01.11.2012, 17:18 Си велам
Кај сме тоа ние
Ерол Ризаов
Дали Србите и Македонците се на патот на исчезнување
„Не смееме да бидеме наивни. Во историјата важи за нормална појавата одделни народи да исчезнат. Не можат да го пронајдат своето место на овој свет, бегаат во изолација и ги снемува“. Вака деновиве ги опомена Србите Латинка Перовиќ позната српска историчарка во интервју за новосадскиот весник Маѓар Со. Таа оцени дека Србија ја прокоцкала својата европска шанса и дека на Србите им се заканува исчезнување.
Латинка Перовиќ, како голем научен и политички авторитет, почитувана и ценета во својата земја и пошироко на Балканот, храбро и гласно им соопшти на своите сонародници и на сите граѓани дека освен приклучување кон Европската Унија нема други можности и алтернативи. „Европа има свои проблеми, но никогаш не му дала ваква шанса на Балканот. Таа шанса, ако веќе целиот Балакан не ја испушта, Србија секако ја прокоцка“, им кажа отворено како своја света должност Перовиќ на граѓаните на Србија. Таа ја лоцира вината за тоа во политичките водачи и лидери кои својот легимитет го градат на докажување на тоа дека претходната власт била катастрофална. Затоа и во суштина во Србија нема политички промени по изборите, туку се менуваат само личностите на власт.
Латинка Перовиќ ја открива суштината на балканските сотојби и главната пречка зошто се испушта историската шанса за европеизација на Западен Балкан, а тоа е духот на паланката, на провинцијализмот и примитивизмот кои доживуваат вистински триумф на овие простори под Сава и Дунав.
„Србија во голема мерка е варваризирана и запуштена. За регенерација е потребен огромен напор кои самите не можеме да го постигнеме“, предочи Латинка Перовиќ, која повозрасните граѓани на поранешна Југославија ја паметат поради својата исклучителна храброст да се спротивстави на Јосип Броз Тито и неговата политика. Кон крајот на шеесеттите и почетокот на сеумдесеттите години од минатиот век беше висок функцоинер во Сојузот на комунистите на Србија. Во 1972 година е сменета поради своите либерални ставови во пресметката на Тито со тогашните „либерали“ во Сојузот на комунисти. Потоа никогаш повеќе не и се врати на политиката. Денес иако во поодминати години е активна и мошне ангажирана на разни трибини и дебати за развој на демократијата и европеизација на Балканот и Србија. Со своите јавни настапи ги разобличува злоупотребите на политиката, но особено од историски аспект ги насочува правците на Србија. Се смета за една од највлијателните личности на просторите на поранешна Југославија. Иако е на мислење дека шансите на Србија се минимални за влез во европското семејство и особено за тоа да се биде Европјанин на Балканот категорично тврди дека мора да постои напор, пред се' интелектуален напор, кој сака да одговори на прашањето кое звучи многу едноставно – кај сме тоа ние. Само после тоа кога ке одговориме на тоа прашање можеме да го поставиме прашањето како стигнавме дотука и како можеме да се спасиме и да излеземе од тука, вели Латинка Перовиќ.
Мислам дека веќе ги препознавте сличностите и разликите меѓу Србија и Македонија, нашиот северен сосед со кој повеќе од 70 години бевме во заедничка држава. Македонија ја нема Латинка Перовиќ и толку храбри интелектуалци кои гласно ќе зборуваат за нашиот варваризам, за нашиот дух на паланката, за провинцијализмот и примитивзмот кои ја разоруваат државата повеќе од било која економска криза и ја вовлекуваат земјата во изолација. Српската политика бега од соочување со поблиската своја историја, со војните од прагот на 21 век кои драматично ги намалија материјалните и човечките ресурси на дражавата. Македонија пак, наместо да ги искористи предностите што излезе од Југославија без испукан куршум е во потрага по античка историја и по пославно минато на сметка на словенството што предизвикува криза на идентитетот и ја вовлекува земјата во митови и опасен терен на антиквизација која гледана од денешен аспект е несфатлива политичка интервенција во науката. На Европа да и се продава нова антиквизација и ревизија на историјата, филозофијата, литературата, уметноста, воопшто на културата, политиката и на демократијата која самата ја создавала барајќи врска со старогрчкиот мит и подоцна со Византија цели пет века, не само што е страшно зал��дна и глупава работа, туку води директно кон маргинализација и во длабоката провинција, на тлото каде народите исчезнуваат како што предупредуваат Латинка Перовиќ и неодамна починатиот водечки историчар на 20 век, иконата на Кембриџ, Ерик Хобсбаум.
Колку е различна оценката дека и Македонија е „варваризирана и запуштена“ не ни е потребна дијагнозата на Перовиќ. Треба само малку храброст да се признае тоа што е на очиглед како се давиме во примитивен популизам и провинцијализам и дека сами без помош од Европа не можеме да излеземе од балканската крчма. Колкав напор вложија интелектуалните перјаници на Македонија да се спротивстават на интервенциите на дневната популистичка политика врз науката која директно како опиум вбризгува конфузија во идентитетските чуства на нацијата. Кој од нашите научни авторитети го постави прашањето „каде сме тоа ние“, за да добие легимитет да праша „како стигнавме до тука и како можеме да излеземе од тука“. Колку е различно тврдењето во Македонија од Србија дека нема подлабоки политички промени по изборите, туку се менуваат само личностите на власт. Колку е различно дека сите политички гарнитури штом дојдат на власт со години ни ги полнат ушите со своите претходници. Го градат своето опстојување и легитимитет, како и нивните преходници со докажување на тоа дека претходната власт правела катастрофални грешки. Кога ќе им се укаже јавно на тоа дека поради тие грешки таа власт е казнета на избори и зошто вие не ги исправивте се прават на „тошо“ и зборуваат како навиени за големите успеси и достигнуваања, кои би биле далеку поголеми да не биле грешките на претходниците.
Загрозените демократски процеси, создаваат амбиент на темен вилает на Балканот кој неминовно води кон исчезнување порано или подоцна како и секој анахронизам. Може да се водат бесконечни дебати за историски достигнувања само нема очет за едно клучно пршање каде сме тоа ние. Како живеат лугето, дали градиме земја на среќни луѓе, или на мизерија и безнадежност. До каде сме на европскиот пат за кој има општа согласност и консензус на граѓаните, науката и политиката дека нема други можности и други алтернативи. Најтажно е што младата генерација не ја гледа својата иднина во Македонија и гледа на секој начин да бега од тука. Тоа е почетокот на патот кон исчезнување ако Македонија не стаса во Европа пред нејзините деца. Ако сакате може и обратно, ако Европа не стаса во Македонија пред да си заминат децата. |
|
Статијата е прочитана 3579 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Makedonec vo EU, 02.11.2012 00:26:43 | Bez razlika dali Makedonija e vo EU ili ne, dali na vlast e SDSM ili DPMNE, vo Makedonija ke vladee mentalitetot na palankata i pametnite deca ka si odat. Nitu tie i trebaat na palankata, nitu taa im treba na niv. Se e taka kako sto treba da bide. |
| jovan, 02.11.2012 00:47:27 | Samoto ime LATINKA, kazuva dosta(Ovie iminja/preziminja Latinka, Latinovic, Latinovski...)pocnale da se davaat koga na ovie prostori se pojavile grupi koj propovedale priklucuvanje kon latinite(Vatikan).Ne mora da sum vo pravo, zo slucajov, no vredi da se spomene.Deka Srbite se*zrtvi*na Rusite, i toa e fakt.Uste za vreme na Prv.Sv.Vojna koga AvstroUngarija sakala da go popolni prostorot koj go izgubile Turcite, Srbite se dignale.Rusija gi podrzala, Srbite izginale 40% od mazite, no gi spasile Ruskite interesi. Vto.Sv.vojna bese isto, Srbite se dignaa, Hitler ne mozese brzo da ja napadne Rusija, Srbite izginaa nad 1milion, no Rusija ja spasia.Istoto gi huskaat i sega, da se digaat protiv EU.Tocno deka ako i sega ispoginat za tugi interesi, ke gi snema.No, nemora da znaci.Dek na Vatikan im smetaat Srbite, toe e fakt, i deluvaat(od vnatre)na toa da gi sabotiraat pa i unistat.Kako ke se odigra seto toa, ke vidime.Dali Rusija ke gi zastiti, ili povtorno ke gi zrtvuva sami da*ginat*, ke vidi |
| melbourne, 02.11.2012 00:49:13 | Kako i sekogas, BROJ 1 patriot e Erol,a ako drugite ne mozat toa dosega da go vidat(procitaat)togas treba da pobaraat strucna pomos. |
| Коста Стоименовски, 02.11.2012 01:20:10 | Авторот на статијава презентира мошне добра слика на состојбите на Балканот, а посебно во Србија и Македонија. Србите беа прогласени за „Небески народ“ и имаа свој „Водач“ кој заради личната власт им ја „украде“ иднината! И Македонците добија свој „Водач“ кој Македонија ја прогласи за „Библиска земја“ и „Колевка на светската цивилизација“, а корените на нацијата/народот ги најде во периодот пред околу два и пол века! Македонскиот „Водач“ кој го „усреќува“ својот народ со ТВ прикаски, лицемерно се залага за зголемување на наталитетот, а не гледа дека младите си заминуваат од државата која забрзано се празни што води кон исчезнување на нацијата, но и на државата! За разлика од Србија во која сепак може да се дебатира за иднината на нацијата и државата, во Македонија таквите можности се сведени на минимум, со опасност целосно да се забранат!? |
| USA, 02.11.2012 02:34:21 | Ако не се менуваат политиките туку само личностите, со која личност опозицијата бара промени. За историјата: таа досега е пишувана од други без наше учество. Историјата не е филм па со сигурност да тврдиме дека Тарзан бил белец. |
| BHC, 02.11.2012 02:42:53 | Dobronameren sovet do JOVAN.Nemoj da komentirash na polnok.Naspise dobro i komentiraj na sabajle.Utrinskiot vozduh dobro go osvezhuva umot.Ovoj tvoj komentar e potvrda deka ti treba osvezhuvanje.Veruvaj mi. |
| pameten, 02.11.2012 05:21:54 | Srbija prezhivea nacionalna katastrofa barajki nemozhnoto. Zemjite kade shto imalo Srbi (Krajna, RS) imale pravo da se pripojat kon Srbija. Kosovo koe shto bilo samo formalno del od Srbija nemalo pravo na nezavisnost, duri na znachajna avtonomija. Sakajki se, Srbite ne dobija nishto i bea zhestoko porazeni. Makedonija nemala ambicii pogolemi od ovo da opstane kako drzhava i kako narod. No od strav za identitetot se plashi da ja prifati istorijata kakva shto bila. So Srbija mora se gradat dobri odnosi, no e vazhno da se sfati deka po site porazi taa nikogash povekje nema da bide faktor vo Makedonija, nitu kje ima vlijanje koga se odluchuva idninata za Makedonija. Strateshko partnerstwo mora da se bara na drugo mesto, so istochniot sosed. |
| od ostrijot, 02.11.2012 07:03:50 | erole nije nema daiscezneme nego kebideme rasjani pocel svet kako i romite narod bez drzava. |
| Богомил(ец), 02.11.2012 07:15:26 | За кои интелектуалци зборувате. За оние што немаат јазик, чии мисловни центри закржлавуват, со исклучок на оној за трговија, за алчност за фотелја, што секавично прогресира. Наместо светста за нивната стожерна улога во општеството, најбрзо почнува да им се развива волуменознста на телото. Парата им е единствената инспирација. Зарем ги слушнавте да проговорат за катастрофалната состојба во образовниот систем, во кој единствено тие материјално профитираат. Академијата на науките, место во куќа на белокоси мудереци се претвори во прифатилиште за дневен престој на задремани, анемично и апатични старци. Со кој квалитет и авторитет треба да се воздигнуваат,бранат и заштитуваат македонските национални добра - идентитетот, јазикот, историјата. Секако со оној на интелектулаците, а не со волунтаризмот и лимитираниот капацитет на политичарите, кои успеја интелектуалната сила во државата, поради нејзиниот подајнички ментален склоп, да ја стават во служба на својата пропагандна машинерија. |
| penzioner, 02.11.2012 07:20:04 | До Коста, се извинувам за еден поранешен коментар кон вашата личност. Погрешна процена. п.с. Јоване ајде малку на БАЊА, верувај ќети годи. |
