-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп



Овен

Одите од крајност во крајност. Чувствувате дека сте силни и подготвени за водење животни битки, за наскоро да паднете во контрадикторно расположение. Притисокот во градите се намалува, чувството на незадоволство не ве мачи. Ситуацијата наскоро ќе се промени.



Бик

Во нешто се надевате, многу очекувате, однапред се радувате. Со причина, бидејќи извесна личност ќе ви причини огромна радост и ќе ве израдува со подарок. Кај многу припадници тоа ќе се однесува на странство, додека помладите работат на проширување на семејството.



Близнаци

Сериозниот пристап кон проблемите е карактеристичен за припадниците на овој знак. Ве боли сознанието дека сте сами на светот кога имате проблеми, а вие помагате во решавањето на туѓите. Моментално подгответе се за болки во коските или забите.



Рак

Наидувате на безнадежна ситуација или барем така ви се чини. Најверојатно во прашање е второто. Морате да ја засилите практичната компонента, да се занимавате со оние нешта што ја зголемуваат сигурноста, ви недостига самодоверба.



Лав

Се' е лесно и едноставно, помладите ви причинуваат радост и ви влеваат надеж дека полесно ќе ги пребродите кризните ситуации. Денот го поминувате во знакот на убавите работи, славење, дружење, љубов и хоби. На моменти во втор план ги потиснувате здравствените проблеми.



Девица

Веќе подолго време сте под силно влијание на соработниците и воопшто на околината. Тоа се одразува на сите сегменти од животот, посебно на приватниот живот. Не дозволувајте да се доведат во прашање љубовниот живот и семејната идила.



Терезија

Сериозни сте и одговорни, иако ви се чини дека не го гледате крајот. Долго сакавте да се помрднете од мртва точка, животните ситуации да се подобрат, но се' е неверојатно тешко. Не сте некој што има трпение. Бидејќи денес, без сомнение, сте напнати и нервозни, тоа најпрво ќе го почувствува партнерот.



Скорпија

Среќните пресврти следени со ненадејната промена на судбината - ги прават наредните моменти интересни. Доколку не сте на одмор, или ако размислу��ате за договори и финансиски трансакции, вистински момент е за остварување поволен исход. Искористете ја шансата која ви се нуди.



Стрелец

Сериозни сте и поодговорни отколку што би требало. Не се чувствувате најдобро, што се одразува на околината. Ги наметнувате своите ставови кои понекогаш не се на место, се' може да се случи ако дојдете во конфликт: ќе биде возбудливо.



Јарец

Оптимизмот се чувствува во воздухот. Се наѕираат можности за пресврт во работата или во нешто што ви е битно. Во фаза сте на собирање сознанија и користење претходни искуства, за да не се сведе се' на теорија. Среќни околности ви одат од рака. Искористете ги.



Водолија

Сите ваши потфати се одвиваат бавно и макотрпно. Можеби тоа е субјективно доживување, но сознанието дека не можете да се потпрете на никој ве мачи. Како на сите да им е потребна вашата поддршка. Се советува одмор.



Риби

Работите повеќе работи истовремено, тоа се одразува на квалитетот. Квалитетот не е ни оддалеку онаков каков би требало да биде. Бидејќи желбата за стекнување знаење е силна, но и желбата за осаменост, во изолација читате работи кои ги прошируваат хоризонтите и ве смируваат.





„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Соопштение за читателите
Поради инфраструктурни зафати на веб-страницата на „Утрински весник“, дел од содржините на сајтот не се обновени или се обновуваат со задоцнување
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |