Потврдени мандатите на новите членови
Советот за радиодифузија (СРД) на последната седница ги верификуваше мандатите на двајцата нови членови Алма Машовиќ и Борис Арсов, кои неодамна беа избрани од Собранието на Република Македонија.
Напредокот во спроведувањето на дигитализацијата на аналогниот радиодифузен сектор во земјата и создавањето одржлив медиумски пазар ќе бидат во фокусот на работата на Арсов и на Машовиќ.
Советот за радиодифузија има вкупно деветмина членови. Двајцата нови членови имаат мандат од шест години.
Официјални предлагачи за членови на Советот се МАНУ, Интер-универзитетската конференција, Здружението на новинари и Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. (МИА) |