Се' уште сме на лошиот список
Веб-коментар
Република Македонија не е доволно уверлива дека сака членство во НАТО. Се' уште е на списокот на земји за која се смета дека лошо работи за стабилноста на регионот. За неа не е изменет впечатокот дека води лоша политика и дека сака да ги влошува односите со своите соседи.
Се смета дека тоа ќе потрае додека не влезе „внатре“. Јасно е дека постојат сили во земјата кои не го дозволуваат тоа и во тоа уште успеваат.
Суштината за разликите за името со нејзиниот јужен сосед е, всушност, силна антинатовска кампања и неодлучноста на младото македонско раководство (државно) да направи значаен исчекор и да се спротивстави на авторитети кои очигледно влијаат.
Се' уште недоволно на своите граѓани им се објаснуваат придобивките од членството. Напротив, постои тенденција тоа да се минимизира и да се напушти. Сериозно е загрозен прозападниот курс, кој се чинеше дека е прифатен во ПЈРМ.
Тоа не ја прави извесна иднината на една од помладите држави на Балканот. |