ДПА предлага нов Закон за јазиците
Генералниот секретар на ДПА, Имер Алиу, вчера успеа повторно да го отвори прашањето за Законот за употребата на јазиците на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците. Иако на дневен ред беше утврдување на агендата за работата на Комитетот, тој побара од членовите да расправаат за новиот законски текст за употребата на албанскиот јазик изготвен од ДПА.
Претседателот на Комитетот, Џевад Адеми, го отфрли ваквиот предлог и побара за него да се расправа на некоја од наредните седници откако ќе се утврди агендата за работата на Комитетот по доставените предлози на претставниците на етничките заедници. По ова Алиу го обвини Адеми од ДУИ дека со тоа што одбива да го стави нивниот Предлог-закон на дневен ред само ја извршува партиската задача. „Ниту јас, а ниту еден друг политичар не сум слушнал да изјави дека Законот за употребата на албанскиот јазик е перфектно решение и дека со тоа е затворено ова прашање. (Св.У.) |