Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.09.2012, 19:19

Си велам

Скршено е новинарското огледало

Ерол Ризаов

Преку етерот на МРТВ има само една нијанса – портокалова

Во МРТВ во полн ек се убави козметички промени. Пластичната операција за разубавување на подостарената снеубавена убавица се одвива под полабава контрола на партискиот преродбенички конзилиум. За подлабоки суштински исчекори се сомневам дека ќе има место. Додека уште траат обложувањата дали ќе добиеме нов јавен сервис, или стар партиски билтен во ново пакување, без да ги обесхрабрувам агилните и ентузијастички впрегнати колеги, јавно искажувам длабоки резерви дека ќе го добиеме посакуваното медумско огледало во кое треба да се огледуваме сите. Тоа одамна е скршено во парам парчиња. Ни една технологија и современо студио не може да ја исправи искривената слика. Оваа власт е уште поригидна од сите нејзини претходници кои немаа демократски капацитет да поддржат формирање на вистински самостоен информативен јавен сервис. Но, сепак новинарите и уредниците можеа барем до некаде да ја критикуваат злоупотребата на власта. Денес тоа е незамисливо. Преку етерот што го емитува МРТВ има само една нијанса – портокалова. Зошто е тоа така има длабоки политички и економски интереси кои не дозволуваат Македонија да добие пример за професионализам, објективност, етичност, коректив на лошото новинарство и што се вели наш храм за враќање на достинството на професијата и изгубената доверба.

Кога политичките партии преку Парламентот почнаа да именуваат и аминуваат директори и главни уредници во Македонската телевизија и радио од поодамна стана јасно дека македонската пролет кај нас стартуваше со сериозна фабричка грешка. На почетокот тоа не се виде многу бидејќи се имаше донекаде усул, па се бираа на најодговорните места професионални и докажани новинари. Но, многу бргу МРТВ се претвори во понижувачка сопственост на властите каде веќе не беше срамно да се назначуваат за први луѓе докажани партиски активисти и политички симпатизери, бивши министри и секогаш актуелни пропагандисти. Партиската припадност и орентација станаа главен предуслов, посилен од професионализмот, да се води најмоќниот медумски гигант од исклучителна важност за развој на младата демократија, комуникациската култура, но и поширока едукација и објективно информирање на граѓаните што е основна карактеристика на ваков чуствителен државен јавен сервис. Како која влада се менуваше МРТВ длабоко тонеше во здодевен партиски билтен без речиси никакво влијание во јавноста. Предавањето на МРТВ во наследство од една на друга влада по секоја промена на власта од оваа некогаш угледна и моќна куќа направи тежок зависник кој граѓаните со години го бојкотираат и кој се претвори во буџетски потрошувач како вреќа без дно.

Сите обиди да се направат порадикални промени останаа безуспешни поради индифернтноста на владите и поради нивната незаинтересираност Македонија да добие современ и професионален јавен сервис. Нјависоките дострели на МРТВ стасаа до врвот во годините пред големите промени. Многу апсурдно и неверојатно, но сосема точно е дека со новата парламентарна демократија почна и падот и на јавниот сервис МРТВ и на тогаш пишаните медиуми кои беа главни носители и поддржувачи на промените и инсталирањето на новиот општствен, политички и економски систем. Појавата на комерцијалните приватни телевизии и нивната атрактивност и гледливост беше лепак за политичките партии и лидери. Преку сопственичките структури и разни бизнис интереси, партнерства и коалиции, коруптивно рекламирање, директни притисоци и драматични пресметки политиката успеа да ги стави под контрола најгледаните и најмоќни телевизии и медиумски куќи. Малите исклучоци имаат сериозни проблеми да опстанат на нерегуларниот медиумски пазар. Газдите најчесто се соочуваат со истото трауматично прашање кое го имале и имаат најголемиот број сопственици на медиуми: Како тоа јас да не влијаам на уредувачката политика во мојот медиум, за што трошам огромни пари за мала или никаква добивка, а да влијае таму некој политичар, во нашиот случај некој Никола, Бранко, Ахмети, Тачи...... Многу вода ќе протече по Варадар додека во Македонија се воспоставт вистинските професионални односи меѓу сопствениците, менаџерите, главните уредници, уредниците и новинарите од една страна, а од друга страна односите меѓу политиката и сопствениците на медиуми. И сето тоа да биде во рамките на новинарската професија, успешна деловност и комуникациска култура. Обично, релациите одат во следната насока: државниот врв прв уште одвечер ќе ги искара шефовите на комуникациските партиски центри, или можете слободно да ги наречете канцелариите за цензура, за лошиот третман и пласман на нивните големи достигнувања. Потоа партиските комесари почнуваат да врескаат и да вршат притисок на разни начини. Испраќаат порака до сопствениците што е тоа што толку многу го онеспокоило и налутило мудрото и безгрешно раководство. Заканите се некогаш со забрана за рекламирање, огласување и печатење што е смртна пресуда, а некогаш е тоа најдиректно со познатото рибање. Потоа пораките од сопстевниците драматично стасуваат до менаџерите и главните уредници, од тука натаму работите одат многу потешко отколку што можете да претпоставите. Менаџерите и главните уредници се изложени исто така на силен стрес бидејќи новинарите многу лесно препознаваат што се наредби одозгора, што е цензура и притисоци, што уреднички додворувачки услуги кога тоа никој од нив не го бара. Соочени со борба за гола егзистенција и за преживување новинарите се доведуваат во позиција против своите принципи да одработат нешто на што гледаат со гадење и потценување.

Во вакви услови на нерегуларен пазар, јавни жигосувања и прогласување на новинари за непријатели, предавници, кодоши со неплаќање на услугите и скратување на рекламите малкуте самостојни медумски оази се навистина благодет и надеж дека се не е изгубено. Нивното одржување со вештачко дишење најчесто е благодарение на филантропијата на сопствениците и чуството на мал број деловни луѓе со општествена одговорност која за среќа иако многу ретко се уште постои.Во ваков амбиент не е можно да се појави јавен сервис кој ќе биде вистинско огледало што значи новинарски професионализам во наезда на партиска пропаганда, јазик на омраза, невкус, провинционализам и примитивизам. Ете ова се нашите главни проблеми. Нивното решавање е цврсто поврзано со демократизацијата на Македонија. Како тие процеси кај нас назадуваат така и новинарството тоне. Обидите преку Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда ѓоа да му се помогне на новинарството е удирање празна слама по последиците кои произлегуваат од ограничените слободи. Во држава каде тужениот треба да докажува дека е невин, а не тужителот да ја докаже вината, тури му пепел.


Статијата е прочитана 2239 пати.

Испрати коментар



Коj jа расипува нашата бизнис-баjка?
Ребрендираната МРТ
Корените на злото
Кој е режисер, а кој глуми



demokrat, 28.09.2012 00:27:45
Erole, koga drvoto ke go zasadis na krivo, toa taka ke raste. Nie za zal pred 21 godina ne udrivme novi temeli na ,,novoto,, opstestvo tuku pocnavme da go gradime na veke postoeckite gnili temeli.
jovan, 28.09.2012 00:29:47
Turi pepel i na drzava vo koja dedovcite na ministrite se seuste zivi. A narodov, neka si razmisluva i debatira kakva boja e skrsenoto ogledalo.
Коста Стоименовски, 28.09.2012 00:35:24
Во повеќе наврати нагласував дека состојбите со медиумите во Македонија е катастрофална! Се е подредено на вештачко создавање на култ на (една) личност, која се почесто се именува како пастир. За таа цел се трошат огромни народни пари, но упорно се избегава да се поднесе отчет за потрошените пари. Отчетот и тоа жесток ќе се случи кога партијата на пастирот ќе ја загуби власта! Повеќе од деценија и половина поминав во земји со системи кои се третираа(т) како тоталитарни. Меѓутоа, ни во една од тие земји, па дури ни во Романија на Чаушеску, медиумите не беа на толку ниско ниво како што е тоа сега во Македонија. Во повеќе наврати апелирав на опозицијата да преземе мерки и активности за ослободување на МРТВ, која по сите правила треба да биде Јавен сервис на граѓаните на Македонија, но опозицијата како да не ја разбира оваа порака, а сака да победи на претстојните избори. „Мало морген“!
USA, 28.09.2012 04:05:52
Ајде да се осврнеме на јавниот сервис во САД и Велика Британија. Јавна тајна е дека (PBS,NPR & BBC) се гнездо на групи кои, политички, се многу лево од центарот. Скоро сите активности се платени со народни пари. Не ми верувате? Погледнете ги нивните извештаи, небаре Обама победил на следните избори. Кога МРТВ би се однесувала исто, немаше да постои никаков аргумент....... Ниту оваа колумна.
Marioec od Azija, 28.09.2012 07:10:28
Da se soglasuvam so vas gospodine,taka ei ubo zvucit koga se slusat odstrana baranjava za slobodata na mediumite kaj nas.No slobodaa si ja stvara samio novinar so svoeto ponasanje,ako ne e politiziran polesno se spravuva so pritisocite.Kaj nas novinarive se 95 procenti,politicki poslusnici.Aj me mrzi da pisuvam,samo pocnete i vie vo vasio vesnik da ja primenuvate slobodata na govorot i objektivno i nepristrasno izvestuvanje,kako i objavuvanje na komentari koi ve kritikuvaat vas.Seto drugo se prikaski za mali deca sto posebno vie gi raskazuvate.Poz i se nadevam na povtorna cenzura.
Мара Попара, 28.09.2012 08:32:34
Дијангозата е целосно точна, но крајниот ефект донекаде го расипува не малиот број граматички и дактилографски грешки. Редактирањето е исто така елемент на високопрофесионално новинарство.
Оливер, 28.09.2012 09:10:44
И во новото работење на МРТВ најдовте замерка. Вие г-не Ерол ви сте лош предвесник на доброто. Деградирањето на новинарите кои моментално отидоа во МРТВ да работат ви е под секоја ниво на колегијалност. Кога зборувате за објективност, сте се прочитале ли некогаш што пишувате па да се освестите дека губите истрошено време. Македонија заслужува национален сервис што ќе понуди целокупна програма, а не хејтери како вас. Народот по малку и да се релаксира треба, да има рекреативна проглама, нови филмови и добри серии, Лига на шампиони, со еден збор да биде компатибилна со денешните текови на живеење, бидејќи интернетот нуди милион други добри опции. Можеби имате болка и што не сте таму за да се потсетите на старите „успешни“ денови во новинарството и да ја почувствувате зенитот на залезот на кариерата, но за жал Вие си ја заборавивте и лозинката која сам ја поставивте во новинарството. Се надевам дека имате уште време да се процените дека вредите од национален интерес и ќе се свестите.
Epten miluva da e na ekran, 28.09.2012 09:11:01
Mislam nema drug primer vo Evropa sem mozebi vo Belorusija i evemt. Rusija,kade mediumite se dovedeni do ova deredje i skoro da nema mediumska sloboda. Ovaj proces na gusenje na slobodata e se poizrazen i poizrazen. Me cudi sto opozicijata nema golem interes i ne vrsi pritisok ,da MRTV navistina stane javen informativen centar za site gradjani.Toj e pretvoren vo partiski bilten na partijata na vlast,iako e placan so parite na gradjanite. Taka bese i koga SDSM bese na vlast ,pa i VMRO na Ljubco, no maksimalno se izrazi so doadjanje na Gruevski , pa zalice na Severno Korejskata televizija.Ne e cudo sto narodot so ironija ja narekuvase Brankovizija ,a sega Grujovizija.Ne mozeme premierot da go simneneme od ekran ni so lastegarka.De otvara pateki,skoli, zdrav. kapaciteti, sportski kapaciteti, vodovodi i cesmi, detski gradinki, kamen temelnici za objekti, de soopstuva kako imperator so postroeni ministrite pozadi ,kako eve na penzionerite ce mu ripnele za 7% ama vo mart dogodina
milan, 28.09.2012 10:41:22
Jas odamna ne gledam MRTV.pa spored toa gi podrzuvam stavovite na Erol. im preporacuvam na site gledaci,da ne gledat grujovizija, brankovizija,singovizija,pa stojmenovizija i sl. a sto da se gleda? Jas najdov resenie vo toa na DVD da si pustam nekoj film ili na internet nesto da procitam.Ke se slozite deka toa e popametno odkolku da slusate i gledate propagandni gluposti ala Latas.Na televiziiteim preporacuvam na Oliver i na nego slicni da im montirat po eden ogromen ekran i da si go pokacat procentot na gledanost,a premierot pritoa da presece vrpca svecano,togas garantirano ke imat pofalbi od takvi seznajkovci kako Oliver.
ФЕЛИКС, 28.09.2012 11:53:13
Нормално очекуван осврт на некој кој расправа за медиумската зависност од сегашната власт а так нормално намерно не се опсервира медиумската зависност од опозицијата.За овие 20 год.МТВ е одсекогаш зависна од секоја власт,па така точно е да дене е портокалова,но точно е да предходно беше и трендафилсо опозициона.Токму некогашниот директор на МТВ поради креирање партиско презентирање на нештата стана амбасадор а денес е член на дипломатскиот опозициски совет.Многу пречи кога партиски,,зависници,, ни кажуваат за себе да се ем либерални ем практиканти на независното новинарство.Па така од Латас па до оавторот на написов ни кажуваат колку се независни во своето работење.А всушност не подценуваат демек не им ја разбираме одработката било за власта било за опозицијата.По мене врв на независноста ќе биде кога Латас во серијал ќе ја критикува власта а авторов истото но во правец на опозицијата.Се додека тоа го нема ќе имаме само партиска одработка.
zagrizen, 28.09.2012 13:06:56
Oliver, ti samo da si go gledas i citas profesorot doktor DP Latas.So nego ke evoluiras, kako da kazam, vednaga.Te molam gledaj MTV vesti i stopiraj go vremeto po poedinci.Ke bides vcudoneviden od rezultatite, a po vestite ke si siguren deka zivees vo El Dorado kade tece samo med i mleko.Sade ubaina, mozebi.... ama za tebe.USA kako pisis, BBC,PBS itn bile, kako?! Levo orjentirani.Ubavo rekle starite, *hartija i majcica Zemja trpat se*.A ti go vladees angliskiot ?! Ili slabo, a?Demokrat, site sme svedoci i znaeme de da temelite na Makedonija se gnili poradi taa YU, no zatoa pak Makedonija i Makedoncite bile i se na zdravi temeli vo B*lgarija, vo Albanija, ma ne ne, vo Grcija.Ta i K.Cenevski go filmuval toa vo *Crno Seme*, od T.Georgievski.Se soglasuvas neli?Makedoncite vo YU samo ucea na Makedonski jazik i se krstevaa vo Makedonski crkvi, koj sakase razbira se.Jas sum svesen deka ni od daleku ne sum patriot kako Vie, ama ete butkam.Za greota sme lugje, za greota!!
Damjan, 28.09.2012 15:25:11
Факт е дека МРТВ одамна е претворена во ОГЛАСНА ТАБЛА на владејачката гарнитура. Своевремено само во московска ПРАВДА можевте да се изнагледате на портретите на робусниот Брежнев, водачот на најбројната комунистичка партија. Репризата на таа болна мегаломанија денес ја има само на репертоарот на македонскиот јавен сервис и на страниците од неколку печатени медиуми, чии уредници и новинари ги ставиле под нозе моралните и етичките принципи на журналистичката професија. Меѓутоа, не ја обвинувајте власта. Виновни се само новинарите, кои самоволно седнуваат во скутот на партиските моќници, водени единствено од егзистенционалниот мотив, што е карактеристика за живите суштества од пониската анатамска категорија.
До Феликс, Оливер и останатите војници, 28.09.2012 15:28:27
Утрински нема такви читатели да им перете мозок. Изедначувате во одговорност власт и опозиција. Тоа го нема никаде. Сакате новинарите подеднкаво да ја критикуваат власта и опозицијата. Па толку ли се плитки читателите, па ги навредувате со вашиот партиски агитпроп. Латас да ја критикувал власта , а Ерол опозицијата. Види, види како малиот мачор го разбира новинарството. Навистина е добро што демократијата го покажува целиот овој бербат. Само не знам зошто од куминкацискиот центар на ВМРО ДПМНЕ не им се заблагодарат на ваквите подржувачи кои нанесуваат штета. Никој не им верува. Одамна се прочитани.
Трпе, 28.09.2012 17:53:49
МРТВ отсекогаш била јавна кука но денес има многу јак макро.Тие покрај што се пропагандно гласило на власта и не се способни да имат една асална програма.И квалитетните новинари ги направија инвалиди.Но што да се прави во ова бедно државиче мора од нешто да се живее или поточно за некои да преживуват.Актуелната власт и цела администрација ја направи зависници од нив.Никогаш не е била во толку бедна состојба како што е денес иако цица од повеќе места.Еве во утринската програма наместо да вработат вистински водители имат кловнови за забава на мали деца.Иако секогаш државната телевизија е била под капа на секоја власт која е платена и од бедниот народ, но денес е бетер и од руската и голем број недемократски држави.Види мајката некои барат новинарите да јакритикуват само опозицијата која мора да е критичар на власта.Немаме државна телевизија како што немаме и синдикат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |