Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Раселените се' уште во колективни центри

Здружението на раселените лица од Арачиново „Зора“ упати порака до властите, меѓународната јавност и до граѓаните на Република Македонија за, како што се наведува, нереализираниот дел од Рамковниот договор и состојбата со 766 внатрешно раселени лица - Македонци, Срби и Роми, од конфликтот во земјата во 2001 година. Арачиновци бараат забрзување на судските постапки пред сите судови, судскиот совет и сите надлежни институции.

„Единствена неимплементирана точка од Рамковниот договор во која индиректно се третираат раселените Македонци, протерани во кризата во 2001 година, е анекс Ц точка 3 од овој Договор“, наведуваат од Здружението. Внатрешно раселените лица од Арачиново се' уште се сместени во колективните центри „Сениќ“, „Партение Зографски“, „Ранка Милановиќ“, „Здравко Цветковски“ и „Стив Наумов“.

Во текстот се потсетува дека раселените од Арачиново веќе осум години водат маратонска судска постапка, а петнаесетте предмети на внатрешно раселените лица од Арачиново и натаму се во ќор-сокак. Законот за облигациони односи, посочуваат тие, не важи само за внатрешно раселените лица. Наспроти донесените, како што велат, мизерни пресуди што во просек изнесуваат по 20 илјади евра за семејство, куќите на Македонците во Арачиново се продадени за никакви пари, или се опожарени или, пак, се доразурнати.

„Имотите на раселените се узурпирани, а бројот на починатите ја достигна бројката од 55 лица, од кои две се убиства во Арачиново и едно самоубиство“, пишува во текстот на здружението. Според нив, се поставува прашањето дали на раселените лица не им се решава судскиот спор само за да се држат како заложници во колективните центри или намерата е по природен пат, со смрт на раселените, проблемот да се реши сам по себе. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 243 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 13.08.2010 07:28:12
И тоа ми било некоја суверена држава.Да нње може да го реши проблемот на 766 раселени лица од конфликтот.Жално или трагикомично.До да се надеваме дека власта има земено во предвид со изградбата на културните споменици,музеите во Скопје имат предвидено некое катче и за овие напатени луге.
Од: забеган.
Датум: 13.08.2010 07:29:48
Држава ли сме или диво племе???.Како може до сега да се Лугето раселени?.Кој има право да им забрани да се вратат на своето огниште.Ете затоа не можеме да бидеме ДРЖАВА.Ако некому сметат овие Луѓе не мора да комуницира,Но да ги брка од својата имовина,неми фаќа умот.Нетреба Споменици треба да им се обезбеди ОПСТАНОК на ЛУЃЕТО.

Најди! во Утрински
На прво место
Последен ден за регистрирање заедница на станари
Рамковниот договор девет години потоа
Македонија ќе испрати два авиона во Русија
Потврдени мандатите на новите членови