Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ММФ сега официјално не' скенира

Тим на Меѓународниот монетарен фонд од вчера престојува во официјална посета на земјава, со цел да ја скенира економската состојба и да го заокружи двегодишниот аранжман со Македонија кој завршува месецов. Се' поизвесно станува дека нема да се склучува нов аранжман со фондот и дека во иднина улогата на ММФ ќе се ограничи на советодавна, иако експертите укажуваат дека на Македонија и натаму и' е неопходен аранжманот со ММФ. Засега членовите на тимот на ММФ се без својот шеф Марк Грифитс, кој треба да им се придружи за неколку денови. Грифитс во јули годинава беше во неформална посета на земјава, со цел да предупреди на слабите точки на кои треба да се фокусира македонската економија. Јулската неформална посета сега продолжува во официјална форма и претставува редовна практика на ММФ што се прави на две години во земјите со кои мисијата има склучени аранжмани.

Во фокусот на официјалната септемвриска посета на ММФ ќе бидат инфлацијата, БДП, трговскиот дефицит. Грифитс во јули веќе посочи дека горливи прашања за македонската економија се овие три параметри, а посебно трговскиот дефицит кој за седум месеци набилда 1,76 милијарди долари. (А.С.)


Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар

Од: Petar
Датум: 11.09.2008 09:24:56
Slaveski velese deka samo laicite se zagrizeni za trgovskiot deficit. Izgleda i mmf se laici. Samo toj ne e. A, da! I Stavreski. I toj sve znae.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Македонија на 71. место според условите за водење бизнис
Колку ќе поскапи струјата станува енигма
Пченица имаме доволно, ама лебот поскапува
Македонците и Косовците најсиромашни