| ФЕЛИКС, 02.11.2012 07:29:44 | Кога се споменува ,,Балканската крчма во која на полноќ се гаси светлото и се вадат ножеви,, ( Крлежа)свој голем допринос имаат и демократските Европејци.Кој раководени од сопствени интереси ги потикнуваат Балканските ,,варвари,, да се однесуваат како што се однесуваат.Најдобар пример се војните во 90-тите во кој не се дозволи менување граници за 3-4 год. се дозволи промена на истото со инсталирање нова држава.Од нас и од Србија се бара да го промениме името и да се признае новонастанатата ситуација со Косово,додека полоши држави се примаат во членството на ЕУ и НАТО.Земји кој имаа невиден домашен хаос како ограбување воени магацини и припрема за нова Балканска држава.Други им ја креваат косата на оние од Брисел со невидена корупција и спрега на криминалот и власта,и беше како последица секидневни убиства по улиците.И што е најкомично женскиот дел од популацијата на некои членки на ЕУ беше на ,,современа работа,,во западниот дел на РМ.За овие последниве одлучи близината со Русија. |
| Прекрстени во ЕУ? Благодарам - НЕ!, 02.11.2012 07:51:35 | Ероле, изгледа уште не можеш да разбереш дека побргу ќе исчезнеме ако влеземе во ЕУ прекрстени. |
| Buntovnik, 02.11.2012 08:04:25 | Dali Makedonija ke iscezne ili ke postoi toa nikogo ne go interesira, samo makedoncite. Scenarioto za razvitokot na NWO Noviot Svetski Poredok, si tece. Po toa scenario svetot ke bide sozdaden od 4 zoni. Amerockata zona so juzna i severna Amerika, Evropskata zona so segasnata Evropa, balkanot i Rusija, Africkata i Azijskata zona. Konacno ovie zoni ke go odvedat svetot vo conceptot, eden Svet, edna Vlast edna Vojska, edna Banka. Ova e conceptot na segasnata technokratska mafija na corporativnite sili. A dali Makedonija ke bide smestena vo ovoj concept so ova ili so ona ime voopsto ne e vazno. |
| Омар Муса, 02.11.2012 08:05:37 | Алкохолот е страшна работа.На нашиот УСА , репер за историја му е Тарзан , измислена личност. А , со која сигурност јас да знам дека УСА не е Чита (миленчката на Тарзан)?! наку , би знаел дека одговорноста е на власта , а не на опозицијата , каква и да е таа. |
| jovan, vlada @, 02.11.2012 08:58:03 | Така е почитуван г-дин Ризаов, оваа „примитивизирана“ и „варваризирана“ ем попаланчена Македонија може на европскиот терк и историски како Феникс да ја воздигне од пепел Сојузот за иднината на чело со Б.Ц,Љ.Г и останата проевропска опозициска герила со нејзините европоиди (соросоиди :D).-„Загрозените демократски процеси, создаваат амбиент на темен вилает на Балканот кој неминовно води кон исчезнување порано или подоцна како и секој анахронизам“ И така кога дојде здружената опозиција на чело со Бранко Црвенковски Македонија влезе во ЕУ,економија дојде на нивото на Шведска,животниот стандард како во Норвешка а нашето однесување како Французи џанам.Е ова е за тоа што народот веќе не ве перцепира како што сакате вие,како Европејчиша од најглем ков,зар мислите дека народ нафта пие па со истите фори што му ги правевте на ЉуБчо мислите дека ќе се вратите повторно со вашите „ескперти“како она гревче кое ја плукаше цела држава на некоја бугарска новинска агенција.Епа неможетолку е прочитани сте |
| девичанецот, 02.11.2012 09:05:50 | Почитуван Ероле,
Си се фатил за Латинка, како пијан за плот.
Оди во прибалтичките земји, или ете поблиску, во Бугарија, па погледај што им се случи со влезот во ЕУ.Последниве 20 години, Бугарија е намалена за повеќе од милон жители? Во Естонија, Летонија, Литванија..цели градови се празнат..се населуваат со Белоруси, Украинци...
Србите и Македонците, повеќе ќе опстојат ако не влезат во ЕУ. ЕУ е пред распаѓање, или ако остане уште некое време, се работи за интересите на САД.Нема секако да работи за интересите на Македонија и Македонците, ако ние влеземе во ЕУ. Тоа биди повеќе од сигурен.
Опасна е тезата на ширење на лажни пропаганди. |
| Миле - Охрид, 02.11.2012 09:19:34 | Многу добро прашање. Кои сме тоа ние? Кои сте тоа вие? Ние сме тие кои се обидуваме да опстанеме (како тигрестиот рис Ристе). Се обидувам�� да живееме на својата територија, според општоприфатените правила преточени во меѓународни конвенции за човекови индивидуални и колективни права и слободи. Меѓудругото сакаме (како и другите) историјата на територијата на која живееме да ја проучуваме, славиме и да ја прифатиме како своја. Вие сте тие кои лажно се претставувате како „Ние“. Така, во името на „Ние“ навредувате, клеветите, дисквалификувате и барате од нас да прифатиме дека не сме еднакви со другите. Барате да се откажеме од нашите права, бидејќи такви права им припаѓат на другите (кои први се сетиле истите да ги присвојат). Ширите национализам и омраза, ги преценувате соседните нации доделувајќи им имиџ на супериорност со право на исклучивост. Го потценувате македонскиот народ. Поддржувате реакционерна политика на прогонување, истребување и угнетување на другите на Македонците. |
| Miki, 02.11.2012 09:39:25 | Ne e najstrasnoto sto Rizaov e bolno vo pravo tuku sto seuste ima likovi koi go branat ludilovo (ke si se prepoznaat)..Pa koja e taa patologija, dijagnoza, da branis nesto sto te unistuva tebe, idninata na tvoite deca (ako gi imas), idninata na site nas?? Dali tie trieset srebrenici koi ti gi potfrlaat se nad opstanokot na ovoj narod, na ovoj jazik, na nasledstvoto na Sv.Kliment? Dali smesniot son deka si bozemen *anticki* navistina ti go zamajuva umot ta da ne gledas deka so toa lazlivcite te vodat kon bezdna?? Ne gledas dodeka nekoj te mafta so natalitet se sto vredi brka od drzavava?? Samo Bog pomaga na bednite po duh - pa mozebi ima nadez... |
| Касандра, 02.11.2012 09:40:57 | Кој вели дека секој народ мора да има своја држава? Историјата е полна со народи кои дошле и исчезнале. |
| До Јован и Миле, 02.11.2012 09:56:41 | Јоване, дибече, велиш штом се вика Латинка, се е јасно, демек таа е за Ватикан. А, знаеш ли што значи твоето име. Човече ај прочитај малку, кликни на тоа комјутерот ако знаеш како се прави тоа, па види која е таа жена Латинка Перовиќ штом веќе ништо не знаеш за неа. Кога ке видиш ке се уплашиш од сопсвената глупост што си ја кажал.
А ти Миле. читаш брзо како да си заљубена плавуша шипарица. Па не пишува „кои сме ние“, туку „кај сме.“ Плавушите не разликуваат што значи „кои сме“ со „кај сме.“За нив тоа е исто. |
| Mitko, 02.11.2012 10:12:31 | Fala ti Erole za kolumnite za koi se facam kako davenik za slamka koga pocnam da se davam vo moreto od rezimski praznoglavi novinari koi gi kalapat nivnite statii! I bravo sto izdrzuvas i pokraj postojanite napadi od onie koi povece bi sakale na tvoe mesto da stavat nekoja blagonadezna VMROv.a koja bi pisuvala za uspesite na vladata i nejzinoto patriotsko zacuvuvanje na imeto! |
| Mudrec, 02.11.2012 10:23:37 | Pozdrav do Mile Ohrid, taka se bori protiv besmislicite na Erol i negovite bezglavi poddrzuvachi. Jas samo ke dodadam deka Makedonija e najkosmopolitsko mesto na Balkanot. Nekoi drzavi koi se pogolemi i postari se mnogu poprimitivni, kako na primer bugarija i grcija. |
| zagrizen, 02.11.2012 10:24:39 | Jovan,vlada@,*Vasa vacua maxime sonant*(praznite posudi najako zvonat) rekle Rimjanite.Zosto kazuvas minato,kazi ja denesninata.BC i LjG zaboravigi, niv gi nema na politicka scena podolgo,ta zatoa i gi trgnavme,neli,i?!Makedonija *procveta*?Kazi edna pozitivna rabota sto funkcionira vo segasno vreme.Nadvoresna politika,vnatresna politika,megjunacionalni i etnicki odnosi,ekonomija,skolstvo,zdravstvo,praven sistem?Sto?Sto pravime so kriminalot,so ubistvata,samoubistvata,odenjeto na mladite *one way ticket*,so odumiranje na drzavata.Za da kritikuvas gjubreto kaj komsijata treba prvo tvoeto da go iscistis.FELIKS,pak kines zeleni,ke mi te kara baba ti Evda,so pravo!Erol za zal e vo pravo,a kolku bi sakal da gresi,da go iskarame. |
| Istorijata spored Jovana, 02.11.2012 10:46:35 | Ete nasiov bistoumnik Jovan pronajde asocijativna vrska pomedju Latinka i Vatikan?! Askolsun na akalot Jovane ! I ne e samo toa , ami ni ja objasni istorijata , kako toa Srbite vo I-ta Sv. veoja izginale za Rusija, pa isto taka i vo II -ta .Jovane I-Sv. vojna zapocna posle atentatot na princot Ferdinant, sto predizvika napad na Avsto-Ungarija na Srbija, a Rusija Anglija i Francija se stavija na nejzina strana.Povod za Vtorata Sv. vojna bese napadot na Germanija na Polska. Togasna kralevina Jugoslavija bese napadnata od Germanija poradi otfrlanje na trojniot pakt na 27 mart, po sto sleduvase napad na Jugoslavija. Dobro ti kazuva eden dobronamernik. ; nemoj da pisuvas posle polnoc, pisuvaj nautro posle disenje n a cist vozduh, koga mislite ti se najbistri, pa mozebi i ce uspees da napises i nesto pametno.A toa deka sme dlaboka provincija i zaplisnati so varvarizam i primitivizam e toku ocigledno, sto nema potreba da se dokazuva. |
| кич душманин, 02.11.2012 11:53:07 | So zakon da se zabrani turbofolkot kako stil na ziveenje ... ete toa e pojdovnata tocka za spas na balkanot (poseben akcent i specijalni merki vo Srbija i Bugarija kako ekstremno infestirani so kic). Turbofolk mafijata e generator na zloto .... |
| Сеирџија, 02.11.2012 12:00:26 | Од вакви „паметњаковиќи“ како тој дотичниот „Јован“, Србија и Македонија дојдоа довде - до опашката на историјата ... |
| do Jovan Vlada, Mile-Ohrid, devicanecot, mudrec i ostali..., 02.11.2012 12:04:08 | Najprvo na Erol bi sakal da mu se zablagodaram javno za brilijantnite tekstovi i samo neka prodolzi taka. Uzuvam koga go citam.
A na Jovan, Jovan-Vlada, Mile-Ohrid, devicanecot, mudrec i USA i ostali bi im preporacal da si ja citaat Mirka i Latas dodeka jadat burek so Janko i Milenko i neka si gledaat MTV.. bidejki ocigledno nemaat dovolno kapacitet i intelekt da gi razberat tekstovite na Erol. Zagrizuvacki se vasite komentari tuka, pa kako bre mozete da tropate takvi gluposti i zivi da ostanete.. Pozdrav |
| konsternirani, 02.11.2012 12:07:49 | Imame, ne e tochno deka nemame, glasni i hrabri intelektualci koi ni gi otvaraat ochite, pr: prof. Miroslav Grchev, Nikola Gelevski, no za dzabe, malku se. I vednash, apopogetite na filozofijata na palankata buchno i agresivno gi napagja kako predavnici. A, na shto se pedavnici? Samo na palankata i primitivzmot! So istoriski inzhenering ne se gradi stabilna i moderna drzhava. Vtoro, najdobar pokazatel za toa kolku edna drzhava e silna e, berzata. Poglednete ja nashata berza, edvaj zhivurka. E. tolku ni e mokjna i drzhavata, a nashite vlasti prodolzhuvaat da ne zamajuvaat so neshto shto ne se machka naleb, istorijata |
| cane sokolovski, 02.11.2012 12:22:34 | Нациите доаѓаат и си одат, човекот останува. Уганда, Феликс е формирана, од две кралства-Буганда и Бјурунди! Како народите на тие две кралства се согласиле да го изгубат својот идентитет? И тоа не важи само за овие две земји туку за стотици повеќе! Абсолутно не верувам дека луѓето од тие земји го губат својот идентитет! Тој секако не е во името туку во душата. Само извитоперени умови веруваат дека длабокото минато ја дефинира реалноста, освен во делузиите за нашата „великост„ каде скромноста е мислена именка. Всушност ова е резултат на инфантилност, поврзана со длабоки комплекси за помала вредност рационализирани со „величината„ на името, кое единствено кај нас од сите Словени (ако сме словени) е базирано на територија! |
| Hudini, 02.11.2012 12:48:24 | Posebna e makedonskata patologija. Seta energija se nasocuva kon negativen ishod. Istorijata ne trpi gubitnici, a se so koesto ke se nafati makedonecot dava negativen ishod. Od Krusevskata republika pa navamu. Zgora na toa, normalni lugje se proektiraat vo idnina. Zivotot i ne e nisto drugo osven postojana proekcija vo idna sostojba. Samo naseto opstestvo se proektira vo minato. Seto toa go definiraat ludi lugje, koi se sto baraat e da se zgolemi brojot na zbuneti za da ima odnos. I sega, ako covek se proektira vo minatoto, kako moze utresniot toj da doceka da bide podobar vo idna sostojba odosto e denes? Pa za nego stvarnosta zapocnala i zavrsila pred 2000 i kusur godini. |
| Caki, 02.11.2012 13:15:09 | Eve , Miki jas se prepoznav vo tv. pisanie , i te prashuvam koe ludilo branish ti? Pred nekoj den na bugarska TV gledav izjava na bugarski pratenik vo evropskiot parlament , koj tvrdeshe deka makedonskiot narod e izmislen od komunistichkata partija!? Pa ima li neshto poludo , da veruvash deka partija mozhe da izmisli narod!? A ushte poludo e shto vo 21 vek , pratenik od EP koristi retorika od vreme na totalitarizmot!E Miki ova e poludo i od voinot. |
| Mira, 02.11.2012 14:45:26 | prekrasen tekst. samo da dopolnam deka vo Makedonija za zal ne se sozdadoa intelektualci od rangot na Latinka. |
| ИВО АНДРИЋ, 02.11.2012 14:57:16 | „Дуготрајно робовање и рђава управа могу толико збунити и унаказити схватање једног народа да здрав разум и прав суд њему отанчају и ослабе, да се потпуно извитопере. Такав поремећен народ не може више да разликује не само добро од зла, него и своју сопствену корист од очигледне штете.“
|
| respekt, 02.11.2012 15:14:45 | Ноторна вистина е дека, политичките лидери на Балканот го градат своето опстојување и легитимитет на докажување на тоа дека предходната власт била катастрофална. Во Македонија состојбата дополнително е отежната поради тоа што на власт моментално се воглавно, отпадници на двете најголеми партии. Оттука, сите ѓубрешки работи што ги применуаа предходните партии и влади--денес се до совршенство софистицирани. И сега? ,,Како стигнавме до тука,, -- знаеме, а ,,Како ке излеземе од тука?,, По мое мислење само интелектуалци од типот на: Ерол, Младенов, Героски, Ј. Костова, Г. Михајловски , Б:Секуловска --можат и мораат(како света должност на интелектуалци)да го ,,освестат,, овој народ. Велат, когаш-тогаш, сето тоа народот ке го позлати! |
| До„jovan, vlada„, 02.11.2012 16:01:48 | Си ја промашил темата . Во осмолетка за ова се добиваше единица . |
| do cane, 02.11.2012 16:16:25 | Togas ajde cane sosednite drzavi neka si gi smenat nivnite drzavni iminja ako ne se vazni iminjata.Teritorijata se vika Makedonija poradi Makedoncite.Makedoncite mnogu,mnogu odamna i go dale imeto Makedonija na ovaa teritorija.Imeto Makedonija bilo na Balkanot i koga iminjata na sosednite drzavi ne postoea.Ti cane izgleda imas kompleks na niska vrednost |
| nekoj od nadvor, 02.11.2012 16:41:16 | Vo Makedonija se zosdavaat intelektualci no nikoj takov ne ostanuva. Kako da ostanam tamu koga se sto jas veruvav vo Makedonija bese glupost? Makedonija si ostana na istoto a jas zaminav i se nadminav sebe si. Isto taka ne sakam bash da go koristam zborot intelektualec zasto pogresno e razbran. Silata e vo toj sto umee da bide navistina chovek-da si gi prepoznae svoite kvaliteti i da se pochituva sebe si dovolno za da go smeni svetot okolu sebe. Vo Makeodnija mnozinstvoto se nasocheni sprotivno od sebe si, a sekoj vtor veruva deka chovek se stanuva ako se bide intelektualec. Vistinata e taa sto mudrosta doaga od vnatre od vas a ne od nadvor i so toa kolku ste naobrazuvani ili nachitani. Uchenje ne e isto so chitanje. KAko i da e nikoj identitet ne ostanal tolku dolgo ignoranten kon sebe si, taka da i makedonecot eden den ke se smeni i ke pochne na podobor. 20 godini se malku za toa. Pozdrav. |
| dule, 02.11.2012 17:43:56 | sto mu drndate na Jovan sosema tocno i isprvano rezonira,Malku vie ispitajte povece pa ce vidite deka e taka ,ednostavnoto tumacenje e najtocno, |
| После Србија и Грција и Бугарија ќе исчезнат, 02.11.2012 18:57:33 | Се се врти се се менува. Како било пред сто години пак така ќе биде. Србија е самата виновна. Малку и било што од еден пашалук се зголеми на туѓи територии. Направи десетина српски краини во Хрватска ама бурата ги збриша, војуваше и изгуби. Во Босна кланица. За Косово. Така и Грција и Бугарија превисоко носот го дигаат а лежат врз македонски и албански територии. Во Грција и Бугарија има четири милиони асимилирани Македонци. И незнам колку во Грција асимилирани Албанци. На тие луге им е сеедно во која држава ќе живеат.Има и луге што се свесни дека се Македонци и Албанци. Затоа после Србија ќе се смалуваат Грција и Бугарија. Ќе се врати состојбата од 1912 година. Лагите и украденото немаат вечност. |
| Karolina, 02.11.2012 19:05:26 | Mislam deka site nie sto komenirame tuka barem za edno bi se slozile: Најтажно е што младата генерација не ја гледа својата иднина во Македонија и гледа на секој начин да бега од тука. Vistina e? Ako e, togas nie sme tamu kaj sto ne sakame da bideme, nie samite ili nasite deca. Kaj sakame da begame? Vo Evropa, USA, Avstralija? I zosto? Oti na sekoj normalen covek ( i voopsto ne e vazno na koja nacija i pripagja) mu treba platena rabota, moznost da si go izdrzuva semejstvoto, dostoinstven zivot, gragjanski prava. Prosto e neverojatno vo kakvi se filozofii zapagjame so toa izbegnuvajki da gi postavime i odgovorime najfundamentalnite zivotni prasanja. |
| Titanic, 02.11.2012 21:54:06 | Kade sme nie? Nie sme dovedeni tochno tamu kade shto sakashe da bideme zapadnata laboratorija so toa shto poveke od 30 godini na niven platen spisok imaaat nashi politichari, profesori, novinari i se drugo shto im trebashe da ja ostvarat celta. Kakov e izlezot? Naskoro 10-20 godini ke bideme primeni vo evropa-titanic i ke si go zavzememe mestoto vo utrobata na brodot, treta klasa, kade shto ke imame izobilie od valkani raboti. Koga titanic ke udri vo santata mraz, onie od prva klasa, malku grebnati ke se spasat, a tretata klasa ke ja snema. Nam ni treba mal brod, no so dobra posada. |
| EU, 02.11.2012 22:17:40 | Tocno taka, vo srpskata krcma sekogas imalo i ke ima hrabri i ne podkuplivi umovi, za razlika od nasite, sitni dusicki, gladni za korce lebce. Kako potvrda moze da se zeme i edna kolumna vo denesniot Dnevnik
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|