Новинарката Фросина Пандурска од телевизија Алсат М е годинашен добитник на европската награда „Жан Моне“, а Алсат М доби специјална плакета за промоција на интеркултурниот дијалог и европските и демократски вредности.
Фросина Пандурска е наградена за прилог за празнувањето на Св. Никола и на Бајрам посветен на верските обичаи кои, покрај различностите на верите, носат и нишки на заедништво. Плакетата за Алсат М е признание за модерниот медиумски израз и промоција на европските вредности, рече претседателот на жирито, амбасадорот Јордан Плевнеш.
Улогата на медиумите во процесот на пристапување кон ЕУ е клучна, власта мора да учи од критиката и да ја почитува слободата на медиумите, порача синоќа на доделувањето на наградите евроамбасадорот Ерван Фуере. (Макфакс)
Нека им е честито,добро чим Плевнеш бил...одлично....инаку е добра телевизија,а изгледа и тв каде не се врши расна,национална дискриминација,за тоа сигурно им дале повеке и за ќотегот од ДУИ,или ДПА...што не го расветлија нашиве патриоти......Честито АЛСАТ М...
Од: meto
Датум: 17.12.2008 10:02:07
Кога признанието ке се додели на вистински субјект и во вистински раце на секого му е задоволство да констатира дека се чувствува коко дел од тоа.Јас како граганин на оваа држава се чувствувам удостоен што на АЛСАТ М и е доделено ова признание .Телевизија на место со јасен уредувачки концепт и политика.Честито.