Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Македонија

Во селото на Благуња пожаранката

Селото Пожаране се наоѓа во пазувите на Шар Планина, а од Гостивар е оддалечено десетина километри

Киро Кипроски

ГОСТИВАР - Песната „Благуњо дејче, мори пожаранче“..., што ја испеаја тетовци на почетокот на 19 век, го извади селото Пожаране од анонимност и го прослави на пошироките балкански простори. Времето минува, а песната за убавата Благуња Ѓолова, ќерка на Никола, со задоволство се слуша. Пожаранци се горди што за нивна сожителка била испеана анталогиска песна, а со тоа нивното село ќе се споменува, никогаш нема да се заборави и да исчезне од колективната меморија.

Луѓето сакаат да го посетат Пожаране, кое се наоѓа во пазувите на Шар Планина, за да се запознаат со минатото и со сегашноста. Од Гостивар до селото на Благуња, како што многумина го нарекуваат, има десетина километри и се стигнува за дваесетина минути. За да се стигне таму, околу шест километри се вози низ Горнополошкото Поле, а четири километри низ серпентините на Шар Планина. Од височината како на дланка се гледаат двата дела на Полог, гостиварскиот и тетовскиот, но и селата распослани на спротивната страна, на подножјето и во пазувите на планината Сува Гора.

Во Пожаране се изградени 15 нови куќи, а околу 70 стари живеалишта се обновени. Селото, кое се наоѓа на надморска височина од 900 метри, воодушевува со архитектурата на куќите, со средените дворови и со чистота на просторот. На влезните порти и на куќите висат катанци. Од дулките на чешмата под црквата „Свети Никола“ тече ладна планинска вода. Таму постојано живеат 30 жители, а од пролет до првите снегови уште четириесетина. Во деновите на викендот и празниците бројот на жителите се зголемува за два-три пати. „Посетеноста на Пожаране ќе биде поголема, доколку создадеме услови за младите“, вели Владе Лазарески. Младите немаат катче за забава. Пожаранци се свесни, се' додека не се создадат услови за младите да го најдат својот интерес за работа и за забава, тешко е да се верува дека ќе се вратат во селото.

Деспот Алексовски, повратник во селото, вели дека повеле иницијатива за адаптирање на училиштето во планинарски дом и за санација на задружниот дом. „Во долниот дел сакаме да отвориме бифе, колонијал и младински клуб. Тропнавме за помош на многу врати во локалната и во централната власт, но ниту една не се отвори“, вели Алексовски. И покрај тоа, не го губат оптимизмот и веруваат дека ќе успеат во остварување на идеите.

Двајца сточари во Пожаране имаат околу 700 овци. Десетина пожаранци одгледуваат пчели, а во добри години произведуваат и по 10 тони висококвалитетен мед. Во еден од дворовите на селото маж и жена подготвуваат зимница. Тие велат дека жителите во овој период собираат ореви, костени, јаболка, круши и градинарски култури.

„Веќе десетина година, од Благовец - 7 април до зимски св. Никола - 19 декември, со сопругата Ѕвезда живееме во Пожаране, а зимата ја минуваме во Гостивар“, вели нашиот домаќин, 72-годишниот Трајко Алексовски. Тој вели дека климата во селото, кое е опкружено со шума е идеална, а условите за живеење се одлични.

„Сите селски патеки се асфалтирани, имаме водовод, струја. Гостивар е на дофат. Единствен проблем е што немаме продавница и за ситница сме принудени да одиме во Врапчиште или во Гостивар. Одгледувам пчели, работам во овоштарникот, обработувам ниви и остварувам пристојни приходи“, вели Трајко Алексовски.

Неговиот дом го посетија другар од детството, три години постариот Стојан Стефановски, кој половина век е на печалба во Канада и зубовчанецот Гојко Јаковлески, подалечен родина. Стојан и Гојко, по педесет години од разделбата во Германија за првпат се сретнале во Пожаране. Другарите со носталгија и со тага на душата зборуваа за детските игри, за младоста, за првите симпатии, за прошетките, игранките и свадбите... Се потсетија и на некогашните фудбалски клубови „Шар – Пожаране“ и „Хајдук Зубовце“, за кои двајцата настапувале, за меѓусебните дуели...

На малиот број жители основна преокупација е Пожаране да се зачува, да не исчезне. Укинувањето на месните заедници, кои беа двигатели на развојот и опстојувањето на селските населби, е грешка на системот, констатираат нашите соговорници. Сега, велат тие, тешко се стигнува до градоначалникот, а за средба со функционер од централната власт не станува ни збор.


#
Статијата е прочитана 1638 пати.

Испрати коментар

Од: Dr.Med.Stojadin B.Naumovski - Coci
Датум: 23.10.2010 07:55:22
Prekrasen tekst na avtorot sto me potsetuva na Prof. Pero Kocevski koj e eden od sobiracite na predanijata za kulturnoto nasledstvo i za etnickoto cistenje na Makedoncite od selata na i pod Sar Planina. Nego ke go pomnime kako CIcko Pero Kocevski od Pozarane.

Најди! во Утрински
Македонија
Сестричките од Велес ги залечија раните
Штип со Универзитет, а без домови за студенти
Кирија од 860.000 евра за спортска сала!






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency