Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.09.2012, 19:17

Мислења

Ребрендираната МРТ

Тодор Пендаров

Кога политичките елити ќе сфатат дека јавниот сервис не е нивен личен сервис, туку на сите граѓани, тогаш ќе можеме да зборуваме за вистинско ребрендирање на МРТ

Ете, го доживеавме не знам по кој пат во независна Македонија таканареченото ребрендирање на јавниот сервис МРТ. Би сакал да ги потсетам читателите на нашиот „Утрински“ како во последнава деценија течеа и завршија обидите за „ребрендирање“ на МРТ. Во 2002 година тогашното водство на МРТ, секако, со амин на тогашната Влада на СДСМ под плаштот на некаков обид за „ребрендирање“ го зададе смртниот удар на МРТ како јавен информативен сервис.

Најголемиот грев на тогашното водство беше укинување на вториот канал на македонски јазик, па оттогаш до денес ние сме единствена држава во Европа во која доминантниот народ има еден програмски канал. А да не заборавиме дека јавниот сервис не се сведува само на информативната програма, туку тој мора да обезбеди цел сет содржини од културна, образовна, спортско-рекреативна до забавна програма. За жал, денот има 24 часа и сето ова да го вметнете во тие 24 часа е невозможно.

Понатаму, тоа водство едноставно ја укина целокупната сопствена продукција на МРТ, а врв на глупоста беше давањето на зградата на МРТ на Владата, која дел од Министерството за внатрешни работи го пресели во зградата. Па така до ден-денеска сме единствена држава во светот во која јавниот информативен сервис и полицијата се под ист покрив!

Потоа, во 2006 година актуелнава Влада го донесе оној Словенец, демек по препорака на ОБСЕ, кој освен што преку ноќ доби македонско државјанство и кој богами и добро заработи, не направи ама ништо добро за МРТ и за сите нас. И сега, за да не бидам обвинет дека зборувам и обвинувам само што било направено лошо во минатото, да се вратам на најновото „ребрендирање“ на МРТ.

По се' изгледа актуелното водство тоа ново ребрендирање го започнува и завршува со новото навистина убаво и технички современо опремено студио, и неколку кадровски засилувања. Меѓу тие нови кадровски засилувања, на местото уредник на Информативната програма сега е поставен бивш уредник од А1 телевизија. Човек кој до вчера плукаше по МРТ и манипулираше во А1. Се прашувам дали новиот уредник го сменил своето мислење за МРТ како „труба на власта“ или, пак, на актуелното водство му треба искусен уредник кој ќе знае да манипулира или се сведува на онаа народната - се' се купува за пари, ако не може, тогаш се купува за многу пари.

Кога сме кај Информативната програма, централните вести, исто така, се визуелно ребрендирани. Водителот сега ги започнува вестите со некаква лоша драматургија, со влегување во студиото, па простум (стоејќи) ги чита најавите (што би рекле хед лајн), а притоа водителот, на пример, во средата се мислеше дали да гледа во идиот-камерата или да чита од листовите. И, ете, ребрендирањето заврши.

Ако централните вести ги започнувате со информација дека 84-годишна жена починала од нилска треска, а истиот ден имате цел куп други многу важни настани, јасно е дека во суштина ништо не се менува. Ако целава оваа недела во сите информативни емисии имате минимум по еден прилог во кој се истакнува дека стопанствениците „задоволно тријат раце“ зашто Владата им го враќа ДДВ-то (што е законска обврска), е тогаш веќе не станува збор за објективно информирање. Или ако неделава (вторникот и средата) сите медиуми во Европа и во регионот посветија големо внимание на настапот и говорот на Обама на Генералното собрание на ОН, МТВ, која има и свој дописник во САД, само со една реченица го спомена говорот на претседателот Обама. Можеби ова се должи зашто ние сме за републиканскиот кандидат!

Но, како што реков, на почетокот јавниот сервис не почнува и не завршува само со Информативната програма. На пример, ако во претпладневната Детска програма, која лично мене ми се допадна, имате редовно прекинување на програмата и ви се вртат владини реклами „Пронајди го“, тогаш „ребрендирањето“ на МРТ нема да донесе ништо во јакнењето на улогата и местото на јавниот сервис.

Во овие 20 години самостојност, МРТ не се издигна од тоа што беше во бившиот систем, трансмисиски ремен на тогашниот политички систем и политички елити. Еве, на пример, во државата во овие дваесет години се случија цел куп афери во политиката и во економијата, односно во сите сфери на општеството. Дали се сеќавате дека МТВ открила или истражувала која било таква афера. Такво нешто нема и не верувам дека ќе има. Ако се направи анализа на законската регулатива, на пример, Би-Би-Си е јавен сервис врз кој британската влада има големи ингеренции. Имено, британскиот премиер само со еден потпис може да го разреши генералниот интендант (директор) и тоа во поновата историја се случи два пати (тоа го направија Тачер и Блер). Но, Би-Би-Си и во времето на Тачер и денес важи за еден од најдобрите и најпрофесионални јавни сервиси.

Проблемот на МРТ не е во законската регулатива. Факт е дека повеќе од една деценија МТВ беше во длабока економско криза... а без пари нема ниту музика, а камоли радио-телевизиска програма. Ако го погледнете финансискиот извештај за првите шест месеци, работите се смениле во позитивна насока. За 7 проценти е зголемен приходот, кој изнесува 635 милиони денари. Навистина од некогашното нула прилив од претплатата, таа сега изнесува европскиот просек на прибирање на радиодифузната такса, која е најниска во Европа. Останатиот дел, 130 милиони денари, се пари од Владата и околу 32 милиона маркетинг. Дали се проблем новинарите и другите вработени. МРТ беше вистински расадник на новинари и други профили кои учествуваат во процесот на создавањето на телевизиската програма.

И сега каде е проблемот? Одговорот е многу едноставен - во нашата политичка култура. Кога политичките елити ќе сфатат дека јавниот сервис не е нивен личен сервис, туку на сите граѓани и на општеството во целост, е тогаш можеме да зборуваме за вистинско ребрендирање на МРТ. Се' друго е само бледа визуелна шминка без разлика колку силно и колоритно свети во боите на нашето знаме (црвена и жолта), а ние како држава и понатаму на листата на Фридом хаус ќе бидеме во групата на делумно слободни држави кога станува збор за слободата и независноста на медиумите.

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)


Статијата е прочитана 1438 пати.

Испрати коментар



Коj jа расипува нашата бизнис-баjка?
Скршено е новинарското огледало
Корените на злото
Кој е режисер, а кој глуми



Коста Стоименовски, 28.09.2012 07:37:08
HT1 најавува дека во емисијата „Недељом у 2“, гост на А. Станковиќ ќе му биде Иво Санадер! Кај нас на сите ТВ настапува само еден „петел“ и одговара само на прашања што претходно ќе му ги подготви пи-ар индустријата што тој дебало ја плаќа со народни пари! Една српска новинарка, еден новинар од CNN и еден новинар од Канал 5 му ја разоткрија босотијата и сега бега како ѓавол од темјан од ненаместени прашања. Ужасно срамно е она што се прави со контактните програми на македонските телевизии. Бројна клиентела секојдневно се јавува, најверојатно на бесплатни тел. броеви кои им се познати само ним, во овие емисии за да ја дигаат до небо политиката на лидеро (Фрчко)!? Сите политичари кои на ваков начин го „билдаат“ својот рејтинг по правило неславно завршуваат, а главни рушители на нивните култови се токму апологетите кои за време на нивното владеење ги дигаа до небо!
mene, 28.09.2012 10:16:58
A samo kako li go smenija Logoto. Imase konkurs za nego i go objavuvaat skoro 1 godina podocna ? Bez pritoa da dadat javno kokvi bile ostanatite predlozi. Na sto Vi lici ova ?
Fenix, 28.09.2012 11:00:44
Bravo! Profesionalna vivisekcija na sostojbata vo optestvoto. Sodrzinata a ne formata treba da se menuva, no Sonceto e daleku!
Ајван Доктор®, 28.09.2012 13:20:34
По кој знае кој пат МРТ ја менува фасадата (изгледа,вродена маана),но никако да ја смени суштината!Начинот на работење си останува ист,а аматеризмот,овојпат целосно преовладува!Секоја најава за нешто ново,таму,води кон промена на најавната шпица на вестите (дневникот,емисиите) и промена на лентите за потпис (кајронот)!Вестите и натаму започнуваат со тоа,каде и кој наш политичар плукнал,или се накашлал!Најлошо од сè е промената на логото,кое потсетува на она од РТК!Црвено жолт ужас,пронижан со бела сенка!Како некоја секретарка да им го правела!Се надевам дека не е платено како претходното „Око“од БТВ!Лентите за потпис―како црн флор!Патем,од таму исфрлија и факултетски образован графички дизајнер,врвни новинари,високообразовани монтажери и режисери,сè она што барем малку знаеше да работи,а секретарки со дактилографски курс ги стокмија за графички дизајнери,вратари ги поставија за камермани,кабломани станаа сценографи…И очекуваат пресврт?!Што може да се очекува од ваквиот хаос?!
АВРАМ, 28.09.2012 14:37:13
Погледнете ги црвено жолтите логоа на МТВ каналите и се ќе Ви биде јасно.
bugar, 28.09.2012 14:56:56
ako ne vi e jasno od kade e logoto, videte go amblemot na bugarskata B1 televizija
zirat, 28.09.2012 22:07:44
abe ljuge kako moze da se podobri situacijata vo MRT koga na nikoj od politicarite ne mu e gajle zosto si imaat svoi privatni televizii i zatoa stavaat moroni direktori koi nemaat pojma sto e televizija a na smetka na toa i te kako imaat pojma da drpaat pari od nea pa zatoa vrabotenite onie obicni ne urednicite imaat ocajni plati zamrznati 20 godini a urednicite samo si gi pokacuvaat i si vrabotuvaat drugi novinari koi sigurno ne se soglasuvaat da dojdat za 200 evra a site tie plukaa na kukata i si odea od nea vo najteskite godini site se gubrinja od site partii samo doagaat se bogatat i si odat a segasniot direktor ne znae da kaze dobar den vo hodnik nevaspitano malo grebatorce

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |