Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
01.11.2012, 16:56

Суспендиран деканот на Биотехничкиот факултет во Битола

Суспензијата доаѓа откако „Утрински“ пишуваше за обвинувањата за непотизам на битолскиот Универзитет

Анета Блажевска



Битола - Суспендиран е деканот на Биотехничкиот факултет во Битола, Љупче Кочовски. Тој вчера излезе пред новинарите, но не ја откри причината зошто е отстранет од функцијата. Веста ја потврдија и од Ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, но и тие решиле да молчат за мотивите, велат Сенатот ќе ја даде крајната одлука.

Битолската јавност веќе отворено се прашува дали суспензијата следува откако „Утрински весник“ објави текст во кој докторантот Невена Груевска од Битола обвинува дека Факултетот станал фамилијарна институција во кој царува непотизмот. „Најодговорно тврдам дека на Факултетот за биотехнички науки владее невиден непотизам, на кој вработувањето е неостварлив и далечен сон за обичен дипломиран инженер. Тоа е достапно само за одредени кругови луѓе, блиски до внатрешната структура на Факултетот и за членовите на нивните семејства“, рече Груевска за „Утрински весник“.

Суспендираниот декан Кочовски потврди дека бил отстранет од функцијата на 30 октомври со извесно образложение од ректорот на Универзитетот Златко Жоглев, за кое не сакаше да каже ништо попрецизно.

„Дека постојат основи за ваквата смена, постојат. Јас стојам зад тоа. Ова е дел од функционирањето на Универзитетот. Не би сакал да навлегувам подлабоко во причините, зашто, сепак, конечниот збор ќе го даде Сенатот“, рече Кочовски, одбивајќи да одговори дали неговата смена е поради обвинувањата за непотизам на Факултетот. Единствено кажа дека за време на неговото рако��одење со Факултетот вработил само две лица за кои тврди дека немаат семејни врски со него.

Портпаролот на Ректоратот, Елизабета Атанасоска, истакна дека на местото на Кочовски веќе е поставена професорката од БТФ Џулијана Томовска, а ректорот има право да суспендира декан поради кршење на законот и општи��е акти на Универзитетот.

„Сега имаме вршител на должност декан. Ректорот на Универзитетот проф д-р Златко Жоглев на седница на Сенат ќе образложи зошто е отстранет Кочовски. Сенатот се свикува во рок од 30 дена по суспензијата“, рече Атанасоска.

Неофицијално по пишувањата на „Утрински весник“ и откако Невена Груевска испрати писмо до премиерот, работењето на БТФ го чешлала инспекција. Па така ректорот, наводно вознемирен од случувањата, решил да ја расчисти работата. Но, Груевска во своето писмо точно со име и презиме наведува неколкумина професори кои практикувале непотизам на Факултетот и не го изолира овој случај. Таа обвинувањата ги докажуваше токму со најновиот завршен конкурс за асистенти на БТФ на кој како најдобар кандидат е избран м-р Владимир Китановски, инаку син на професор на истиот факултет д-р Димче Китановски. А, потоа следуваа имиња и на други членови на семејството на професорот згрижени на битолскиот универзитет. Груевска, која целокупниот свој образовен процес го има завршено на истиот овој факултет, каде што магистрирала во првата генерација магистри со успех од 9,75, вели дека во текот на изминатите десетина години постојано конкурира на објавените огласи за вработување помлади асистенти, но секогаш добива негативни одговори, без оглед на тоа што на сите конкурси нејзините карактеристики биле со највисоки вредности и целосно исполнети критериуми.




Статијата е прочитана 1420 пати.

Испрати коментар



„Мојот ум не размислува за перење пари“
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров



Правник, 02.11.2012 07:24:52
Луѓе, ај што е суспендиран - суспендиран е. Пак ќе кажам: како може на правниот факултет во Скопје да се вработуваат доценти со почнати а неодбранети докторски дисертации? Тоа таму што се случува е далеку позагрижувачки од ова овде!
stojan, 02.11.2012 08:22:08
Bitolskiot Univerzitet ima najpromasen rektor voopsto vo istorijata na Mk. Dobro ovaj istiot Rektor e gluv i nem za slucuvanjtata na visokata medicinska skola,znae li toj deka vrabotenite na Veterinaren fakultet primaat 30% namaleni plati 3 god,znae li toj sto pravi negoviot dekan?Znae li rektorot deka negovata desna raka NIKOLiNa ja vraboti celata familija na Univerzitetot,znae li toj deka Defektolog e vraboten na Veterina? Kaza li eden zbor rektorot zosto bitolskiot univerzitet e 4 rangiran i e poslem stipskiot?Ne ,nego mu e bitna samo foteljata i nisto drugo!!!
the daughter, 02.11.2012 12:20:41
честито за докторантката што успеа сопственото незадоволство да го донесе до ниво каде што цела македонија ќе плука по тотално невин човек на тотално неосновани тврдења. не ми е јасно како е можно од сите луѓе на позиции во македонија кои имаат членови на фамилија и блиски вработени по државни институции, да се зборува и пишува за човек кој не спаѓа во таа група. со најминимално истражување новинарите сами би дошле до тој заклучок, ама изгледа јавноста не ја интересира ништо друго освен добра приказна која повеќе ќе се продава од вистината.
разочаран млад научник, 02.11.2012 13:33:12
Честитки на Томовска за храброста да ја изнесе вистината на видело. Досега само се шепотеше за овој проблем. На УКИМ овој проблем е многу поизразен, само што од страв не се спомнува. Деканите, Ректорот а и високи службеници во министерствата (за Наука и образование; финансии) вршат голем притисок врз рецензентите да напишат позитивна рецензија за слаб кандидат а негативна за добар кандидат (доволно е да се види Билтенот на УКИМ) и така да обезбедат законско покритие за една незаконска работа. Само гоБрукаат Претседателог Груевски, кој што ведна се обиде да ја раслисти оваа незаконска работа.
mene, 02.11.2012 13:54:04
A Goce Delcev vo Stip koga ke go proceshlaatm celi familii od tatko, sinovi, kerki do snaii i zetovci, se dekani, profesori i asistenti, ili toj oti e na Gruevski nema da go dopirame?
mitko, 02.11.2012 14:13:05
па да го прашаја новинарите зошто е колетерална штета на амбициите на неговите продекани. ЕДНИОТ има вработено се што може да се вработи од семејството на универзитетот и факултетот (жена,ќерка,внук од сестра, самиот декан во кумско сродство) па сега и синот. Другиот ќерката како асистент, чистачка роднина на жена му, синот со договор на дело за ИТ опрема, Третиот синот асистент, роднина скриптарата ја работи во самиот факултет, Четвртиот , синот во администрација студенски прашања Факултетот го претворија во ПРИВАТНО ПРЕТПРИЈАТИЕ.
Profesor od USA, 02.11.2012 14:41:02
Pod itno da se otsstranat tie gugista od Biotehnickiot fakultet. Toa e teska mafija! Rektorot e iso taka nesposoben, i toj mora da si odi.
BT, 02.11.2012 14:41:17
Edinstveniot grev na dekanot e sto ne vrsese partiski vrabotuvanja po nalog na rektorot, koj zasega uspesno gi sproveduva na ostanatite fakulteti na bitolskiot univerzitet. Na Tehnicki fakultet do sega se izvrseni petnaesetina partiski vrabotuvanja, pa dekankata Vesna Angelevska-Mikarovska mirno si vraboti petmina bliski na nea i nejzinite prodekani. Znaci, si ja ispolni dolznosta kon rektorot i VMRO-to, pa moze da si vrabotuva svoi lugje. Ete zosto rektorot nekade suspenira, a nekade ne. Celosno partizirana korupcija.
Eli, 02.11.2012 21:02:34
покатастрофален избор за в.д. декан не можеле да направат, ама во прашање е беспрекорен партиски послушник, проф. Кочовски значително отскокнува од таа средина таму и навистина штета за човекот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |