Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Македонија

Кирија од 860.000 евра за спортска сала!

СТРУМИЦА - Спортската сала „Парк“ во Струмица му се дава под закуп на кошаркарскиот клуб АБА во наредните 30 години, но со неверојатна месечна кирија од речиси 860 илјади евра! Оваа одлука на Владата, со потпис на вицепремиерот Васко Наумовски, е објавена во „Службен весник“ број 139 од 19 октомври.

Во владината одлука стои дека месечната закупнина за салата со вкупна површина од 3.439 квадрати е 250 евра плус ДДВ за квадратен метар, пресметано во денарска противвредност. Пресметките направени со квадратите и еврата ја даваат фантастичната сума од 860 илјади евра, што закупувачот е обврзан да ја плаќа секој месец.

Оваа одлука на Владата по својата содржина е многу чудна и нелогична. Прво, во самиот наслов на одлуката се наведува дека салата со непосредна спогодба се дава под закуп на КК „Струмица“, а тоа е клуб што веќе три години не постои. Второ, се наведува дека објектот се наоѓа на улица „Спартаковска“ б.б., но таа улица не постои во Струмица. Салата за која станува збор е лоцирана на улицата „Ѓуро Салај“ б.б.

За забуната да биде целосна, во вториот член од одлуката пишува дека салата му се издава на кошаркарскиот клуб АБА од Струмица, новиот кошаркарски прволигаш.

Во клубот АБА вчера не сакаа ништо да коментираат, бидејќи таква одлука се' уште не добиле, а, според нив, станува збор за техничка грешка. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1819 пати.

Испрати коментар

Од: Ema
Датум: 22.10.2010 13:23:35
Nishto ne treba da ne iznenadi. So ovaa "PAMPERS" vlada vakvite raboti se redovna praksa.
Од: Трпе
Датум: 22.10.2010 14:13:52
Многу пати досега имам коментирано,дека дечкиве кои си играт власт не ја познават и најосновната математика.Нешто ке треснат и пак остануват живи.Дали некој им нема кажано(немора да е математичар ниту градежник) дека за ова годишна наемнина ,може да се изгради многу убава спортска сала.Или тие сали кои тие ѓи градат се книжат од буџетот по многу повисоки цени.Ееее маќедонче дали знаете на кого дозволивте да ви ја води државата.
Од: Реган
Датум: 22.10.2010 14:38:29
Можеби се работи за печатна грешка па наместо 2,50 евра/м2 да испадне 250 евра/м2.

Најди! во Утрински
Македонија
Сестричките од Велес ги залечија раните
Во селото на Благуња пожаранката
Штип со Универзитет, а без домови за студенти






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency