Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
27.09.2012, 18:38

Милионите на нашите богаташи ги бројат странци, за нас се енигма

Дел од бизнисмените се сомневаат дека навистина имаме 35 богаташи кои тежат 4 милијарди долари, додека пак, банкарите го тврдат спротивното

Маја Томиќ
Соња Маџовска


Дека во земјава има милијардери се дознава и надалеку, само македонските граѓани никако да разберат колку се и кои се тие. Додека домашните медиуми напорно се трудат повеќе години наназад да ги откријат домашните богаташи и самите прават истражувања, чепкаат по нивните бизнис-досиеја, семејни лози, ги бројат фирмите што ги имаат и слично, европската компанија за истражување на богатство Велт Х, деновиве обелодени дека во Македонија има 35 мултимилионери. Нивното богатство вредело вкупно 4 милијарди долари, покажува истражувањето. Или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари.

Критериум за влез на оваа листа е да се има на контото минимум 30 милиони долари. Според Извештајот за светските ултрабогаташи - 2012-2013, македонските богаташи годинава имале помало богатство за 6,5 отсто во споредба со минатите години. Инаку, на ранг листата на европски земји според бројот на милионери Македонија е на 42 место, од вкупно 45 европски држави.

Откако беше објавена веста, не престануваат дилемите и прашањата во јавноста за тоа кои се македонските богаташи, кои ние никако не можеме да ги дознаеме, а странските агенции успеваат да им ги избројат парите.

Кој се вбројува меѓу најголемите македонски милионери? Колку тежат и каде ги чуваат парите? Најбогатите најчесто одбиваат да зборуваат за своите милиони, иако во странство е прашање на престиж откривањето на личното богатство. Сопствениците во компаниите не сакаат јавно да коментираат за своите милионски заработувачки, за разлика од светските богаташи, кои се тркаат да излезат што погоре на ранг-листите на „Форбс“.

Дел од бизнисмените со кои што вчера разговаравме се сомневаат дека имаме толку многу богаташи, додека пак, банкарите велат дека е можно.

„Секако дека е можно поединци да имаат стекнато милиони. Проблемот што македонската јавност не знае за нив веројатно е во банкарскиот систем, но не само денес, туку наназад 15-ина години. Многу е лесно за експертите да ги лоцираат, бидејќи оние што постигнаа најсолидни износи од процесот на приватизација се општопознати во македонската јавност“, велат познавачите.

Во листата што ја направи неодамна „Утрински весник“ вброивме само неколкумина македонски милионери, за кои можевме да најдеме податоци. Најбогатите бизнисмени можеби не се најдоа на неа, како што се Ристо Гуштеров, Зоран Зелениковски, Трифун Костовски, бидејќи за нив тешко може да се соберат податоци со оглед на тоа што дел од капиталот им е надвор од земјава. Меѓу најбогатите на листата ги издвоивме Минчо Јорданов, прв човек на „Макстил“, Кочо Анѓушев сопственик на „Брако“, но и на уште неколку компании, а е дел и од ЕФТ Македонија, Штерјо Наков, од „Фершпед“, Живко Мукаетов, од „Алкалоид“, Шефки Идризи, газдата на „Ренова“, Сашо Давитковски прв човек на „Скопски пазар“, Душко Туџаров, од Групацијата „Реплек“, семејството Тодоровиќ сопственици на „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“ и Благој Механџиски сопственик на „Зегин“ веледрогеријата.

„Утрински“ истражуваше и кои се локалните првенци. Меѓу нив предничат имињата на градоначалници, сегашни или бивши, и на сопственици на градежни компании. Речиси секој град си има по некој, или по повеќе локални бизнисмени, кои водат различни бизниси. Штип, на пример, располага со повеќе локални моќници, меѓу кои се и Барзови, кои важат за едно од најбогатите семејства во Македонија. Потоа Мите Николов, сопственикот на фабриката за масло „Брилијант“, Илија Бреслиски, газда на штипски „Бетон“. Насер Идризи, директорот на „Гетро“, пак, јавноста го вбројува меѓу најбогатите во поширокото гостиварско подрачје.

Во Кавадарци, за еден од најбогатите бизнисмени се смета Илија Гечев, сопственикот на „ИГМ трејд“, и Митко Јанчев сопственик на приватното претпријатие „Кожувчанка“’. Во Охрид се споменува Бошко Илоски како еден од локалните богаташи, кој е еден од соствениците на двата хотела „Парк“ и „Горица“. Силјан Мицевски е првата асоцијација на битолчани за богатство, раскош и моќ. Ексградоначалникот е човек шт�� може да го мери својот капитал со најбогатите бизнисмени во државата, коментираат битолчани. Мицевски го поседува градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Благоја Самакоски, сопственикот на компанијата „Микросан“, и Кирил Самарџиоски, сопственик на Прилепска пиварница, важат за најбогатите бизнисмени во Прилеп. Во Кратово нема дилема дека семејството на пратеникот Љубисав Иванов - Ѕинго се локални првенци.


Статијата е прочитана 5337 пати.

Испрати коментар



Претприемаштвото клуч за успех
Органската храна ќе освојува нови пазари
Врвни менаџери во Охрид



jovan, 28.09.2012 00:22:59
Prasanje e koja banka im dala podatoci i za iznosite a i za nacionalnosta, a sigurno toa ne e edna banka nego se poveke banki stom se raboti za tolkav iznos i tolku luge(30-40 dusi). Vo svetot ima preku 20000 banki, pa ne bi mozel nikoj da sobere tocni podatoci za Makedonci ili Srbi, Germanci...kade i kolku pari imaat. Toa e malku verojatno za da se dojde do takov podatok. Isto taka ne e tajna deka ima banki vo koj parite mozes da gi drzis kako lice so *lazen* identitet/nacionalnost, pa mozebi nekoj miljarder nekade cuva pari kako *Makedonec*. Ima i banki koj za malku pogolemi provizii mozat da ti ponudat kakvi sakas uslugi, transferi, identiteti... so eden zbor kakvi sakas malverzacii ke ti napravat ako platis. Deka ima i kaj nas bogatasi i milioneri, ima, no deka ovaa lista so 30-40 Makedonski multimiljoneri e tocna, e mnogu malku verojatna.
bitolcanec od kanada, 28.09.2012 04:22:45
Na koe mesto se naogja makedonskata Crkva odnosno poglavarot na istata g.g. Stefan.
cvete, 28.09.2012 10:03:42
JOvane kolku se razbiras i kolku gi branis ke pomisli covek i ti si megju ovie bogatasi.
Tome, 28.09.2012 10:31:54
Pa kade go ostavivte Stojmenov nemoj da go zaboravite nego treba da ima povece od sedumdeset posto od tie koj gi nabrojuvate.
skopjanec, 28.09.2012 19:13:02
Za nas po pravedno i aktuelno ke bide da se objavat iminjata na Makedonskite milioneri koj se zbogatija od grbot na siromasniot Makedonski narod, ne go sto objavuvaat iminja na ,,kodosite,,.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |