Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
26.09.2012, 17:18

Мое ќоше

Пијан брокер и трезен премиер

Ерол Ризаов

Која е разликата во купувањето нафта и градењето споменици за 400 милиони евра

Пијан брокер минатата година направил дар-мар на светската берза на нафта. Ја кренал цената на барел суров петролеј до облаци. Извесен Стив Перкинс (34) една јунска вечер во Лондон во својот стан натрескан го вклучил лаптопот и купил седум милиони буриња нафта. За миг ја собрал целата слободна нафта за што неговата компанија платила 520 милиони долари, околу 400 милиони евра. Тоа предизвикало паника на берзите и ја зголемило светската цена на нафтата на највисоко ниво во изминатите осум месеци.

Шокантното прашање е: зар може еден човек да направи такво нешто било трезен, било пијан. Пошироката јавност дозна по една цела година сложена истрага дека тоа е вчудовидувачки лесно. Еден замрачен ум за неколку минути од својата фотелја активирал тревога од светско геополитичко значење. Цените по барел за половина час пораснале за еден и пол долар, а обемот на тргување на берзите се зголемил за десет пати. Кога неговите претпоставени утрото откриле дека е неовластено купувањето, веќе било доцна. Од збрката на светскиот пазар што ја предизвикал нивниот брокер компанијата покажала загуба колку што изнесува нејзиниот вкупен годишен приход.

И нашиот премиер Никола Груевски почнал како брокер, но за наша голема среќа тој не пие воопшто алкохол и секогаш е трезен. Откако е во политиката, повеќе од една деценија, ниту се чуло ниту се видело, па дури ниту шпекулативно не се спомнало дека се напил алкохол повеќе од една чашка колку за наздравување. Дури ни на свадба, или на значајна прослава, јубилеј, приватна забава, премиерот некој не го видел барем малку поднапиен. Сите свои големи одлуки нашиот премиер ги носи со полна одговорност во добра здравствена состојба, секогаш во рамките на законските и уставните овластувања. Со една таква трезвена одлука почна изградбата на грандиозниот проект „Скопје 2014“, кој според некои процени чини некаде околу 400 милиони евра, исто онолку колку што потроши пијаниот брокер за еден саат и направи геополитички хаос во светот. Всушност, треба да се каже и тоа дека вистинската цена на најголемата македонска инвестиција во изминатите 21 година независност сконцентрирана во строгиот центар на главниот град уште никој официјално не ја соопштил. Тоа е најголемата тајна која може да се дознае по повеќемесечна независна истрага која е можна само по промена на власта. Јавноста во Македонија засега не смее да дознае колку пари чини најголемото стратегиско вложување откако влеговме во демократијата.

Македонските вложувања во потрага по пославно минато нема да ја нарушат светската берза, ниту, пак, цената на бронзата, на каменот, на мермерот и на врбите нагло ќе рипнат. Тие само во Македонија и во дел од соседството направија економски и политички земјотрес. Цената за тоа ја плаќаат граѓаните на Македонија кои живеат убедливо најсиромашно во Европа, каде што невработеноста на вискообразованите луѓе изнесува 52 процента, а со средно образование 38 проценти млади се без работа според ОЕЦД, што не' сместува длабоко на европско дно и под земјите кои се пред банкротство. Во време на светска економска криза и рецесија една сиромашна земја да се одлучи да гради стотици споменици од политички причини само за да ја крене гордоста на новите патриоти и да се осигура изборна победа е чин без преседан, кој е направен целосно обмислено и трезвено. Да се одржува власта со помош на Александар Македонски, со Филип Втори, со неговата сопруга Олимпија, со Прометеј гол или облечен, сеедно, со Јустинијан, со Триумфална капија, со златни ангели, лавови, со цели ергели бронзени коњи, фонтани, со кораби и жални врби заринкани во Вардар, со Мајка Тереза и Скендер-бег, со бесмислено насадени мостови на секои 50-100 метри, со античко, византиска, вмровско преородбеничка голема збрка на скопскиот плоштад и околу него и притоа да се потрошат стотици милиони евра ја надминува бизарноста и на пијаниот лондонски брокер. Навистина, мора да е многу тешко да се направи сето ова при полна свест. Ама ете се направи со големи жртви. Спомениците во Скопје се изградени со пари на граѓаните и со заеми кои ќе ги враќаат идните генерации. Должничката владина криза не е предизвикана пресудно од влијанието на светската криза, туку најмногу од вознесот на преродбата.

Разликата меѓу пијаниот брокер и трезниот премиер, кои горе-долу потрошиле исти пари, еден купувајќи нафта во една вечер, другиот градејќи споменици неколку години, е во тоа што во Лондон можеби ќе банкротира една мала брокерска компанија, а кај нас се тресе една мала држава со два милиона народ. Па сега вие измерете што е полошо.


Статијата е прочитана 3591 пати.

Испрати коментар



Административен монструм
Идната Европа
За илузијата „како појава и болест“
Колатерална штета по Бадинтер



Prometej, 27.09.2012 00:56:20
Bravo, ova do sega e najdobar tekst so soodvetni paraleli. Mnogu dobro napraveno. Bravo uste ednas, sekoja cest.
граѓанин, 27.09.2012 01:18:33
Не можам да ја разберам психологијата на тој човек а уште помалку на подржувачите на овој луд потфат. Во почетокот си реков ќе го послушаат гласот на народот и по 2, 3, 4, ај нека се до 5 споменици ќе престанат. Тие уште се токмат. Поготово се разочарав кога видов дека иако имаше големо спротиставување за Триумфалната порта истата се изгради (заврши) за многу брзо време (додека некој суштиснки објекти се влечкаат) - е тогаш ми стана јасно дека станува збор за патолошка суета. (Минатата недела посетители од Индија ме прашаа за капијата *Ова е реплика на таа од Париз?* ) И сега е невкусно да се вадат дека кризата била глобална, кога Скопје2014 го започнаа со зборовите дека кризата завршила и не одминала. Дијагноза - ниту ум ниту срце.
Sch, 27.09.2012 01:46:14
Erole,nepresmetlivosta ne mora stalno da se povrzuva samo so alkohol.Svedoci sme na mnogu nepresmetlivi odluki i vo terzna sostojba.I da ti kazam pravo, toa e mnogu poopasno.Onaj broker napravil steta vo pijana sostojba, no koga se otreznil, uvidel deka pogresil. No ovde se raboti za edna nepresmetlivot i ludilo, koe trae so godini, i sto e najvazno nekoi toa uporno go percepiraat kako najgolem uspeh i dostrel na vladata i prodolzuvaat ponatamu so takvi zamisli.No nesto bi te prasal Erole.Sto bi napravil ti, koga bi bil vo situacija na Buckovski, za koga eve Katimeriuni objavi deka imal luksuzna vila na Halkidiki? Dali bi se kriel od javnosta i ne bi kazuval nisto ili bi se pojavil da objasnis za sto se raboti? Posebno koga znaeme deka za Buckovski se vleckaa mnostvoi aferi, pa i eden sudski proces. Ete toa e taznata slika na Makedonija. Edni vo bezdarnicki zanes trosat milioni evra vo bronza ,a drugi eve znaele koga bile na vlast kade da gi kapitaliziraat sumlivite pari.
Libero, 27.09.2012 04:12:05
Erole a tvojot milenik BC koga ke se otrezni,kolku i da plukas po ovaa vlast ke vladeat uste minimum dvaeset godini,nema druga alternativa, opozicijata e pijana i nema nadez deka ke se otrezni.Koga ke dojde SDSM na vlast ke rusele i toa so francuski klucevi,Frceto e genijalec, samo napred do novi porazi.
euro, 27.09.2012 05:14:23
Posto e se sporedba,jas bi dodal i ova:Na trezno go napravil toa sto go napravil moze da se zamisli sto moze da napravi na pijano.E sega se postavuva prasanjeto, kako e da bides celo vreme pod gas a da ne napravis nisto.Ne, ne, ne obvinuvam samo meram sto bi rekol Erol.Siguren sum deka ni Erol ne misli kako sto napisal, slaba mu bila inspiracijata denta.
Prijatel, 27.09.2012 05:37:35
Za edno ne si vo pravo. Proektot ne e graden soglasno postoechkite zakoni. Toj e klasichen primer za prechekoruvanje na vlasta definirana so ustavot i zakonite shto ja ima eden Premier, delo poznato kako ovlastuvanje, kaznivo po krivichniot zakon na RM.
nato-jato, 27.09.2012 06:48:03
Koga vo edna drzava dvizecka sila i najvazen faktor se penzionerite jasno e kako bel den kade i e idninata...
jovan, 27.09.2012 07:10:05
Nie veke ja znaeme dijagnozata, no prasanje e sega dali znaeme sto e lekot i dali go ima. Ako go ima, kade moze da se nabavi i dali sme spremni da go platime. Ako znaeme kade go ima i mozeme da go *kupime*, ima li maz koj moze da go natera pacientot da go zeme lekot. Po ovoj terk i redosled treba da pocneme da si go resavame problemot, pa ke vidime dali mozeme ili nemozeme da se spasime, i koj e problemot sto ne mozeme da se spasime. Nema li lek, nema li pari za lek, nema li koj da go dade.....??!! Pa ke se bara nekoe treto care. Vaka od pisuvanje i vospostavuvanje dijagnozi veke ne vredi (nema lek), ne samo za spomenicite, nego i za mnogu drugi nesta.
mile, 27.09.2012 07:22:57
Разликата е голема Ероле !!??? Нашево Премиерче решава со трезен ум, ама па има 2 милиони следбеници што ја пијат нафтата на пијаниот БРОКЕР............ Значи, ИСТО НИ СЕ ФАЌА..............
Idadija, 27.09.2012 07:29:55
Eh, da e samo 400 milioni evra. Ako e Aerodromot 100 milioni evra, a ne e, togas Skopje 2014 cini 900 milioni evra. Realna procenka e smetkata na krajot da iznesuva nekade okolu 700 milioni evra.
ФЕЛИКС, 27.09.2012 08:22:16
Повторно омилената тема за спомениците кој за воља на вистината и мене многу ми пречат.Па така авторот вероватно во недостиг на инспирација поедини куриозитети во светот ги поврзува со омилената тема,а јас морам повторно да пишувам дека се сложувам со критиката за споменичарството.За да небидам обвинет од авторот и од колегите коментатори да во се ја подржувам владата.Очекував аналитички приказ (авторот не сака домашни задачи) на она,,Бранко го виде Обама и синот на Кирк Даглас,,како против тежа на средбите на председателот Иванов.И очекував анализа што тоа се случува кај Шатевци кога либералната штампа апансас(наеднаш м.з)ни откри да нивниот екслидер да ти имал вила кај јужниот сосед.Анализа на немитингашката ,,жешка есен заменета со денунцијација.
Nikola, 27.09.2012 08:23:50
Mozelo i beter! Zamislete Gruevski da kupese nafta kako negoviot kolega, cenata gore, akcizite vo nedogled, budjetot prepoln, proektot Skopje 2014 dupliran...
pameten, 27.09.2012 08:29:51
Premierot e trezen, no opshtestvoto ne e. Obichiot chovek nema vina, Takva bila najnovata istorija. Za site zamji vo Istochna Evropa tranzisijata od socijalizam kon demokratija beshe teshka. No Makedonija se soochi so pritisok za menuvane na imeto, istorijata i identitetot. Ovo normalno provicura nenormalni reakciji - voznemirenost, istoriski fantazii, megalomanija. Mora da se najde lider koj shto kje go ubedi narodot deka Jugoslavija e mrtva. fantaziite na koi shto se legitimirashe nejzinoto vrakjane vo Makedonija po 1944 nemat shansi vo novata geopolitichka sostojba i traba trezeno da se pomisli za spasot na narodot i drzhavata.
Miki, 27.09.2012 08:58:10
BRAVO g.Rizaov, BRAVO!!! BRAVO za lucidnosta, BRAVO za elokvencijata - i BRAVO za hrabrosta - vo ova ludo, volneno(Gjogo) vreme glasno, poglasno amin, da viknete - CAROT E GOL!! Da, nasava firma ja vodi PIJAN BROKER(i baegi trezni bratucedi)!
Реззилов, 27.09.2012 09:08:37
Господине Ризаов откажете се од хонорарот за една колумна месечно и допринесете за намалување на најголемата сиромаштија во Европа ли беше ,во светот ли беше.
Оливер, 27.09.2012 09:18:22
Прво, секоја чест ја исфрлифте Југославија како репер за компарирање. Второ коментаториве заглавени со удбашки цели да ме проценат од кај сум што сум ме, убедија дека навистина сте „добар“ во прераскажувањето.Трето, што се однесува на денешнава тема ќе споменам што е направено освен Скопје 2014 Нов Аеродром, нов Стадион, асфалтирани Партизанска, проширени Илинденска и Иво Лола Рибар, Булевар Србија, Првомајска,Нова Зоолошка градина, Жичарница и комлетно уредување на Водно до крстот и до видиковец нови автобуси, довршување на Коридорот 10 со автопат Смоквица- Гевгелија, изградба на пруга кон Бугарија Коридор 8, зголемување на пензии за 50%, странски инвестиции за кои уплав имате да ги споменете во Бубарџик, Жа��ени, во ТИРЗ во Штип и во други градови, 4 реформска сила во свет, признание од престижни меѓународни институции итн. Најважно од се е дека името за севкупна употреба не е ниту Северна ниту Горна како што го прифатија тоа вашите ментори Б.Ц и Фрле. Кој е пијан?
tatu, 27.09.2012 09:23:21
Има една поговорка : “Што пијан мисли , то трезан казује“ Во овој случај, “Што пијаниот направил за една вечер, тоа трезниот го оплескал за наредни 20 години“. Која наредна влада да дојди ова што трезниот го направил, да се окози неможе да го исправи. Единствено решение : Зголемување на капацитетот на затворите и тотална конфискација (се разбира по обемна и детална истрага).
Leonid, 27.09.2012 10:07:32
Доста демагогија Ероле. Пишувај за 44 мултимилионери од Македонија со богатство од 4 милјарди евра. Кои се тие ликови? Тоа е тема број еден во оваа држава. Како ги заработиле парите, зашто да не изчезат во јавноста и да бидат горди што се толку успешни?
gjoko, 27.09.2012 10:45:02
Ej , aj pisi nesto za spomen kukjite na Halkidiki.
Oliver so logika von pamet, 27.09.2012 11:18:29
G-ne Rizaov napravivte odlichna sporedba, no, za kogo? Koj da sfati? Oliver ,branejki ja Vladata na VMRO-DPMNE redi што е направено освен Скопје 2014 i nabrojuva objekti koi se napraveni, kako? So SKAPI KREDITI koi NIE I DECATA KJE GI OTPLAKJAME. Pa, koj ne znae taka da se pokazhuva: zemi kredit, izgradi palati i spomenici, a ti e gajle koj i kako kje gi otplakja! Vazhno vo momentot da se istaknesh. Edvaj izleguvame na kraj so mesecot, nemame pari ni za Fico, a kje zememe kredit da kupime Mercedes. I da e potrebno neshto, koga nema pari, nema da e gradi.
Penelope Pitstop, 27.09.2012 12:11:54
Sega sfativ zosto Erol go amnestira branko od site odgovornosti - oti celo vreme bil pod gas i ne bil presmetliv:). Sramota e da plukate po Skopje 2014, ziveeme vo poubav grad od prethodno. Sramota e i da lazete deka 52% od visoko obrazovanite se nevraboteni. Site znaeme deka pogolem del od nevrabotenite se neobrazovani. A najgolema sramota se komentatorite Makedonci koi go poddrzuvaat Erol vo negoviot anti Makedonski pishuvacki pohod.
bezanec, 27.09.2012 12:52:58
Браво Ризаов ! Вмровците од немање аргументи за плачкосување,што го направија врз македонецот и другите малцинства, како расипана лента само исто па исто повторуваат, тоа докажува не дека не се пијани туку и немаат,ум,разум и чувство да променат нешто во своите коментар и на црното да не велат дека е бело и обратно.Која перспектива ја гледаат, дали тие споменици ке стварат доход за да земаат плата,пензии,социјални помошти и др.
Трпе, 27.09.2012 13:08:22
Лесно е да се арчат народни пари(туги се).Ама ако се свои и пијан ке размислуваш.Па зарем не се гледа дека за свои пари нашиот премиер е потрезен и од најтрезните.Прав скржавец (Кир Јања).Своите пари сака само да си ги пребројува.Не купува ниту движен ниту пак недвижен имот.Сеуште живе во стан на сопствената мајка а автомобил или јахта не купува,горивото е скапо.
ah oliver oliver, 27.09.2012 13:37:37
kaj spomnuvas patista nemoj da ne te cuje grujo tvoj ke ispadne uste edna laga na videlo pa neli ti teknuva pred nekoj mesec koga sam gjujo tvoj prizna deka za poslednive 6 godini se izgradeni samo 6 kilometri avtopat site tie raboti sto gi spomnuvas se sminkerski i ne kostaat kojznae kolku a za onie stvarno potrebni ete cifrata po 1 kilometar vo godinata izleguva
BT, 27.09.2012 13:49:22
Taka i mu treba na ovo narod koga glasa za vakva vlast i vakov premier. Samo neka prodolzi taka i da vidime do kade ke stigi.
читател, 27.09.2012 16:42:56
Sumata na Proektot koj gi opfaka spomenicite i zgradite sigurno ke dostigne 1 milijarda Evra. Ova e CETVRTATA KATASTROFA na Skopje. Prvata e zemjotresot vo 1963, vtorata: Odlukata Skopje - OTVOREN Grad, tretata: Odlukata da se zadrzat montaznite vremeni naselbi so sto Skopje se rasiri na SLUCAEN PROSTOR. Premnogu za eden grad. A site cetiri katastrofi imaat presudno vlijanie na celata dzava.
Realen, 27.09.2012 16:56:37
Posle 21 godina samostalnost, ocigledno na Makedonija i nema spas. Opozicijata vo vtoriot mandat, iako ne moze da se okrivi za kriminal, nisto ne napravi da se rascisti kriminalot na VMRO-DPMNE vo periodot 1998-2002. A pak, VMRO-DPMNE ne go rascisti kriminalot napraven vo periodot 1994-1998 od Vladata na SDSM, a vo poslednite 7 godini na vladeenje, samo so zborovi go napaga SDSM za kriminalnata privatizacija i drugi aferi od toj period, a sopstveniot kriminal go prosiri i usovrsi.
Крсте Маслар, 27.09.2012 19:48:59
Браво чесен човеку. Горд сум што го делам ова мало парче земја со тебе !
Skender Beg, 27.09.2012 20:51:16
ne se problem spomenicite dokolku nemaat troškovi za održuvanje što gi nadminuvaat prihodite od turizmot vo Skopje. A ima i postrašni spomenici, fabriki što se vo agonija veke 10-20 godini i nikako vo stečaj da zaminat,živ kal, ogromna državna administracija zdebelena so ohridski dogovor - crna dupka... okolu spomenicite imam zabeleška trebaše da se napravi edna learnica, bakar imame, da ne se davaat parite nadvor...
dabal, 27.09.2012 22:44:54
dali avtorot nekogas pomislil deka neposobnata opozicija e glavnata pricina sto ovaa vlast ne moze da si zamine.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |