Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градот ќе ги санира оштетените мостови на Вардар

Во текот на следните два месеца повеќе фирми ќе изготват проекти за идните реконструкции

Сања Наумовска

Градот Скопје ќе реконструира 12 моста на Вардар, од кои четири се пешачки. На сите мостови веќе е направена обиколка и е подготвена фотодокументација врз основа на која во текот на следните два месеца повеќе фирми ќе изготват проекти за идните реконструкции. Со проектите, велат во Градот, ќе се знае колку време и финансии ќе бидат потребни за секој мост поединечно, од што ќе зависат и динамиката и редоследот на реконструкциите. Се очекува во почетокот на летото да започне обновата на дел од мостовите кои се во најтешка состојба.

Најголеми оштетувања, според првичните забелешки на стручњаците, имаат постарите мостови, оној кај „Холидеј ин“, кај Народна банка, мостовите „8 Септември“ и „Обединети нации“. Кај сите е регистрирано оштетување на коловозот, тротоарите, оградата и конструкцијата, а во голем дел ќе треба да се менува или дополнува и осветлението. Во план на градските власти е и декоративно осветление, кое на мостовите „Обединети нации“ и „8 Септември“ може да се комбинира и со додавање реклами.

Во подобра состојба се поновите мостови, кај Транспортниот центар, мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и скоро обновуваните „Гоце Делчев“ и железничкиот мост на „Адолф Циборовски“. Тие ќе се декорираат само со помодерно осветление и реклами, а на „Близнак“ ќе му се менуваат и рабниците на тротоарите.

Што се однесува до четирите пешачки моста на Вардар, „Газела“, мостот кај автополигонот, под Кале и кај Топланата Исток, освен „Газела“, кој е понов и само ќе се осветлува, на сите други им претстои реконструкција на конструкцијата, оградата и осветлението.

„Проектот за реконструкција на мостовите на Вардар е во почетна фаза. Откако е направена обиколка на сите мостови, ќе следува изработка на проекти за секој поединечно. Очекуваме до лето да знаеме од кои мостови ќе започне реконструкцијата“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам во Град Скопје, нагласувајќи дека во меѓувреме ќе се соработува и со Министерството за внатрешни работи заради обезбедување согласност за работа на мостовите кои се објекти од висок приоритет. Реконструкцијата ќе биде под надзор и на ИЗИИС, институција што има обврска секоја година да ја проверува и следи состојбата во која се наоѓаат мостовите.


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Булеварската ограда во Аеродром во општински бои
Општина Кисела Вода се подготвува за едношалтерски систем
Нови прозорци во ОУ„Мирче Ацев“
Против комарци ќе се прска повеќе пати