24.09.2012, 17:56 Поглед
МТВ во став „мирно“
Јасминка Павловска
Можеби не беше како во времето кога улиците беа празни штом Бранка Станковска ќе го започнеше Дневникот на тогашната Телевизија Скопје, но се чини дека Македонската телевизија во неделата, токму во терминот на централниот Дневник ја имаше најголемата гледаност веројатно во последниве десетина години. И тоа повторно со честа на Бранка Станковска и нејзиниот колега од доајенската презентерска генерација, Благоја Крстевски. Сосема извесно поголема беше љубопитноста на гледалиштето како денес изгледа Бранка Станковска, отколку за ребрендирањето на јавниот сервис со ново лого, џамбо спејсшатл екран и студио светнато како за шоу програма на италијанските телевизии на Берлускони.
Свеченоста на мигот на ребрендирањето изгледа ги возбуди до неприродна трема познатите ликови од некои други поранешни телевизии, кои својата професионална среќа ја пронајдоа во МРТВ, па остана чувството дека им е потребна втора шанса за прв впечаток. Збунувачки од гледачки аспект е што повеќето учесници во премиерниот ребрендиран Дневник стоеја како професори по географија пред импресивниот екран со голема веродостојност (ХД) на сликата.
Но сепак, правото на „сеирџиски скептицизам“ на обврзниците за плаќање на радиодифузна такса треба да биде умерено кога започнува некаква нова ера. На Македонската телевизија, Дневникот и сите емисии во неа им е одамна потребно редизајнирање, осовременување, енергија за да се' биде на нивото на еден јавен сервис. Модерното студио, новото лого и дизајн се сосема потребни. Сепак, правото на скептицизам останува отворено, доколку се' остане само на шминка и визуелен редизајн. Заблеснатоста од редизајнот брз�� се троши, а гледаноста сепак зависи од содржините.
|
|
Статијата е прочитана 1768 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Маркос, 25.09.2012 00:59:55 | И јас од љубопитност го ѕирнав почетокот на дневникот - за да ја видам „старата гарда„. Кажување на Бранка Станковска дека на почетокот на ТВ Скопје ја имаше „во сите емисии„, ни најмалку не го доживеав како фалбаџиство, ами како сведоштво за скудниот почеток. Браво Бранка. Авторката со право укажува дека модерното студио, и она што оди со него, нема да биде доволно, да и` е на МТВ и нејзините емисии одамна потребно редизајнирање, осовременување, енергија за да се биде на нивото на еден јавен сервис. До толку повеќе ме чуди да не нашла за потребно да го пофали настапот на водителот, кој ја превзема работата од гостите. Тој пленеше со европска култивираност и сигурност, дикција, али и со својата појава. Се` она што го немаа толкави водители, кои често ме тераа да се прашам: каде ги наоѓаат? Иако „знаам„ дека такви „аквизиции„ овозможуваат партиски кујни. |
| milan, 25.09.2012 09:12:20 | Pozdrav do legendite. Ne gledam partiska tv.ama koga slusnav deka ke se pojavat legendite,go stisnav kopceto na dalec. za prva programa. Se soglasuvam so stavot deka sodrzinata ja podobruva gledanosta.Ke gledam prva programa koga za site partii ke ima podednakov arsin, i koga realno ke gi prikazuvat rabotite bez sminkanje za potrebite na DPMNE i na vladata. |
| Трпе, 25.09.2012 10:32:43 | Се додека платената јавна кука е сервис на владата, ништо од бизнисот, па студиото да биде обработено и со злато и сребро.Важно е што ке го информират, кажат и како ке го лажат овој, кој вистински го плака одвојувајки од својата уста а некому и последниот залак му го земат сосила пред да го принесе кон својата гладна уста. |
| Милан, 25.09.2012 12:52:03 | дури и да ја завиткаат и во злато и скапоцени камења, гарант дека истата ке си остане партиска телевизија, исполнета до гуша со ВЛАДИНИТЕ РЕКЛАМИ и владина агитација, која ја научивме сите напамет - се разбира плус на сето тоа и си го плаќаме истото со 190,00 денари месечно. нека ти е АИРЛИЈА , незави... телевизијо. Ептен си блиску до ТВ на Северна Кореа. Продолжисиго успехот........ |
| J.Celeski, 25.09.2012 12:53:01 | Mojot vpecatok bese deka Blagoja a posebno Branka se penzionirale 10 a mozebi i 15 godini pred vreme.Koj donesol odluka za za nivno penzioniranje .Jas da sum moken ke gi vratam prinudno bar na uste edna godina.Golema greska e sto barem promotivno tie dvajca penzioneri sto ne go pocnaja i zavrseja dnevnikot
|
| Fudbalski fan, 25.09.2012 13:54:36 | Samo Ligata na Shampioni vo celost me zanima i nishto drugo! Ponajmalku politichari, penzioneri i eftini turski serii. Ako ne znaesh shto e dobro, zemaj shto e skapo. A LS e navistina skapa. Zatoa, platite i za Vtornik! PS: Dezurniot policaec pishuvajci izveshtaj, doshol vo dilema, pa go prashal komandirot, dali se pishuva Vtornik ili Ftornik? A ovoj, po kratko razmisluvanje, mu odgovoril - pishi Sreda! No sepak LS neka bide i vo Vtornik i vo Sreda. Pozdrav! |
| сузе, 25.09.2012 14:03:15 | Зошто логото е црвено жолто? |
| nekoj, 25.09.2012 18:33:36 | Steta sto odkako se penzioniraa Branka, Blagoja i slicni se penzionira i makedonskiot literaturen jazik... Zalno. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C
|
Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|