Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Колку ќе поскапи струјата станува енигма

ЕЛЕМ извести дека бара зголемување од 39 проценти, а според известувањето до РКЕ, барањето е дури за 77 отсто

Маја Томиќ



Колку, всушност, ќе поскапи струјата во Македонија? Дали за 39 отсто или за 16 отсто, или можеби за над 70 проценти? ЕЛЕМ минатата недела достави до Регулаторна комисија за енергетика барање за зголемување на цената на произведен киловат-час енергија, од досегашните 1,3 на 1,8 денари за еден квч.,што значи дека бара поскапување за околу 39 проценти. По неколку денови, премиерот Никола Груевски изјави дека струјата нема да поскапи за толку, туку за 16 проценти, бидејќи државата и понатаму ќе субвенционира дел од трошоците на компанијата. Прикажаниот процент од 16 отсто, според експерти, е добиен под претпоставка дека и дистрибутерот ЕВН-ЕСМ не би побарал од Регулаторна повисока цена на електричната енергија, што е малку веројатно.

Но, збунува бројката прикажана на веб-страницата на Регулаторна комисија, каде што во известувањето за доставеното барање на ЕЛЕМ за повисока цена на струјата, стои дека максималната регулирана цена на ЕЛЕМ за периодот 1 октомври до 31 декември годинава е 2,3 денари. Дали тоа значи дека компанијата бара, не поскапувањето од 1,8 денари за киловат-час, туку од 2,3 денари? Ако е така, тоа би значело се бара поскапа струја за дури околу 77 проценти. Или, повторно во случај ЕВН-ЕСМ да не побара зголемување на цената, тоа би значело дека крајните потрошувачи ќе добијат за околу 44 отсто повисоки сметки за струја.

Во ЕЛЕМ објаснуваат дека цената од 1,8 денари за киловат-час е онаа цена која компанијата, всушност, ја бара за себе. А, максималната цена од 2,3 денари прикажана во барањето до РКЕ, всушност, е разликата меѓу увозната и домашната цена на ЕЛЕМ, и таа изнесува 0,5 денари за киловат-час. Таа, како што објаснуваат во ЕЛЕМ, е променлива категорија и може да изнесува повеќе или помалку од 5 денари.

Според експертите, ЕЛЕМ навистина бара поскапа струја за 77 отсто, односно крајно поскапување на струјата од околу 45 проценти, при што ЕЛЕМ за себе ќе ги задржи парите од зголемување од 1,8 денари за киловат-час, а разликата до 2,3 денари, од онаа барана максимална цена, ќе биде употребена за увоз на струја.

Тоа јасно кажува дека ЕЛЕМ ќе мора да увезува струја, бидејќи остварува помало производство од просечното, кое инаку изнесува околу 6.000 гигават-часови, што компанија не го признава и тврди дека капацитетите остваруваат 100 и повеќе проценти од планираното производство. Така, ако РКЕ му ја дозволи на ЕЛЕМ таа максимална цена од 2,3 денари за киловат-час, тоа ќе значи дека реално бара покачување на цената за 77 проценти, а не за 39. Ова зголемување на ЕЛЕМ би му донесело годишен приход од околу 70 милиони евра, што е за три пати повеќе од она што сега го остварува, коментираат експерти.


Статијата е прочитана 299 пати.

Испрати коментар

Од: Grujo Panika
Датум: 11.09.2008 09:04:21
Ne se sekirajte, Premierot najverojatno ke resi i ke donese odluka strujata da bide BESPLATNA za graganite. Kako mu trgna do nova godina se ke bide "besplatno". Jadi pij narode Vladata "plaka". I onaka se poveke i poveke gragani ne plakaat ni struja ni voda ni parno ni gubretarini ni koli registriraat ni patarini plakaat ,taka da ne e loso Premierov da napravi eden spot vo koj ke ne informira deka od sega pa natamu se ke bide besplatno vo drzavava, a plus i rejtingot ke mu se "digne" uste poveke.
Од: neso
Датум: 11.09.2008 09:29:04
pa do koga ke ne jadat bre luge parnoto 60% strujata70% i na kraj godisna inflacija od 6% pa za kogo glasavme za vmrio ili za nekoja druga partija sto sobira pari i go donese narodov do kraj na ziveecka nema vise pari za nisto samo za placanje davacki dajte vrazumetese nasa vlada i namalete ceni a ne socijalni pajketi i so toa ne lazat NAMALETE CENI INACE DRZAVAVA OTIDE VO KOLAPS I STRJKOVI
Од: MK
Датум: 11.09.2008 11:13:25
Мое мислење е дека никогаш не е било подобро во државата сега се живее супер.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Македонија на 71. место според условите за водење бизнис
Пченица имаме доволно, ама лебот поскапува
ММФ сега официјално не' скенира
Македонците и Косовците најсиромашни