И обуката- партиска
Елизабета Апостоловска, Скопје
Протестирам за наводната бесплатната обука за компјутери што ја организира владата на Македонија. Сето тоа е „гола вода“ - се јавуваат на луѓе што се пријавени, а кога ќе се појавиш на закажаниот термин, бројот е пополнет со нивни блиски луѓе. А и однесувањето на организаторите е ниско, дрско и безобразно! Постои некојси Томислав (дали е вистинско име?) кој, наводно, го организира сето тоа. Па, нели тоа се курсеви за сите граѓани што сакаат да научат нешто? Можеби е така затоа што се бесплатни, а да се плаќаше, секако, немаше да има партиски бои... Катастрофа!
|