Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.11.2012, 17:47

И Гоце Делчев станува пречка за ЕУ

Бугарскиот претседател не сака да слави европски датуми со Македонија, туку бара и повеќе и поконкретни

Слободанка Јовановска



Ќе ги пеглаат ли Бугарија и Македонија отворените прашања на преговарачка маса под притисок на Европската унија? Ќе има ли некаков меморандум за разбирање и со Софија откако добрососедските односи со оваа земја ни влегоа како услов за членството во ЕУ, исто како и проблемот со Грција? Иако од македонска страна има молк за овие прашања, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев соопшти вчера дека, по барање на еврокомесарот Штефан Филе, двете влади наскоро треба да ги стават на маса сите проблеми, но и идеи за подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Еврокомесарот предложи министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија да ги стават сите проблеми и идеи на маса. Очекувам тоа да се случи и врз основа на тие предлози да видиме заедно што ќе правиме“, изјави вчера бугарскиот лидер за тамошните медиуми. Без трошка задршка тој го отфрли предлогот на претседателот Ѓорге Иванов двете земји да го слават заеднички Денот на Европа 9 Мај, како „нешто многу далеку од тоа што во Бугарија се замислува како прослава на заеднички датуми“.

Според Плевнелиев, не треба да се разгледаат еден или два датуми, кои се европски и одамна признати, туку „вистински, конкретни меѓу двете земји“, па за да не остави простор на што мисли гласно запраша - а зошто да не го славиме Гоце Делчев? Плевнелиев тврдеше дека бугарските и македонските влади брзо ќе се ангажираат и ќе бараат решение, предупредувајќи го македонскиот државен врв дека не го задоволуваат писма и формирања некакви работни комисии, туку само дела. „Само по делата, не по писмата, ќе ве судиме“, рече Плевнелиев прецизирајќи дека мисли на дела за добрососедство.

„Се согласувам со изјавата на бугарскиот претседател. Потребни се дела. Подготвени сме со сите наши соседи да разговараме на официјални средби за сите отворени прашања. Се надевам дека тоа ќе го направиме на некоја идна средба, а не преку медиумите“, му реплицираше Иванов на Плевнелиев, премолчувајќи го делот за Гоце Делчев. „Идеологизирањето на историјата и промената на фактите се опасна алатка која е управувана од политичарите за краткорочни интереси и може да доведе до трајни оштетувања, па затоа е најдобро тоа прашање да е оставено на историчарите“, стоеше во писмото на Иванов до Плевнелиев околу ваквите славенички амбиции во Софија. Во него претседателот предлагаше неспорни датуми, покрај Денот на Европа и датумите кога Бугарија ја призна Македонија и кога двете држави воспоставија дипломатски односи.

„Бугарија и БЈР Македонија имаат цврсти и длабоки врски и убедени сме дека тие можат да се зафатат и да ги решат отворените прашања во добрососедски дух и врз основа на европските вредности“, стоеше вчера во официјалното соопштение на Филе за средбите во Бугарија, кој ги повика двете страни на конструктивен дијалог. Тој играше на две карти - дека Бугарија има многу што да добие од евроинтеграцијата на Македонија и дека тоа ќе и' обезбеди позитивна и проминентна улога. Шефот на дипломатијата Никола Попоски вчера сепак не сакаше да објасни директно како ќе се одвиваат пеглањата на разликите со Софија и дали ќе резултир��ат со некаков писмен договор пред самитот на ЕУ во декември. Но, јасно стави до знаење дека бугарските обвинувања ги смета за нереални, неосновани и неевропски, наспроти предлогот на претседателот Иванов.

„Битно е што сакате да постигнете и кој ви е методот. Доколку ви е целта заедничко празнување заради одбележување на фактот дека имате заедничка иднина, Денот на Европа е сосем соодветен датум и е веќе пракса во огромен број европски земји. Доколку целта ви е само да имате дополнителна тема и прашање, методот не соодветствува на тоа што сакате да го имате“, реагираше Попоски практично спорејќи ги мотивите и аргументите на Софија. За обвинувањата за националистичка пропаганда од нашата држава и за дискриминаторски однос кон граѓани кои се чувствуваат како Бугари, Попоски исто така виде драма без основа.

„Таквата оцена не ја одразува реалноста. Не сум во состојба во моментов да најдам ниту еден конкретен пример, кој би ги преточил ваквиот тип квалификации во едно определено конкретно дејство. Она што е конкретно се само изјавите што ги имаме константно“, изјави порачувајќи дека за не��о добрососедство подразбира искреност во односите, а тоа не и' недостига на Македонија. Тој повторно повика бугарските власти наместо кон историјата, да се фокусираат на конкретни проекти што се во интерес на двата народа.

„Доколку имате интерес за историја, да ги оставиме историчарите да ја третираат. Доколку имате интерес за определено практично прашање, на пример, да градиме инфраструктура, да градиме гранични премини, да се поврзуваме, да имаме заеднички проекти, да се занимаваат оние на кои тоа им е во описот на работно место“, изјави Попоски, практично затворајќи ја вратата за дискусии за тоа кому му припаѓа и како да се слави Гоце Делчев.


Статијата е прочитана 4535 пати.

Испрати коментар



Коце за Скопје, Конески за Аеродром
Парното стигна и во Собранието
ДУИ подготвува нови амандмани, парламентот не ги прима
Изнуден потег на Црвенковски. Чести избори се одлика на нестабилни држави



jovan, 02.11.2012 00:08:04
Eve moze zaedno da go slavime Haloween. Ako sakaat.
Itar Pejo, 02.11.2012 00:09:46
Ubavo im predlozi nasiot Presedatel zaednicki da go slavime rodendenot na japonskiot imperator. Arno ama bugarive sakaat preku pogaca leb. Kakva vrska ima Goce so Bugarija osven sto si se narekuval bugarin? Ili Car Samuil, koi sto i ne ni neznael deka postoi Bugarija.
VP, 02.11.2012 00:47:53
Плевнелиев и бугарскиот врв еднаш ангажирани на овој начин со сето тоа треба да се појасни и поискрени - јасно е дека во Бугарија никој ништо не очекува од Македонија ... што да очекува? Се е јасно - сценарио 4 - Блокада од друга земја - времето на приказните и очекувањата истече. Прво блокада потоа ќе видиме...тоа е тоа -за жал.
zik, 02.11.2012 01:09:23
дз ја оставиме историјата на историчарите? а секој ден историја на владините тв канали... скопје полн со бугарски споменици...
казабланка, 02.11.2012 01:47:46
Мислам дека презимето кое го носиме и сме го наследиле од нашите предци зборува доста за нас. Плевнелиев во превод значи од плевна , појаснување: Плевна -Штала До Плевнелиев ,како политичар си избран да шириш пријателство меѓу народите, со закана дека ќе ја кочиш Македонија во ЕУ интеграцијата нема да изнудиш симпатии и почит,ќе разгориш само револт и омраза. ПС: Македонија и Бугарија можат да бидат многу блиски,поблиски и од Србија со која имаме извонредни односи,но само врз взаемна почит.(Има многу работи што завршуваат на В ,а не се бугарски!)
tsrn tatarin, 02.11.2012 02:59:09
sega ke gledate 4-to poluvreme
Bojan, 02.11.2012 03:07:10
Hihihihi znaci ni Bosancite nemozat da vlezat vo NATO zosto imaat spomenik od bruce lee...amerikancite ke zabranat zosto bil niven drzavljanin :)))
do casablanca, 02.11.2012 03:49:45
predcite na Plevneliev sa od selo Plevna egeijka Makedonija, on e 100% makedonec. A ti shto sakash sboruvai.
Strumishanec, 02.11.2012 05:28:33
Goce Delchev bil bugarski uchitel vo bugarsko uchilishte,bil bugarski oficer,vo nekolko pisma se deklariral kako bugarin ,tatko mu bil bugarin i imal voenna pencija od n.s. na Bugrija ,koskite na vojvodata gi imame oti bugarite ova se fakti .Se prasham oti da ne se slavi i kako Bugarin i kako Makedonec i zashto vo Makedonja sakame da begame od nekoj fakti od istorija ?
Bogomil(ec), 02.11.2012 06:27:46
Да не од Софија дојде некој друг, европеизиран абер. Па таа плоча официјална Софија ја врти повеќе од еден век. Читајте ги коментарите во бугарските медиуми на изјавата на претседателот Плевналиев, и ќе ви стане појасно што всушност ним им пречи во денешна Македонија - бараат отворени врати за бугаризација на Македонците, што не ги признаваат како посебен етнос, на обезличување на нивната историја, јазик, фолклор, култура. Со други зборови, откако им пропаднаа воените окупации и инфилтрирањето во македонскиот национален сегмент со изпроблематизираната влада на Љубчи Георгиевски, сега се настрвени за духовно подјармување и обезличување на Македонците. Нека се слават заеднички солунските браќа СВ. Кирил и Методиј, кои се сесловенски, а што го пикаат носот меѓу Македонците. Софија систематски работи за поткопување на стабилноста на мак. држава - купува со пасоши Македонци дури и во Албанија и во Косово, а врз Македонците во Бугарија спроведува средновековна духовна тортурира.
до претседателот Иванов, 02.11.2012 06:34:45
Кога идеологизирањето на историјата и промената на фактите се опасна алатка зошто го правите тоа? Зошто го славите Александар Велики како наш предок кога историјата докажала дека ние како Словени немаме никаква врска со него? Зошто кога сите раководители на ВМРО,заедно со Делчев се сметале себе си за Бугари ги прославувате како борци за македонскиот народ кој тие не го признавале како посебен народ туку како дел од бугарскиот народ кој живее во Македонија? Зошто ја идеологизирате историјата и ги менувате фактите? Или свесно го правите тоа за, како што велите, предизвикате „трајни оштетувања“ кај македонскиот народ за полесно да го манипулирате?
Јован АН, 02.11.2012 07:38:46
А зошто би се дискутирало за Гоце Делчев кога на секому му е јасно дека тој и’ припаѓа на историјата на М а к е д о н с к и о т народ.
Жт вк, 02.11.2012 07:43:43
Да не сакат можеби бугарите да го слават во Ваташа 16-ти јуни, денот коа бугарските фашисти ги стрелаа 12-те деца?
skopjanec, 02.11.2012 07:57:52
Od kako e VMRO na vlast se skaravme so site komsii. Znaci nie sme najpametni.....
Casanegra, 02.11.2012 07:59:25
Казабланка (бела куќа) , спрема твоето познавање на работите треба да се викаш Капабланка (бела , т.е. празна глава).Плевна и штала не е исто.Штала е просторија каде се чуваат домашните животни (коњи , говеда) , а плевна е просторија каде се чува храна за нив (сено , слама). Не е Делчев Бугарин затоа што презимето му завршува на „в“ , туку затоа што така се изјаснувал тој (како и Груев , Петров , Александров , Протуѓеров , пред тоа Цар Самуил итн).Левски е на „ски“ па е Бугарин! Плевнелиев не е избран да шири пријателство меѓу народите , туку да ги застапува бугарските нацинални интереси. Треба многу да читаш , пред да почнеш да пишуваш!
Rase, 02.11.2012 08:21:35
Site cekaaat i rabotat na toa da eskaliraaat odnosite na Makedonija so sosedite i posle da recat eve Makedonija e za nikade a toa sto site grabaaat od Makedonija nee problem. Koi uste gluposti kje goltame nie a zedno i europajacive. Zar do tamu kje odi idiotlukot koj go praktikuvaat vo EU to???? Aj so nas ne siluvaat ne siluvaat ne mi e tolku nejasno znaat i elinite i tatatrite zoso toa si go pravat ama so EUro pajacite prifakjaaat taka pa i niv da gi masiraaat so isfrustrirani i sadisticki ispadi od tatarive i elinive nikako ne mi ide u glava ama aj neli taka odlucile pa neka se praat na Tose i neka izmisluvaat te sekakvi dopolnitelni uslovi za edna mnogu jaka ekonomska sila kako so e Makedonija. Znaes golem fraer si u maalo ako tepas skolsko drugarce a ti si tripati padnal vo isto oddelenie. Svaka cast za EU. Vrednosti, vrednosti i samo vrednosti. A da, da ne zaboravam Itar Pejo-Premier (ama sea sum na mislenje i na Bugarija ne samo na Makedonija.)
georgi pesterliev, 02.11.2012 08:26:10
Itar Pejo prvo da go procete Bitolskiot natpis, pa da pomisli i togas da komentira! Za Goce Delcev ssto da kazzime, toj sam go e rekol: Ssto da pravime kato sme si blgari i site imame edna opssta bolest...
Историк, 02.11.2012 08:28:43
Каква ароганција од страна Бугарија. Но сепак, на нив треба да им бидеме многу, многу, благодарни затоа што оддамна се препознавме себеси дека сме Македонци, а не Бугари, или Срби а најмалку Грци. Но, за жал, тие го развиваат анти бугарското чувство па дури и омраза кон нив заради нивната сеуште не надраснатост и заостанатост на Санстефано. Треба да се угледаат на Србите кои се надраснаа (последен доказ е претседателот Томислав Николиќ). Да не ја вадиме Ваташа, Дабница, Евреите, Страшо, ��ирче, Кузман, Орце, Дрен, Мучето..... . Тие треба да се извинат на Македонецот за злоделата што ги напоравиле во историјата која сакаат да ја делат со Македонците. Па зар и Евреите ќе ни бидат заеднички?
Миле, 02.11.2012 09:12:55
Со каква циничност се одговара на предлозите за добрососедство, тоа е чудо нешто. Па што предложил Плевнелиев, да славиме, а не да се колиме! Што маана му најдовте на предлогот? Сега на македонската телевизија се емитуваат емисии за историјата не револуционерната борба на Македонците, таму стално кажуваат дека нашите револуционери цело време носеле оружје и се организирале во Бугарија, а учествувале и Бугари во нашата организација. Што толку скокате на пријателски предлог?
naumce srbinoski, 02.11.2012 10:11:17
Uste ednas ke vi ja ispratam ovaa informacija. Eden Zadgranicen komitet na DPMNE vo Avstralija, predstaven vo javnosta preku edno radio, davase vakvo soopstenie po povod 11 oktomvri proslavata: .......mak. narod se krena na vostanie protiv germanskiot okupator ....i nisto poveke. Drugi okupatori nemase. A nie mislime Plevneliev samo taka saka da ne okupira uste ednas, mu padnalo na um. Kako toj da ne znae kade se naoga Velgosti, i Ohrid, najsvetloto minato na Bugarija. Pa, sepak, nasite patrioti se vo moda, i na glas. Do koga , do slednata okupacija na Makedonija.
Mudrec, 02.11.2012 10:12:29
Gledam bugarite, a i bugarashive nashi go berbatat Delchev so nekoi izmisleni izjavi. Ajde da gi vidime faktite. VMRO e Vnatresna (nema nadvoresni elementi) MAKEDONSKA (ne bugarska) Revolucionerna Organizacija. Vo nitu eden dokument ne se spomnuva deka po eventualnoto osloboduvanje, Makedonija bi se pripoila kon bugarija. Ako narodot Makedonski imal bugarsko samosoznanie, zosto koga konecno mozel da pravi sto saka vo 1945 ne izbral da se pripoi kon bugarija koja vo megjuvreme stanala komunisticka? A sto e so izjavata na Delchev deka koj e dobar Makedonec raboti za interesite na Makedonija, a ne na sosednite drzavi?
Sasa, 02.11.2012 10:36:33
Makedoncite se makedonci i nisto drugo najmalku bugari
Баца фаца, 02.11.2012 12:46:27
Децата од Ваташа е всуштност само 1 дете на 15 години. Другите се стари 18 до 28 години демек не се деца. Неслучаjно МАНУ зборува за младинци, а подоцна пропагандата ги смалува до деца....
cope, 02.11.2012 14:27:16
Упорно бугарија се обидува преку историјата на Македонија да ја исчисти својата историја,која е мрачна.Немат ништо светло во своето минато со што би се горделе..Кој празници да ги слават Бугарите??? Тоа што во двете светски војни биле на погрешна страна?? Тоа што ги транспортирале Евреите од Македонија??? Во Бугарија има се, само нема бугари,е тоа ги плаши нив,и затоа се запнати за Македонија како пијан за плот..А со ваквите изјави само повеќе прават да ја мразиме Бугарија..
mrijka, 02.11.2012 15:01:25
se zakacivme so grcite sega iso bugari,sto nise krivi bugari sto nie do 1.svetska vojna sme se izjasnuvale za bugari.
Goran, Bitola, 02.11.2012 15:03:39
Не ми е јасно како можеш да славиш заедно со некого, а во исто време да не го сакаш тоа? Ај Грциве што забрануваат да славиме и користиме имиња што ги сметаат за свои, пак Бугариве не тераат да славиме, ама сосила заедно со нив! И во обичниот живот е така, некоја прослава или забава е добра само ако сите на забавата се расположени и вистински сакаат забава, затоа барањево да се слави заедно е многу, многу чудно (освен ако не служи како алиби да ни стават вето, поучени од грциве дека може да прават што сакаат и да немаат последици заради тоа).
Ivan, 02.11.2012 15:43:46
Mudrec колку си мудрец е потврдено од страна на тоа дека ставаш цитати од книгата на Димитар Талев Илиндин како зборови на Гоце Делчев-на такви мудреци луѓето во светот се смеат!!
Dimitar, 02.11.2012 15:58:24
Krajno vreme e Bugarite da se oslobodat od San Stefanskiot son!
до мудрец и соре, 02.11.2012 16:09:32
Во Уставот на организацијата од 1896г. кој го напишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров,организацијата е наречена Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети.Кога повеќе би читал историја би знаел дека во ниту еден нивни документ не постои македонски народ.За организацијата која го менувала името од МРО,БМОРК,ТМОРО,ВМОРО до ВМРО,не постои македонски народ,туку само бугарски народ кој живее во Македонија.Македонскиот народ немал „бугарско самосознание“,туку раководителите на ВМРО имале „бугарско самосознание“.До СОРЕ-дали знаеш на чија страна било ВМРО во Балканските,во Првата и Втората светска војна?Дали знаеш дека биле на бугарска страна?
zok, 02.11.2012 17:01:57
Se povampiruvaat senistata od pred 100 godini. Sosedite nasi poleka gi soblekuvaat jagneskite kozi.
Kojco, 02.11.2012 17:19:55
Grujo prestani da gradis spomenici na tudji narodi, sega sme skarani so site sosedi. Grujo odise TE MOLAM
Tanev, 02.11.2012 18:06:55
Makedoncite go slavat Goce Delchev, a Bugarite Asparuh
gurabovka, 02.11.2012 18:59:47
poblizok narod od bugarskiot nema da nejdeme !!!
do Mudrec, 02.11.2012 20:01:56
Mudrec cul si za VMORO? Po vreme na Delcev nemalo VMRO, tuku VMORO /Vnatresna Makedono Odrinska Revolucionerna Organizaciq/ Ustavot velel deka nezin clen moje da bide sekoi bugarin. Toa e toa!
do oliver, 02.11.2012 20:41:57
ako nema Plevneliev kniska od dpmne-ne ke moze nisto da slavi
Stojko, 02.11.2012 21:02:49
Јасно беше (и очекувано) дека штом сме се прогласиле за наследници на античките Македонци, индиректно сме се откажале од словенство, со кое не поситоветувале повеке земји.Со други зборови, на тацна сме им ги дале на Бугарите сите македонски историски важни личности, а можда и писменост, и Плаошник, и што уште не. Освен ако тоа и не била намерата?
EU, 02.11.2012 21:55:30
Da ja smirime topkata i da im predlozime na sosedite da go slavime denot koga e izumen cusko-pekacot. Pokorisno orudie za zajaknuvanje na dobrosedskite odnosi do sega ne e ponudeno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |