27.09.2012, 18:29 Сменето името на изложбата во Белгија
СОФИЈА – Насловот на изложбата што ќе биде презентирана во Кралскиот музеј Маримонт во Брисел ќе биде сменет и ќе гласи „Словенски ракописи од Македонија XIII-XIX век“, тврдат бугарските медиуми. Според нив ова го најавил европарламентарецот Андреј Ковачев, кој го оркестрираше притисокот во музејот да се смени „научно некоректното“ име на изложбата составена од средновековни пишани документи од Македонија.
Претходно, името со кое требаше да се претстави изложбата, за првпат од ваков тип надвор од границите на Македонија, беше „Илјада години писмена традиција во Македонија“, па ако се точни бугарските најави, не е јасно во што е промената, бидејќи останува суштината.
Иако изложбата ќе биде отворена на 9 октомври, на интернет страницата на Кралскиот музеј се' уште нема најава за неа, веројатно од претпазливост на организаторите да не се соочат со уште некои незадоволни соседи на нашата држава.
„Работите околу изложбата се смирија. Веќе ги имам имињата на научниците од Католичкиот универзитет во Левен кои учествуваа во анализата на ракописите. Ќе ја посетам изложбата и ќе биде интересно да видам како тие ќе ги претстават ракописите. Бидејќи за словенските ракописи се знае дека се бугарски или српски, секако не грчки, бидејќи Грците не се Словени, а за територијата што ја зазема денешна Македонија во периодот од XIII-XIX век можеме да зборуваме само за бугарски или српски ракописи“, нагласил Ковачев за бугарски „Фокус“. Според неговите оценки, мнозинство од ракописите се бугарски. (Н.Р.) |
|
Статијата е прочитана 5054 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Asparuh, 28.09.2012 00:02:00 | ne znaev deka bugarite se sloveni |
| пријател, 28.09.2012 00:12:02 | На територијата на денешна Р.Македонија во антиката живееле Пајонците.Од втори век п.н.е. ја завладеале Римјаните,па се протегала Византија,а во 7ми век ја населиле Јужните словени.Потоа била освоена од Бугарија,во 10век Самуил формирал царство,па пак Византија,па Србија, Османлиите,а од 1913 Србија до 1944.Ако изложбата се нарече „Илјада години писмена традиција во Македонија“ не се знае точно ЧИЈА писмена традиција.Точен наслов е „Словенски ракописи од Македонија“ затоа што на изложбата ќе бидат претставени Словенски ракописи од Македонија. |
| Ангел, 28.09.2012 00:21:07 | Бугарија, како и целиот Балкан беше скоро 500 години под турско робство. Значи ли тоа дека Бугарите се Турци? И на кој ли јазик зборуваат? Го земале јазикот на македонските словени и го претставуваат како нивни оригинален? А чиј бил протобугарскиот? Чии биле кановите како калојан, Аспарух,Кормисош, Тервел...тоа не се словенски имиња, ниту пак тие имале словенско потекло! Многу се занесоа откако влегоа во Европа! |
| До Ангел, 28.09.2012 07:40:55 | Ако Бугарите зборуваат јазикот на македонските Словени, значи вие сте С��овени, а не Македонци. Разликата е огромна! Интересно од каде се појавија овие македонски Словени? Зошто ги немаше пред да дојдат Бугарите во 6-7 век?
Името на цар Калојан е дадено од византијците и во превод значи убавиот Јане (Кало јан), бидејќи бил многу убав. |
| bezimena, 28.09.2012 07:41:48 | do prijatel:ama voopsto ne si prijatelski raspolozen prema Makedonija site tvoi komentari kontra se.site komsii mu e sram deka se uceni so makedonska azbuka pa sega ova ne ona ne e makedonsko,nie nesme krivi sto sme bile okupirani od site. |
| Ајван Доктор®, 28.09.2012 08:10:06 | Токму така требаше и да биде насловена изложбата,уште на самиот старт: „Словенски ракописи од Македонија XIII-XIXвек“,или „Илјада години словенска писмена традиција во Македонија“!Патем,да беше шарлатанот Иљов со неговите „научни“изуми,ќе требаше да ја насловиме како „Осумилјадна писменост на неписмените“!Навистина чуден феномен—да му дадеш на светот писменост,а да си останеш со милениуми неписмен!Е,тоа го има само во Земјата на чудата!Најновата срамна варијанта на овој феномен произлегува од празноглавата неумитна желба за моќ и од препородоничката парола (позајмена од Јовче Ламјата,наречен Змај:) „Знаењето е сила и моќ“—си земаш диплома,а пак си остануваш неписмен!На оние квазиисторичарски полуписмени недоучени коментатори и на шупљоглавите политичари би им порачал историјата да и`ја препуштат на науката и да ги заборават тезите на шарлатаните!Бугар(аш)ите,нека си ѕирнат во светските историски атласи и нека ја најдат картата „Европа,по смртта на Карло Магнус“! |
| dedo dimo, 28.09.2012 08:38:52 | A be kako Bugarite se sloveni ? ,koj vi go kaza toa .Bugatite se TATARSKO pleme. Tatarite nikogash nemale vakvo pismo i vakva azbuka .Shto go lazat svetot ,shto mislat deka vo svetot ne znaat od kade se dojdeni tatarite na Bakanot ?. |
| Erigon, 28.09.2012 08:41:46 | Ветерот е невидлив, ама постои.
Македонската култура и писменост ја плодоуживаат многу народи во светот кои се нарекле Словени по зборот СЛОВО-БУКВА=ПИСМО=ПИСМЕНОСТ, а меѓу нив и Татарското племе-Бугари |
| Stefan, 28.09.2012 08:51:47 |
Ние се уште не може да разбереме дека времето на СФРЈ и фалсификување на историјата е завршено.
Охридската книжевна школа е создадена од бугарскиот кнез Борис. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде jа основал Охридската книжевна школа. Свети Наум е еден од основачите на Преславската книжевна школа од 886 до 893, потоа беше назначен во Охрид.
И двете книжевна школа се создадени и одржувани од Првото бугарско царство. Тоа се фактите
|
| Goran, 28.09.2012 09:15:07 | Zoshto se zamaraat Bugarite , toa sepak ne se bugarski rakopisi , tjurskiot jazik na nivnite pradedovci se koristel se do 14 vek . Toa nivnite akademici go kazuvaat.....koga na ovie prostori se koristel ovoj jazik shto na nas ni e majchin na Bugarite so prisila im e nametnat kako oficijalen ....
Reakcijata na Kovachev e tipicen primer za situacijata koja vo Makedonija se narekuva .....bugarska rabota ! |
| МАНУ вели дека и McDonalds и он е македонски, 28.09.2012 09:43:32 | Аспарух, не знаеш, не само дека Бугарите се Словени, туку не знаеш и ти самиот каков си - антички Македонец ли си, словенски ли си или пак коминтерновски. До крајот на мандатот на ДПМНЕ можеби ќе изкочи и четврта варијанта - ќе видиме.
Ангеле, мислам дека ќе се согласиш со мене дека за да се ракописите македонски треба да се напишани на јазикот на македонскиот принц Газанфар и македонската принцеза Рани, а тие не се напишани на таков јазик. |
| јован веселински, 28.09.2012 10:07:21 | jovan
Веќе за нас македонците не треба да давате да се пишуваат коментари за статиите во вашиот ценет весник кои навистина го повредуваат чувството на македонецот , историските факти се такви какви што се за тоа нека спорат историчарите со факти за кои нашите македонски историчари сигурно имаат факти ,некој ако не се чувствува македонец некако почитувам барем државјанството на македонија и да им порачаме на сите ако не постоела македонија нема да постоела ни нацијата македонска и нема сите да воделе војни за неа туку токму бидејќи постои е така. |
| venstar, 28.09.2012 10:23:27 | И зашто само словенски? Дали нема грчки ракописи наjдени в Македониjа? |
| kris, 28.09.2012 10:23:31 | Не ме тангира...... јас сум сега новокомпониран Антички Македонец..........Феликс, што си ти???? |
| Crna reko, 28.09.2012 10:33:46 | Eh Erigon( Crna Reko) za grev si so svoite istoriski razmisluvanja ako voopsto mozat taka da se narecat. od kade molimte najde i iskopa fakti deka ete imeto SAloveni poteknuva od od zborot slovo-pismo- pismenost?! Pa Sloveni se i Rusite i Poljacite i Cesite i Hrvatite bre Erigone. Dobro kazuva Stefan i ja opisuva misijata na Kliment i Naum , koja ja vrsele pod zastita na car Borius. A i da ti bide jasno deka car Samoil vo site enciklopedii i medjunarodno priznati ucebnici e prikazan kako bugarski car i e vbroen vo prvoto bugarsko carstvo. Ako ne veruvas pogledni Enciklopedija Britanika ili Larousse, pa i Istoria na Vizantia na Ostrogovski, svertski vizantolog, pa mozebi nekoi zabludi i lagi ce ti zilezat od glavata.I da ti bide jasno. Makedonskata nacija pocnala da se formira pri krajot na 19 i pocetok na 20 vek. |
| Pirin, 28.09.2012 10:38:08 | Bugarite zboruvale turski jazik a go zele od Makedonija slovenskiot. Dali toa bugarcheto Kovachev shto izigruva svetski policaec go kazhalo na Kralskiot muzej ? Bugarija vcher srede Sofija beshe ponizena licho of shefot na OLAF, no kovachev za toa ni zbor nikogash ne zbornal tuku trchu so Makedonija da se vregja. Kje si najde sho bara i nema da ima koj solzi da mu izbrishe ! A nekoi komentatori neka ne lazhat za Kliment i Naum, tie ne se prakani od nikakov bugarski han, tuku se dojdeni vo diocezata sto im e odredena od svetata crkva. I nitu zboruvale bugarski niti bile bugari. |
| Jordan, 28.09.2012 13:45:58 | Povlecete ja izlozbata i kraj!! |
| Stojan, 28.09.2012 16:07:11 | Dobro bre narode sto se zamarate so provokatori? Rusite koga priznavaat deka go primile slovenskoto pismo od nas Makedoncite i site ostanati nacii i drzavi vo istocna Evropa koi go koristat naseto pismo pa sto se zamarate so Bugarija i Bugarofili? Tocno e deka doshle juznite sloveni na Balkanot no kako sto kazuvaat tuka i Albanci i Grci i Bugari deka nie Makedoncite sme dojdeni tuka kako juzni sloveni e za toa ke se pomislam malce, logicki razmisleno kako kazuvate vie znaci nemlo nikoj na balkanot? dojdoa slovenite i go naselia a tolku civilizacii ziveele na ovoj prostor, pa ne velam deka ne sme izmeshani so slovenite preku brakovi ama sprema DNK-a ispitano pred 2 godini od Swajcarska institucija za istrazuvanje na poteklo na narodite dokazano e deka deneshnite Makedonci se najblizok narod po GEN so antickite Makedonci, ne sme 100% anticki no imame najgolem procent na blisko srodstvo a vie i natamu dokazuvajte falsifikat istorii i shirete antiMakedonski kampanji. |
| do prijatel, 28.09.2012 17:32:03 | Pajoncite bile pleme koe ziveelo na pomala teritorija i koe pripagjalo na antickite Makedonci.Toa bilo pleme koe bilo del od antickite Makedonci.Nema nikakvi dokazi deka Slovenite se doselile ovde i toa e samo teorija.Ima teorija i deka makedonskite Sloveni ne se doseluvale,tuku postojano si ziveele ovde i deka se naslednici na antickite Makedonci.Znaci vo Makedonija,Sloven i Makedonec e isto,samo sto nie sme po nacionalnost Makedonci so slovensko poteklo so makedonski jazik.Isto kako i Poljacite koi se po nacionalnost Poljaci no so slovensko poteklo.Poljak ke rece deka ne zboruva slovenski,tuku polski.Makedonska etnicka svest vo narodot se vratila vo 17 vek.Dokaz e dokumentot vo Vatikan od 17 vek kade sto se spomnuvaat Makedoncite i makedonskiot jazik.Se nadevam deka sega komentarot ke bide objaven. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C
|
Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|