Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.09.2012, 17:14

Мое ќоше

Нов заем за стариот долг

Ерол Ризаов

Тие што преживеаја галиба ќе си ги добијат парите, а тие што банкротираа, Бог да ги прости, загинаа за Македонија

Премиерот Никола Груевски упати многу утешителна порака и до деловните луѓе и до целата јавност. Владата ќе земе нов, многу поволен заем од светскиот финансиски пазар, со камата од само 4,5 отсто, колку да не биде бадијала, да си ги плати своите домашни долгови. Прекрасно, вистински потег во вистинско време. Радосната вест дека за пет месеци сите што дишат на жабри поради борчот на Владата ќе можат, конечно, да земат здив. Груевски им ја соопшти лично на импозантен собир на седумстотини стопанственици кои со видливо задоволство и аплаузи прифатија да им бидат вратени нивните пари.

Македонските стопанственици имаат целосно разбирање за доцнењето на најголемиот работодавец во земјата, бидејќи колку до вчера премиерот и неговиот министер за финансии не знаеја дека Владата е борчлија до гуша. Тие цело време беа убедени дека се' е платено и намирено, што се вели до денар, освен овде-онде нешто ситно, што е сосема разбирливо. Дури премиерот неколку пати ги искара и новинарите што го вознемируваат со глупави прашања од типот кога Владата ќе си ги врати долговите и за колкав износ станува збор. Нормално, како и секој одговорен премиер, така и Груевски, откако научи дека навистина треба и' да се плати тоа што го гради и тоа што го нарачува за потребите на Владата го одврза ќесто со пари од ново задолжување. Тие што преживеаја галиба ќе си ги добијат парите. Тие што банкротираа или допрва во овие пет месеци ќе прогласат фалименто поради извршени, а ненаплатени обврски кон Владата, Бог да ги прости, загинаа за Македони��а. Па, нели е тоа за силен аплауз. Таква великодушност е ретко видлива на јавната политичка и деловна сцена. Алал вера и на премиерот и на министрите и на стопанствениците и на првите луѓе на стопанските комори. Одамна немало ваква деловно-политичка претстава. Или како што ми вели еден од првите редови, угледен и голем бизнисмен: Молчи, добро е, а замисли да не платат и да не ти даваат повеќе работа.

Ова антологиско „молчи има и бетер“ кај нас стана кристално нормална работа. Замислете, Владата да ни си ги плаќа долговите, а да си ги наплатува до денар побарувањата и ригорозно да казнува за финансиска недисциплина. Нема што да замислувате, тоа кај нас е драматично секојдневје. Секаде на друго место во Европа, освен на Балканот, такво нешто е незамисливо. Тоа му доаѓа исто како што вели уште еден храбро анонимен стопанственик, инаку поддржувач на доктрината од лошо има и полошо: ем те тепаат ем не ти даваат да плачеш. Па добро без никаква иронија ја прифаќам максимата подобро некогаш отколку никогаш. Гледано од тој аспект, навистина е добро што Владата макар и со заем се одлучи да му помогне на грогираното стопанство и да му ги врати долговите, односно да си ја плати сметката. Зачудува тоа што е нормално и вообичено, должникот да си ги намири обврските, во спротивно треба да прогласи банкрот, од тоа прави политичка парада. Од кога тоа ако некој кој до вчера не признаваше дека е должник, конечно, признае дека заглавил и си ги плати долговите со големо задоцнување е настан за аплаузи како да станува збор за нов инвестициски бум и за извлекување на земјата од длабоката рецесија. Можеби кај обичните граѓани може и да помине политичката патка дека други се виновни за нашата рецесија и економска криза, но кога тоа економистите, деловните луѓе, медиумите го прифаќаат како готов факт, тогаш вкупните реформи се во голем дефект. Негативното влијание на светската и на европската криза, секако, е при��утно, но во никој случај не е единствена причина што Македонија тоне во рецесија. Има тука многу домашни незавршени работи и грешки што рецесијата дојде како последица на погрешните политики и неуспешни економски реформи.

Премиерот остана должен уште на три куси вознемирувачки прашања на уште малкумина здодевни новинари. Прво, колку навистина изнесува долгот на Владата. Второ, што направи Владата за толкав долг, велат стотици милиони евра. И трето, зошто некои економисти добитници на Нобелова награда викаат не е толку важно колку си должен, туку дали навреме си ги плаќаш обврските и дали тоа се одразува на стандардот на граѓаните.

Не знам дали некогаш премиерот ќе одговори на овие прашање. Но, тие што ги поставуваат имаат и одговори. Тие велат и владите се како обичните луѓе - кога не можат да си го вратат долгот, банкротираат без оглед дали се во прашање пет илјади евра, или пет милијарди. Ставаат катанец на вратата и соопштение: Дуќанот се продава.


Статијата е прочитана 3157 пати.

Испрати коментар



МТВ во став „мирно“
Задоволни бизнисмени
Сепаратизмот во криза
И овците на број и Владата сита



jovan, 25.09.2012 00:25:36
Drzava koja svojte dolgovi gi vraka so zemanje krediti, znaci deka e vo klinicka smrt. Postoi samo privid deka postoi, no e na infuzija od raznorazni kreditori. Najednostavno kazano, ovaa drzava e bankrotirana, no na razni nacini se izbegnuva toa da se priznae. Do sega ne priznavaa deka krizata ke ne pogodela, pa potoa moraa da priznaat deka ne pogodila i toa katastrofalno. Potoa ne priznavaa deka dolzat na stopanstvoto i za DDV, eve sega i toa priznaa pa duri i potvrdija deka nemozat da vratat nego mora za toa da zemat kredit. Kaj i da e ke mora da priznaat i deka drzavata e bankrot. Taka funkcioniraat, prvo se inatat, potoa vitkaat opas.
zagrizen, 25.09.2012 01:25:53
Znaci drzavata dolzi na stopanstvenicite, se kaza javno.Dolzi, dolzi.Toa e toa.Odime ponatamu, no FELIKS,Sate babino, a dali drzavata pri povrat na parite ke vkluci i interes (kamata) za vreme dodeka dolgot stoi?Retroaktivno se razbira ili? Bidejki dokolku nekoj gragjanin i dolzi na drzavata,bankata,finansiska institucija,elektrostopanstvo, itn, pri podmiruvanje na svojot dolg plaka i *zatezna kamata*.Dali na firmite koi vo megjuvreme bankrotirale, a plakale redovno dolgot prema drzavata, a pobaruvaat od nea ke im se isplati dolgot, so interes?Sekako ovde treba da ima isplatata kon fizicki lica ili sopstvenici pod cie ime bile bankrotiranite firmi.Rabotive ne se tolku ednostavni, neli, ubavo Sate na Baba Evda!!!
od mene od daleku, 25.09.2012 01:49:02
Niz celiot tekstot provejuva prasanjeto Sto bi bilo koga bi bilo ?!
grujosan, 25.09.2012 06:48:05
prvata recenica e dovolna. nema potreba da se cita ostanatiot tekst.
ФЕЛИКС, 25.09.2012 07:31:23
По се изгледа изјавата на премиерот за враќање на долгот им ги надразни ганглиите на сите кој имаат врска со испошардисаните Шатевци.Па така три написа на исто место на иста тема.Прво се испрекука од ,,многу грижлив,, аспект за маките на бизнисмените.Дури и беа загрижените лути што бизнисмените не откриваат колку им должи државата.Сега салто назад па имаме нова загриженост викана ,,долгот ќе се враќа со кредит,,Е сега не се важни повеќе бизнисмените,важно е нешто второ.И на крај коментар на последниот пасис на текстот околу банкротирањето.Банкротирано нешто некој го купува за мали пари,дали авторот мисли да владиниот дуќан ќе го купат Шатевци.Сепак верувам дека авторот не е толку наивен и неимформиран па да не ги знае куповните можности на своите.
Cukni tri pati, 25.09.2012 08:26:13
Erole, ne e problemot samo vo toa sto ovaj borc , koja vladata go ima ce go vraca so novo zadolzuvanje vo stranstvo, no isto taka e opasno i zalno sto i golem procent od penziite , platite vo administracijata se alimentiraat so zadolzuvanja preku blagajnicki zapisi i sl. Sega i samite penzioneri si znaat , stom javat deka Vladata se zadolzila kaj komercijalnite banki 30 miliona evra , kratkorocen kredit , znaci deka sledniot den posle toa ce dobijat i penzija.Ete teka zivurkame , kupi den pomini, a takva kuca koja zivee od pozajmuvanje i od denec do utre, narodot vikal nema ksmet ni bericet. A onaj od daleku,sto postavuva prasanje : sto bi bilo koga bi bilo, nmeka ne se sekira . Naskoro ,do prolet ce vidi sto ce bidi i kako ce bidi. Samo pred toa neka se ostrizi, za da ne mu se digne kosata na glavata.
stojko, 25.09.2012 08:38:21
Neznam zosto tolku aplauz za vistinska laga, sega gazdite neka gi cekaat parite a ke gi zemat koga zemjodelcite ke gi zemat subvenciite,prevoznicite od obrazovanieto ama za seto ova znam koj e kriv-Banko!!!
И што подалеку!, 25.09.2012 09:04:45
Среќа за Македонија што таквите како тебе се далеку , а уште подобро кога би отишле уште подалеку.Во текстот се пишува за конкретни работи , тешко разбирливи за тебе , а околу соништата на баба ти , не би коментирал!
petar, 25.09.2012 09:16:26
odlicno kako i obicno no bi ve prasal gos. Rizaov sto mislite vie dali ima nekoj zainteresian da go kupi ducanot koj se zatvara.
toni, 25.09.2012 09:23:31
ova vlada ja unisti drzavata.
Hari, 25.09.2012 09:26:20
Felco, koga nekoj ke ostane nem pred vistinata pocnuva da vergla edno te isto. Temata e BANKROT do koj ne dovede tvojot Grujo i Stavre a ne Satevci. Navistina tesko go zarabotuvas lebot,,,,
do Jovan, 25.09.2012 09:52:59
Od koja drzhava si ti choveku....po tvoive komentari kje da si od Mars..Znaesh li na pr. deka najzadolzhena zemja na svetot e Japan.Jas so svoi ushi slushnav na tv vo Germanija deka zemjata (Germanija) vo prviot kvartal se ZADOLZHILA 28 milijardi evra !? Dolgot na Germanija e 2000 milijardi .......RM spagja vo nisko zadolzheni zemji..
zacuden, 25.09.2012 10:07:52
Ako taka zivee SAD, EU, Grcija i koj se ne , sto tolku ve cudi sto i Makedonija pocna na takov nacin finansiski da raboti. Pa se se vrti vo krug, pa i parite. A toa deka Vladata e glavniot rabotodavec e tocno i taka bilo od sekogas.
Трпе, 25.09.2012 10:14:50
Едно е ветување а друго е извршување.Нашиот народ се радува на илузионистички забави.Стопанствениците нормално е дека ке се радуват барем добиле некоја надеж.Надежда последна умира.Цехот го плаќат и ке го плаќат вработените.Лесно им е на стопанствениците кои и прафнуците си ги обезбедија исто како и власта.Ова власт донесе и многу закони во интерес на работодавците.А кој се тие работници?Тоа е работна рака за фирмите кои се користи како орудие а власта ги гледа само како гласачко тело,со кое лесно можеманипулира и да се излаже пред избори.На крај вината си е кај народот.Што си готви и тоа ке си го срка и крка.
milan, 25.09.2012 10:25:44
Koga e nekoj dolzen prema vladata,taa mu praka izvrsiteli. Stopanstvenicite (poltroni) ne javuvaat ni kolkavi im se pobaruvanjata,a kamoli da prevzemat nekoi merki kako vo celiot normalen svet. Sto bi bilo simpaticno nekoj da prati izvrsiteli vo Ilindenska bb. POZDRAV.
Работата е „празна пушка“!, 25.09.2012 10:59:45
Најдобар показател дека работите во и со Македонија е „празна пушка“ е изјавата на човекот што требаше да го откопа идентитетот на Македонците! Во неможност да обезбеди плати за археолозите и студентите што работат на археолошките наоѓалишта „легендарниот“ Паско Кузман, пред околу еден месец, изјави „кој сака нека работи, кој не сака може да си оди“! Е, сега сериозно сум загрижен дека поради запирањето на ископувањата и натаму ќе останам без идентитет! Неуништивиот Паско Македонците ги третира како компири, по онаа народната „Се што е вредно се наоѓа под земја“!
kaktus, 25.09.2012 11:07:14
Добро бе луѓе божји. Сте запнале стално дека бладата се задолжувала, како да е тоа нешто ново.и досега непознато. Си се задолжува цело време и се додека е на власт ќе се задолжува и ќе троши и пак ќе се задолжува, така ќе враќа и пак ќе троши. Зарем не го слушате министерот и премиерот што ви ја кажува вистината дека ние сме меѓу четирите најмалку заборчени држави. Бог да чува, ценете го тоа!
VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 25.09.2012 11:24:24
Macore procitaj se uste ednas za ubavo da go vidis tvojot cinizam, i pristrastnosta kon bankrotiranite ti sopartijci. Za ovoj tvoj komentar treba da se sramis, i jas otvoreno te prasuvam, ne li ti e sram? Sto si zapnal satevci pa satevci, kako konj odis napred a bankrotiranite ti gi vlecat dizginite na desno.Ne li ti e sram? Ne li ti e sram da ti gi plakaat komentarite so pari od kreditite koj so lesnotija gi zimat.
Miki-Satevec, 25.09.2012 11:28:20
Felco(sto bi rekol sekogas duhovitiot Hari), teski neka gi zemat parite od stranstvo - tuku koja e kamatata, da ne e *erga omneso*, a? Ti si posledniot *entuzijasta*, *al i tebi ponestaje snage*..
tihi, 25.09.2012 11:51:15
Ne znam shto ne im e jasno na samobendisani bez prichina ,pa brzaat da proglasat i bankrot.Ili mozhebi stravot e deka vetenoto kje se ostvari a izbori se blizhat.Vladava kje ima problem ako ne go realizira vetenovo.
Dopolna na Jovan, 25.09.2012 12:31:40
Mislam deka po toj terk ke bide reshen i sporot za imeto? Nego davame, nego davame, na krajot eve vi go! A onoj shto se obraca do tebe, ochigledno ne ja prochital kolumnata, kade se naglasuva, da ne e bitno kolku dolzish, nego dali gi podmiruvash dolgovite. I kade se fati bash za Japonija, koja ima nenormalen suficit. Popat, tamu se i za banalni prekrshoci vrshi harakiri. Za ovakvo neshto cela nacija ke izvrshi samoubistvo. Ili Deutscland, USA, GB, so koi li ne uporeduva? Da, poznata e frazata da se USA najzadolzeni, ama kolku li nejze i dolzat i kakov ekonomski potencijal tie imaat, ne prashuvaj! Ochigledno dotichniot e padnat od Mars.
razumot protiv omrazata, 25.09.2012 13:15:14
Gospodinot koj se potpusuva kako Feliks dolgo vreme se obiduvase da dade vpecatok deka toj e objektiven i deka gi percepira negativnostite kaj site politicki opcii. No vo pozadinata sekoga se nazirase omrazata kon opozicijata, a posebno kon lideot na istata. No poslednive nekolku meseci vo negovite komentari veke neskrieno izleguva na videlina silanata na negativnite emocii koi sosema mu go zamatij arazumnoto mislenje. Inaku ne gledam kako moze da ne se osvrne na eden nepobiten fakt. Zosto do pred desetina dena premierot ja lazase celata javnost okolu dolgovite. I zosto koga nekoj ke postavi prasanje za trosenjeto za spomenici odgovorot e deka ima pari, a sega za da se razdolzi kon stopanstvoto se zema kredit.
seirdzija, 25.09.2012 13:37:42
Felikse koj ke go vraca zaemot???Sto ne prodades svoja kuca(ako ja imas),potrosi gi parite,pa zemaj krediti,krediti,krediti...Kade se potroseni parite koi drzavata im gi dolzi na stopastvenicite????Toa e prasanje!!!!Mora da si zaglibil u kriminal do gusa koga branis vlast koja ni ja unistuva drzavata.
nezgodni sekavanja, 25.09.2012 13:37:51
se sekava li nekoj kako pred nekoe vreme zemase grujo kredit za da podeli plata na administracija sega ke zema kredit da vrati ddv znaci najmnogu go biva za zadolzuvanje alal da mu e tesko sledna vlada so olku zadolzenost i krahirana ekonomija
suze, 25.09.2012 14:20:34
Оној кој ќе прати извршители на илинденска си добива бесплатна карта за шутка!
od eden, 25.09.2012 14:40:27
mnogu lesno e -zadolzi se pa drugi ke plakaat[ i feliks zaedno so site] koga ke poglednes slika na novi vladi vo eu retko ima pomlad od 50 godini sto znaci treba iskustvo i pamet za vodenje na drzava a kaj nas 20 god. na premierot mu e recisi prvo vrabotuvanje i rezultatite se... tuku nastrana toa i vrapcite go znaat mene me interesira kolkava plata zema feliks non stop da pisuva na komentarite[normalno vo odbrana]i sto skolo ima zavrseno bidejki nema oblast vo koja ne e strucen
realen, 25.09.2012 16:42:23
Vladata na VMRO-DPMNE, ke gi izgubi sigurno narednite izbori (vonredni ili redovni). Megutoa, pobednikot na izborite ke nasledi,prazna drzavna kasa, ogromen dolg i celosno raznebitena drzava.
Mudrec, 25.09.2012 18:03:01
Interesni se komentarite, site verglaat isto, samo Feliks im go narushuva spokojstvoto i odma site mu se nafrlaat. Tolku od demokratskite kapaciteti na opozicijata. A najsmeshni se tie sto se demek sigurni deka na slednite izbori Vladata pagja. Do kaga ke ve lazat vo partijata?
Извршители, 25.09.2012 20:02:19
Дали на владата ќе и затропаат извршители ?
do t.n. Mudrec, 25.09.2012 20:12:08
Ne treba da si mudar a da ne sogledas deka na dpmne mu se odbrojani denovite. Ma kolku i da ima neregularnosti, pritisoci, zakani i lasni vetuvanja, tesko deka ke soberat poveke glasovi od opozicijata. 2013 godina se navrsuvaat duri 7 godini od kontinuirano vladeenje na Grujo, a efektot e totalno porazitelen. Dobar del od narodot e veke otreznet od negovite spinovi i agipropovski ataci na site setila 24/7. Dosta im bese, se vide sto znaat i kolku umeat. Vreme e da si zaminat vo sramniot del od makedonskata istorija. Ubeden sum deka po 5 godini recisi site denesni golemi patrioti i poddrzuvaci na ovoj rezim isto taka ke se sramat za kogo go davale glasot i svojata poddrska. Blagodaram ako go objavite komentarot.
Podgor, 25.09.2012 22:08:42
interena beshe atmosverata koga se obrakashe premierot na biznismenite, kako da objavuva vrvni rezultati vo stopanstvoto postignati blagodarenie na merki na vladata a ne recesija i baranje chare od nea. me potseti na onaa vo AB kanal na Bojo Andreski koj pri zatvaranjeto na televizijata im delel blagodarnici na vrabotenite i se igralo chochek , Pa zarem go ima nekade ova?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (10)
Србите се криви за се'. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Не можам да излезам накрај со главите
Сликарот Омер Калеши на своите 600-800 глави, кои му се творечка преокупација, не насликал ниту едно уво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |