеално е кога тој што се задолжил е задоволен и прави ќар, а никого не оптоварува со враќањето на парите. Кога земате пари на заем по белиот свет и од државната каса да враќате долгови што некој ги направил пред вас, кога тоа се одразува на квалитетот на живеење на граѓаните, безбедноста, образованието, здравството, на стандардот на целото население, не е важно дали долгот е голем или мал. Ако не можете да го враќате, вие сте банкрот.

Денес Јанез Становник има 90 години, стариот партизан уште е активен. Не знам што би рекол за последните наши мудрувања околу висината на долгот. Бившојугословенските држави денес должат над 150 милијарди долари. При овие високи дострели на демократијата, ретко некој смее како тогаш да праша каде отидоа парите. И за ова прашање „што јужније то тужније“. Сосема ретки и многу вознемирувачки за власта се прашањата колку пари се потрошија на владините преродбенички проекти, скапи споменици и налудничави каприци кои одат од кораби до врби на Вардар. Тоа и денес е голема тајна. Најголемите пари од буџетот и од странските заеми се потрошија на политички мотивирани инвестиции кои немаат допирна точка со економијата. Да се направи тоа во најсиромашната земја на Европа само за да се чувствува некој поубаво е рамно на злосторство. Ќефот нема цена, ама ако плаќаш од свој џеб. Ако пак сиромаштијата ги враќа твоите долгови и го плаќа твојот ќеф, тогаш тоа е голем грев .

Со последната најава од ново големо задолжување за да се вратат стари долгови, премиерот Никола Груевски индиректно призна дека „Скопје 2014“ е политички споменик кој нема врска со економска оправданост. Тој е изграден и се гради на сметка на стандардот на граѓаните на Македонија.


Статијата е прочитана 4158 пати.

Испрати коментар



Маневри со изборните правила
Корените на кинеско-јапонското ривалство
Меѓурелигиска или меѓуетничка војна
Талат како Тантал



Feni, 26.09.2012 00:08:00
Najgolemite promasheni investicii vo YU bea Obrovac i Feni, koi navodno se izgradija od politichki, a ne ekonomski prichini. Ne znam kako pomina Obrovac na Josip Vrhovec i Jure Bilic i kako denes stoi, ama Feni leka-poleka mislam da gi opravda vlozenite sredstva. Kamo sreca i parite frleni na spomenici da gi bevme dale na nekoj *promashen* proizvoden kapacitet, koj koga-togaj ke proraboteshe i parite so golemo oploduvanje ke gi vrateshe. Ovaka, nema na shto da se nadevame. Otidoa popusto!
jovan, 26.09.2012 00:13:29
Dolgot na Yugoslavia i ovoj dolg nemaat nisto zaednicko. I pokraj site promasuvanja, od Yugoslavia ni ostana ogromno nasledstvo od koe se uste ziveeme. Yugoslavia imase edna od najopremenite armii, denes imame lovecko drustvo mesto armija, se gradea objekti od tipot Gerdap, Dunav-Tisa-Dunav, denes imame voin na konj kako najgolem dostrel... i da ne nabrojuvam i sporeduvam. Prasanje e sto nie ostavivme za idnite generacii i za sto se potroseni parite. Eden slepec vcera mi napisal deka Japan dolzel najmnogu, pa da ne sum se sekiral za nasiot dolg. Pa da mu kazam na toj slepec deka Makedonija dolzi i na Japan(za Zletovica) i dolgot na Japan e 10 do 15 pati pomal vo odnos na toa sto go imaat Japonskite gragani i kompanii, pa spored toa Japan ne dolzi nisto. Naprotiv dava krediti. Nasiot narod i kompanii se bankrot, pa i struja za da platat mora da se zadolzat ili vo minus da otidat. Drzavata veke i potvrdi deka ne e sposobna da vraka dolgovi ako ne se zadolzi.
Коста Стоименовски, 26.09.2012 00:33:17
Многу пати укажував дека владата води не само катастрофално лоша економска политика, туку применува и несоодветен економски модел. Не само домашната мала акумулација, туку и добар дел од странските кредити безмилосно ги троши за разни непроизводни цели, а го применува економскиот модел кој е ,,по мерка,, само на САД, со нивниот долар како главна светска резервна валута. Тој модел е базиран на следната формула: ПОТРОШУВАЧКА УВОЗ. Меѓутоа, дури и Америка во последно време согледува дека овој модел и нанесува штети и започнува да врши корекции со враќање на порано извезените работни места во странски земји! Македонија мора итно да го напушти досегашниот целосно погрешен економски модел и да премине на моделот базиран на следната формула: ПРОИЗВОДСТВОИЗВОЗ!
