25.09.2012, 17:37 Администрацијата посилна од кризата
Во регионот летаат откази, а кај нас се делат нови 118 работни места во државната администрација
Даниела Трпчевска
Додека земјите во регионот делат отказни решенија на вработените во државната администрација за да го ублажат ударот од светската криза, во македонската Агенција за државни службеници се изготвуваат нови решенија за вработување службеници според Рамковниот договор. Иако столчињата во државните јасли се одамна зафатени, а некаде на нив треба да седнат и двајца-тројца нововработени, Владата, сепак, не се откажува од идејата за примање нови кадри. Први на листата се 118 нови службеници од етничките заедници, за кои е распишан оглас.
Според експертите, никогаш нема да има премногу вработувања во државната администрација се' додека меѓукоалициските договори се во игра. Во такви услови, надлежните го занемаруваат фактот дека администрацијата е напумпана со масовна машинерија, која освен што е прекубројна, не нуди и стручност.
„Буџетот ќе се оптовари, тоа ќе биде дополнителен проблем за целата држава во услови на криза, но е очигледно дека Владата нема намера да запре со процесот на вработувања, бидејќи станува збор за меѓукоалициски договор кој мора да се исполни“, вели професорот Ванчо Узунов.
Хрватската влада, како дел од мерките за штедење, најави отпуштање на 20.000 вработени во државната управа и во јавниот сектор, а државните службеници и следната година ќе бидат без додатоци на плата, регрес и други вонредни примања загарантирани со досегашните колективни договори.
Во јавниот сектор во Хрватска се вработени 250.000 лица, а во овој момент 16.000 имаат право на полна пензија, но законот се' уште не им дозволува да заминат. Мерки за кастрење на вработените во државната администрација најавија и Србија и Словенија, додека грчката влада најави ограничување на платите на државните службеници до 1.900 евра, согласно со мерките за штедење за надминување на економската криза
Ваков обратен процес, според професорот Узунов, треба да се случи и во земјава. Место да се пумпа, треба да се намали администрацијата и на сметка на нејзината бројност да се оди повеќе на вработување стручни кадри. Спротивно на странските препораки, кадрите кои се вработуваат не исполнуваат ниту еден критериум, освен партискиот, укажуваат експертите, изразувајќи загриженост дека нов бран вработувања допрва би можел да следува во пресрет на локалните избори.
Одлуката за нови вработувања се реализира во услови кога македонската економија и официјално влезе во рецесија. Премиерот Никола Груевски на средбата со стопанствениците во неделата информираше дека во 2013 година нема да дозволи ниту масовни отпуштања од администрацијата заради заштеди во буџетот, ниту намалување на платите. Напротив, платите на административците се очекува да се зголемат.
Според процените, во земјава има 120 илјади вработени во државната администрација, за кои годишно од буџетот би требало да се издвојуваат околу една милијарда денари.
Професорот Зоран Ивановски смета дека со новите вработувања Владата се обидува да го амортизира социјалниот удар, како резултат на забавената економска активност и недостигот од нови инвестиции, што ќе отворат нови работни места.
„Избирајќи меѓу двете зла, се оди на решение кое на планот на вработувањата ќе даде резултати на краток рок. Но, ќе се преслика на буџетот и, притоа, може да предизвика буџетски дефицит“, вели Ивановски.
Од 2008 до 2011 година, според податоците кои неодамна ги презентираат од Демократската унија за интеграција, во државната администрација се вработиле речиси 9.000 Албанци. Истовремено се намалува и процентот на Македонците што работат за државата. Според нив, процентот на Албанци вработени во администрацијата изнесува околу 17 отсто, со што се оди кон исполнување дел од точките на Охридскиот рамковен договор, во делот на правичната застапеност.
|
|
Статијата е прочитана 2253 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Ната, 26.09.2012 00:05:22 | Даниела провери си ја информацијата за 17 проценти, тоа се извори од ДУИ а на терен реално се вработени 35 проценти, доволно е да прошеташ по владата и јавната администри ција! |
| Весна.С. од Прилеп, 26.09.2012 01:02:03 | Партиското вработување зачинето со вработување според рамковниот ја уништуваат Македонија ,а со тоа и нашиот опстанок како народ. |
| Alter, 26.09.2012 05:45:14 | Vo nitu edna normalna drzava vo svetot vrabotuvanjata ne odat po etnicka linija bez nikakov kriterium! Ni se nametna (S)ramkovniot dogovor so koj stanavme kiradzii vo sopstvenata zemja. Patriotite dosledno go sporeveduvaat i nadograduvaat. |
| Да не се лажеме, 26.09.2012 06:23:56 | Кога се вели рамковно вработување на етничките заедници се кажува една ноторна лага бидејки вработувања има само од еден етникум односно во поново време два ако се брои вработувањето на по некој Ром. За останатите етникуми не важи рамковниот договор односно е добар параван зад кој се вработуваат Македонци и Албанци. Затоа посоодветно е да се кажува двоетничко вработување. |
| ФЕЛИКС, 26.09.2012 07:43:38 | Секој е против партиски нестручни вработувања кој не се во корелација со потребната стручност. Инаку не треба Шатевци многу да се вознемируваат околу партиските вработувања.Нека прошетаат таму каде што се локална власт и на дело ќе се уверат колку е во право Струмичкиот градоначалник со она,,нормално е да вработуваме наши сопартијци,,.Инаку можам да ја замислам реакцијата на авторот ако се случеја масовни отпуштања во администрацијата како во Хрватска на пример(популарноста на СДП т.е нивните Шатевци е едвај 31% додека 58% не се задоволни од потезите на тамошната влада,а предходно имаа скоро 70% доверба)Ќе имавме јадиковки на големо над судбината на отпуштените и жестока критика на владата за потезите кој сега се бараат од неа а опишани во текстот. |
| kole, 26.09.2012 08:30:45 | Заради сето ова не треба да не вреѓа промената на името, и онака од Македонија остана само АПСУРДИСТАН!!??? |
| Македонец, 26.09.2012 09:15:34 | Невидено, лудило!!! Ние од приватниот сектор што го полниме буџетот не сме земале три плати, за 4 дена четири, Управа за приходи спие-нема блокирање сметки за неисплатени плати, а овие партискиве гласачи... јал не јал триипол...клати врата-земај плата. Ама овие 150 000 административци, плус по едно нивно полнолетно дете (да не остане тато без работа) тоа се 300 000 гласа, плус 150 000 гласа од пензионерите... готова работа. |
| Predavnik od Tanushevci-2001, 26.09.2012 09:24:24 | Mozat da gi smalat patriotite (bukachite od ploshtadite) vo administracijata, pa taka i ramkovniot vo toj del ke se realizira, a ne iskljuchivo so zgolemuvanje na nacionalnostite. Popat, povtorno vletat povece patrioti nego li nacionalnosti i toj balans nikako da se vospostavi. Gruevski uporno se ponasha kako da e ovaa drzava negova privatna prchija i iskljuchivo nameneta za vmro-vcite (pokraj albancite). Momentno *predavnicite* se najzagrozenata grupa gradjani vo RM, koi samo mozat da sonuvaat administrativna rabota ili bilo kakva privilegija. Sprema niv se postapuva polosho nego li i sprema vistinskite predavnici. Vo odnos na teroristite i da ne zborime. |
| Viki, 26.09.2012 09:27:00 | а државните службеници и следната година ќе бидат без додатоци на плата, регрес и други вонредни примања загарантирани со досегашните колективни договори. Ова ви кажува колку сте во заблуда со домашните државни службеници. Од сето тоа што го имаат државните службеници во Хрватска нашите имаат само една мизерна плата заработена во мизерни услови.Помалку зборете за државните службеници како бројка а повеќе проверете ги и истражувајте за условите во кои работат, нечисти канцеларии, режим како во затвори, за се нешто кратење од плати..... ако сте вистински новинари ќе го истражите ова и ќе ги прашате тие државни службеници како им е а не само таканаречените експерти. |
| Баба Евда, 26.09.2012 09:31:40 | Внучко Фељо , побрзо ти одат зборовите од мислите („бржи језик од памети“). Супер пример си избра со Хрватите! Те информирал ли некој каде е бившиот премиер и претседател на Вашата патрон-партија ХДЗ ?И таму беше нарачан портет на Лидеро!А , да го кажеше рејтингот на Вашите покровители-демохристијани?!! Размислувај малку , шате бабино , не стискај веднаш forward на писанијата од Горското началство! |
| реален, 26.09.2012 09:40:15 | ,,Професорот Зоран Ивановски смета дека со новите вработувања Владата се обидува да го амортизира социјалниот удар...,,КОЈА БУДАЛА Е ПРОФЕСОРОТ.Владата произведува гласачи.нејзината намера да го амортизира социјалниот удар е....што е тоа? |
| Кавадарчанец, 26.09.2012 10:56:05 | Цела администрација е преплавена со нестручен,партиски кадар кои неможат да работат бидејќи има помалку столчиња од вработени.А освен во администрацијата партиски нестручни војничиња се вработуваат и во приватните фирми.Во Кавадарци сите вработени во германската фабрика за делови на Дрекслермаер се по партиска нестручна линија.АМАН веќе од партсико вработување. |
| jovan, vlada @, 26.09.2012 16:13:08 | Partiska adminisracija i nesposobna, ne ja biva ni za eden gevrek. Abe do koga ke gi kudite lugjeto sto si ja rabotat svojta rabota i sto cesno si ja zarabotuvaat platata bile vraboteni vo vreme na SDSM ili vo vreme na VMRO. So cest na isklucocite sekade ima nespismeni ama tie se vo mal procent i nemoze da gi ramnis so tie sto rabotat i si ja znaat rabotata bilo da se vraboteni vo ona ili ova vreme. EEEEEE alooooooo dojdovme do deredze da se delime i vo WC odenje na levi i desni, a zasto zatoa sto nekolu isfrustrustrirani lugje koj ne se vrabotile vo drzavna administracija za koja sonuvale i lepele plakati cel zivot ne treba da gi poganta drugite i da si igraat so nivnite custva. Odi pa ti raboti za 20 000 denari so fakultet po celi denovi i sekogasx kriv i site pak nezdovolni a se si tece kako sto treba od socijalni transferi do salteri epa kade se togas nepismenite administrarivci ili nekoj e nepismen vo svojata glava a? |
| zagrizen, 26.09.2012 18:15:16 | Do Jovan@vlada, ej allllooooo, administracijata zema plata od budjetot.Osnova za da se napolni budjetot e STOPANSTVOTO, PROIZVODSTVOTO, da cadat odjacite na fabrikite, da ima sto bi rekol gospodin K.Stojmenov formula PROIZVODSTVO - IZVOZ.E togas ke imame standard i nikoj nema nisto da kaze.A realnosta e da nie stanavme neproizvodno-potrosuvacko drustvo,na grbot na edno krevko stopanstvo.Vo stopanstvoto rabotnicite ne zemaat redovno plata,na stopanstvenicite citam im se *drzat* nivnite pari od strana drzavata (DDV ili za izvrseni uslugi prema drzavata).Nesto ne e vo red,neli?!Ke dojde den ke se rasprsneme kako meur od sapunica covece!A da ne pocnam da nabrojuvam za licni iskustva po drzavni salteri.Primitivizam,arogancija,vregjanje(prOps Centar baraka 16) A za toa da sme podeleni se slozuvam.Za greota sme.Eve sega ti na primer ke mislis deka sum jas SDS.Ni sum bil, ni ke bidam (kako pola od vladeackata garnitura denes,neli).Sega sum vednas okarakteriziran kako nepatriota,nevernik.Neli?! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|