Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Помош од 380.000 денари за 16 здруженија и фондации

Општина Центар додели 380.000 денари на шеснаесет здруженија на граѓани и фондации. Парите се доделени како придонес на Општината за функционирањето на здруженијата при остварувањето на нивните активности.

Меѓу шеснаесетте субјекти- добитници на паричната помош се градската Организација на жени, градскиот Сојуз за превентива од алкохолизам, никотизам и наркоманија, Планинарското друштво „Водно“, КУД „Билјана“, Здружение на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија-Центар, градското Здружение на слепите граѓани, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје, Здружение на трудови инвалиди-Центар и други. Согласно со одлуката за доделување на средствата, здруженијата на крајот од годинава ќе треба да достават отчет за потрошените пари.

Инаку, за паричната помош можеа да конкурираат сите регистрирани здруженија на граѓани преку јавниот повик што беше објавен во општинскиот „Службен гласник“ и на веб-страницата на општината.


Статијата е прочитана 254 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ајвар може да се прави и пред зграда, но само ако има заграден двор
Министерствата одделно ќе одлучуваат за ингеренциите на Тодоровски