Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Рамковниот договор девет години потоа

Во заедничката изјава на претставниците на меѓународната заедница се бара од сите учесници да ја продолжат примената на Охридскиот договор

Светлана Унковска

„Охридскиот рамковен договор и релевантните уставни одредби остануваат неопходни во градењето мирно, правично и сплотено мултиетничко општество. Остануваме целосно посветени на Охридскиот рамковен договор и очекуваме сите учесници да преземат целосна обврска за она што претставува континуиран процес и да ја поддржат примената на договорот и како текст, но и неговиот дух“.Ова е пораката од заедничката изјава на делегацијата на Европската унија, мисијата на НАТО во Скопје, ОБСЕ и Амбасадата на САД, по повод деветгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година.

Во неа, воедно, се посочува дека во текот на нивниот состанок со премиерот Никола Груевски и со други владини претставници одржан на 30 јули, тие ја нагласиле важноста од усвојување натамошни мерки во сферите на правичната застапеност, децентрализацијата и образованието.„Дополнителни напори се особено потребни за воспоставување образовен систем што ќе може да ги унапреди интеграцијата и меѓуетничките односи на сите нивоа“, стои натаму во заедничката изјава на евроамбасадорот Ерван Фуере, американскиот амбасадор Филип Рикер, на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Хозе Луис Хереро, и Давид Хумар, висок воен претставник на НАТО во Република Македонија.

Вицепремиерот Абдулаким Адеми задолжен за спроведување на Охридскиот договор вчера оцени дека неговата имплементација се спроведува добро. По девет години од потпишувањето, тој вели дека Македонија е постабилна во сите аспекти и благодарение на неговата имплементација, Македонија напредува во евроатлантските интеграции. Годинава по трет пат Охридскиот договор ќе се прослави со свечен прием во Владата, кој го организира Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. На приемот нема да присуствува шефот на опозицијата, Бранко Црвенковски, кој е на годишен одмор, а премиерот Никола Груевски се' уште не го потврдил присуството. Надвор од земјава е и евродипломатот Ерван Фуере.

„Главна активност и во иднина останува исполнување на обврската за правична застапеност на сите ентички заедници во државната администрација. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор наскоро ќе усвои и акционен план за имплементација на Законот за употреба на јазиците, кој, исто така, е еден од приоритетите. Акциониот план го изготвува работна група со вклучени претставници од сите државни институции и од ЗЕЛС“, нагласи Адеми.

Професорот од Правниот факултет, Владо Поповски, истакнува дека „Охридскиот договор е трет Илинден за Македонија, столб на одржливоста на Македонија и синтеза на двата Илиндена“. Тој додава дека документот е компатибилен и со законите на ЕУ, и колку тоа ќе биде побрзо разбрано, толку побрзо ќе биде афирмирано како „последен чекор на стабилизацијата на Република Македонија како држава“.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека од моментот кога се потпиша Охридскиот рамковен договор, партијата го почитува и ќе продолжи доследно да го спроведува со сите негови предности и слабости.

Опозициската СДСМ, исто така, потврдува дека останува доследен подржувач на Охридскиот договор и порачува оти за негово ефикасно и доследно спроведување, клучна е политичката волја на главните политички актери во државата, особено оние од власта. Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, посочува дека македонскиот мултиетнички модел подразбира и обврска од страна на најголемите етнички заедници, македонската и албанската, кон помалите заедници на Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и други. Упати критики и на како што вели „рамковните“ вработувања, кои според него, наместо партиски, мора да бидат подредени на строги критериуми на компетентност.

Мендух Тачи, лидер на ДПА, една од партиите потписнички на документот, пак, минатата година го оцени договорот како нефункционален и оти е потребно редефинирање на односите меѓу Македонците и Албанците во државата.

Рамковниот договор на 13 август 2001 година по повеќедневни усогласувања во Охрид, беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, и лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. Во својство на гаранти, документот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 846 пати.

Испрати коментар

Од: borce
Датум: 13.08.2010 01:44:48
ramkovniot dogovor e uchte eden jarem na vratot na makedonskiot narod.Zochto nikoj ne se prachuva za ova chto ni se slucuva vo drzavata Makedonija vakvi ne normalni raboti i toa samo kaj nas.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.08.2010 06:15:10
Ако некој не разбрал доволно добро - дипломатски ни е речено да се спроведе до крај договорот...
Од: Petar
Датум: 13.08.2010 08:21:00
samo VMRO-DP e vo pravo deka ramkovniot dogovor ne postoi bidejki oni vikaat deka Рамковниот договор не е мировен, тој е политички договор, него го потпишаа легални политички партии, а не завојувани страни ! • Република Македонија не е потписник, ниту пак тоа е ОНА. • Следствено, Македонија не беше поразена војнички, таа само под притисок на делови од меѓународната заедница претрпе колатерална штета во контекст на регионалните и глобалните случувања. • Рамковниот договор не постои, затоа што како политичкиот договор е преточен во Уставот, и формално правно престанал да постои. • Секое инсистирање, од било која партија потписник, или од било кои други структури внатре или однадвор за нови обврски на Република Македонија, преку негово толкување, е непочитување на Уставот
Од: Moris
Датум: 13.08.2010 08:25:17
Duri 2 VMROVCI go potpisaa ovoj dogovor i sega ne sakaat da go ispolnat ona sto go dogovorile.. Namesto toa go koristat Ohridskiot dogovor za ispolnuvanje na pravata na albancite koi ne se dogovoreni. Koga ke dojde na red da se ispolnuvaat delovite od ohridskiot dogovor koi treba da se ispolnat togas makedonija ke stane federacija. Nema NAZAD veke vnatresniot ekstremizam metastazira a Ohridskiot za albancite e samo cekor 1 do nivnata vistinska ce.
Од: el toro
Датум: 13.08.2010 10:58:13
Kratko i jasno ramkovniot dogovor e najgolem poraz i sram za RM.Iako tuka se zamesani prstite na takanrecenata megjunarodna zaednica,sepak najgolemata vina e tokmu kaj makedonskite politicki partii koi go potpisaa ovoj sramen dogovor i ja pogrebaa RM za sekogas.Nisto veke ne e isto po 13 avgist 2001 god.!!
Од: Ohridskiot dogovor sram za Makedonija
Датум: 13.08.2010 11:10:48
Ovoj dogovor e rezultat na borbata na SDSM i VMRODPMNE za gola politicka vlast. Onie koi go potpisaa, koga ce gi snema svetskite dzandari kako SAD i EU, ce bidat staveni na stolbot na sramot od strana na idnite makedonmski generacii. Makedonija so ovoj dogovor go izgubi pravoto i atributot kako maticna drzava na site makedonci i stana zaloznik na albanskata kauza koja e forsirana i podrzuvana od Vasington i Brisel. Denes Alnabcite vo elitnite ministerstva se nad 40%, i Cair i severno Skopje e vece etnicko cisto. Toa treba da go imaat na um site, pa i onie novinari koi mu se voshituvaat na ovoj dogovor i koi im se ulizuvaat na albancite, SAD i na Brisel.
Од: Мечкин Камен
Датум: 13.08.2010 11:12:10
Изјавата на Владо Поповски за „Третиот Илинден“ е навреда за Илинденците и Асномците. Тие не капитулираа пред непријателот и не потпишуваа предавство.
Од: Тони
Датум: 13.08.2010 11:50:56
За големиот Македонец и незаменливиот професор-аналитичар Поповски, „Охридскиот договор е трет Илинден за Македонија, столб на одржливоста на Македонија и синтеза на двата Илиндена“! Тоа е истиот тој аналитичар, кој три месеци пред отпочнувањето на агресијата на балистите од Западна Македонија, АП Косово и Албанија врз Македонија, тврдеше дека нема никаква опасност по безбедноста на РМ!!! Се плашам дека поради такви „аналитичари“, ние ќе бидеме единствениот народ на светот, кој ќе го прокоцка и она што после многу векови борба за слобода, проследена со предавства, кодошења, подметнувања... од страна на СЕКОГАШ НАЈГОЛЕМИТЕ Македонци (поранешни големи Бугари, Срби, Грци, Албанци, ројалисти, па комунисти, па антикомунисти, а идни поддржувачи на идејата која ќе ја донесе ветрот), ЕДВАЈ успеал да го стекне - Р.М!
Од: Гуто
Датум: 13.08.2010 16:42:39
Претставници на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД на прославата од деветгодишницата од Рамковниот договор потпишаа ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА на ЗАДОВОЛСТВО од спроведувањето на тој договор и ПОРАЧАА (пораката сфати ја како задача под надзор) да се настави процесот на спроведување и по текст и по ДУХ. Задоволството се должи на фактот што се повеќе Албанци се вклучени/вработени во државната и јавната администрација, без разлика што немаат работни задачи. Важно е што примаат плата и седат дома, по чајџилниците. Меѓународните претставници порачаа(��итај наложија) на македонските претставници на прославата да ИЗРАЗАТ ЗАЕДНИЧКО ЗАДОВОЛСТВО од постигнатото по Договорот. Слично како што сите потписници на Охридскиот рамковен договор пред девет години изразија ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО од постигнатиот и потпишан договор.

Најди! во Утрински
На прво место
Последен ден за регистрирање заедница на станари
Македонија ќе испрати два авиона во Русија
Раселените се' уште во колективни центри
Потврдени мандатите на новите членови