Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Пченица имаме доволно, ама лебот поскапува

Годишните приноси на пченицата се 30 отсто повисоки од минатата година, што значи дека земјава до наредната жетва ќе има доволно суровини за производство на леб од домашно потекло, надополнето со пченица од увоз. Зголемените приноси, сепак, не влијаат на пад на цената на лебот, која и натаму расте. Последното поскапување се случи пред два дена, од кога белиот леб на „Жито лукс“ се продава по цена од 23, а полубелиот по цена од 22 денара за векна. Од компанијата новото поскапување го поврзуваат со зголемувањето на инпутите.

„Поскапувањето на белиот и на полубелиот леб се направи во време кога суровините за производство се стабилизирани на светските берзи, но со оглед на тоа дека во изминатиот период не ја коригиравме цената на овие два вида леб и дека стана неиздржлив притисокот од нараснатите производствени трошоци, се решивме на ваков чекор“, информираат од компанијата.

Следејќи го примерот на овој голем производител на леб и бели печива, истиот ден за два денара поскапе лебот и во останатите приватни пекарници во Скопје. Пекарите коментираат дека зголемувањето на приносите на пченицата не е доволно за одржување на цената на лебот, а уште помалку за нејзино намалување, имајќи предвид дека во формирање на цената на лебот пченицата учествува само со дел.

Според податоците од Министерството за земјоделство, годинава од засеаните 97.506 хектари, ожнеани се 342.770 тони пченица. Од тие количества 170.000 тони се пазарен вишок, а остатокот од потребите ќе се задоволува со увоз. Бесцаринскиот увоз на лебното жито ќе биде пуштен кон крајот на годинава, со тенденција дотогаш да биде откупено поголемо количество домашна пченица. Според процените, од 2010 земјава ќе ги задоволува потребите за пченица од домашно производство. (А.С.)


Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар

Од: St.Patrik
Датум: 11.09.2008 01:15:43
Ozneani se 342.770 toni, od koi 170.000 toni se pazaren vishok, a ostatokot od potrebite ke se zadovoluva od uvoz?!?!?!? Aloooooooo, redakcija, lektor, nekoj, bilo koj, dali kontrolira sto se pisuva? Kako imame VISHOK 170.000 toni, a ostatokot od potrebite ke se zadovoli od uvoz???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Македонија на 71. место според условите за водење бизнис
Колку ќе поскапи струјата станува енигма
ММФ сега официјално не' скенира
Македонците и Косовците најсиромашни