lice, 26.09.2012 00:37:38
Seto ova e dobro napisano samo badijala. Na nekoj nesto ke mu fali ne. Da imavme kral ke bese nesto drugo vaka, uste 1 milijarda ke se zadolzat i menisterot za finansii ke ti kazi dobro planiravme dobro izbalansiravme i donesovne zaklucok vakov. Pet zborovi od ekonomskiot recnik i Makedonija ke odi napred. E zatoa Anglija e imperija. Kralicata ima kontrola nad se. mozi nekoj da si pravi izlet za kratko so parite na Anglicanite. da mozi ama...za kratko. Nikoj ne ja oseka Makedonija kako svoja. Aj ministerot neka trosi doma poveke pari otkolku sto ima, ke zemi kredit na negovo ime a nemozi da go vraka.Ili namesto za neophodni raboti doma ke trosi za kristalni lusteri . Ne be zlatni luge Ne. Ama ovde 2 milioni ke go vrakat ......ako imaat nekogas da go vratat. Tolku ni e otidena napred evolucijata g-ne Rizalov E bilo poinaku vo Danska da ama tie imaat poveke viugi vo glavata.
Itar Pejo, 26.09.2012 00:46:56
Koga go vidov naslovot pomisliv deka avtorot se prasuva kade otidoa parite od vleznicite za proslavata na 8 septemvri. Bese receno deka ce bidat dadeni na nekoja dobrotvorna organizacija. A potoa molk. Mene nema da me iznenadi ako se dadeni na OZGP (Organizacijata na zeni za gacite na Prometej). A kolku bese potroseno za honorari na peacite i besplaten prevoz od cela Makedonija, ne prasuvam. Znam deka toa e drzavna tajna.
zagrizen, 26.09.2012 01:13:10
Erole, ma kakov Stanovnik.Partizan pa uste komunist.Sto tie, komunistite napravija osven patista,zeleznici,skoli,univerziteti (sekako ni od daleku ne bea kvalitetni kako denesnive nasi, ih) bolnici,elektrani,odmaralista (pa uste za rabotnici, aj ti se molam, nevideno i necueno),hoteli,tuneli,aerodromi,sportski objekti,fabriki (i uste im cadea odjacite),soliden agrar... Imase edna parola vo devedesetite, odese otprilika vaka*Tito je krao, ali je svima dao.Ovi kradu ali nikome ne daju*, ova jas ne go izmisliv tuku narodot. Sega tebe i nam sekako FELIKS ke ni pojasni, se po red...... *tzi dupka ne e dupka*... ajde ubav vnucko na Baba Evda, malku tragikomedija........
Mapkoc, 26.09.2012 01:19:25
По петнаесетминутна прошетка лево-десно, горе-долу од Кмениот мост во Скопје, и на најголем „дибек„ ќе му биде јасно дека се тука истурени огромни пари. Ги следам случувањата во врска со реализацијата на таканаречениот проект „Скопје 2014„, ама ми останува сериозна загатка. Можеби ми се погрешни медиуми извори на информации, али, ете, никако да забележам енергично барање на опозицијата - во парламентот да се расветлат изворите на парите, од каде стигаат и под кои услови, со чија одлука - во време на масовна бедотија - така стравотно се задолжува земјата, и извесно води во должничко ропство. Се разбира дека не е само опозицијта таа која треба да се крене против ова безумие, ами и многу други политички субјекти во државата.
USA, 26.09.2012 01:46:00
За да се поедностави поентата на колумнистот ај да ја резонираме вака. Дали економски поисплатливо е да се купи нов, поекономичен автомобил или постојано да се поправа стариот? Дали е поисплатливо Владата да си изгради сопствени објекти за институциите или да плаќа кирии во недоглед без сопственост на објектите? Спомениците сами ќе се исплатат од зголемен прилив на туристи и економска раздвиженост. Долгорочно народот е ќар. Јас така мислам. Сигурно има такви што не се сложуваат, ама тоа е.
ФЕЛИКС, 26.09.2012 08:05:34
Би искоментирал околу ексЈУ долгот од некаде 22 милијарди долари во тоа време.Авторот добро се сеќава да едно време беше кривично казниво дело ако некој јавно каже колку е надворешниот долг.Потоа авторот добро знае кога САД ни помагаше финансиски за потоа како дедо Мраз на крајот од годината долгот се отпишуваше.Се до оној момент кога почнавме протести за ,,браќата,, од Вијетнам во 60-тите год.со славниот слоган,,Доле,Џонсон,доле Макнамара,,Е тогаш не упатија на банките за земање кредити кој не можевме да ги враќаме по прочуената Стопанска реформа пропадна.Па потоа пак со помош на Германија и др.земји почна ,,привремената работа во странство,,Да беше поинаку уште тогаш ЈУ ќе се распаднеше поради економската пропаст.Инаку сум против споменичарството,врбовидните проекти и т.н парите фрлени на нив можеа далеку покорисно да се употребат Но од друга страна има интересна случување.Како тоа Шатевци не можат да го искористат во своја полза,тие критикуваат а народот не им верува во намерите
Podgor, 26.09.2012 08:59:54
Smetam deka se potrosheni okolu 900 miulioni evra za koi nema pokritie i tie pari otprilika se potrosheni vaka :150 milioni za spomenici i zgradi 200 milioni ukradeni pri ovaa prilika niz honorari za umetnicite i gradeznite firmi,100 milioni za vladini reklami preku koi se korumpiraat mediumite,100 milioni za subvencii od koi polovinata se otideni na partiski zemjodelci i 360 milioni za plati na novoprimenite 60 iljadi administrativci i vraboteni vo javniot sektor
pero, 26.09.2012 09:06:35
Во Југославија вистина имаше неколку промашени инвестиции......... но ние со Преродбава сме целосно промашени веќе....... како промашена држава........... буквално ништо не функционира.............
Miki, 26.09.2012 09:08:05
Bi mu predlozil na g.Rizaov da se podgotvi za najbitnata tema vo se nadevam ne mnogu dalecna idnina - DALI DRUGATA VLAST NAVISTINA KE GI GONI KRADCIVE ILI...??? Zasto se nagledavme *promeni*, vakvi, onakvi, a se ostana isto, i beter, i beter..!! Novite razbojnici im zamizuvaa na starite - i stanuvaa uste polosi! E toa ke bide pocituvan novinaru *topic of the topics* - KE IMA LI KAZNA ZA APASAANAVA???
Омар Муса, 26.09.2012 09:23:31
УСА , ниедна нормална институција не прави објект , ако дадените пари се поголеми од десетгодишна кирија!По она што се знае , овие објекти ќе ја покријат киријата по 350 години. За ки туристи зборуваш? ПО некој забеган дијаспорец или организирано носење на партиски војници од провинцијата , по избор на Горското началство?Сигурно е дека има такви што не мислат како тебе (ако ти воопшто мислиш) , по последните анкети 82 % од испитаниците!
Оливер, 26.09.2012 09:24:51
Значи секој, ако не секој секој втор текст Ви потекнува од Југославија(југоносталгија). Новите движења на живеење се повеќе ќе ги доживувате како страни и одбивни, мислејќи дека нема подобар проект од југословенскиот, затоа што таму не сте можеле да ја извадите секирата од мед, а денес можеби малку се чувствувате и запоставен. Овој одбранбен механизам кој сте го создадале против денешниве тектонски изместување во живеењето нема да издржи долго. Значи, или Вие ќе го разберете реалниот свет и ќе помогнете во подобрување на истиот без да се исклучувате како што тоа го правите во овие текстови или до крај ќе останете југословенин и со вас ќе останат полтрониве кои ве поддржуваат во коментарите и тие ќе ви останат најголемо достигнување. Вака ако продолжите да изнудувате пенал (политички) мислам дека дури и сами ќе си дадете црвен картон. Јас лично верувам дека ќе имате шанса да се докажете пред младинава која надоѓа и ќе ги оправдате очекувањата на македонците.
Marioec od Azija, 26.09.2012 09:32:08
Zadolzuvanjeto vo Jugoslavija,Erol ni nabroja tri,a prvoto i najvaznoto go preskokana.Trebase koga brois da pocnes od konfiskacijata na imotot,kako podvizen taka i nepodvizen,vo vremeto na kolekivot,pa gi zaboravi zaemite za patista sto moraa na site da im se sopira od plata,ajde da ne gi vadam site dokumenti uste ne kakvi kartoni imal tatko mi vo toa vreme.A deka bila i voena sila i to treta,i to go znaeme.Ama mene me zanima nesto drugo,zosto negovata partija ne ja sprovede prvo denacionalizacijata pa potoa da izvrsuva privatizacija,sporedsekoja logika kako sto toa go napravija baltickite zemji i del vo Ceska i Polska.Ah go zaboraviv i pokolot na stokata vo 70 e godini.Inaku skoro site otvoreni fabriki nikogas nemozea da opstanat na otvoren pazar,so isti uslovi na rabotenje.
До УСА, 26.09.2012 09:55:43
Госп УСА ова што го предлагаш ептен ти е ќар до гуша. Ако одиш на економски факултет нема да положиш ниту еден испит. Владата плаќала големии кирии па убаво било да гради барокни велезданија. Ако продолжи да ја зголемува администрацијта како што направи од 75.000 на 130.000 по цела Македонија ке се градат само канцеларии. По твојата економска логика кога ке имаме 250.000 службеници, односно гласачи, ќарот од заштеда за кирии ке биде најголем Се слушаш ли што збориш бе човече, ако си во Америка молчи ова не го споменувај ке ти се смеат и тебе и нас. А за туристите што да ти кажам вистински стампедо е по рекламите во СНН. Годинава во најтуристичкиот месец јули има 8 отсто помалку ноќевања од лани. Паѓа бројот на туристи. Некако не им е толку голем мотив да гледаат бронза и жални врби без грам уметност.
Генерација 1982 до USA, 26.09.2012 10:00:09
УСА, ќе возиш стар автомобил се` додека не ти порасне платата, затоа што нов автомобил е своевиден луксуз. Ако МКД имаше 3-4 год.последователен раст на БДП од 8-9% се сложувам да почневме да градиме споменици и да размислуваме на туриститие, а вака тргнавме наопаку. Немојте 100.000 или ако сакате и 500.000 туристи(макар биле и платежно способни, а не се), да споредувате со само еден модерен автопат или ХЕЦ - Чебрен. Ерол е во право, овие пари некој, некогаш ќе треба да ги врати, а верувај дека од туризмот сигурно нема да ги заработиме. МКД 50 години е аграрна земја и нема конкурент.производ, па не верувам дека во туризмот преку ноќ ќе станеме подобри од Хрватска или Грција и дека ќе им ги земеме туристите и ќе инкасираме пари за да ги вратиме 4,5% камата на сите овие позајмици :-)
Domus aurea, 26.09.2012 10:28:23
Erole!Za ona bezdarnicko i nalunicavo trosenje na proektot Skopje 2014 i toa vo (n)vreminja, koga svet.ekonomska kriza e vo poln ek, mora da se konsultiraat i psiholozi , pa i psihijatri, bidejci mnogu raboti praveni vo toj kicerajski zbir se tesko svatlivi za zdraviot razum.( Triumfalnata porta, Prometej, zlatnite angeli, Konjanikot i negoviot tatko, korabite i sl.) Istorijata poznava takvi nalunicavi zahvati. Neron prema nekoi izvori go zapalil Rim i pocnal da go obnovuva gradejci ogromni zdanija , medju koi i negoviort ekstremno luksuzen , Domus aurea( Zlatnata kuca) pri sto go dovedol Rim do totalna ekonomska iscrpenost, pa nafrlil ogromni porezi na plebsot i provinciite, sto dovelo do pobuni.Na kraj istiot bil soboren od pretorijancite,i so pomos na svojor rob se samoubil.Negovata Zlatna kuca bila razurnata i del od nejziniot materijal e vgraden vo Koloseumot Za cudo, nitu edna od negovite gradbi ne ostanal.Onaj kutar od USA se nadeva deka navalata na turisti ce gi vrati parite
zoki, 26.09.2012 10:37:36
USA, aj razmisluvaj vaka: Grujo da zaposli edno 100000 administrativci vo kompaniite sto ke dojdat od negovite skitanja po svetot, pa nema da mu trebaat tolku barokni zgradi.Administrativcite ne nosat proizvod sto ke gi vrati kreditite.Tie se rak rana na Makedonija i se samo glasacko telo na Grujo.Zemi si molivce i presmetaj kolku godisno go olesnuvaat budzetot 170000 administrativci so realna prosecna neto plata od okolu 200-250 evra.Ne mora da ja zemas bruto platata ili onaa sto ni ja servira vladata za prosecna neto plata .
Marko, 26.09.2012 11:06:11
gi citam komentarite i se cudam. aj ovoj USA sto trese gluposti razbiram - toa mu e rabota. od kaj ke gi vratat parite spomenicite? od turisti sto sakaat da vidat spomenik izgraden 2011? jas rabotam so nevladini organizacii, sekoj mesec imam po 20tina stranci... ni se smeat, veruvajte! a site ostanati...do koga majmuni ke ne pravat a nie ke si kjutime? koga ke ni pukne film i ke se izleze na ulica pa da nemoze da se dobegaat vo stranstvo?
Трпе, 26.09.2012 13:01:05
Каде оделе парите со задолжувањето на СФРЈ оставале трага и тоа позитивна.Покрај останатата инфраструктура се градеа и станови во кои живеат голем дел неблагодарници.Становите си ги откупија за џабе.Ако не беа тие станови требаше денес да бидат во планините дрвосечи и овчари.Но со поделбата денес се функционери.Од точоци се качија во луксузни автомобили.Каде се денешните пари што се задолжува нашата влада.Ги троши во непродуктивни објекти и купува гласови кај нивните членови и симпатизери.Види мајката субвенци за земјоделие на студенти и административни работници.Го подржувале субвенционирале земјоделието без земјоделски производи.Градат споменици за да бидат запаметени во историјата.А стопанството го уништија .
Pece, 26.09.2012 13:41:26
Prasaj kaj nasive juzni komsii i tamu ke ti kazat ili podolu na Kipar a mozi i na Dejstvenite Ostrovi ili na Domikanska a mozi i vo Juzna Amerika tamu sigurno se itoa parite se pretvoreni vo zlato.
bezanec, 26.09.2012 14:09:17
Денес имав трпение ги прочитав сите коментари Заклучок; Во кој и јас спагам , Имателите на овие електронски уреди ќе трупаат баснословно богатство а сиротиот македонец,скарен мегусебно,отидено до таму што брат со брат, сестр не сакат да се видат, ги троши и последните средства за живеење, да покаже кој од кој е поголем патриот. Не погледнувајки позади себе дека детето нема што да јаде или пак шета со искинати алишта, како поговорката „за инат ќе изедам една врејка сол„
do oliver, 26.09.2012 15:18:44
oliver -ti kako bivs clen na sdsm ne bi trebalo da ja vregas YU iako si sega visok funkcioner na dpmne (mlad) sega e beter od vremeto na YU --togas bar stepenot na demokratijata bese nesto povisok
Минувач, 26.09.2012 15:55:24
Трие баба лен да и пројде ден. Сите возови заминаа и неможеме да ги стигнеме, а нашите во петок ќе запрат. Чудна е ова земја библиска нема ограничувања во издржливоста на овој забеган народ како УСА и сличните кои размислуваат со се само не со својата глава. Дали на овој народ некогаш ќе му дојде умот ? Не верувам се додека сме поделени на наши и ваши се е кажано. Добро е додека мечката игра во туѓ двор но тешко кога ќе се појави во сопствениот.Тогаш да видиме како ќе реагираат Оливер и сличните ?Незнам од каде толкава омраза кон претходната држава со помош на која и ние сме Држава.
Realen, 26.09.2012 17:36:01
Vcera komentirav i pak ke potvrdam, vladata na VMRO-DPMNE, ke gi izgubi sigurno narednite izbori. Ne deka opozicijata nesto vredi, ama ovie navistina eptem zabegaa. Megutoa, SDSM so koalicionite partii kako pobednik, ke zatekne polosa sostojba od 2002 godina, bidejki ke nasledi, prazna drzavna kasa, ogromen dolg i celosno raznebitena drzava.
pretpriemach, 26.09.2012 18:19:58
Uvabo Erole,ama za ekonomskive temi ne mozam a da ne kazam svoj komentar: Parite koi gi potrosi ovaa vlada se daleku ponamenski potroseni od onie koi gi trosese vladata na SDSM i zato niv narodot ne im veruva.... Kako??? Mnogu dnostavno.... Se gradese... I duri vo Skopje 2014 parite se produktivno potroseni, se izgradija zgradi vo koi ke se smestat drzavni institucii i istite nema da plakaat kirii na nekoi tranziciski bogatasi.... Taka ke se ustedi mnogu... E sega prasanje e: Vo socijalizmot se bese na rabotnicite, znaci opstestveno... i kako sega naednas vo vremeto na SDSM drzavnite institucii stanaa kiradzii kaj privatni lica???? Toa e prasanjeto vistinsko?????
nekoj, 26.09.2012 20:20:05
Vo necii gebovi, jasno e uste odamna i mnogu interesno sto nikoj ne se osmeli da rascisti so kriminalot tuku naprotiv ima natprevar koj ke zeme poveke. Da se gleda malku od povisoko i ednite i drugite se vo ista kal na kraj. Do tolku e se zamesano i izprevrteno sto e tesko na kraj da se izleze i koga ke se najde takov junak. Zalno e sto sekogas se napagate edni so drugi i kulturata na komentiranje e na nisko nivo, bez pocit kon drugiot i negovoto mislenje. Ne moze site da mislat isto :) No barem da preovladuvase nekoja svest pa vakvi pojavii da se stopiraa na vreme... Tesko vaka.... Mnogu e smesno koga se karate preku blogovi kako mali deca

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |