Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.09.2012, 19:16

Мислења

Корените на злото

Гордан Георгиев

Време е за револуција? На умот или на телото, ќе покаже времето

Очи ширум отворени

Во својата семинална студија „Општествените корени на диктатурата и демократијата“, Барингтон Мур наведува пет услови за развој на западноевропската демократија. Накусо, тие се следниве: 1) баланс кој ќе спречи премногу силен крал или аристократија (егзекутива); 2) премин кон пазарно земјоделство; 3) ослабување на аристократијата/олигархијата која ги поседува најголемите ресурси во државата; 4) превенција на аристократско-буржоаска коалиција против селаните и работниците; и 5) револуционерен прекин со минатото.

Анализирајќи ја нашава „семинална“ демократура дваесет години потоа, ми паѓаат напамет анализите на Мур и можноста за структурална анализа на „корените на злото“ во Македонија. Излегува дека, освен карикатурален, антиисториски и (анти) револуционерен прекин со минатото (петтиот услов на Мур), ние не успеавме да обезбедиме ниту еден од пропишаните услови.

Во 2012 година, кога сите наши соседи (со сличен, истоветен, па дури и полош историски и геополитички контекст) грабаат напред кон модернизација, инвестиции и интеграција во ЕУ/НАТО, Република Македонија назадува по сите овие параметри.

Демократурата во Македонија создаде премногу силна егзекутива која успешно ги проголтува другите две спреги на власта: судството е комплетно поклопено од политичката власт, а Собранието е нем хистрион дури и на најлудите желби на водачот. Во 1990-те години Македонецот покажуваше демократска свест и креативна бунтовност (често увезена од Запад) да им се спротивстави на недемократските изблици на власта (сеедно дали од онаа на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ) и со тоа да воспостави релативно ефективен баланс на моќта на релација граѓанин-држава. Да потсетам, тоа беа пионерските потфати на македонската држава, кога се' уште се учевме на демократијата. Денес, никој од нас нема право на алиби за ова што ни се случува. Затоа, наспроти спротивните гледишта, улогата на поединецот во детерминирањето на историските настани едноставно не може да биде и не е доволен услов за колективна амнестија на народот и оние водачи кои треба да застанат од другата страна на барикадите. Ние во Македонија немаме предетерминираност на историскиот контекст од оној тип како што имаше поствајмарска Германија или претсталинистичка Русија. Немаме и точка. Сето самозалажување во тој правец е уште еден плацебо аспирин за да помине денот.

Вториот услов, премин кон пазарно земјоделство, во Македонија не само што не е исполнет туку нашата држава е вратена во најтемните времиња на феудализмот и закрепостените селани. Од првиот ден тврдам дека политиката на распределување субвенции е ефикасен начин за НАМЕРНО осиромашување на земјоделците со една и единствена цел: да се држат во заложништво и зависност од парите што ги распределува оваа Влада на болшевички централизиран начин. Во услови кога земјоделското производство вртоглаво паѓа (и покрај стотици милиони евра субвенции), кога земјоделците самите сведочат дека никогаш не биле посиромашни, а истовремено никогаш повеќе не работеле на своите ниви, јасно е дека Владата го користи овој автократски механизам за уцена на земјоделците за гласови на избори. Тоа што владините мегафони бараат неколкумина сдсмовски земјоделци за да ја поткрепат тезата за неселективност во доделувањето на субвенции, само е доказ повеќе (а не помалку) дека горенаведената теза е точна. Дополнително, овој тип јавен линч ги брка странските инвеститори кои веќе инвестирале или сакаат да инвестираат во модернизација на земјоделството во Република Македонија.

Третиот услов, ослабување на олигархијата, исто така, не е исполнет. Ако во деведесеттите години (и особено во владеењето на Љупчо Георгиевски и Никола Груевски 1998-2002) главна тема беше матната приватизација и појавувањето на олигарсите, денес имаме уште пострашна олигархија, а старите олигарси денес се најголемите работодавци во државата и во голема мера подложни на „баци рака“ пред актуелните властодршци.

Четвртиот услов, превенирање на аристократско-буржоаска коалиција против селаните и работниците, кај нас се разбира дека се одвива на первертиран начин. Ако ја детектиравме аристократијата (во кликата околу Груевски и новопечените вмровски олигарси), тогаш буржоазијата во Македонија, која и онака е тешка за дефинирање во модерни услови, би ја дефинирале вака: ниска средна класа, со нагласени националистичко-шовинистички ставови, зависна по многу основи од владините дотации, бесна и инструментализирана да биде бесна на имагинарни зла од блиското и далечното, еден вид „буржоаски лумпен-пролетеријат“. Токму ваквата македонска „буржоазија“ денес е во неприродна коалиција со богатите вмровски клики, коалиција која опстојува само врз база на подаништво и силни инјекции на скапо платена медиумска пропаганда од џебот на народот. Оваа коалиција е во суштинска антиномија со вистинските работници (оние што работат или бараат работа) и со селаните (кои од ден на ден се се' посиромашни и се' позависни од дотациите на власта). Ова е вистинската коалиција против народот.

Конечно, петтиот услов, револуционерен прекин со минатото, не' доведе до раскин со нашето светло минато (Илинден, НОБ, партизаните, словенството, кирилицата, црквата, независноста на Македонија) и не' врати во тевтонското минато на Александар, Филип, жените, мажите и момците од тој период. За лажниот мачоизам и за крипто-хомосексуалноста на нашиве ќе се осврнеме во друга пригода.

За да не се жалиме и дијагностицираме премногу, еве ги, по редослед на приоритет, клучните реални и потенцијални виновници за состојбата во која се наоѓаме или ќе се најдеме: Груевски, неговата свита, неговите слепи поддржувачи кои не гледаат подалеку од чергата пред својот дом, независните интелектуалци, опозицијата, меѓународната заедница. А какво намалување на грижата на совест ни прави ова нам? Речиси никакво, освен што ќе ни овозможи несмасно правдање пред внуците. А за да се испереме себеси, секогаш ги наоѓаме најдобрите аргументи, зарем не?

Време е за револуција, нели? На умот или на телото, ќе покаже времето. Или телото ќе го води умот, или умот телото. Внуците, секако, ќе не' чекаат покрај огништето, жедни за сведоштва или за бајки.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1785 пати.

Испрати коментар



Коj jа расипува нашата бизнис-баjка?
Скршено е новинарското огледало
Ребрендираната МРТ
Кој е режисер, а кој глуми



Коста Стоименовски, 28.09.2012 08:17:14
Нобеловецот (за економија) Џон. К. Гелбрајт вели - „Ништо толку не ја ограничува слободата на човекот колку недостатокот на пари.“ Ова овде е мошне добро разбрано и нималку не е случајно што М. е прогласена за шампион по мизерија. Пензионерите и земјоделците, како социјално најранлива категорија, нималку случајно се главна цел на ловците на гласови. Еднаш веќе реков опозицијата настапува како да е балсамирана. А, бројките се тука и тоа егзактни - Буџетот во последните неколку години (се движи околу 2,6 милијарди евра годишно) е четири пати поголем отколку пред петнаесетина години (во 1997 година 668 мил. евра), а не е изграден ниеден енергетски објект, (авто)патиштата и железницата се наоѓаат во катастрофална состојба, народните пари се трошат за апсурдни непроизводни цели и за секојдневно рекламирање на „оствареното“, без каков било отчет за трошењето на парите! Со свртувањето кон далечното минато служиме за потсмев во светот! Ја игнорираме сегашната реалност и ја упропастуваме идни
cvete, 28.09.2012 09:55:09
Mnogu dobar naslov, no uspeh nema da imate se dodeka navistina ne go otkriete korenot na zloto vo sopstveniot dvor.
jovan, vlada @, 28.09.2012 09:57:25
Се е супер напишано од Гордончо, али заборава една многу битна и суштесетвена работа во целава оваа драмолетка која ја опишува дека се случува во Македонија и дека за се е криво ВМРО-ДПМНЕ било на чело со ЉуБчо или Груевски нели?? Па едно вака прашање до „почитуваниот“ Герогиев, дали знае кој ја спроведе приватизацијата од 1993-1998 година, кога Македонското стопанство беше дадено на поклон на тие денес што он ги нарекува олигарси кој одат на баци рака кај Груевски!Епа добро утро Гордончо и СДСМ, народот се освести и веќе му дојде преку глава од ваквите манипулации и безочни лаги за кој ти пишуваш, и за тоа сте таму каде што сте во последните 6 години со интенција за уште толку,доста демагогии и лажен морал Македонија пати од исфрустрирани и недоволно реализирани луѓе на кој кога ќе им дадеш малку власт и мислат дека се тие почетокот и крајот на се, епа нас доста ни е човече, дајте нешто ново,дали луѓе и екипа ама вака брат не ја бива, жално за Македонија да нема силнаопозиција жаллно
ФЕЛИКС, 28.09.2012 12:08:19
Ми делува комично дали дошло време за револуција.Времето покажа и докажа да некој е неможе да ја дозаврши безазлената митингашка есен а во исто време има револуционерни намери.Другото не го коментирам од причини што треба по кој знае кој пат да се преповторувам со повлекувањето паралели за сетта немоќ на политичкото битисување што како резултат им ја прикачија на револуционерите паролата за ,,вечити изборни губитници,,.
Mudrec, 28.09.2012 12:40:22
Nikogas ne sum bil vo moznost da prasham nekoj od opozicijata vo lice - kako svtruvanjeto kon antickata istorija go negira slovenstvoto? Ako zazememe stav deka imame istorija i od pred 6-ti vek, ne gledam kako so toa se negira istorijata posle 6-ti vek. Inaku, za kolumnata - ne e vistina deka ne mozete da dojdete na vlast bidejki sme vo nekakva diktatura. Da bese diktatura, kako ke mozeshe Gordan da pluka ednas nedelno? Ednostavno nemate idei, nemate kadar, a imate loso minato. Kako da glasam za nekoj sto javno vika deka ke rastura, mesto da keze sto ke izgradi?
Vinci, 28.09.2012 15:36:45
Gordan se slagam so napisanoto, a iako i ti go kaza mozebi ne najdirektno, najgolem grev na SDSM (barem za mene) e koga vo periodot od 2002-2006 (ke bidam i vulgaren) ne gi stavija na *klada* site apasista od prethodnata vlast, pocnuvajki od najvisokiot vrv pa do poniskite esaloni za nevidenoto raznebituvanje i kradenje na drzavata, i ne samo niv tuku i od sopstvenite redovi, od koi dobar del denes se pogolemi vmroovci i od portokalovite so tapija.A za denesniov rezim so nivnata prepoznatliva retorika deka ke rascistat so kriminalnata privatizacija (kamo da go vidovme toj film od niv ili od bilo koja vlast) e samo zamajuvanje i izdisan balon za sirokite narodni masi.Vlast koja go temeli svoeto vladeenje na birokratski monstrum, penzioneri, sizoidni naemnici na kontraprotesti, spoulaveni partiski zemjodelci (samo kaj nas i nikade vo svetot opozicijata e za se kriva), eden den se znae kako ke zavrsi, samo daj Boze sto pobrgu!!!
do Gordan, 28.09.2012 17:05:12
Visok funkcioner i toa potpretsedatel na SDS prizna deka nemalo demokratija vo vremeto na vladeenje na SDS.No istite lugje koi vladeeja nedemokratski togas i sega se vo vrvot na SDS.Znaci smesno e koga SDS place i bara demokratija,a toj ne dava demokratija.Kade gledas otkazuvanje od Ilinden i od NOB?Pa ima spomenici od licnosti i od tie periodi.Prosetaj,pa ke gi vidis.
Realen, 28.09.2012 17:32:55
Vistinata e, i SDSM i VMRO-DPMNE, za vreme vladeenjeto napravija golem kriminal. No isto taka, vistinata e, deka koga dobija povtorna sansa od narodot, nisto ne prezedoa da se kazni kriminalot na prethodnata vlast i da se suzbie natamosniot kriminal i raznebituvanje na Makedonija. Za ovie 21 godini go aminuvaa, odnosno go opravduvaa kriminalot na prethodnata vlast i prodolzuvaa so grabezot. Znaci, spasot za Makedonija e vo vnatresnoto radikalno procistuvanje na ovie dve najsilni i za zal zasega neprikosnoveni makedonski partii.
Ајван Доктор®, 28.09.2012 17:50:41
Прекрасен текст на кој немам замерки!Единствената можеби би била таа што авторот е потпретседател на опозицијата,па прекор до него што не сторил доволно да ги раздвижи вистинските струи во самата партија!Точно прецизиран редослед на вината за состојбите и хаосот во земјава!Одлично детектиран лик на новокомпонираната опинок-аристократија,во кој требал да го додаде и нискиот степен на писменост,образованост,како и фактот што кај нив отсуствува основната култура!Дрски,суетни,безобразни,надувани како балон и убедени дека се чинители на некаков прогрес,па себеси би си ги препишуваат дури и пронаоѓањето на интернетот и на компјутерите - имаше дури и такви малоумни тврдења,дека тие биле заслужни за компјутеризација и зголемената пристапност до интернетот во Македонија!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |